На магистри и на доктори им нудат 12.000 денари плата

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Епа ќе има невработени кога отворија факултети во секој град само за да ги лажат децата и државата да се наполни пари, и тие шо не знаат да читаат завршија факултет.
Пред некој ден ми кажуват дека една моја колешка од Информатика што заврши само 3 години и тоа едвај со препишување работи во болницата како докторка o_O еден друг колега уште не завршен работи како ит специјалист во едно училиште па маани тоа цел ден се шета низ чаршија сретнувам го вика на пауза сум 2-3 саата да пијам кафе и да јадам :eek: и двајцата си лапаат по 400-500 евра плата и кога и дае вака ќе земат и магистерски и еден ден може и да ги видам во парламентот вака како шо е тргнало а немаат просек поголем од 7.00 а оние со над 9.00 идат волонтери за 3000 ден :tapp: јбг партиската книшка прави се Америка му е мајката кај нас не вреди да се учи. :гомце: :facepalm:
 
Епа добро бе друже еве ајде кажи ми дали е фер некој што никогаш во животот не отворил книга, без навреда но нема појма од ништо, нема ниту средно школо, а и тоа средно што го завршил, го завршил едвај со мајки-шајки тетки стрини чичковци вујни вујковци и сл. а од друга страна некој навистина заслужен одличен учени/к/чка(капацитет) кој учел цела младост до 30ка па и повеќе и на крај и двајцата да земаат или иста плата или пак првите да земаат повеќе !
На пр. доктор специјалист магистер правник економист инженер и.т.н. 12.000 и на пр. келнер исто да земаат епа не иде, па дури и вториот може да земе и повеќе !
И далеку сум од неписмен или полуписмен, поентата ми беше тоа што во оваа наша држава подобро е да си чистач отколку интелектуалец и онака на крај и двајцата ќе земаат исто пари, само што чистачот не се замарал со науки во животот, за разлика од некој кој учел, студирал, магистрирал, специјализирал... до 25/30/35 или повеќе години !
Социјализам на дело ’’еднаквост‘‘ !
Не реков дека не си во право, нели. Смрди одамна во приоритетите на системот додека итаме напред по патиштата накај еу и назад. Мора и жртви да паѓаат, тоа е најнормално.

Затоа постои и учењето занает. Мислиш дека плочкарот (кој го спомна погоре) не треба да има разбирање за да знае како да ги постави плочки во просторот?

Преднекој месец, отворив таква тема.
Разликата помеѓу студирање уметност и курс по занаетчиство


Бонус тема.
Уништување на професиите
 
Пак се исплати да земаш докторат или магистериум.
Има 26 невработени доктори на науки од некој 3-4000 значи невработеност од 0,5-1%
Магистри невработени 536 од 10000 неврабоеност од окулу 5%
Просечна невработеност е 30%
Кај тие со основно е над 50%
Па ти види. Се е чиста статистика и шанси.
Да не почнам со просечна плата на доктор на науки и НКР не се споредува.
--- надополнето: 5 април 2012 во 17:55 ---
Епа ќе има невработени кога отворија факултети во секој град само за да ги лажат децата и државата да се наполни пари, и тие шо не знаат да читаат завршија факултет.
Грешиш државата троши пари а не заработува...Од кај се финансира државните универизтети сигурно не од смешната школарина.
 
Е добро де, тоа им нудат 12000 почетна плата, ако ги бива за година-две можат да дотуркаат до 30-40000 плата.

Социјализмот умре одамна, таму девизата беше учи за да не работиш и да земаш дебела плата.
 
Никаде без искуство.Шо сакаат они, да искочат од факултет и одма 500+ евра плата? Трпение бе, нека почнат од 200 евра па ако ги бидува ќе напредуваат.Кој ги терал да идат на магистар без да се вработат прво
 
Грешиш државата троши пари а не заработува...Од кај се финансира државните универизтети сигурно не од смешната школарина.
Абе ајде парите од партиципацијата да им иде за универзитетот ама плус тоа и измислија уште многу други работи да се плаќаат семинарски, спортски активности, токени, материјални трошоци, книга од библиотеката од факултетот..... и шо ти знам таму уште што не a на крај кога треба да ја земеш дипломата ако ти фалат уплатници нае*ал си ќе те средат убаво. :D
Сега не знам уште што е измислено да се плаќа оти завршив деф од нив. :D
 
Плус со високо образование многу полесно ќе најдеш работа во странство пројде времето кога одеа гастарбајтери во Германија да бидат молери и ѕидари. Сега се бара високо образование. Универзитетите во Западна Европа и САД полни се со странци нема веќе домашни студенти на PhD и слично.
 
Не студирале Технички факултети па како ќе студирам нешто ако воопшто не ме привлекува тоа и не сакам да го работам ? плус ете бонус на тоа ич не ми одат електро/техничките предмети а математика појма немам ? Нормално дека ќе одиш каде што повеќе те бива и каде што сакаш да работиш, иако сега такво е времето и магистер да станеш не е сигурно дека ќе се вработиш. Затоа најубаво студирајте што ве влече а во меѓувреме пробајте/реализирајте си некаков мал бизнис, таму се парите.

Сестра ми заврши докторка со просек 9.70, а сега е на приватна специјализација и моите плаќаат по 2 илјади евра годишно за таа специјализација, што секако се премногу пари за МК стандард !
Утре ќе заврши и што потоа, ќе треба да оди во некое селце да работи во некоја прчварија со некаква си диби-дус клиентела за 12.000 на месец !
Од друга страна пак на пр. братучедите кои незнаат два и два и едвај завршија средно, сега работат по угостителски објекти и земаат добри парички, а пак во летниот период одат да работат по угостителските објекти во Охрид и заработуваат доста солидно !
Нема врска тоа факултети, тоа само ги лажат децава демек учете ќе ви се врати (знаењето е сила, знаењето е моќ), реално гледано денеска најбарани се занаетите: електричар, водоводџија, ѕидар(мајстор), пекар, бербер, фризерка, козметичарка, готвач/ка, професионален шофер, боди-гард(со лиценца) и.т.н. и.т.н. бидејќи државава е веќе затната од високо квалификуван интелектуален кадар, има со лопата да ринеш магистри професори доктори хирурзи економисти(менаџери) правници инженери архитекти археолози историчари географи социолози филолози филозофи политиколози новинари лингвисти и.т.н. и.т.н.
Денеска само занает да имаш му е мајката, јако испечен(во пракса) или пак некаков мал, но доходовен приватен бизнис, или пак во странство, друго чаре ЈОК !
На работа ниеден газда нема да те прашува што имаш завршено и каков ученик/студент си бил, туку ќе ти гледа работна рака, способност за работа, испраксираност и умешност... едноставно такво е времето денеска, кој порано уште на времето(во СФРЈ) со факултет се бутнал на работа(државна), се бутнал, денеска умре тоа време, дипломата е само обично ливче хартија !
 
Бре неговите давале по 1200 евра годишно,голема работа па што да не сакаш сега и толкава плата да земаш,ако си отишол на поголема надоградба си отишол заради себеси да научиш нешто повеќе и да имаш лесна работа а со тоа и одредени привилегии, за да не мораш да копаш бунари или работиш како таксист итн..by the way друг проблем е тоа што магистри и доктори на секакви науки изникнуваат како печурки,колку од тие нешто и разбираат,титулата не значи автоматски квалитет,јас лично познавам неколку магистри и кога седнам да правам муабет со нив по десет минути одма тражам каде е вратата така да на крајот на краевите се е во умешноста на самиот човек и како тој ќе се снајде во животот
 
Абе ајде парите од партиципацијата да им иде за универзитетот ама плус тоа и измислија уште многу други работи да се плаќаат семинарски, спортски активности, токени, материјални трошоци, книга од библиотеката од факултетот..... и шо ти знам таму уште што не a на крај кога треба да ја земеш дипломата ако ти фалат уплатници нае*ал си ќе те средат убаво. :D
Сега не знам уште што е измислено да се плаќа оти завршив деф од нив. :D
Тоа е смешни суми страмота е да се жалиш. Незнам колку е точно партиципација ама смешна е оди во приватен унивезитети и спореди и ќе видиш дека државното образование е бадијала бидејќи е подржано од буџет плус го има во секое село и немора да одиш во Скопје. Сега колку е квалитетно тоа е друг муабет ама дека е ефтино и достапно за секого неможе да се негира.
 
Ех ова е трагедијата на нашава држава, си учел цела младост до 30 год. па и повеќе, твоите родители се оддале со илјадници евра за студирање, магистериуми, специјализации и сл. и на крај откако ќе ги земеш дипломчињата ќе си можеш да си бираш: или ќе си бидеш невработен академски граѓанин и ќе си седиш домче, или пак како академски граѓанин ќе работиш во некакви прчварии со диби-дус персони/клиентела за макс. 200 евра плата на месец за секојдневна отепувачка и смрдлива работа, додека пак некој неписмен или полуписмен(така да се изразам) келнер/ка, шофер, таксист, чувар, вратар, редар, продавач/ка, готвач/ка, кафекувар/ка, ѕидар, плочкар, чистач/ка и.т.н. и.т.н. ќе зима исто плата колку тебе, па дури и повеќе, без ниту еден ден во животот поминат над книга !
Ама тоа е тоа, животот не е фер секогаш, а живееме во една земја полна со парадокси, јас одамна го имам увидено ова и затоа се откажав од факултетот навреме уште на почетокот и работам веќе скоро 5 год. работам за мали пари, но барем не се нервирам, ако сум го завршел факултетот и пак сум седел дома или сум работел за мали пари ќе сум се нервирал !
Сето тоа е убаво што си учел не велам не, но школото без пракса не ти вреди многу.
Ке ти кажам конкретен случај,оглас објавен се јавуваат над 340 кандидати ( дури и јас бев изненаден ) од нив со селекција се одбраа 80 души кој беа повикани на разговор,од тие 80 души дојдоа некаде 50-сетина од тие 50 се економисти со висок просек,со дипломи со курсеви со пичкеси материне имаше и магистер еден, основната плата беше 15 000 денари + % беа примени 6 лица се со диплома освен еден кој беше со средно ( да потенцирам дека имаше завршено за авто механичар ) но човеков цел живот си работе во браншата од која ние баравне луѓе,е сега магистерот и останатите,повеќе беа јаки на вилица и продаваа филозофии,па вака требало да биде онака требало да биде , јас имам диплома јас ова јас она,три месеци не мрднаа од тие 15 000 денари нити па си ги заработија тие плати,додека механичарон стигаше до 34 /36000 денари плата. Магистерот и останатите кој што завршиле факултети и имаат дипломи мислеа дека само со седење ке земаат дебели плати,и дека дипломата им вреди ( кур не им вреди ништо ) не ги бива затоа сега тие се дома додека оној НЕПИСМЕНИОТ си брка работа и си тепа дебела плата.
Не дека факултетот и образованието не треба да се почитуваат и ценат,туку премногу се девалвирани во денешно време. Премногу лесно се доаѓа и до магистратура и до докторат тоа е проблемот..
 
Jas samo bi dodal u vezi prosekot pa primer jas moze toj den ne bil moj i koa sum polagal bash toj den sum bil nesiguren i sum dobil recimo 6 ka no sega da se prai update jas poveke sum go unapredil znaenjeto nego onie ja znam 10 ki dobivaa onie koi ucea samo za ocenka na pamet, fakat! A sega iam vise znaenje od niv so 10 ki poso oni ucele da dobijat ocenka samo za ocenka na pamet i posle ne se zamaraat so toa no vistinski napreduva vo znaenjeto i vestinata onoj koj sekojdnevno se bavi so toa ko trening.
 
Тоа е смешни суми страмота е да се жалиш. Незнам колку е точно партиципација ама смешна е оди во приватен унивезитети и спореди и ќе видиш дека државното образование е бадијала бидејќи е подржано од буџет плус го има во секое село и немора да одиш во Скопје. Сега колку е квалитетно тоа е друг муабет ама дека е ефтино и достапно за секого неможе да се негира.
Па и не е баш смешна сумата годишно е 1000 евра и мораш да учеш за да поминеш за разлика од приватните каде е 2000 евра и каде и без учење ќе поминеш.
--- надополнето: 5 април 2012 во 18:17 ---
И ме интересира дали сите оние кои завршиле на приватен си нашле работа одма по завршувањето?
 
Па и не е баш смешна сумата годишно е 1000 евра и мораш да учеш за да поминеш за разлика од приватните каде е 2000 евра и каде и без учење ќе поминеш.
Незнам на кој факултет си ама...знам за медицински факултет годишно макс се трошат 50 евра за копии пријави и ситни давачи партиципација речиси никој не плаќаше сите беа или промени без или ослободени после 1 година. Така беше во јас кога студирав пред 5-6 години. Ако не се сменило нешто драстично од тогаш ама се сомневам. Дали потрошив 200-300 евра за 6 години студирање.
 
Па и не е баш смешна сумата годишно е 1000 евра и мораш да учеш за да поминеш за разлика од приватните каде е 2000 евра и каде и без учење ќе поминеш.

И ме интересира дали сите оние кои завршиле на приватен си нашле работа одма по завршувањето?

Заврши приватен па не најде работа, или нагаѓаш само? Знам кај мене на БАС има доста што има и дипломски и постдипломски шо имаат завршено и се на топ работни позиции.За магистарски сеуште немаат ама мислам дека е во план али битно се вработуваат.Ама таму не одат луѓе кои очекуваат државата да им најде работа откако ке завршат.Одат луѓе кои се снаоѓаат сами, без никој да им поклони ништо и еве лично од мое искуство ти кажувам ако не фатиш книга тука ке поминеш исто толку лошо колку и на државен.Никаде нема поклон оцени :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom