Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ова болдираното е многу тешко да се постигне. Затоа и не е лесно да се биде родител.Најголеми „услуги“ кои родителот може да му ги стори на неговото дете:
-физичко и психичко малтретирање
-непосветување доволно внимание на детето [и после истото надокнадувајќи го купувајќи скапи подароци]
-не повлекување на линијата на дозволеното
-не правење детето да чувствува одговорност за некои негови постапки, не овозможувајќи му да се покае, да сфати каде згрешило, да му се укаже можност да ја исправи грешката
-истурање на секоја нервоза над детето, иако тоа не е криво за ништо
-дозволување на детето да прави што сака, кога сака, каде сака, со кого сака.
-не држење до своите ветувања [запамтете родители, вие сте им секогаш примерот на децата, кои тие цело време го следат]
-недозволување на децата да ги увидат семејните проблеми such as: финансиски кризи, болест во семејството и слично. [Детето често израснува со помислата дека светот е розов и дека сите живеат вечно]
-не дозволување на децата да имаат свое право на глас во семејството [најчестите случаи на самоубиство се поради тоа што децата се чувствуваат потиснати од родителите, бидејќи не им било дозволено да размислуваат со своја глава]
-честите расправи помеѓу двата родитела, децата најмногу страдаат ако растат со проблематично семејство
-недавање на образложение зошто му е нешто забрането на детето [Не, „јас сум ти татко/мајка“ или „јас викам така“ не е доволно објаснување]
-еден проблематичен родител [наркоман, алкохоличар]
-Непосветување на сите деца исто внимание [пример: „сестра ти ја сакам повеќе од тебе“ и такви слични начини на двоење на децата]
Mислам дека ги набројав најчестите грешки на фамилиите во денешницава.
Се додека постојат вакви случаи, ќе слушаме на вести и ќе читаме по весници дека се самоубиле деца, што повеќе завршиле на токсикологија, си ја убил мајката, си го убил таткото, си ги искасапил сестрите и слични трагични судбини на едно пропаднато, неуспешно семејство.
Хм, имаме такви познати и навистина не се баш пожелни не само во наше друштво...Па незнам секој има свој критериум за премногу само казете си го мислењето.
на пример познавам еден брачен пар кој на својата ќерка (5 години) не и забранува ништо може се да искрши дома тие воопшто не ја опоменуваат а камо ли да ја скараат. Тоа за нив е нормално. Без разлика дали се дома или не. Така да не се баш пожелни гости
Малата не го разбира значењето на зборот не, нема, неможам, ако слушне нешто вакво збеснува.