Морам и јас листата да ја започнам со пар од Пријатели. Неповторливи се и такви ќе останат!
За да не се повторуваме, јас еве ќе го истакнам вториот најдобар пар:
Фиби и Џои. Џои и Чендлер се врв, но кога е со Фиби... не можам да им одолеам и да им се донасмеам! Најмутавите карактери некогаш измислени!
Втори, секако ми се Фрејзер и Најлс. Место мене, ќе оставам сликата да каже зошто...


Прајслес!!!
Веднаш до нив, ликови од 3rd Rock from the Sun. Леле кои да ги изберам од сите лудаци таму!

Ај нека се Дик и Мери
И никако да не ги заборавам актерите кои перфектно ми се поклопуваат и секогаш ми изгледаат како навистина да се во брак!
Доста со смешки, да се уозбилам малку. А ако сум озбилна, веднаш прва серија на памет ми е Prison Break. А тука морам да си го спојам омилениот лик. Мајкл не ми одговара со Сара, со брат му уште помалку, затоа ми е одличен пар со Алекс.
И уште еден пар, кој пукнав од мака што не се спои како што треба... Хаус и Кади

Доста е засега.
Иначе општо за тоа што треба за да еден пар или дуо ни изгледа природно и добар за гледање... па мислам дека пред се` мора да се избираат актерите по физичкиот изглед, посебно ако се работи за љубовен пар. Пример, како што спомнав претходно, во Prison Break најлошото нешто ми е Сара до Мајкл. Абре не ја личи до него и точка. Груба е некако со однесувањето, физички воопшто не му одговара и збори кога џвака, а и да не збори тоа го прави на глас!
Друго што треба да се запази е веројатно природата на секој актер. Не секој може да се трансформира во секаков лик, без оглед што тоа му е работа. Или па и да може, веројатно ќе наиде на одбивност кај публиката. Пример, ајде замислете го Адам Сендлер да глуми во CSI: Miami или па Ed Westwick (Чак од Gossip Girl) во Will and Grace. Не оди што не оди.
