Хм...Не би рекла.
Нарекувај го дивјак колку сакаш,ама Надал е моментално број 1 во светот,сакал ти или не.
И уопште не е битно дали е префинет,дали е дивјак,дали некому му личи на глушец или дали си ги вади гаќите од газот.
Не може да ми каже некој дека нема талент или дека неговата игра не е добра.
Зашто да немаше талент,немаше да го симне Федерер од врвот,немаше да освои олимписко злато и немаше да го порази Федерер на трева,на онаа подлога на која Федерер беше устав.
Јас и покрај тоа што сум огромен обожавател на Надал,го почитувам и Федерер,зашто е навистина еден од најдобрите тенисери.Ама ме вадат од кожа омаловажувачките коментари кога се работи за Надал.
Па секогаш се најинтересни натпреварите кога играат они меѓусебно,зашто тоа е вистинска игра и е право уживање да ги видиш како се борат и натпреваруваат.
А што е најважно и самиот Федерер го почитува Надал и обратно.:wink:
Тоа е затоа што се играчи од прва класа и можат да препознаат и признаат квалитет.А и двајцата се скормни.А тоа е одлика на големите луѓе.