Најдобар бурек според вас прават во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Годинава сфатив дека најбоље бурек има у чаршија. Барем за скопскава. Само да најдете каде ви е најмногу по вкус. Плус најефтино е.
 
Во Маџари во Кисми 40 денари четврт со месо. Обично два четврта мавам и се прејадувам, нормално, пошто немам капацитет ама убаво ми е додека ги јадам. :)
Кога сме веќе кај бурекот, чудно ми е во Бугарија што не знаат што е бурек. Немам видено бурекџилница таму.
Бурек Турско јадење ли е?
Еее у пм ми се пријаде бурек. Отидов ја до Кисми.
 
Кај Мајче (Чаир) си има најмераклиски јадења од типот на бурек :)
 
најдобар бурек - Зденка и Шунка, во Жито Леб (Bake & Cake). Мислам дека сега и во Скопје ке го имат.
 
Годинава сфатив дека најбоље бурек има у чаршија. Барем за скопскава. Само да најдете каде ви е најмногу по вкус. Плус најефтино е.

Се слагам.. кој не бил кај „Пеливан“, не знае шо е бурек.. и симит најбољи прават во чаршија.. има едно продавниче по главната улица меѓу пазарот и чаршијата, кон пилициската станица.. за 20 денари симит за душа, лепчето со наут направено.. мириса неверојатно добро... прави симитки, баш тоа глеам и на старциве мои кога им донесов рекоа дека такви не јаделе со години наназад, јебеш носталгија ги удри ... :-)
 
Куки ептен им е добар и бурек и банички бомбонче :)
 
Пред неколку дена пробав бурек со месо од пекарата спроти „Хипокрит“. Аууууу, тоа е нешто невозможно колку беше добар.
 
Бурекџилница Бате.Јадам бурек таму откако ми имаат израснато заби :) На било кое друго место да одам да јадам бурек не ми е толку вкусен и убав како кај Бате.Дали е до навика или не не знам, но во скора иднина не мислам да јадам бурек на друго место, освен ако морам.
 
Во Туркса чаршија...и маалскиот да го изрекламирам "Славна Дебарца".....ЛЕ-ЛЕ!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom