На што посветувате најголемо внимание при слушањето на некоја песна?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossoner stefan
  • Време на започнување Време на започнување

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Возраст
34
При слушањето на некоја песна, на што обрнувате најголемо внимание?
Каков е текстот, односно каква тематика разработил текстописецот?
Каква е музиката, и на кои музички жанр припаѓа?
Или пак на тоа кој ја пее песната, како ја пее, на неговите вокални карактеристики и способности и слично?
Ке тргнам од мене....Најголемо внимание посветувам на текстот.Не дека другите два фактори ми се неважни, дека сепак нели за да се добие квалитетен производ терба се да биде перфектно, мегутоа мислам дека текстот ја дава душата на една композиција.Сметам дека за квалитетна песна воопшто неможе да стане збор доколку нејзиниот текст претставуваат површно нафрлани зборови, ради реда, колку да се каже дека песната има текст.Всушност ако се навлезе по длабоко во тематиката, може да се заклучи дека може да имаме квалитетна песна, без музика, односно текстот буквално речено да биде испеан ‘‘акапело‘‘ без музичка придружба.
Какви се вашите ставови?
 
Најбитна ми е идејата и секако одвивањето на самата приказна која на уникатен начин ја доловува секој артист индивидуално.
 
Прво, за да ми привлече внимание, мора да има добра мелодија, интересен ритам, привлечен за моите уши.
И после, гледам каква приказна развива песната, односно каков е текстот, затоа што неповрзани зборови не секогаш звучат убаво.
 
Значи вака, за да една песна ми се допадне и ме "освои" со нејзиниот квалитет потребни се следниве предуслови:
- добра и квалитетна мелодија;
- добар и квалитетен вокал;
- добар и квалитетен текст;


Исто така посебно внимание обрнувам на тоа колку авторот/пејачот се внесол во самата композиција, колку внел нешто автобиографско, нешто емотивно, со што би ја направил песната поприемлива за поширока популација, но исто така и поуникатна.
 
па...прво гледам да ми се допаѓа мелодијата, мелодијата да ме натера да продолжам да ја слушам песната...подоцна текстот и приказната која ја развива песната..
 
Aко веќе ме привлекол ритамот и самата мелодија се задлабочувам во текстот,немора да се пронаоѓам во песната,доволно е само текстот да има добра тематика и со зборови да допре до мене.:pipi:
 
За да ми влезит некоја песна в гла или да ми се свидит, морат да исполнуват неколку услови, кои без да сакам се наметнуваат, таков ми е стилот некако чуден во тој поглед. На добро гитарско а нарочито и на драм соло, свршавам. Добар вокал, рок и метал елементи во изобилие, како и моќен вокал се неминовни. And last but not least, текстот, т.е. длабочината на лириксот. Не би навлегувал како и зошто, битно овие се елементите.
 
Најмногу го забележувам текстот, ако текстот ми се допаѓа песмата и да не ми се допаѓа нешто најмногу ја слушам и ја засакувам. Но немора да значи дека секогаш е така, некогаш и ако ми се допадне песната ритамот пеењето и сл немора текстот да е нешто перфектно сепак ја слушам.
 
Јас најмногу обрнувам внимание на виртуозноста на музичарите. Уживам во музиката кога секој од инструменталистите го дава максимумот од себе. А вокалите не ми пречат какви се, само не сакам да се некои gay пискања.
 
Мелодијата, пеењето и текстот ( Не многу ама друго е текст како Down - Mourn или текст како Anal Cunt - All our fans are gay :))
 
Прво ми е важен ритамот на песната,а потоа доаѓа текстот.Друго не ми е важно :smir:
 
Самата песна да има нешто catchy во неа...Интерсна мелодија можеби...уникатност...сепак во границите на нормалата, изведувања не ми се сфиѓаат...текстот мање више...
 
Мелодијата пред се. Потоа вокалите а на крај текстот. Да ми беше за текстот ке читав книги. Музика си е музика. Текст си е текст. Затоа обожавам инструменталки.
 
Порано секогаш песните ги засакував според тоа каква е музиката и дали расположуваат дали влегува одма во уво,а во последно време обрнувам поголемо внимание на текстот затоа што многу почнав да се пронаоѓам во нив
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom