Најдобрите сендвичари и ресторани во вашиот град

  • Креатор на темата Креатор на темата Zona Pelucida
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам за ресторани (секаде ми се погодувало јадењето), ама од сендвичари: Royal Burger, вчера јадев таму и беше најдобро нешто!!! :)
 
Денеска јадев прв пат во Пинк Пантер што е до агенција Пет на рекорд..
Можам да кажам дека сум прилично изненаден колку беше добро.. Плескавицата дебела сочна со некој специфичен вкус што се разликува од другите, компирите исто така, лебчето можам да кажам најтазе и најдобро до сега од кај што имам јадено, исто така ставаат и свежа салата: марула, краставички и патлиџан. Солидна големина што мене ме прејаде.. Препорачувам да идете и да проверите :)
 
Шо цени се движат таму ?
 
Што е со хот-догот 100? У Аеродром за 100 денари два хот-дога ќе зеам и ке се прејадам :D
 
Јас лани прв пат јадев во 7ца кај Аеродром се исилив цел сендвич порачав со помфрит и секако помфритот ме прејаде и еднаш два пати пробав од сендвичот ама месото воопшто не ми се допадна а толку ми беше фален сендвичот.o_O
А мои омилени сендвичи ми се оние од Прилеп е сега не знам од која кафана татко ми ги порачува али пола леб и огромно, дебело и преслатко парче месо за 70 денари. Мене ме прејадува сендвичот ама секако грев ми е да го оставам и цел го јадам.:D А за помфрит најубав што до сега имам јадено е во Кул сендвичарата близу студентскиот дом Гоце, домашен мајонез и ќечап најверојатно ставаат...ете сега додека пишувам ми се пријаде.
 
Охрид
Хамбургер, сендвичара Палма (најубав хамбургер во МК)
Пица - Стационе
Шарска - Панорама
Кебапи - Вкусно(турска чаршија)
 
Тоа кога некој ќе пише најубав хамбургер во мк како да е пробал во сите сендвичари.
Добар е во Бамби има пристојна цена 80 ден и тостовите исто 70 ден. Не штедат на помфрит, кечап и мајонзез и е со каква сакаш салата. Јас имам пробано во тие 7ца и Вили што ги фалите и пола ги фрлив. :D
 
Охрид
Хамбургер, сендвичара Палма (најубав хамбургер во МК)
Пица - Стационе
Шарска - Панорама
Кебапи - Вкусно(турска чаршија)

За Пица-Стационе ќе почекаш малце.Полоша пица ретко кај има во Македонија,едно време не беа лоши ама изгледа им заминал мајсторот и таа пицата е катастрофа невидена..
 
За Пица-Стационе ќе почекаш малце.Полоша пица ретко кај има во Македонија,едно време не беа лоши ама изгледа им заминал мајсторот и таа пицата е катастрофа невидена..
знајш дека си во право? далеку од то дека е ептен лоша ама ме зачуди пошо немав јадено 1 година, а пред 1 нед си дојдов во МК пробав пред некој ден не беше иста ко порано :O
 
знајш дека си во право? далеку од то дека е ептен лоша ама ме зачуди пошо немав јадено 1 година, а пред 1 нед си дојдов во МК пробав пред некој ден не беше иста ко порано :O

Не да не е иста,него мн е лоша,а и скапа е,едно време ти викам добри беа,ама вероватно им заминал пица мајсторот и сеа ретко кој купвит од таму..
 
Не да не е иста,него мн е лоша,а и скапа е,едно време ти викам добри беа,ама вероватно им заминал пица мајсторот и сеа ретко кој купвит од таму..

Кај Италијанецон Џенаро на излезон од Охрид за Битола, на лева страна Picola Italia се викат, имате пробано таму? :) Највкусната пица во државава убедливо, made by оригинален Италијанец :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom