Па вака,ќе зборувам во глобала,од тоа што слушам дека прават родителиве,и тоа што јас сум го увидела кај моите како грешка...
Како прво-казнувањето.Што ќе постигнат ако не казнат на две недели домашен притвор,или не знам,цел месец без компјутер,и слично.Тоа само создава револт кај самото дете,и напротив,наместо да се придржува кон некои правила,тоа ќе ги прекрши,и може се да се случи.
Како второ-споредувањето со други наши врсници,сестри браќа,братучеди или сл.Тешко тебе ако не си исто толку добар во математика како сестра ти,или не ти оди спортот како брат ти.Типичен цитат-''Брат ти беше првенец на времето,а ти што си,вагабонт!За ништо не те бидува,ни го срамиш семејството''.Наметнуваат некои идеали,не дозволуваат да си бидеш сопствена личност,и сам да процениш дали си корисен за нешто со таквото однесување или треба да промениш нешто кај себе.И така има многу случаи на деца кои живеат во сенка на своите постари браќа или сестри.
Трето-табу темите.И потоа се чудат зошто не можеме да им кажеме се.Не дај боже да спомнеш нешто како секс пред брак или нешто слично-веднаш мислат дека ти си се нашол во таква ситуација.Значи,треба поотвореност и од наша,и од нивна страна,зошто супер е да имаш и родител,советник и пријател во исто време,а тие секогаш ќе ти го дадат најдобриот совет.
Засега толку,кога ќе ми текне уште нешто,ќе пишам:salut: