Најдобрите сендвичари и ресторани во вашиот град

  • Креатор на темата Креатор на темата Zona Pelucida
  • Време на започнување Време на започнување
Јас лани прв пат јадев во 7ца кај Аеродром се исилив цел сендвич порачав со помфрит и секако помфритот ме прејаде и еднаш два пати пробав од сендвичот ама месото воопшто не ми се допадна а толку ми беше фален сендвичот.o_O
А мои омилени сендвичи ми се оние од Прилеп е сега не знам од која кафана татко ми ги порачува али пола леб и огромно, дебело и преслатко парче месо за 70 денари. Мене ме прејадува сендвичот ама секако грев ми е да го оставам и цел го јадам.:D А за помфрит најубав што до сега имам јадено е во Кул сендвичарата близу студентскиот дом Гоце, домашен мајонез и ќечап најверојатно ставаат...ете сега додека пишувам ми се пријаде.

Во прилеп речиси секаде имаш добра скара, лично ретко јадам мелено било каде претежно стек или шницла али ок е скоро секаде....Гурман, Стара Чаршија, Македонска Куќа, Кај Боге....а и другите се ОК.
 
Кај Италијанецон Џенаро на излезон од Охрид за Битола, на лева страна Picola Italia се викат, имате пробано таму? :) Највкусната пица во државава убедливо, made by оригинален Италијанец :icon_mrgr:

Ја фалеле доста други,немам пробано ама викаат и доста цените биле соленки а? :D
 
Ја фалеле доста други,немам пробано ама викаат и доста цените биле соленки а? :D

Не... баш напротив, мала капричиоза 150, голема 200, пијачките се по 50 денари. Мислам има два ко ресторани блиску, овој е вториот на приземје од куќа, вака глупаво објаснувам ама сигурно го имаш видено... Сите што сум ги однесол таму не се пожалиле досега. Пицата е уникатна.
 
Ќе ја пробам,обавезно :D
 
Кај Италијанецон Џенаро на излезон од Охрид за Битола, на лева страна Picola Italia се викат, имате пробано таму? :) Највкусната пица во државава убедливо, made by оригинален Италијанец :icon_mrgr:

немам ама ке ја пробам обавезно..
Не да не е иста,него мн е лоша,а и скапа е,едно време ти викам добри беа,ама вероватно им заминал пица мајсторот и сеа ретко кој купвит од таму..
океј да знам сега.. иначе од другиве пицерии кај ти е најуба во Охрид? и дали се сложвиш за скарата :D
 
немам ама ке ја пробам обавезно..

океј да знам сега.. иначе од другиве пицерии кај ти е најуба во Охрид? и дали се сложвиш за скарата :D

Па Ди Анголо е добра,Александрија исто,Леонардо..А за скарата да,кај глувион е најуба :D
 
Бил некој во Ресторан Порта во Аеродром?
Прашувам пошто ми е за Нова Година, да не е многу селско местото? :unsure:
 
Дај кажете некоја добра гостилница во околина на центар и аердром со пристојни цени?
 
Дај кажете некоја добра гостилница во околина на центар и аердром со пристојни цени?

Пастрмајлија & Грил Хаус во Аеродром, карши Мекдоналдс. Солидни пастрмајлии, солидна скара. Приступачни цени и на јадењето и на пиењето.
 
Исто и XXL, на 10 метра е од СИФ, само пред некое време беше затворена нешто од инспекција, незнам дали пак ја отвориле.
 
Исто и XXL, на 10 метра е од СИФ, само пред некое време беше затворена нешто од инспекција, незнам дали пак ја отвориле.
Сиф е подобро од XXL :)
 
Од ресторани најчесто сум во Еквестриан и Ања. Им го сакам амбиентот, храната, музиката. Секогаш знаат што си нарачувам, а и пристојни цени имаат. Вкусни мали пици освен во Ања има и во Твиги, прееска јадев и ми се допаднаа.
Чилбокс во Капитол ми е подобар од Yo good во Сити. Често правам сладолед- нутела комбинации тука :D
Голем уживатор сум на благо, палачинките во Амати ми се највкусни.:buce: :oops:
За сендвичари не знам, али брат ми ептен ги фали Ројал Бургер, па веројатно се добри. :)
 
Сиф е подобро од XXL :)

Супер е јадењето у XXL, настрана што е ефтино. Сиф имам седнато 3-4 пати, ама немам приметено некоја голема разлика.
Али да јадеш/пиеш/седиш у XXL е доживљај, конобарите/конобарките се сите кој од кој, кој бил знае. :D
Има еден будала келнер, скроз е издишан, му дигам рака нешто да му нарачам тој ме гледа и ми мафта и он и си продужува :icon_lol:, после му барам буковец, ми вика ааа не е тука он :LOL:.
Порано имаше една конобарка, стално беше поднапиена :pos:. Идеме еднаш со еден другар да не почасти за роденден и нарачуваме и онака уз муабет другаров вика дека не донел да не части и дека му е роденден и оваа викаа: аа епа супер, и јас ке си се почастам нешто и сите се смееме, мислиме дека се зеза. На крај носи сметката, 2 штока напишани, а никој не пиел шток од нас. :гик:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom