Најдолгото Ферари

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.547
Поени од реакции
8.382
Веб-сајт
www.flickr.com
Ова е импресивно: Најдолгото Ferrari на целиот свет!
Ова е првата Ferrari издолжена лимузина. 701 цм долг Modena со 8 седишта и најголемите врати кои се отвораат нагоре. Оригиналната лимузина е креација на Ден Каули, кој исто така е сопственик на најдолгиот Hummer во Европа, и поранешниот експерт на McLaren за јаглеродни влакна, Крис Рајт. За изработката на овој автомобил се потрошени над 200 илјади бритснки фунти.

Сите 8 седишта се изработени од јаглеродни влакна и имаат 5 точки на врзување, но тоа е неопходно со оглед на тоа дека 3,6 литарскиот V8 мотор со сила од 395 коњи го забрзува ова Ferrari до стотка за 6 секунди. Вратите кои се отвираат кон нагоре долги 274 цм и се креирани од тимот кој ги креираше вратите за Mercedes SLR McLaren.

Овој автомобил ќе биде изложен на European Limousine & Chauffeur шоуто.

ferrari-limo1_48.jpg


ferrari-limousine_2.jpg


ferrari-limousine.jpg
 
Што слушнав за типот попил тужба од компанијата ферари да го смени името на колата да не се вика ферари дека нешто штетело на имиџот на компанијата со овој изглед иако овој сопственикот им рекол дека тоа е негова кола и може да прави со нејзе што сака.Имаше на некој сајт се пишуваше за тоа.А за колата немам зборови закон изгледа мн уникатно.Респект за човекот.
 
Да, читав, ама заборавив каде беше тој текст.
Му дале рок од 14 дена да ги отстрани сите Ферари ознаки од лимузината. Тој одговорил дека нема намера да направи такво нешто, бидејќи кога побарал дозвола за модифицирање на автомобилот, добил одговорот дека може да прави што сака со колата бидејќи е веќе негова.
Овие од Ферари, кога му пишале прв пат мејл, ни на крај памет изгледа не им текнало дека си имаат работа со човек чие хоби е да прави чуда :)

Еве уште неколку слики
ferrari-360-modena-limousine-galler.jpg


ferrari-360-modena-limousine-gal-2.jpg


ferrari-360-modena-limousine-gal-1.jpg

Црвената флека доле изгледа е затоа што овој автомобил крварел кога го делеле на пола :pos:
 
Богами болна е последната слика :) али сепак крајниов резултат е едноставно супер.
 
Бегај бе на што личи ова...ни е спортска кола ни е лимузина
 
eee vakvi nekoi ko ke vidam si kupil ferrari pa go unistuvas vaka ako sakas limuzina kupi si limuzina imaat pravo ferrari so go tuzat tipov neka si naprai svoj avtomobil ako saka so svoe ime i logo
 
Алал да му е на човекот... Инаку Хамерот го имам видено топ е. Само ме интересира зошто би го тужеле од Ферари? Дека ја модифицирал нивната кола? Па по таа логика, сите оние кои ке слупаат Ферари, или било како го уништат/изменат треба да бидат тужени.
 
Dzish едно е да поправиш слупано Ферари и притоа да се задржи изворниот облик и големина, а друго е сеа на своја рака поприлично да измениш едно авторско дело.
Знам дека во авто индустријата се популарни тјунингот и стајлингот, ама изгледа овие од Ферари не очекувале до толку забегување од изворната Модена :pos:
Баш ме интересира како ќе заврши евентуален судски спор.
 
Доста добро изгледа ова Ферари, а се гледа дека е правено само за свечени прилики.
 
па добро изгледа, ама се знае како изгледа право Ферари.не дека би ми сметало да се возам во ова, добро е осмислено и супер е крајниот резултат
 
Што ферафи ќе беше ова, барем внатре да го направиле поубаво како лимузина а не 2х2 седишта :)
 
Леле какво е........Ептен ѕверско
 
Што ферафи ќе беше ова, барем внатре да го направиле поубаво како лимузина а не 2х2 седишта :)
Највероватно го задржал спортскиот стил на седење и во лимузината, па планира 7 души да провози (не сметајки го возачот) со еден трошок на бензин :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom