На магистри и на доктори им нудат 12.000 денари плата

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Јас незнам што мислите, ако поучиш уште 2-3 години плус господ за такво си го фатил па можеш да бараш 80.000 ден плата? Јас сум апсолутно портив без работно искуство да се оди на магистратура или па не дај господе на докторски студии.

Факултетот треба да те остручи и за да можеш да бараш повисоко работно место, што незначи дека ќе добиеш посолидна плата. Платата зависи од многу фактори, дали ја заслужуваш, колку фирмата заработува, конкуренција итн.
Ко ќе завршиш факултет си народски кажано гуштер и реално е да работиш за 10-15.000 што во МК е малце под солидна плата. Ставете се во улога не газди, ќе плаќате гуштер 30.000 што повеќе прашува одколку што работи? И на други теми сум спомнал и тука, ако станете вистина квалитетна личност во вашата бранша цената како на берза ќе ви скока без да побарате.

За жал во МК уште неможеме да ги искорнеме навиките од пустиот социјализам, каде доволно беше да завршиш факултет нозете да ги качиш на биро и да лапаш високи плати. Никој ама апсолутно никој нема да ти даде висока плата од старт, мора да ја заслужиш, а ќе ја заслужиш само со посветеност, заинтересираност и доста труд.
 
Да, + тоа. 50 % од моите колеги се на факултетов пошто демек може да обезбеди добра егзистенција, или поради тоа што им рекле од дома дека треба да идат на електро. Смешно е, дури и еднаш другар од средно ми вика: "Брат, ја не знам зошто дојдов на факултетов искрено, али ај". Епа јас знам, пошто мама и тато решиле од тебе да напраат инженер, и ти идеш на електро. Како така ќе го завршиш ( со преписи, бубање, итн..) ама ќе го завршиш. И што после? Кој ќе те прими тебе на работа кога ти како софтверски инженер не знаеш што е покажувач? Кој ќе ти даде тебе 500-700 евра почетна плата за твоето НЕзнаење? Никој. А друг па вика: "Па мене искрено животна желба ми е драмски, ама шо ќе работам со тоа, ќе бидам пијандура и пропалица.". Сестрата на "актеров" завршила електро пред 3 години, и сеуште не може да најде работа. Се запрашувате зошто? Мислам дека одговорот е очигледен. Не знам зошто луѓево не си запишуваат тоа што стварно сакаат да студираат и им е пасија, него мора да се исфорсирани за некоја насока. Тоа смрди, и не чини.

Затоа што им пуштаат реклами "пасија за технологијата":pos:

Кога веќе го спомна електро, на електро има многу што да се научи ама стварно многу работи ама системот на работа мене уопште не ми се свиѓа, ја на пример би го направила да биде минимум 5години отколку исфорсирани 4. Ја појќе би сакала полека да учам ама темелно отколку цело време да сум у трка со сесија, зашто типот на колоквиумски е познат така што многумина од 4 задачи ги учат темелно само првите 2, ќе ги извадат потребните поени и чао/пријатно - положен испит. Тоа е само мое мислење, верувам дека не сите би се сложиле со мене:).

...и btw у контекст на муабетов, ја познавам најмалку петмина од електро што сакале да се запишат на драмски , чудни се патиштата божји...:pos:
 
Информатичарка работи во болница како докторка? WTF!? Ако и дојде некој болен шо ќе му каже? Господине, направете си update на антивирусот, пошто имате 2-3 вируса, еден рестарт, стајте кулер паста, и немате гајле, топ сте. Ооо боже, каде ние живееме...
:facepalm:
Toa e суровата вистина, или пак обичен селјак со средно обрзование со завршен курс по информатика за офис во УЈП :confused:
 
Toa e суровата вистина, или пак обичен селјак со средно обрзование со завршен курс по информатика за офис во УЈП :confused:
Што сакаш тоа е државна работа. Кажи ми кој факултет е за министри? Средно Министерско да нема? Зеби државна работа таа нетреба да се брои како професија.
 
„Да докторираш/магистрираш на економски науки и да чекаш некој да те вработи?! Ало! Врвен научник си по економија! Све знаеш за економија! Ти си спремен да го растуриш пазарот! Чекаш да те вработи некој?!?!?! Абе ти треба да си тој што ќе вработува луѓе, неспособен кретену.“

Парафразирана реакција (иако малку претерано емотивна) на еден мој познаник и не е далеку од вистината.


Сестра ми заврши докторка со просек 9.70, а сега е на приватна специјализација и моите плаќаат по 2 илјади евра годишно за таа специјализација, што секако се премногу пари за МК стандард !
Утре ќе заврши и што потоа, ќе треба да оди во некое селце да работи во некоја прчварија со некаква си диби-дус клиентела ... !
Брат, абе за докторка учела, болни луѓе, позеленети у фаца, што кашлаат и се мрсулават, некои што имаат многу гаден здив, расипани заби, тртки по тело полни со гној, крв у столица .... какви клиенти боже мој очекуваш да има доктор?!?!


Еден од стандардните прегледи на специјалист-интернист е ректално туше. Тоа е метода со која се брцка у дупе и се врши палпација на мочен меур, простата и слично. Сосема нормална работа за еден доктор иако може и да ти се посере на рака (ок, ракавица имаш). И не-дибидус клиент колку и да изгледа отмено, носи бели ракавици, му се наѕира синџирчето од часовникот има смрдливо гомце.
 
Не е проблемот во факултетите во секој град и секое село. Проблемот е во глупавиот болоњски ситем и Ектс. Конкретно ќе зборам за правен факултет. Првите три години носат 180 кредити. Обврзан си да се запишеш магистратура за да ги обезбедиш останатите 120 каде со вкупно 300 ќе имаш право да полагаш правосуден испит. Проблемот е што не секој има финасии да запише мастер студии. Зашто не е овозможено тие две години да може да се заменат со пракса, која е каде каде потребна него ли набилданата теорија. Наместо да бркаме оцени ние бркаме бодови. Правник полага со заокружување а,б,в или г. Системот е без врска поставен. Само експериментираат на наша штета.
 
Не е проблемот во факултетите во секој град и секое село. Проблемот е во глупавиот болоњски ситем и Ектс. Конкретно ќе зборам за правен факултет. Првите три години носат 180 кредити. Обврзан си да се запишеш магистратура за да ги обезбедиш останатите 120 каде со вкупно 300 ќе имаш право да полагаш правосуден испит. Проблемот е што не секој има финасии да запише мастер студии. Зашто не е овозможено тие две години да може да се заменат со пракса, која е каде каде потребна него ли набилданата теорија. Наместо да бркаме оцени ние бркаме бодови. Правник полага со заокружување а,б,в или г. Системот е без врска поставен. Само експериментираат на наша штета.

Грешка е да бркаш бодови, но грешка е да бркаш и оцени. Треба да бркаш знаење! Така да не е проблемот во системот, туку во целта на студентите ... да го завршат факултетот ... тоа треба да е една од попатните вредности а крајната е да се стекнат со знаење (поточно солидно предзнаење за практична работа).
Изместени вредности секако водат до ситуација за каква е наменета оваа тема. Докторите на науки кои се под завод, треба да разберат дека статусот кој го стекнале не е алатка за наоѓање работа, туку бегање од нормалниот тек на работниот процес: факултет, работа, искуство, магистерски, уште повеќе работа, искуство, работа, докажување, докторат, работа, работа, ... работа, работа, ...
 
Нека си седат дома таканаречените "магистри". Без ден работно искуство одат на магистратура. Чести се случаите кога не им се работи, па ајде да не седи дома џабе ќе запише магистратура, која знаеме и како се завршува.
Прво работа(по струка) па потоа насочување и специјализација на одредена област на тоа поле. Тоа е вистинска магистратура.
 
Суфицитот на магистри е резултат како што викаат и професорите погоре , системот ти налага да завршиш и мастер студии, а не дека сакаш. Па така, сите и амбициозни и неамбициозни ( ова се резерва ) кај завршиле факултет ( незнам како ) па и мастер студии размислуваат да запишат или па веќе запишале. Катастрофа. Порано беше поим да бидеш магистер на науки, сеа си играат к**от и секој дипломиран морало и мастер да има, ти се молам! МОНДИЕ!
 
Нека си седат дома таканаречените "магистри". Без ден работно искуство одат на магистратура. Чести се случаите кога не им се работи, па ајде да не седи дома џабе ќе запише магистратура, која знаеме и како се завршува.
Прво работа(по струка) па потоа насочување и специјализација на одредена област на тоа поле. Тоа е вистинска магистратура.

Лошо е што повеќето студенти, веднаш откако ќе го завршат факултетот, без ниту еден ден работно искуство и пракса, веднаш продолжуваат со следната етапа специјализации, мегистериуми и.т.н. што и јас мислам дека е погрешен чекор за самите нив, прво треба одреден временски период работно искуство/пракса(по струката), па потоа следна етапа на надоградба: магистериуми, специјализации и.т.н. !
 
Познавам писмени луѓе(интелектуалци) со, но и без диплома !
Исто така познавам и луѓе(неписмени) без, но и со диплома !
Така да врти-сучи се си е индивидуално !
Дипломата отсекогаш била, е и ќе биде потребна, но сепак не е пресудна во наоѓањето на солидно работно место !


Знаењето е најважно тоа секогаш ќе има цена пред се.
Значи и те како е битна интелектуалната наобразба.
 
Грешка е да бркаш бодови, но грешка е да бркаш и оцени. Треба да бркаш знаење! Така да не е проблемот во системот, туку во целта на студентите ... да го завршат факултетот ... тоа треба да е една од попатните вредности а крајната е да се стекнат со знаење (поточно солидно предзнаење за практична работа).
Изместени вредности секако водат до ситуација за каква е наменета оваа тема. Докторите на науки кои се под завод, треба да разберат дека статусот кој го стекнале не е алатка за наоѓање работа, туку бегање од нормалниот тек на работниот процес: факултет, работа, искуство, магистерски, уште повеќе работа, искуство, работа, докажување, докторат, работа, работа, ... работа, работа, ...
Во правната професија дел од знаењето се стекнува на факултетот преку теорија а останатиот дел низ праксата во соодветните институции. Праксата се минимизира што не е добро. Имаш правници кои после 3-те години незнаат да напишат една молба, тужба и жалба. Пак ќе се држам до мојата теза дека системот е погрешно поставен. Овој систем овозможи и кјоро и сакато да завршат факултет и да мафтаат со дипломите. Кажи ми која е логиката правник да полага на колоквиуми да заокружува или да надополнува зборови, а притоа во текот на студиите гласот не му се слуша, реториката е на ниско ниво. Се согласувам со тебе, не значи дека ако јас сум магистер а ти доктор, сега ние по дифолт мора за нас да има загарантирано работа веќе третиот ден по дипломирањето и стекнувањето на таа титула. Потребна е макотрпна работа во секоја област, пракса, работно искуство, желба, упорност, труд, па со текот на времето коцките да си се склопат и единката да си дојде до заслуженото место. Ние сеуште живееме со она, државата не ми наоѓа работа. Државата никогаш нема да го направи тоа, освен ако се одадеме на партиската книшка и станеме едни од многуте партиските војничиња во администрацијата. Јас сум за почнување од нула, со мака труд и силна воља.
 
Ок, прво... сакам некој од „магистрите“ да ми пресмета, колку пати е поголемо 12.000 денари (платата шо му се нуди) од 0 (платата шо ја земат)?

Друго, мислам дека најпаметно ќе биди владата треба да смисли една кампања: Директорско место за секој магистер во државава!

Се прашувам кога ќе му стани јасно на овај народ дека нема појќе „Учи за да не работиш?“ Комунизмот/социјализмот шо го имаше кај нас умре... толку, аш. Сакавте капитализам, бујрум. Ете го, шо значи сега секој гледа колку реално вредиш, и кои се твоите способности. А сериозно прашање е дали магистерската диплома со 0 праска, 15 минути прошетка во некоја фабрика и сл, стекната во Македонијава наша насушна вреди 12.000 денари месечно.
 
Знаењето е најважно тоа секогаш ќе има цена пред се.
Значи и те како е битна интелектуалната наобразба.

Трагично е човек да биде тотална табула-раза во 21 век, но исто така е трагично и човек со диплома во раце да не знае најосновни работи од областа за која студирал !
Јас имам поинаков концепт на размислување, ако треба во 100, па и во 1000 луѓе, само еден или двајца нека се со високо образование, но барем навистина да се разбираат и да знаат, битен е квалитетот, а не квантитетот, секој нема дарба за наука, некој има повеќе дарба за физички работи, некој пак е навистина интелектуален капацитет, но сепак вистинските интелектуалци се природно поретки и ги бројам на прсти !
На пр. ако познавам да речеме 100 луѓе со некаква диплома(завршен факултет), едвај само десетина од нив ги сметам за вистински интелектуалци !
Исто така од професија до професија постојат огромни разлики, во некои професии можеш да се убациш и со помалку познавање на истите, па со тек на време да се поднаучиш нешто, но во некои професии мора да имаш ите-какви познавања, бидејќи грешките(потенцијални) секаде не се исто болни !
 
Како мал гледав сараевска аудиција,снимена 1991 година.Таму Маринко убаво си кажа за Македонија-Јебо земљу којој је Албанија запад:DИ не беше далеку од вистината.Ова ни луд не би го нарекол држава,ова е факинг Дизниленд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom