Најавени измени во законот за увоз на автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Гледај шо е глупото.... најглупото... во најглупата држава.

Спремаш сите документи, доаѓаш до моментот регистрација. Ја врвиш колата на технички преглед, плаќаш регистрација и осигурување. Па ги носиш документите во мвр (да речиме на 1.10 си ги однесол). Чекаш 2 месеци и ти стигаат таблиците. Е сега, парадоксот е... во тие 2 месеци возилото не смееш да го возиш, бидејќи ти е нерегистрирано Т.Е. немаш таблици, АМА регистрацијата и осигурувањето ТИ ТЕЧАТ!!!! Шо значи кога ќе ти дојдат табличките, 2 месеци од регистрацијата ти отишле јабана.

Ај сеа некој нека ми го објасни ова... како е можно? Ако ми е регистрирана колата, оти да не ја возам 2 месеци? Сум дал пари, сакам да возам. Ако ми е нерегистрирана, шо кур ми кратат 2 месеци од регистрацијата?????

Со осигурањето се прај финтичка , со доплата од 150 ден, се прекуцува само датумот или пак ако не планираш да ја возиш воопшто, немора ни да ја осигураш тогаш за тогаш т.е од ко ќе ти стасаа таблите....Јас го избрав првиот начин. :)
 
бла бла бла губење на време, нерви и пари тоа се нарекува во мојот речник. И пак треба некој да го тинкаш по шалтерите... Можат да не ти ги примат документите ако немаш осигурување, а ако си го платил осигурувањето треба да го тинкаш тој на шалтер во осигурителната компанија...
 
Каде да не ти ги примат долументите? Вполиција? Нема шанси, пошто им даваш копија од хомологација, царина и лична карта,со други зборови не ни се испулуваат во останатите документи.Тоа другото со компанијата, истата сама ги брка тие работи....е сега 150 ден си во - (минус)
 
Дали можи некој да ми кажи и да ми објасни како одат работите ако некој од Австрија со австриско потекло да ја купи таму колата и да ја донеси тука, дали ќе можи тука да ми ја преведи на мое име?
 
Можи, само одјавувањето како ќе го напраиш? Треба да се одјави возилото во Австрија. Треба тој роднината да ја одјави таму после тоа, па да се земат сите документи, ...
 
Гледај шо е глупото.... најглупото... во најглупата држава.

Спремаш сите документи, доаѓаш до моментот регистрација. Ја врвиш колата на технички преглед, плаќаш регистрација и осигурување. Па ги носиш документите во мвр (да речиме на 1.10 си ги однесол). Чекаш 2 месеци и ти стигаат таблиците. Е сега, парадоксот е... во тие 2 месеци возилото не смееш да го возиш, бидејќи ти е нерегистрирано Т.Е. немаш таблици, АМА регистрацијата и осигурувањето ТИ ТЕЧАТ!!!! Шо значи кога ќе ти дојдат табличките, 2 месеци од регистрацијата ти отишле јабана.

Ај сеа некој нека ми го објасни ова... како е можно? Ако ми е регистрирана колата, оти да не ја возам 2 месеци? Сум дал пари, сакам да возам. Ако ми е нерегистрирана, шо кур ми кратат 2 месеци од регистрацијата?????
Регистрацијата и осигурувањето нетечат, тоа си грешка, кога ќе ти ја издадат сообраќајната ти бараат полиса со тогашен датум, и во сообраќајната стои датумот кога ти ги дале табличките, тоа е вистината јас поминав низ сето тоа затоа и кажувам. :smir:
 
Истекува рокот за увоз на постари половни автомобили

Петти август е последниот рок за пререгистрација на возилата со ЕУРО 1 стандардот. Крајот на септември пак, истекува рокот за пререгистрација на сите возила со странски регистерски таблици.

Можност за пролонгирање на законот засега нема. Затоа царината апелира граѓаните кои возат половни автомобили постари од 10 години, да побрзаат со постапката. Потоа ќе можат да се увезуваат автомобили само според ЕУРО 2 стандардот.

Министерството за внатрешни работи вчера апелираше до граѓаните кои возат автомобили со странски таблички, и тоа најчесто бугарски, да се пререгистрираат. Најавија зачестени контроли и акции после рокот, како и одземање на возилата кои немаат македонски таблици.

http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/17795-.html
 
Ова значи дека неможи појке да се увезуваат коли од странство после 5 август со ЕУРО 1?
 
Уште два месеци увоз на стари возила над 16 години

Возила со Еуро 1 стандард во Македонија ќе може да се внесуваат до 30-ти септември годинава. Владата го помести рокот за уште два месеци за увоз на возила од оваа категорија, кој првично требаше да истече денес. Возилата од Еуро 1 стандард се постари од 16 години.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126055
 
ke go pomestat ushte ednash... od strana na sosedna bugarija ima goooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooolem pritisok da se smeni zakonot za odzimanje na vozila koi se so prestoj podolg od 6 meseci... taka da, ke go prodolzuvaat celo vreme dodeka ne se smeni toj zakon, barem selektivno kon sosedite prvi....
 
Нема купувачи за 12.000 половни возила

156D086A4B0CC140A477F23BEC4FA332.jpg

Причина за опаднатиот интерес за користени возила е неконтролираниот увоз, кој го блокира малиот македонски пазар и сега има огромна понуда, но нема купувачи

Македонскиот пазар е преплавен со половни автомобили. Официјалните бројки велат дека повеќе од 12.000 увезени стари возила чекаат купувачи на автоплацовите. Според Царинската управа, до 15 август се увезени 34.524 употребувани возила, а податоците добиени од МВР покажуваат дека од нив се регистрирани само 22.634.

Сопствениците на автоплацовите за половни возила велат дека последниве две недели драстично е опаднат интересот на граѓаните за да купат стар автомобил. Причина за малиот интерес е неконтролираниот увоз, кој го блокира малиот македонски пазар. Сега има огромна понуда, но нема купувачи. Најмногу се бараат автомобили со италијански таблички, а втори на листата на најбарани, се возила возени во Германија и во Холандија. Најмалку се бараат автомобили од Словенија и од Бугарија.

- Секој ден цариниме по десетина возила најчесто од Словенија. Крајната цена до регистрација им се движи од две до четири илјади евра во зависност од состојбата на возилата и од годината на производство - велат во една скопска шпедиција.

Од таму објаснуваат дека најчесто како увозници се јавуваат граѓани, кои потоа автомобилите ги оставаат за препродажба на автоплац. Скопските автоплацови се преплавени со возила од средна категорија од типот на „пежо 206“, „опел корса“, „фиат пунто“ и по некоја „сеат ибица“.

7B24A3B68643ED4D816EB416A7CD6D93.jpg

Во Царинската управа велат дека во август е намален интересот за увоз на употребувани автомобили во споредба со претходниот месец.

- Во јули годинава увезени се скоро 8.500 половни возила, а до 15 август бројката на увезени возила е само една третина од претходниот месец - велат во Управата.

Сопствениците на плацови за половни автомобили велат дека побарувачката е преполовена последниве две недели.

- Конкуренцијата си го направи своето. Сега граѓаните имаат избор и бараат исклучиво сервисирани половни возила по можност со сервисна книшка. Вакви може да се увезат само од Италија или евентуално од Германија каде има регистрирани салони за половни автомобили- вели еден сопственик на плац за половни возила.

Според него, многу малку се продаваат старите возила од Словенија и од Бугарија.

- Тоа се најчесто возила кои од европските држави се увезени во Словенија или Бугарија, а потоа од таму завршуваат кај нас. Најчесто се со километража која не е оригинална - велат на автоплацовите.

Што се однесува до возилата со бугарски таблички, останува многу мал интересот за нивна легализација. Во шпедитерските куќи велат дека возила со бугарски регистарски таблички воопшто не се царинат, иако со намалувањето на акцизите една од намерите беше и нивна легализација. Граѓаните што имаат вакви возила велат дека немаат намера да земат македонски регистарски таблички зашто постапката им е прескапа во споредба со вредноста на автомобилот. Ќе чекале до септември за да видат дали навистина ќе мора да ја напуштат земјава ако возат со таблички од друга држава.

Според МВР, годинава до крајот на јули, се пререгистрирани 22.634 стари возила. Инаку, во 2008 година биле пререгистрирани 4.556, а во 2009 година 6.529 половни возила.

Валентина Ангеловска

Пад на продажбата на новите возила

Увозот на стари автомобили само краткорочно влијаеше врз продажбата на нови возила, вели претседателот на групацијата на увозници на возила при Сојузот на стопански комори на Македонија, Златко Калеников.

- Мерката беше битна за граѓаните со пониски примања или со мали заштеди кои не купуваат нов автомобил. Сега откако се увезоа многу стари автомобили се чувствува заситување на пазарот за вакви возила. За да се вратиме на старата продажба ни требаат поволни кредити од банките - вели Калеников. (Г.Р.)

извор

А да ги намалеа малку цените?
 
Сега ќе начекаме има да молат да купиме :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:.

Ако не ќе им скапат таму по палацевите.....
 
донеси количе-најмалку 1000евра в џеб!!! чекај бе кај дават така бе ало!!! ко да е 95та па немаме ни интернет,не знаеме што се случува по странските плацеви....патни трошкови + спиење + јадење итн нека ме чинат 250 евра(сам да купувам автомобил),нека земат +200-250 дилериве = 500 евра , + од цената на колата......ама не сакаат така да работат-минимум 1000ка да те скинат,е не ќе може така
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom