На денешен ден!

9.- РРоден е римскиот цар Тит Флави Веспазијан, основач на новата династија Флави. Во текот на владеењето од 69 до смртта во 79 година ги победи и расели Евреите, а во Рим подигна величенствени градби како што се Колосеум, Капитол и Амфитеатар.
1095 На црковен собир во Клермон папата Урбан II ги повика црковните великодостојници и свештени владари на воен поход против „неверниците“, со цел да се ослободи светата земја (Палестина) и Ерусалим. Тоа е почетокот на Крстоносните војни, кои со прекини, траеа повеќе години.
1626 Папата Урбан III ја освети црквата „Свети Петар“ во Рим.
1697 Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен портретист и цртач на физиономии. Слика сцени од сатиричен и морален карактер од животот на аристократијата. Остави релативно мал број дела, но, поради нивната вредност, тој се вбројува меѓу најзначајните англиски сликари.
1786 Роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера. Познати му се оперите „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умре во Лондон, на 5 јуни 1826 година.
1787 Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дагер. Благодарение на неговиот изум, наречен „дагеротипија“, за првпат практично е овозможена изработка на фотографија.
1830 Белгија стана самостојно кралство. До Наполеоновите војни Белгија беше под Хабзбурговците. Од Виенскиот конгрес од 1815 и 1830 Белгија (како и Луксембург) е составен дел на Холандија. Во Белгија населението повеќето е католичко, додека во Холандија протестантско. Побунувањето во 1830 година е од верска природа.
1860 Роден е полскиот државник, пијанист и композитор, Игнац Јан Падеревски, професор на Kонзерваториумот во Варшава. Јан Падеревски од 1919 до 1921 година беше премиер и шеф на дипломатијата, а во 1940 година претседател на Полска. Дела: опера „Мандра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.
1833 Во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.
1874 Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.
1903- Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1905 Принцот Чарлс од Данска е избран за прв крал на Норвешка по обновувањето на независноста со одвојувањето од Шведска, а го зеде името Хакон II.
1905 Во Кикинда е роден Јован Поповиќ, српски писател, еден од творците на социјалната книжевност меѓу двете светски војни. Негови познати дела се „Аџија на вечноста“, „Танц над празнината“, „Ластовица во митралеско гнездо“, „Вистински легенти“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1952 година.
1910 Во Мексико изби револуција во која во текот на наредните 10 години загинаа најмалку еден милион луѓе.
1918 Белгиската армија влезе во Брисел по четиригодишната окупација од страна на Германија, во Првата светска војна.
1919 Во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија. Умре во Скопје, на 15 април 1983 година.
1922 Во Париз умре Марсел Пруст, француски писател и академик. Со своето дело остави длабока трага не само во Франција туку и во европската литература. Автор е на големиот циклус романи „Во потрага на загубеното време“, на што работеше цели 15 години.
1936 Германија и Италија ја признаа владата на генералот Франциско Франко како легитимна влада на Шпанија.
1944 Во штотуку ослободената Битола, во присуство на околу 2.000 борци на Леринско-костурската бригада, од Воденскиот македонски партизански баталјон и од бригадата „Гоце Делчев“, е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, која влезе во составот на НОВ и ПО на Македонија. На местото каде што е формирана оваа прославена партизанска бригада, заменик-политички комесар на бригадата Вангел Ајановски - Оче, на 18 ноември 1984 година откри спомен-плоча.
1945 На првите избори во Бугарија по Втората светска војна, кои опозицијата ги бојкотираше, победи Отечествени фронт, предводен од комунистите.
1962- Во Копенхаген Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Роден е во Копенхаген на 7 октомври 1885 година.
1970 Западна Германија и Полска воспоставија дипломатски односи со што го прекинаа непријателството долго 31 година.
1970 Кина именува амбасадор во Советскиот Сојуз и по четири години ги обнови дипломатските односи на највисоко ниво.
1976 Воената влада на Етиопија (комунистичка) изврши смртна казна врз 27 луѓе наводно поради заговор.
1978 Во Џонстаун во Гвајана со испивање на отров е извршено колективно самоубиство на 914 Американци, припадници на сектата „Храм на народите“, вклучувајќи го и водачот на сектата Џим Џонсон. Членовите на сектата кои одбија да го испијат отровот беа убиени.
1986 Во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија. Роден е во Штип, на 19 мај 1910 година.
1988 Во Скопје умре Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турска националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките раскази „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Роден е во Штип, на 28 ноември 1918 година.
1991 Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.
1991 Умре чехословачкиот државник по потекло Словак, Густав Хусак, поранешен претседател на Чехословачка. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата преседател на Чехословачка.
1993 Лидерите на Јужна Африка го усвоија Уставот со кој е ставен крај на политката на апартхејдот во земјата.
1993 Новиот воен управувач на Нигерија генералот Сани Абач ги распушти сите демократски институции.
1993 Во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист. Има објавено поголем број есеи од областа на англиската и светската книжевност, меѓу кои и книгата „Македонски теми и дилеми“. Роден е во Обровац, на Зрмања, во 1916 година.
2004 Во Англија по 700-годишната традиција е забранет ловот на лисици.
2005 Во три одвоени бомбашки напади во Ирак, на багдатскиот хотел „Хамра“ и две џамии во градот Канагин, загинаа околу 80 луѓе, а беа ранети околу 100.
2006 Најмалку 120 лица го загубија животот, а околу десетина се водат за исчезнати во поплавата која го зафати западен Авганистан. Најмногу беше погодена провицијата Бадгис.
 
1493.На своето второ патување за Америка, на кое тргна со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристифор Колумбо го откри островот Порторико.
1600 Роден е англискиот крал Чарлс I Стјуарт, чие авторитарно владеење предизвика револуција и укинување на монархијата. Под притисок на парламентот, во 1628 година издаде „Петиција за правата“ со која ги гарантираше правото на парламентот и личната слобода на граѓаните. Обврската набргу ја погази. Владееше 11 години самостојно, но во 1640 година мораше да го свика парламентот кој ги ограничи неговите права.
1497 Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го откри патот за Индија, околу 'Ртот Добра Надеж.
1711 Во селото Мишанинско, е роден Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас. Умре во Петроград, на 15 април 1765 година.
1805 Роден е Фердинанд де Лесепс, француски дипломат, инженер, градител на Суецкиот Канал (1859-1869). Во 1881 година почна да го гради и Панамскиот Канал, меѓутоа поради финансиската криза, не успеа да го изгради. Умре на 7 декември 1894 година.
1809 Наполеоновите сили ги победија Шпанците кај Окана и ја зазедоа речиси цела Андалузија освен Кадиз.
1831 Роден е американскиот претседател Џејмс Ејбрам Гарфилд, кој стана шеф на државата во март 1881 година. Беше тешко ранет во атентат во јули 1881 година. Умре два месеци по атентатот.
1888 Роден е кубанскиот велемајстор Хосе Раул Капабланко и Грауперо, светски првак во шах од 1921 до 1927 година. Изгуби само една партија во периодот од 1914 до 1924 година, по што е единствениот во историјата на шахот. Титулата ја освои победувајќи во мечот со германскиот велемајстор Емануел Ласкер со 4:0 и со десет реми, а загуби од рускиот велемајстор Александар Аљехин со 6:3 и со 25 реми. Дела: „Основи на шахот“, „Мојата шаховска кариера“.
1917 Родена е Индира Ганди, претседател на индиската влада од 1966 до 1975 и од 1980 до 31 октомври 1984 година кога е убиена пред нејзината резиденцијата во Њу Делхи, од страна на тројца припадници на најзината лична гарда.
1918 Со поддршка од западните земји и белите чехословачки одреди во контрареволуцијата против болшевичката власт, царскиот адмирал Александар Колчак изведе преврат во Омск, и воспостави воена управа во Сибир, на Урал и на Далечниот исток, а се прогласи и за „врховен водач на руската држава“. Тоа беше почетокот на походот на силите на Антантата против советските власти воспоставени со Октомвриската револуција. Колчак во 1919 година беше заробен и стрелан во Иркутск.
1920 Во Битола е роден Бранко Зарески, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Умре во Скопје, на 4 мај 1979 година.
1936 Во првите борби пред Мадрид, како борец на интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936-1939), загина Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Роден е во Велес, во 1900 година.
1942 Советските трупи во Втората светска војна со силен контраудар во Сталинград ги поразија единиците на Шестата и Четвртата оклопна германска армија кои капитулираа во почетокот на 1943 година.
1944 По петдневни борби кај хидроцентралата „Матка“, селата Глумово, Групчин, Копачин Дол и Ларце против силите на албанските балисти, единиците на Педесеттата македонска дивизија и на Третата македонска бригада го ослободија Тетово.
1946 Во Париз е отворена првата конференција на УНЕСКО (специјализирана агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура).
1969 Моделот на американскиот вселенски брод „Аполо 12“ со астронаутите Чарлс Конрад и Ален Бин се спушти на Месечината.
1977 Претсдателот на Египет Анвар ел Садат како прв арапски лидер допатува во Ерусалим каде со претседателот на владата на Израел Менахем Бегин преговараше за окончување на военатата состојба во двете земји. Претходно во Кемп Дејвид двајцата со посредство на американскиот претседател Џими Картер склучија договор за сепаратен мир и етапно повлекување на Израелците од Синај.
1984Во Мексико Сити во експлозија на гас и пожар загинаа повеќе од 550, а беа повредени повеќе од 4.200 луѓе.
1985 Вo Белград умре Благоја Чешларов, истакнат македонски музичар - интерпретатор, музички педагог и основач на повеќе музички групи и оркестри.
1990 Со потпишувањето на договорот за конвенционалните сили во Европа и за уништување на дел од вооружувањето, лидерите на НАТО и Варшавскиот пакт објавија дека заврши студената војна меѓу двата воени блока.
1991 Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
1995 Исламски терорист-самоубиец со камион со експлозив влезе во египетската амбасада во Исламабад усмртувајќи 16 луѓе.
1996 На историската прва средба во Ватикан меѓу папата Јован Павле II и претседателот на Куба Фидел Кастро, поглаварот на римокатоличката црква ја прифати поканата за посета на Куба.
1988 Со сведочењето на независниот тужител Кенет Стар, кој го обвини претседателот на САД Бил Клинтон за попречување на правдата, формално започна постапката за импичмент против шефот на државата, трет во американската историја.
1998 Конституирано е третото (второ по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател е избран Саво Климовски.
2000 Претседателот на САД Бил Клинтон ја заврши тридневната посета на Виетнам, прва на еден шеф на американската држава по 25 години од завршувањето на Виетнамската војна.
2002 Танкерот „Престиж“ кој превезуваше 77.000 тони нафта потона на 270 километри од северозападниот брег на Шпанија, предизвикувајќи еколошка катастрофа по должината на брегот.
2004 Умре британскиот научник Џон Вејн, кој во 1982 година ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на начинот на делување на аспиринот.
2007 Умре Елен Милен - Прајс, австриски мечувач, трикратна првенка во светот. Во Лос Анѓелес во 1932 година ја освои првата златна олимписка медаља во мечување. Родена е во Берлин, а во 1930 година се пресели во Виена, каде работеше во престижниот виенски Бургтеатар. На Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин и во Лондон во 1948 година го освои третото место. Беше трипати прва во светот - 1947, 1949 и во 1950 година.
 
1602.Роден е германскиот физичар и пронаоѓач Ото фон Герике. Тој прв го демонстрираше вакуумот и го прикажа прочуениот експеримент за воздушниот притисок. Ото фон Герике ги изуми воздушната пумпа, воздушната вага и барометар.
1759 Британската флота ја порази француската флота во заливот Киберон во текот на седумгодишната војна. По овој пораз Франција го изгуби преостанатиот дел од Канада и мораше да се повлече од Индија во корист на Британија.
1780 Велика Британија и објави војна на Холандија бидејќи на американските бунтовници во бродовите им дотураше француско и шпанско оружје.
1818 Латиноамериканскиот револуционер и државник Симон Боливар ја објави независноста на Венецуела од Шпанија.
1858 Во Морбака, област Вермланд, е родена Селма Отилија Ловиса Лагерлеф, шведска писателка, прва жена добитник на Нобеловата награда за литература во 1909 година. Умре во Морбака, на 16 март 1940 година.
1865 Во Рио де Жанеиро умре Франческо Маноел да Силва, бразилски композитор. Роден е во Рио де Жанеиро, на 21 февруари 1795 година.
1870 Германските сили го опколија Париз за време на Француско-пруската војна, во која Франција претрпе низа порази.
1873 Се соединија соперничките градови Будим, на десниот брег на реката Дунав и Пешта, на левиот, па така е создаден единствениот град Будимпешта, денес главен град на Република Унгарија и еден од најубавите градови во средна Европа.
1894 Умре рускиот композитор и пијанист Антон Григоријевиќ Рубинштајн, основач на Конзерваториумот во Петроград, еден од најголемите пијанисти на 19. век. Компонираше опери, клавирски композиции, соло песни.
1903 Во Честахов, Полска, е родена д-р Елена Етингер Каваева, еден од основположниците на медицинската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ. Заедно со својот сопруг д-р Владимир Каваев влезе во енциклопедијата на медицинските науки. Умре во Охрид, на 2 февруари 1983 година.
1906- Во Велес е роден Живко Фирфов, македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и музички деец. Музичка школа заврши во Белград во 1931 година. Во 1939 година ја објави својата прва етномузиколошка студија во списанието "Музика", за интерпретација на македонската народна песна и за мелогравската постапка при нејзиното собирање. Особено беше ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Скопје на 21 јули 1984 година.
1910 Умре рускиот писател Лав Николајевич Толстој, еден од најголемите книжевници во историјата. Првото дело го напиша на Кавказ, каде како доброволец се бореше против Турците. По Кримската војна, во која беше офицер, се повлече на семејниот имот Јасна Пољана. Дела: „Војна и мир“, „Ана Каренина“, „Козаци“, „Кројцерова соната“, „Хаџи Мурат“, „Народни приказни“, „Царството на темницата“, „Мојата исповед“, „Не можам да молчам“ и други.
1916 Во Дебар е роден Васил Куноски, македонски писател. Неговото поетско дело за деца е мошне обемно. Првата негова објавена книга (во 1950 г.) е поемата „Волшебното ливче“, а последната е публикувана во 1984 година со наслов „Оро весело“ (поезија за предучилишна возраст). Умре во Скопје, на 13 јуни 1993 година.
1919 Во Берлин илегално почна Првиот меѓународен конгрес на младинските организации на 13 земји на кој е основана Комунистичката младинска интернационала.
1925 Роден е американскиот политичар Роберт Френсис Кенеди, кој стана министер за прада кога неговиот брат Џон беше избран за претседател на САД. Беше убиен во Лос Анѓелес во 1968 година во текот на претседателската кампања, по неполни пет години од атентатот во кој беше убиен неговиот брат. Од 1951 работеше во криминалистичкиот уред на Министерството за правда, а во 1954 година стана член на Постојаниот сенаторски истражен поткомитет. Од 1961 до 1964 година беше министер за правда, по што во државата Њујорк беше избран за сенатор.
1925 Родена е руската балерина Маја Михајловна Плисецкаја, која го спои традиционалното руско кореографско школо со модерните текови на рускиот балет. Како долгогодишна примабалерина во театарот „Болшој“ во Москва, креира исклучителни играчки сензибилни партии на класичниот репертоар како што се „Дон Кихот“, „Лебедовата смрт“, „Лебедово езеро“, „Ромео и Јулија“, „Иван Грозни“, а со сопругот композиторот Родион Шчедрин, ја постави балетската верзија на „Ана Каренина“ на Толстој.
1945 Пред Меѓународниот суд во Нирнберг започна судењето на нацистичките воени злосторници. Одговараа 24 германски воени злосторници, од кои 12 беа осудени на смрт со бесење, тројца беа ослободени, еден изврши самоубиство во затвор, а на другите им беа изречени времени казни. Процесот е значаен како прв во историјата во кој агресијата е осудена како злосторство против човештвото, а виновниците казнети.
1945 Сојузната контролна комисија дозволи преселување на шест милиони Германци од Полска, Чехословачка и Унгарија во Западна Германија.
1952 Во Неапол умре Бенедето Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира марксизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“; „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Роден е во Пескасерол, на 25 февруари 1866 година.
1959- Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
1959- Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхлом потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
1962 Претседателот на САД Џон Кенеди ја укина американската воено-поморска блокада врз Куба, со што беше завршена Кубанската ракетна криза. Во текот на Кубанската ракетна криза, светот се најде на работ на атомски судир помеѓу САД и Советскиот Сојуз.
1947 Во првата несреќа на патничкиот авион „Боинг 747“, кој се урна по полетувањето од аеродромот во главниот град на Кенија, Најроби, во авионот на западногерманската компанија „Луфтханза“ загинаа 59 луѓе.
1970- Излезе првиот број на "Екран", како неделен колор прилог на весникот "Нова Македонија" за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март 1975 година излегува одделно од "Нова Македонија" како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
1975 Умре Франциско Франко, долгогодишен диктатор во Шпанија. Роден е во офицерско семејство и успешно ја продолжува семејната традиција. Се покажа како ретко вешт офицер во текот на војната во Мароко. Во 1926 година стана генерал, најмлад во историјата на Шпанија. Беше изразито монархистички и католички ориентиран. Кога беше воведена републиканската влада со прокомунистички склоности тој покрена вооружена буна со цел обнова на монархијата. По тригодишната граѓанска војна во 1939 година го скрши отпорот на демократски избраниот републикански поредок и воспостави режим кој траеше се до неговата смрт во 1975 година.
1979 Околу 300 вооружени шиитски бунтовници упаднаа во големата џамија во Меки, од каде со големо крвопролевање на 4 декември истата година ги истера саудсиката армија.
1980 Во Кина почна судењето на „четиричлената банда“ која ја предводеше Дјанг Чинг, водовица на претседателот, обвинета за предавство и злосторство во текот на Културната револуција од 1966 до 1976 година.
1981 Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов ја задржа титулата светски првак во шах, со победа во мечот во Италија со неговиот поранешен сонародник велемајсторот Виктор Корчној.
1991 Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17 ноември 1991 година.
1992 Во кралскиот дворец во пожар за малку целосно ќе изгореше Виндзорскиот замок. Палатата во Виндзор е една од најголемите знаменитости во Велика Британија.
1993 Авионот од типот „јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој леташе на релацијата Женева - Скопје и поради магла на скопскиот аеродром беше пренасочен кон Охрид, се урна на околу четири километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник. Во несреќата загинаа 116 патници и членови на екипажот, преживеа само еден патник.
1995 Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.
1995 На претседателските избори во Полска кандидатот на левицата Александар Квашњевски го победи долгогодишниот шеф на државата Лех Валенса.
1998 Во Москва умре Ристо Бајалски, македонски новинар, новинар во весниците „Нова Македонија“, во „Борба“, во „Политика“ и во други весници. Тој е основач и уредник на спортскиот весник „Спортист“ (1955-1958 година) што го издаваше НИП „Нова Македонија“. Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско, на 7 април 1926 година.
1998 Во Санкт Петербург во атенат е убиена Галина Старовојтова, еден од лидерите на либералните депутати во Думата (Долниот дом на руското Собрание).
1999 Кина го лансираше својот прв вселенски брод без човечки екипаж.
2001 Умре Борко Темелкоски - Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија, општествено-политички работник. Роден е во Прилеп, на 20 декември 1919 година.
2003 Во две експлозии кои исламските терористи ги подметнаа во центарот на Истанбул, пред британскиот конзулат и претставништвото на британската банка HSBC, загинаа 27 луѓе, вклучувајќи го и британскиот конзул. Одговорноста заеднички ја презедоа Ал каеда и турската милитантна група „Исламски фронт на борците на Големиот Исток“.
 
1497.Португалецот Васко де Гама стана првиот морепловец кој исплови до `Ртот Добра Надеж на крајниот југ од Африка, барајќи морски пат до Индија.
1699 Данска, Русија, Прусија и Полска по победата над шведската војска потпишаа договор за поделба на тогашниот шведски имот.
1819- Родена е Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се и "Воденицата на Флоси", "Сајлас Марнер", "Адамс Бид", "Ромола" и други. Умре на 22 декември 1880 година.
1830 Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа одлуката за воспоставување монархија.
1869- Во Париз е роден Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтраверзна личност на француската литература во 20 век. Меѓу неговите познати дела спаѓаат "Ковачи на лажни пари", "Визбите на Ватикан", "Пасторална симфонија", "Пат за Конго" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Умре во Париз, на 19 декември 1951 година.
1877- Роден е Ади Андре, најпознат унгарски лиричар од Петефи, кој го подигна на повисок степен унгарскиот поетски јазик. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“. Умре во 1913 година.
1890- Во Лил е роден Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Како претседател го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт. Умре во местото Коломбеј, на 9 ноември 1970 година.
1900- Умре Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е автор на англиската опера. Роден е на 13 мај 1840 година.
1906 Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот С.О.С. е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност.
1913 Роден е англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Беше брилјантен техничар, создаваќи дела под влијание на различни музички традиции. Дела: опера „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композиции за оркестар „Едноставна симфонија“, „Пролетна симфонија“, Варијации на тема Бранк Брид“, циклуси соло песни.
1916 Умре американскиот книжевник Џек Лондон, еден од најчитаните автори во првата половина на 20. век. Неговите дела имаат истовремено и авантуристичка и социјална нота. Работеше како разнесувач на весници, копач на злато, воен дописник за време на Руско-јапинската војна. Тешкиот живот, напорната работа, сиромаштијата, но и наклонетоста кон алкохолот кај него предизвикаа нервно растројство и самоубиство на 40 години. Напиша околу 50 приказни и романи. Дела: „Повик на дивината“, „Железна пета“, „Мартин Идн“, „Злато“, „Крал на алкохолот“ и други.
1941 Со отворањето на таканаречениот „пат на животот“ преку замрзнатото Ладешко Езеро, опколениот Ленинград ја доби единствената врска со татковината.
1943 Либан се стекна со независност. До Првата светска војна Либан беше составен дел на Турција.
1954 Умре советскиот стручњак по право и дипломат Андреј Јануарјевич Вишински, врховен обвинител за време на големите чистки кои во втората половина на триесеттите години од 20. век ги спроведе советскиот лидер Сталин. Тоа беше серија на монтирани политички судења после кои беа ликвидирани потенцијалните конкуренти на Сталин. За врховен државен обвинител беше поставен во 1935 година, за шеф на советската дипломатија во 1949, а како постојан претставник на Советскиот Сојуз во Обединетите нации остана до крајот на животот.
1963 Во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди. Во Втората светска војна служеше во морнарицата на Пацификот, а во 1952 година стана сенатор. За претседател на САД е избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Беше најмлад 35-ти претседател во историјата на САД. Роден е во Бостон, на 29 мај 1917 година.
1963 Умре англискиот писател Олдос Хаксли. Дела: „Јалови лисја“, „После многу лета“, „Времето мора да застане“, „Малиот Мексиканец“, „Две, или три грации“, „Музика во ноќта“, „Вечна филозофија“, „Наука, слобода и мир“.
1967 Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се поставени рамките за мировното решение на блискоисточната криза.
1972 Претседателот на САД Ричард Никсон ја укина 22 години старата забрана за патување на американските бродови и авиони во Кина.
1974 Генералното собрание на Обединетите нации изгласа статус набљудувач на Палестинската ослободителна организација.
1975 На чело на Шпанија дојде кралот Хуан Карлос I (de Burbon-Parma) два дена по смртта на Франциско Франко. Хуан Карлос стана прв шпански монарх по Алфонсо XIII, кој во 1931 година избега од државата. За време на Франко Шпанија официјално беше монархија.
1977 Суперсоничниот патнички авион „Конкорд“ почна редовно да сообраќа меѓу Европа и Америка.
1980 Умре американската филмска актерка Ме Вест, која се покажа како исклучителен комичар, но повеќето филмски критичари ја сметаа за вулгарен секс-симбол. Поради улога во претставата „Секс“ во 1926 година во еден бродвејски театар, беше осудена на осум дена затвор. Филмови: „Секс“, „Дијамантската Лили“, „Не сум анѓел“, „Секој ден е празник“, „Оди на запад, млад човеку“.
1989 Претседателот на Либан Рене Муавад е убиен во бомбашки напад, во кој загинаа уште 16 луѓе.
1990 Првата жена премиер во историјата на Велика Британија Маргарет Тачар после 11,5 години премиерска функција поднесе оставка.
1991 Египетскиот политичар, Бутрос Бутрос Гали, е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност.
1994 Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка.
1998 Водечкиот ирански опозиционер Даријус Форухар, отворен критичар на исламската власт, и неговата сопруга, пронајдени се избодени до смрт во својот стан во Техеран.
2000 Умре чешкиот спортист Емил Затопек, единствен атлетичар кој освои три златни медали во трки на долги патеки на едни Олимписки игри. Првото олимписко злато го освои во Лондон во 1948 година, а три златни медали во Хелсинки во 1952 година, на трките на пет и 10 илјади метри и во маратон.
2004 Во Беверли Хилс умре Тери Мелчер, америкнаски музички продуцент. Роден е во 1942 година.
2005 Претседателот на Демохристијанската партија (CDU) Ангела Меркел е избрана за канцелар на Германија. Таа е првата жена канцелар во историјата на Германија.
 
1221.Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X Учениот, кој е познат како втемелувач на законодвството, покровител на науката и знаењето, како и верски многу толерантен. Во текот на владеењето со Кастиља и Леон од 1252 година до неговата смрт во 1284 година во Телодо создаде центар за учење и место за прибежиште за многу Евреи. Со негово залагање се преведени Светото писмо, Талмудот и Куранот и напиша многу значајни дела: „Кралевски закон“, „Астролошки знаења“, „Минералогија“, а во 1270 година започна со пишување на делото „Големи и општи истории“. Го зазеде и пристаништето во Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја заврши петвековната маварска окупација на градот.
1531 Во Капела заврши граѓанската војна во Швајцарија со што римокатоличките области се признати како дел на Швајцарската конфедерација.
1555 Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола, германски научник кој ги постави темелите на модерната физичка геологија. Неговото дело „За металните предмети“ претставува систематска работа за рударството и за металургијата и се смета за едно од основите на овие науки. Роден е во 1494 година.
1831- Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаската монархија во Франција.
1876- Роден е Мануел де Фалја, шпански композитор, еден од најзначајните личности на поновата шпанска музика. Неговите дела претставуваат синтеза на андалузискиот музички фолклор на францускиот импресионизам. Автор е на операта "Краток живот" и на балетите "Трогирска шапка" и "Љубовната волшебничка". Напиша и клавирски композиции и соло песни. Умре во Алта Грација, во Аргентина, на 14 ноември 1946 година.
1881 Роден е мексиканскиот сликар Хосе Клементе Ороско. Познат е по декорирањето на многу згради во Мексико и во САД, инспирирајќи се од индијански и мексикански мотиви.
1887 Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Вилијам Нехри Прат, познат како Борис Карлоф, кој играше во првите хорор филмови. Четири децении беше некој вид на заштитен знак на тој жанр. Филмови: „Закон на подземјето“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Чудотворец“, „Црна мачка“, „Франкенштајновата невеста“, „Терор“.
1890 Големото војводство Луксембург се отцепи од Холаднија.
1896 Роден е чехословачкиот лидер Клемент Готвалд кој беше претседател на Чехословачка од 1948 до крајот на животот, во 1953 година.
1933 Роден е полскиот композитор Кжиштов Пендерецки, претставник на авангардната музика. Дела: оркестарска „Еманација“, „Кралот Иби“ и други.
1940 Владата на Кралството Романија, на чие чело се наоѓаше диктаторот Антонеску, пристапи кон Тројниот пакт на фашистичките сили Берлин - Рим - Токио.
1944 Со акт на Президиумот на АСНОМ е формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1961 Доминиканска Република го промени името на главниот град Сиудад Трухиљо во Санто Доминго.
1966- Во Загреб умре Григор Витез, хрватски писател и преведувач, познат по своите поетски дела за младината и за децата. Познати негови дела се "Кога дрвјата би чекореле", "Сон на борецот в зори", "Песни" и "Вооружени рози". Роден е во Косовец, на 15 февруари 1911 година.
1971- Народна Република Кина го зазеде своето место во Обединетите нации откако САД, по две децении противење, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1976- Во Париз умре Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста. Учествуваше во Кинеската револуција и во Шпанската граѓанска војна. Кога Хитлер ја нападна Франција веднаш беше мобилизиран, но набрзо беше заробен. Успеа да побегне од заробеништво и стана еден од најпознатите команданти на отпорот . Негови познати дела се романите "Кралски пат", "Освојувачи", "Човековата судбина" и најпознатото негово дело "Антимемоари". Роден е во Париз, на 3 ноември 1901 година.
1978 На источниот брег на Шри Ланка циклон усмрти најмалку илјада луѓе.
1980 Во јужниот италијански град Еболи во земјотрес загинаа 2.735 луѓе.
1983 Советскиот Сојуз во Женева ги напушти разговорите за ограничување на вооружувањето во знак на протест поради разместувањето на американските крстечки ракети во Европа.
1991 Претседателството на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија зазеде став објектот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (познат како зграда на ЦК) да го предаде на располагање на македонската држава.
1994 Големо количество на ураниум за изработка на атомски бомби е пренесено од Казахстан во САД.
1995 Умре францускиот филмски режисер Луј Мал. Неговото дело има посебно изразена интелектуална нота. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црна месечина“, „Атлантик сити“.
1995 Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери во Дејтонските преговори, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
1995 Советот за безбедност на ОН ги укина санкциите према СР Југославија.
1996 Киднапираниот етиопски авион „боинг 767“, со 163 патници и 12 членови на екипажот, падна во море близу Коморските Острови затоа тоа што остана без бензин. Во несреќата загинаа 125 луѓе.
1998 Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го определи за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија.
2003 Претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе поднесе оставка, попуштајќи пред масовните демонстрации започнати на 3 ноември, ден после собраниските избори.
2006 Во Багдад најмалку 202 луѓе се убиени, а 250 ранети во напад на бомбаш-самоубиец.
2006 Умре францускиот актер Филип Ноаре. Во својата 55-годишна кариера сними 125 филмови и двапати ја освои француската филмска награда „Цезар“, за најдобар глумец во 1976 и во 1990 година за улогите во филмовите „Старата пушка“, во кој играше со Роми Шнајдер, и „Животот и ништо друго“.
 
1632.Во Амстердам е роден Барух Спиноза, холандски филозоф, материјалист, од еврејско потекло. Во познатото дело „Етика“ строго рационалистички го изложува своето учење според кое Бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Познати му се и делата „Теолошко-политички трактат“ и „Политички трактат“. Умре во Хаг, на 21 февруари 1677 година.
1642 Холандскиот морепловец Абел Јансон Тасман го откри островот Ван Дименова Земја, кој се наоѓа јужно од Австралија. Островот подоцна во негова чест е наречен Тасманија.
1713 Роден е Лоренс Стерн, англиски писател, претставник на хумористично-сентименталниот роман во Англија во 18. век. Умре во 1768 година.
1729 Роден е рускиот генералисимус Александар Васиљевич Суворов, еден од најголемите војсководци на 18. век, под чија команда руските трупи извојуваа 57 победи. Во Руско-турската војна од 1787 до 1791 година имаше блескави победи над Турците, а потоа во борбите на Русија против Франција особено се прослави со освојувањето на северна Италија и преминот преку Алпите на враќање за Русија, со што ги вчудоневиди воените кругови во Европа. Низ воената наука ги проучува математиката, географијата и историјата. Многу придонесува во издигнувањето и воспитувањето на руските војници. Кон крајот на 1779 година е наименуван за врховен царски заповедник. Во Советскиот Сојуз во 1942 година е воведен орден „Суваров за високи војнички заслуги“.
1833 Во Нови Сад е роден Јован Јовановиќ - Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар. Главни негови дела се „Пејанија“, „Трендафилчиња“ и „Свенати трендафилчиња“. Умре во Сремска Каменица, на 3 јуни 1904 година.
1859 Објавена е епохалната книга на англискиот природонаучник Чарлс Дарвин „Потекло на видовите“ во која е изложена теоријата на еволуцијата.
1861 Роден е германскиот лекар Аугуст Карл Густав Бир, пионер на модерната хирургија. Неговиот пронајдок „лумбална анестезија“ прво го испробал на себе.
1864- Роден е Анри Тулуз-Лотрек, француски сликар и графичар, голем мајстор на литографијата. Се ограничи речиси исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз. Ликовите се насликани без ни малку сентименталност, сугестивни, но без иронија и со остра карактеризација на ликовите. Неговите дела имаат висока уметничка вредност и претставуваат незаменлив општествен документ. Умре на 9 септември 1901 година.
1906 Во Горица умре Симон Грегорчич, словенечки свештеник и поет. Неговата родољубива поезија силно влијаеше на будењето на националната свест кај приморските Словенци. Најпозната му е книгата „Поезија“ издадена во 1882 година. Роден е во Врсно, на 15 октомври 1844 година.
1916 Умре Хајри Стивенс Максим, британски конструктор на оружје, од американско потекло, чиј митралез е конструиран во 1884 година и е наречен „максим“.
1929 Умре францускиот државник Жорж Бенжамен Клемансо, истакнат француски политичар, премиер од 1906 до 1909 и од 1917 до 1920 година. Беше министер за војни во критичните денови во Првата светска војна.
1936- Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтерна пакт, кој потоа го потпишаа Италија, Манџуко, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како "Троен пакт".
1944- Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои се уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов-Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1961 Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика земјите-членки да ја направат Африка безатомска зона.
1963 Два дена по атентатот во Далас врз претседателот на САД Џон Кенеди, мафијашот Џек Руби го усмрти пред полициска станица осомничениот атентатор Лиј Харви Освалд. Атентатот во Далас остана мистериозен.
1974 Претседателите на САД и на Советскиот Сојуз, Џералд Форд и Леонид Брежњев, во Вашингтон постигнаа привремен договор за ограничување на офанзивното стратешко нуклеарно оружје.
1976 Во земјотресот кој го разруши градот Муради во источна Турција загинаа околу 5.300 луѓе.
1985- Во Скопје умре Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Македонската научна и културна мисла загуби еден од нејзините двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика. Тој е еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје и пионер на просветата во Македонија. Обемното дело на академикот Љубен Лапе го сочинуваат околу 200 научни трудови. Роден е во Прилеп, на 11 октомври 1910 година.
1986- Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 5 јануари 1981 година.
1989 По масовните демонстрации во Прага, раководството на Комунистичката партија на Чехословачка поднесе оставка, вклучувајќи го и генералниот секретар Милош Јакеш, со што од власта излегоа сите политичари кои соработуваа во воената интервенција на Варшавскиот пакт против Чехословачка во 1968 година.
1989- Умре Благоја Нешковски, истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го помина во Австралија, каде што работеше и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ. Роден е во селото Оптичари, Битолско, во 1964 година.
1989 Во Скопје умре Александар Думов, доајен на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Како артист и режисер има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Роден е во Струмица, на 25 февруари 1923 година.
1992 Во најголемата забележана несреќа во историјата на цивилното кинеско воздухопловство, падот на авионот „боинг 737“ на југот на Кина не го преживеа никој од 141 патник и членови на екипажот.
1992 Во Скопје, во издание на „Интернационал“, излезе првиот број на независниот економски неделен весник во Република Македонија „Бизнис“. Првиот (пилот) број излезе на 5 ноември 1992 година.
1994 Во Скопје е отворена Амбасадата на Руската Федерација.
1995 Во Ирска гласачите со тесно мнозинство и покрај жестоката пропаганда на римокатоличката црква, на референдум изгласаа укинување на забраната за развод, која беше на сила 70 години.
1998 Генералот Емил Лахуд, првиот претседател на Либан по завршувањето на 15-годишната граѓанска војна ја презеде должноста шеф на државата.
2000 Во Загреб, Република Македонија ја парафира Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија се земјите од Европската унија.
2000 Во Скопје, на седницата на Извршната канцеларија на Демократска алтернатива, е донесена одлука оваа партија да ја напушти власта и „Коалицијата за промени“.
2001 Градот Кундуз, последното талибанско упориште во северен Авганистан, по 12 дена опсада падна во рацете на силите на Северната алијанса. Градот го бранеа околу 5.000 талибанци и околу илјада странски платеници.
2003 Во пожар во студенски дом на Универзитетот „Патрис Ламумба“ во Москва, на кој студираат главно странци, загинаа 42 лица, повеќето студенти од Кина, Бандгладеш, Виетнам и неколку африкански земји.
 
1562. Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега, еден од најголемите шпански писатели на "златниот период" на шпанската книжевност. Твореше во сите книжевни родови. Меѓу другото, напиша и 2.200 драмски дела, од кои се зачувани повеќе од 400. Умре во Мадрид, на 27 август 1635 година.
1758 Британците го окупираа Сенегал.
1763 Умре францускиот писател Прево, познат по романот „Манон Леско“, според кој Жил Масне и Ѓакомо Пучини напишаа опера.
1783 Последните британски војници го напуштија Њујорк, на крајот од Американската војна за независност.
1828 Роден е Фрањо Рачки, хрватски историчар и политичар, словенофил и истакнат идеолог на единството на јужнословенските народи, близок соработник на Јосип Јурај Штросмаер и прв претседател на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб. Од делата познати му се „Борбата на Јужните Словени за државна независност во 11. век“, „Косовска битка“. Умре на 13 февруари 1894 година.
1835 Роден е американскиот индустријалец од шкотско потекло Ендрју Карнеги, кој огромното богаство го вложи во добротворни цели, главно за основање на јавни бибилиотеки во САД и други земји. Тој ги услови локалните власти да го отстапат земјитешто за зградите на библиотеките и да го обезбедуваат нивното одржување. Од работниот однос се повлече во 1901 година, 18 години пред смртта, а во 1900 година ја објави „Евангелие на богатството“, со тезата дека „богатиот човек умира срамно“.
1844 Роден е германскиот инженер Карл Фридрих Бенц, кој во 1885 година конструира еден од првите автомобили. Ја основа компанијата „Бенц“ за изработка на бензински мотори и автомобили, од која со здружување настана „Дајмлер - Бенц“.
1874 Шпанија е прогласена за уставна монархија и на власт е вратена Бурбонската династија. Во 1876 година беше донесен по форма либерален, а всушност реакционерно-монархистички устав, кој остана на сила се до 1931 година.
1881 Роден е италијанскиот свештенк Анѓело Ѓузепе Ронкали, кој под името Јован XXIII стана папа од 1958 до смртта во 1963 година. Тој беше водач на реформските струји во римокатоличката црква. Во 1962 година го свика Вториот (ватикански) екуменски собор на кој ги најави црковните реформи.
1915 Роден е чилеанскиот диктатор генерал Аугусто Пиноче Угарто, кој со помош на САД во 1973 година со воен удар го тргна претседателот на Чиле Салвадор Аљенде. Од власта се симна по изборниот пораз во 1990 година, но како доживотен сенатор задржа значително политичко влијание до 1998 година, кога беше уапсен во Лондон на барање на Шпанија која побара негова ексдрадиција.
1920 Во Скопје избувна штрајк на 120 кројачки работници, кои бараа зголемување на надниците за 10 насто и воведување на осумчасовен работен ден. Работодавците беа категорични против исполнувањето на скромните барања на штрајкувачите, но сепак штрајкот заврши со делумен успех.
1923 Роден е финскиот државник Мауно Коивисто, шеф на државата од 1982 до 1994 година, прв социјалист на оваа функција. Беше претседател на влада од 1968 до 1970 и од 1979 до 1982 година.
1923 Во селото Крчишта, Костурско, е роден Михаил Апостолов - Гранати, македонски револуционер и борец за слобода на Македонија, активист и организатор на НОФ за Егејска Македонија. На планината Грамос, во месноста Клепчево, во моментот кога заедно со своите соборци, како политички комесар на баталјон на ДАГ, јуначки се бореше и јуришаше во една од најтешките борби против грчката владина војска, загина на 31 март 1948 година.
1939- Во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни "Бели мугри" од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна. Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ - експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова, таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура.
1941 Во Втората светска војна загинаа 848 британски морнари кога германска подморница го потона британскиот воен брод „Барам“.
1959 Умре францускиот филмски и театарски актер Жерар Филип, чија улога се одликуваше со голем сензибилитет. Во театарот со огромен успех ги играше главните улоги во драмите на Вилијам Шекспир, Албер Ками, Пјер Корнеј, Хајнрих фон Клајст, Алфред де Мисе. Филмови: „Ѓавол во тело“, „Фанфан Лала“, „Убавица на ноќта“, „Црвено и црно“, „Големи маневри“, „Опасни врски“, „господин Рипо“.
1965- Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу.
1968 Умре американскиот писател Аптон Бил Синклер, автор на повеќе романи со социјални теми, политички и социјални акти во кои ги опишува приликите во САД. Дела: „Џунгла“, „Метропола“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“, „Помеѓу два света“, „Претседателскиот агент“, „Свет кој треба да се освои“, „Претседателска мисија“.
1970 Јапонскиот писател Јукио Мисима јавно ритуално се самоуби во знак на протест против уништување на традиционалните вредности на Јапонија од страна на САД. Дела: „Исповед на маската“, „Шумот на брановите“, „Златен павиљон“, „По банкетот“.
1971 Данска и Норвешка како први членки на НАТО воспоставија дипломатски односи со Северен Виетнам.
1973- Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караминлис ја формира првата влада на национално единство.
1974 Во Велика Британија вон закон е ставена терористичката Ирска републиканска армија, четири дена по подметнувањето есклозив во два паба во Бирмингем при што загинаа 21 лице.
1974- Умре У Тант, бурмански дипломат, трипати по ред генерален секретар на ООН (1962 до 1971). Конго, берлинската и кубанската криза, војната во Виетнам, пресметките на Блискиот Исток и индиско-пакистанскиот судир беа драматичните настани со кои се соочуваше У Тант. Роден е на 22 јануари 1909 година.
1975 Јужноамериканската држава Суринам се стекна со независност од Холандија.
1977- Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор.
1991 Во Лондон умре рок-ѕвездата, Фреди Меркјури (45), кој боледуваше од сида.
1992 Собранието на Чешка гласаше за поделба на Чехословачка на посебни држави Чешка и Словачка од 1 јануари 1993 година.
1993 Во Лондон умре Антони Барџис, британски писател на романи и литературен критичар. Најпознат е по романот „Пеколниот портокал“. Роден е во 1916 година.
1993 Весникот "Нова Македонија", освен со текст, присутен е и со фотографии во сите делови на Европа и светот. Со вклучувањето преку сателитска врска во фото-сервисот на ЕПА (Европска фото агенција), "Нова Македонија" визуелно ги покрива сите значајни дневни настани во светот.
1995 Во Скопје умре д-р Панчо Давчев, македонски академик, еден од основачите на Клиниката за гастроентерологија во Скопје. Роден е во Велес, на 15 јуни 1922 година.
1998 Канцеларот Герхард Шредер претседаваше со првата седница на владата на Германија одржана во Берлин по Втората светска војна.
2001 Странски борци на страната на талибанците кои беа заробени од Северната алијанса се побунија во некогашната тврдина во близина на градот Мазари-и-Шариф. Буната беше задушена во крв после два дена откако со помош на американските бомбардери се убиени сите бунтовници, најмалку 700.
2003 Американската приватна компанија ATC (Advaced Cell Technology) од градот Вустер во Масачусетс соопшти дека клонирала човечки ембрион. Оваа компанија е првата на која овој изум и тргна од рака, тврдејќи дека тоа го направила заради унапредување на лекувањето на разни болести, а не заради создавање вештачки човечки суштества.
2005 Умре британскиот фудбалер Џорџ Бест, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, репрезентативец на Северна Ирска и еден од најдобрите фудбалери во светот во шеесетите години на 20. век. Тој беше најзаслужен за победата на новиот тим во 1968 година со која стана првиот англиски клуб кој го освои Купот на европските шампиони.
 
На денешен ден Али риза му го наруши рејтингот на груевски и беше санкциониран и прекажување на серијата на овој ден немаше !
 
1504.Умре шпанската кралица Исабела I Католичка, кралица на Кастиља од 1474 година. Со стапувањето во брак со Фернанд II Арагонски во 1479 година ги соедини Кастиља и Арагон и ја создаде Шпанија. Во настојувањето да ја засилат римокатоличката црква и монархијата во 1480 година го втемелија судот на инквизиција. Борбите со Маварите победоносно ги завршија во 1492 година, протерувајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опремија експедицијата на Крисифор Колумбо која ја откри Америка, а во 1503 година од Франција го презедоа Наполското кралство.
1648 Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот мир со кој еден месец порано заврши Триесетгодишната војна.
1703 Во дводневната „Голема луња“ во јужна Англија загинаа најмалку 8.000 луѓе.
1812 Француската војска предводена од Наполеон Бонапарта претрпе тешки загуби при повлекувањето од Москва преку Березин.
1855 Умре полскиот писател Адам Мицкијевич, најголем полски романтичар, чии дела се одликуваат со исклучително богат и сликовит јазик. Умре во Турција каде дојде за време на Кримската војна со намера да формира полска заедница за борба против Русија. Познати дела: збирка песни „Балади и романси“, „Кримски сонети“, еповите „Гражина“, „Конрад Валенрод“ и други.
1857 Во Мелбурн, Австралија, е отворено Заседанието на првиот австралиски парламент.
1888 Во Сен Луис, Мисури, САД, е роден Томас Стерн Елиот, американско-англиски писател, критичар и есеист. Меѓу познатите негови дела се „Пруфрок и други опсервации“, „Пуста земја“, „Шупливи луѓе“, „Четири квартети“, „Убиство во катедралата“, „Семеен собир“ и други. Во 1948 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Лондон, на 4 јануари 1965 година.
1907 Заради постојаното прогонство од страна на полицијата Владимир Илич Ленин беше принуден да ја напушти Русија.
1914 Во експлозијата на британскиот воен брод „Булворк“ во Првата светска војна, во моментот кога во него се внесуваше муницијата, преживеаја само 12 од 750 членови на екипажот.
1917 Советската влада во Првата светска војна се обрати до сите завојувани држави предлагајќи им мир без анексија и контрибуција.
1922 Отворена е гробницата на фараонот Тутанкамон, која ја откри англискиот археолог Хауард Картер.
1924 На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.
1939 Со напад на советската армија почна Советско-финската војна. Во октомври 1939 година, Советскиот Сојуз постави силни гарнизони во Литванија, Летонија и во Естонија, а од Финска побара дел од територијата за воена одбрана на Ленинград (Санкт Петербург) и заштита на мурманските пруги. Бидејќи владата во Хелсинки барањето го одби, советската армија продре во Финска, а со пробивот на фронтот, на 12 март 1940 година потпишан е мир со кој Советскиот сојуз ги доби бараните области.
1940 На Хитлерова заповед е создадено варшавското гето во кое есесовците протераа околу половина милион Евреи не само од Варшава, туку и од други градови во Полска, па дури и од Германија. Десетици илјади луѓе умираа од глад и од болести. Повеќе од 310.000 Евреи оттаму беа испратени во логорите на смртта, каде што беа убиени во гасни комори.
1942 Во Бихаќ, во Втората светска војна, е основано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија. На Заседанието 54 делегати го избраа Извршниот одбор - АВНОЈ на чело со д-р Иван Лола Рабар. Тоа беше некаков вид на влада на ослободените територии до Второто заседание на АВНОЈ во Јајце 1943 година, кога е избран Националниот комитет.
1949 Индија го прифати уставот со кој таа се организира како федерална република во рамките на британскиот Комонвелт.
1952 Умре шведскиот истражувач и патописец Севен Андерс Хедин, кој ја предводеше експедицијата во Таримската котлина, Синканг, на Тибет, во Монголија и во подрачјето на Хималаите. Дела „Низ азиските пустини“, „Во срцето на Азија„, „Јужен Тибет“, „Трансхималаи“, „По копно во Индија“, „На големата пловидба“.
1965 Франција го лансираше својот прв вештачки сателит.
1966 Во Рогдаел, Австралија, е формирано Македонското КУД „Илинден“.
1968- Умре германскиот писател Арнолд Цвајг, чии дела врз основа на искуството стекнато во Првата светска војна се полни со антимилитаризам, со горка иронија и со критичка анализа на општествените односи. Дела: романи „Случај на наредникот Гриш“, „Младите жени во 1914 година“, „Верденско воспитување“, лирската проза „Новели за Клаудиј“.
1968 Во Њујорк умре Антон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се "Џунгла", "Џими Хигинс", "Крај на светот" и други. Роден е на 20 септември 1878 година.
1970 Еден боливиски сликар, облечен како свештеник, се обиде во Манила, главниот град на Филипини, да го убие папата Павле VI, но не успеа.
1978 Муслиманските верски лидери и политичари кои настојуваа да го симнат шахот Реза Пахвали прогласија генерален штрајк со кој Иран беше парализиран.

1983 Умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот "Нова Македонија". Подолго од две и пол децении ја уредуваше рубриката "Правен советник", преку која весникот "Нова Македонија" директно кореспондираше со илјадници читатели во Македонија, давајќи им потребни советни и упатства.
1985 Во Загреб умре Јоаким Марушиќ, хрватски телевизиски режисер, автор на голем број ТВ-серии, ТВ-драми и радио-драми. Роден е во Сплит, на 26 август 1937 година.
1987 Тајфун усмрти 270 Филипинци и разруши околу 14.000 куќи.
1986 Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот "Нова Македонија" - "ЛИК".
1990 Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план за Камбоџа.
1991 Беше пуштен во употреба автопатот Титов Велес - Градско.
1993 Првиот генеарлен штрајк во Белгија после половина век го парализира стопанството и сообраќајот со што ја принуди владата на преговори со синдикатот.
1998 Во заедничката декларација во текот на посетата на кинескиот претседател Џанг Цемин стои дека кај Јапонија предизвика „длабоко покајување“, поради акциите што ги презеде во Кина во Втората светска војна.
2000 Рупубликанецот Џорџ Буш Јуниор по повеќе од 20 дена по претседателските избори во САД е прогласен за победник во Флорида. Ова мачно натегање настана поради пребројување на гласовите во Флорида кое беше прекинато врз основа на судска одлука. Електронските гласови од Флорида (25) пресудно влијаеја за кандидатот на Републиканската партија на Буш да биде прогласен за претседател на САД
 
1520. Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, вплови во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
1632- Роден е Жан Батист Лули, француски композитор, диригент и виолинист, од италијанско потекло. Дела: оперите „Тезеј“, „Персеј“, „Кадмис и Хермион“, „Алсеста“, „Психа“, „Амадис од Галија“, „Армида“, „Асис и Галатеј“, „Фетон“, комедија-балети: „Женидба на сила“, „Жорж Дандин“, „Господин од Пурсоњак“, црковните композиции "Te Deum", "De profundis", "Mizerere". Умре на 22 март 1687 година.
1680- Во Рим умре Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар писател, режисер и организатор на јавни свечености. Како еден од главните претставници на барокот, имаше влијание врз архитектурата на 18 век. Роден е во Неапол, на 7 декември 1598 година.
1806 Француската армија на Наполеон Бонапарта влезе во Варшава.
1820- Во Бармен, Прусија, роден е Фридрих Енгелс, англиски револуционер, филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. Негови најпознати дела се: "Дијалектиката на природата", "Анти Диринг", "Развојот на социјализмот од утопија до наука", "Лудвиг Фоербах и крајот на класичната германска идеологија" и други. Умре во Лондон на 5 август 1895 година.
1821- Панама прогласи независност од Шпанија и и се придружи на Колумбија.
1829- Роден е Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград. Компонираше опери, клавирски композиции, соло песни и друго. Како композитор му припаѓаше на таканаречениот космополитански правец наспроти "Руските петмина". Умре на 20 ноември 1894 година.
1881 Роден е австрискиот писател Штефан Цвајг. Дела: „Амок“, „Прво доживување“, „Жозеф Фуше“, „Мрија Антоанета“, „Триумфот и трагедијата на Еразмо Ротердамски“, „Марија Стјуарт“.
1905 Ирскиот националист Артур Грифит во Даблин ја основа партијата „Шин фејн“, чија главна задача беше борбата за осамостојување на Ирска од Велика Британија.
1907- Во Рим е роден писателот Алберто Моравија (вистинското презиме му е Пинкерле). Светска слава постигна со романите во кои го обработува моралното раслојување на италијанската буржоазија. Работеше на многу книжевни родови, вклучувајќи и театарски дела, кратки раскази и есеи. Се занимаваше со филмска и театарска критика. Најпознати дела му се: "Римјанка", "Комформист", "Чочара", "Презир", "Римски раскази", "Нови римски раскази", "Здодевно" и други. Умре во Рим, на 26 септември 1990 година.
1918 Бесарабија е приклучена кон Романија.
1918 Во Штип е роден Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турската националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Умре во Скопје, на 18 ноември 1988 година.
1919 Ненси Естор е првата жена избрана во британскиот парламент.
1941 Советската армија во Втората светска војна ги исфрли германските трупи од Ростов на Дон.
1942 Во пожарот кој уништи еден ноќен клуб во американскиот град Бостон загинаа околу 500 луѓе.
1943- Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Рузвелт, британскиот премиер Черчил и советскиот премиер Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември.
1945 Умре американскиот тенисер и политичар Двајт Дејвис, кој во 1900 година го основа натпреварувањето на нациите во тенис „Дејвис куп“. Двајт Дејвис беше и американски министер за војна од 1925 до 1929 година и генерален гувернер на САД на Филипините од 1929 до 1932 година.
1954 Умре италијанскиот нуклеарен физичар Енрико Ферми, добитник на Нобеловата награда за физика во 1938 година. Ја заснова теоријата на движењето на неутроните, а во Втората светска војна во САД, каде во 1938 година емигрира од Италија, на Чикашкиот универзитет раководеше со градењето на првиот нуклеарен реактор. По неговото име се наречени повеќе поими во нуклеарната физика: „Фермиево правило за селекција“, „Фермиев модел на гасовите“, „Фермиева `старост` на неутронот“.
1960 Мавританија, земја во западна Африка, стана независна исламска република. До тогаш таа беше составен дел на Француска Западна Африка.
1971 Јорданскиот премиер Васфи Тел го убија припадниците на палестинската терористичка организација „Црн септември“ во Каиро, каде допатува заради учество на Арапската конференција.
1975 Фретилин (Револуционерен фронт за независност на Источен Тимор) еднострано ја прогласи независноста на земјата, поранешна португалска колонија која ја окупираше Индонезија, и ја основа „Демократска република Источен Тимор“.
1979 Новозеландскиот авион „DC-10“ удри во планината Еребус на Антартикот при што загинаа сите 257 патници и членови на екипажот.
1987 При падот на јужноафриканскиот авион „боинг 747“ во Индискиот Океан, близу Маурициус, загинаа сите 160 патници и членови на екипажот.
1989Индискиот претседател на владата Раџив Ганди поднесе оставка по поразот на изборите.
1990 Сингапурскиот претседател на влада Ли Куан Ју беше симнат од власта по 31 година.
1991 Либијскиот лидер Моамер Гадафи објави дека нема да ги предаде двајцата Либијци обвинети за подметнување бомба во американскиот патнички авион кој се урна врз Шкотска (Локерби).
1994 Норвежаните на референдум одбија да се приклучат на Европската унија.
1995 Република Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).
1996 Во Скопје умре Ташко Хаџијанев, еден од организаторите на македонското национално движење и на антифашистичката борба во Егејска Македонија. Роден е во Воден, на 27 септември 1922 година.
1997 Во Скопје, свечено е отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.
2001 Во Скопје умре Божидар Тодоровски - Бодле, македонски поет, сликар и режисер. Автор е на книгите поезија „Бумеранг“, „Неспогодби“, „Сонетен венец на непризнатите“, „Диво коњче“, „Горчлива нафора“ и „Боемски уроци“. Роден е во Прилеп, на 11 август 1933 година.
2002 Во експлозија на автомобил-бомба, тројца исламски терористи-самоубијци убија 13 луѓе, 10 Кенијци и тројца Израелци, во еден хотел полн со израелски туристи во кинејскиот град Момбаси. Речиси истовремено испалија две противавионски ракети врз израелски патнички авион, но проектилите благодарејќи на присебноста на пилотите, ги промашија, па така беа спасени 261 живот.
 
-
Национален празник на Република Албанија
-
Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ
1314 Умре францускиот крал Филип IV Убавиот, кој во 1306 година од Франција ги протера сите Евреи и им го конфискуваше имотот. Во судирот за превласт го надмина папата Бонифаци VIII и ја пренесе папската столица во Авињон. Заради зајакнување на позицијата во борбата против ватиканските курии, во 1302 година првпат во историјата на Франција свика Собрание на трите сталежи со што граѓанскиот сталеж почна да учествува во политичкиот живот на земјата.
1516 Во Венеција умре италијанскиот сликар Џовани Белини. Наслика многу композиции и портрети. Им беше учител на Џорџоне и Тицијан. Тој е еден од создавачите на таканаречената Венцијанска ренесанса. Роден е во Венеција, во 1426 година.
1543 Умре германскиот сликар Ханс Холбајн Младиот, еден од најзначајните светски портретисти. Посебно место заземаат портретите од англиското аристократско друштво, изработени со креда во кралскиот дворец во Виндзор, каде беше дворски сликар на кралот Хенри VIII.
1643 Во Венеција умре Клаудио Монтеверди, еден од најистаканатите италијански оперски композитори од епохата на барокот. Роден е во Кремона, на 4 декември 1567 година.
1780 Умре австриската царица, чешка и унгарска кралица Марија Терезија, која во текот на владеењето од 1740 до нејзината смрт ги спроведе реформите во духот на просветниот апсолутизам, но вршеше и германизација и насилно покатоличување.
1797- Во Бергамо е роден Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на лесна и убава музика, полна со драмска динамика. Негови познати дела се: "Ќерката на полкот", "Дон Пасквале", "Лучија ди Ламермур" и "Љубовна напивка". Умре во Бергамо, на 8 април 1848 година.
1864 Во Сенд Крик во американската држава Колорадо единицата на полковникот Џон Чивингтон масакрира најмалку 400 Чеени и Апачи, кои се предадоа и им беше ветена заштита на местото каде се населија.
1890 Отворено е заседанието на првото јапонско собрание.
1895 Роден е американскиот филмски режисер и кореограф Вилијам Беркли Инос, познат како Базби Беркли, кој го втемели принципот на мјузиклот како филмски жанр. Филмови: „Копачи на злато 1933“, „Холивудски хотел“, “Бебе на Бродвеј“, „42. улица“, „Римски скандали“.
1902 Роден е италијанскиот писател Карло Леви, автор на романот „Христос застана во Еболија“, во кој го опишува тешкиот живот на италијанските селани за време на фашизмот. Во тоа време беше интерниран на југот на Италија.
1924 Умре италијанскиот композитор Џакомо Пучини. Неговите опери се одликуваат со силни емоции, патетичност и сентименталност. Дела: операта „Боеми“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Турандот“, „Манон Леско“, „Девојката од Запад“, „Џани Скики“.
1926- Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната "Пена", прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.
1932 Роден е францускиот државник Жак Рене Ширак, премиер од 1974 до 1976 и повторно во 1986, а претседател на Франција од 1995 до 2007 година.
1943- Во Јајце почна Второто заседание на АВНОЈ. Беше основан Националниот комитет за ослободување на Југославија. Декларативно беше одлучено „Југославија да се изгради на демократски федеративен принцип како заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада која пребегна и беше забрането враќање во земјата.
1943 Народноослободителниот комитет на селото Сливово, Охридско, ја изрече првата пресуда. Воедно тоа е и првата пресуда што ја изрекоа органите на народната власт во НОВ на територијата на Македонија. Сослушувањето и пресудата ја изрече Танаско Трајковски, а се однесуваше за разрешување на имотните односи меѓу тројца селани. Странките се согласија со донесената пресуда.
1945 Во Југославија беше укината монархијата и сите права на кралот Петар II Караѓорѓевиќ.
1947 Генералното собрание на Обединетите нации изгласа поделба на Палестина, на еврејски и палестински дел. Ерусалим беше под контрола на Светската организација, а тоа во 1948 година овозможи создавање на државата Израел.
1949 Во Скопје, на платото пред некогашната Женска гимназија е откриен Споменикот на паднатите борци во НОВ на Македонија. Изработен е во бронза, а е дело на хрватскиот скулптор Иван Мирковиќ.
1962- Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот "Конкорд".
1973- Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.
1981 Умре американската филмска глумица Натали Вуд, која стана филмска ѕвезда уште како дете („Чудо на 34. улица“). Останати филмови: „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“, „Приказна од западната страна“.
1987 Јужнокорејски авион со 115 патници и членови на екипажот се урна врз Бурма. Во Бахреин потоа беше уапсена жена која призна дека е севернокорејски агент и дека го поставила експлозивот во авионот по наредба на нејзината влада со цел да се спречи одржувањето на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.
1990 Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуцијата за употреба на сите мерки за истерување на Ирачаните од Кувајт доколку ирачките трупи не се повлечат до 15 јануари 1991 година.
1991 Д-р Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
2001- Умре англискиот музичар Џорџ Харисон, поранешен член на „Битлси“, легендарната четворка од Ливерпул. Иако беше во сенка на тандемот Џон Ленон и Пол Макартни, значително придонесе во опусот на музичката група и создаде повеќе незаборавни песни.
2003 Во Велика Британија му беше одобрен политичкиот азил на водачот на чеченските исламски терористи Ахмед Закајев.
 
-
Светски ден на борба против сидата
-
Национален празник на Романија
1135 Умре англискиот крал Хенри I, младиот син на Вилијам I Освојучот. Во текот на владеењето од 1100 година, ја зацврсти кралската власт, а во 1106 година ја освои Нормандија и ја припои кон Англија.
1455 Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти, познат по изработката на вратите на крстителната катедрала во Фиренца. На конкурсот во 1401 година во силна конкуренција му е доверена изработката на други врати во црквата, кои ги заврши во 1424 година, а од 1425 до 1453 година ја изработи третата врата, наречена „врата на рајот“, кај која на нов начин го реши проблемот со просторот. Изработи и повеќе кипови во Фиренца и Сиена, вклучувајќи го и релјефот за катедралата во Сиена, работен од 1417 до 1427 година, а неговите „Commentarii“ се документ од голема вредност за изучување на италијанското сликарство.
1516- Во Рим, умре Џовани Белини Џамболино, голем италијански сликар, најзначаен од тројцата браќа (Јакопо, Џентиле, Џовани) Белини од Венеција. Сликаше композиции, портрети, им беше учител на Џорџене и Тицијан и е еден од основачите на Венецијанската сликарска школа во италијанската ренесанса. Роден е во 1430 година.
1603- Во Лондон умре Вилијам Гилберт, англиски научник-лекар и физичар. Особено се занимаваше со испитувањето на магнезиумот и електрицитетот и воведе повеќе поими и изрази за магнетите и за електричните големини. Неговото класично дело "Де магнете" (1600) претставува прво големо научно дело објавено во Англија. Називот "Гилберт" е даден на единицата на магнетомоторните сили. Роден е во 1540 година.
1640 Португалија по востанието со кое е отфрлена шпанската власт повторно се стекна со независност, а две недели подоцна војводата од Браганц е крунисан за португалски крал под името Жоао IV. Шпанија независноста на Португалија ја призна дури во 1668 година.
1813- Русија, Прусија и Австрија се согласија да извршат инвазија врз Франција, бидејќи Наполеон одговори неодредено на мировните услови на сојузниците.
1821 Независност од Шпанија прогласи и Доминиканската Република, теритотија која го зафаќа источниот дел од карипскиот остров Хаити, тогаш познат како Хиспањола.
1822 Основачот на бразилското царство Дом Педро е крунисан за цар на Бразил под името Педро I. По потекло му припаѓаше на португалското кралско семејство Браганц.
1825 Умре рускиот цар Александар I Петрович Романов. По стапувањето на престолот во 1801 година започна со серијата либерални реформи, а во текот на владеењето Русија значитело се прошири територијално.
1885 Во Викли, Франција, е роден Алберт Лондрес, француски писател и новинар, еден од најпознатите воени известувачи. Соработуваше во весниците „Матину“, „Петтиот журнал“, „Ексцејлор“, „Квотидиен“, „Петтиот Паризиен“ и во други весници. Беше известувач од Првата балканска војна и од Првата светска војна. Како новинар напиша повеќе од 800 написи од сите области.
1891 Во Палешник е роден Славко Колар, хрватски писател. Пишуваше раскази, новели, сатирична проза, хуморески, драми и комедии. Од делата познати му се „Назад во нафталин“, „Седуммина во подрум“, „На своето тело господар“ и други. Умре во Загреб, на 15 септември 1963 година.
1896 Роден е Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, истакнат војсководец во Втората светска војна. Раководеше со скршувањето на германската офанзива на Москва, ги водеше битките кај Волгоград (тогаш Сталинград) и Санкт Петербург (тогаш Ленинград), а трупите под неговата команда го зазедоа и Берлин, во мај 1945 година. Напиша мемоари под наслов „Спомени и размислувања“. Умре во Москва, на 18 јуни 1974 година.
1906 Во Париз е отворено киното „Omnija Pate“, во светот прва сала наменски изработена за прикажување филмови.
1918- Во градот Алба Јулија, народот од Трансилванија, претставен од делегации од сите места, прокламира обединување на Трансилванија со Романија. Со овој историски акт е заокружен процесот на националното обединување на романскиот народ, започнат истата година, кога романските провинции Бесарабија и Буковина, кои беа под странска доминација, во март односно во ноември, се приклучија кон матичната земја.
1918 Со одлука на данското собраие Исланд се стекна со независност.
1918 Во Белград регентот Александар Караѓорѓевиќ го прогласи обединувањето и создавањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци.
1934 Во Ленинград е убиен членот на Политбирото и сректар на Централниот комитет на Советската комунистичка партија Сергеј Миронович Киров. По убиството на Киров, Сталин започна со бранот чистки и до 1938 година физички леквидира повеќе стари револуционери, водачи на Октомвриската револуција.
1935 Роден е американскиот филмски глумец и режисер Ален Стјуарт Кенигсберг, познат како Вуди Ален, обновувач на холивудската филмска комедија во седумдесеттите години од 20. век. Филмови: „Земи ги парите и бегај“, „Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот но не сте се осудиле да прашате“, „Љубов и војна“, „Ени Хол“, „Менхетен“, „Ентериери“, „Сонот на летната ноќ“.
1936 Умре италијанскиот писател Луиѓи Пирандело, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година, еден од најзначајните драмски писатели во 20. век. Напиша 33 драми, собрани под насловот „Голи маски“. Дела: „Приказни за една година“, „Покојниот Матија Паскал“, „Нејзиниот сопруг“, „Ѓакомино“, „Хенри IV“, „Шест лица го бараат писателот“.
1943- Во Дебарца излезе првиот број на весникот "Братство", орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.
1981 Во најголемата авионска несреќа во историјата на југословенското воздухопловство, авионот „DC-9 super 80“ на љубљанската „Инекс адриа авиопромет“, кој удри во планина во близината на Корзика, загинаа сите 178 патници и членови на екипажот.
1992 Во Сараево умре Мирослав Шпилер, хрватски режисер. Роден е на 19 декември 1906 година.
1987- Во Скопје, умре Андон Димитровски - Петко, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". По ослободувањето работеше во органите за внатрешни работи. Роден е во Крушево, во 1922 година.
1988 Беназир Буто стана премиер на Пакистан, како прва жена на чело на една исламска земја.
1989 Михаил Горбачов како прв советски лидер го посети Ватикан и со папата Јован Павле II договорија да се воспотават дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Ватикан.
1991 На референдум во советската република Украина граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за независност.
1994 Во Бордо, Франција, на 21. Генерално собрание на Светската федерација на воени ветерани, што се одржа од 1 до 6 декември, Сојузот на борците од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија е примен за полноправен член.
1995 Хавиер Солана, е избран за генерален секретар на Атлантската алијанса. Во Брисел, амбасадорите на НАТО, постигнаа договор за назначување на Солана, како наследник на Вили Клас.
1997 Во Париз умре Стефан Грапели, француски џез-виолинист. Се прослави со ромскиот гитарист Дианго Рајнхар, со кого го формираше Квинетот на Хост Клуб на Франција во 1934 година. Роден е во 1908 година.
1998 Нафтената компанија „Ексон“ се согласи за рекордна сума од 76,6 милијарди долари да ја купи корпорацијата „Мобил“, со што е создадена најголемата светска нафтена компанија.
2004 Во Утрехт умре принцот Бернард де Лип - Бистерфелд, таткото на холандската кралица Беатрис. Принцот Бернард е роден во германскиот град Јена, на 29 јуни 1911 година. Во 1937 година се ожени со тогашната холандска престолонаследничка Јулијана со која имаше четири ќерки: Беатрис (родена 1938), Ирене (1939), Маргрит (1943) и Кристина (1947).
2005 Еден од петмината главни команданти на меѓународната терористичка мрежа Ал Каида, Египјанецот Абу Хамза Раби, е убиен во Северен Вазиристан, област во Пакистан во близина на границата со Авганистан.
2006 Повеќе од илјада луѓе загинаа, околу 500 беа повредени, а околу 600 се водат за исчезнати, во налетот на тајфунот кој ги погоди источните делови на Филипини.
 
1547.Умре шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој благодарејќи на огненото оружје, непознато за домородците, меѓу 1519 и 1521 година со само 700 војници освои поголем дел од денешно Мексико уништувајќи го царството на Астеките. Во 1522 година стана гувернер на „Нова Шпанија“.
1804 Наполеон Бонапарта за францускиот цар Наполеон I во Париз го круниса папата Пије VII.
1805 Во битката кај Астерлиц, позната како „битка на три царства“, француската армија на Наполеон I која броеше 75.000 војници ги победи руската и австриската војска. Во оваа битка руската и австриската војска изгубија 70.000 од вкупно 95.000 луѓе.
1814 Умре францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Макриз де Сад. Бидејќи бил прочуен по раскалашен живот и разни настраности од неговото презиме е изведен терминот садизам. Многу малку е позната неговата политичка улога, но беше голем поддржувач на револуцијата и крајно голем непријател на христијанството. Францускиот цар Наполеон I нареди да го затворат во болница како душевно болен. Дела: романи „Јустин“, „Жилиет“.
1815 Велика Британија постигна договор за мир со раџата од Непал.
1823 Под мотото „Америка на Американците“, претседателот на САД Џејмс Монро ја објави „Монроновата доктрина“ со која се спротивстави на насилното гушење на буните во шпанските и португалските колонии на американскиот континент. Доктрината го изрази интересот на владејачките кругови во САД тие да го контролираат континетот, а не европските метрополи.
1848 Австрискиот цар Фердинанд Први абдицираше во корист на Франц Јозеф Први.
1852 Прогласено е второто француско царство со царот Наполеон III.
1856 Франција и Шпанија постигнаа договор за меѓусебните граници.
1859 Федеративната американска војска го фати тешко ранетиот црнечки водач Џон Браун и го обеси. Неговата борба имаше широк одзив и и претходеше на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД. Џон Браун е роден во 1800 година.
1884 Во Скопје е роден Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), турски поет, еден од основоположниците на современата турска поезија. Умре во Истанбул, на 1 ноември 1958 година.
1889 Во Лондон е роден Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на Камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њујоршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Умре во Лондон на 27 јули 1970 година.
1901 Американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет го патентираше првиот брич со две острила.
1918- Во Париз умре Едмонд Ростан, француски неоромантичарски поет и драмски писател. Во почетокот беше под влијание на Алкфред де Мисе. Негово главно дело е комедијата во пет чина "Сирано де Бержерак". Роден е во Марсеј, на 1 април 1868 година.
1942- Во Чикаго за првпат практично е остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го изведоа научниците кои работеа на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1944- Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје - Битола и Прилеп - Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница "Македонија сообраќај" на 4 декември 1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.
1946- По борбата што се водеше помеѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин - Псодери, грчките власти го почнаа теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеа грабежи, горење и пустошење. Изгореа 46 трла, плевни, воденици, а беа фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци.
1956- Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истоварија на Куба и почнаа успешна борба, која заврши со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1969 Умре Климент Јефремович Ворошилов, маршал на Советскиот Сојуз, поранешен претседател на Президиумот на Врховниот совет, учесник во револуцијата во 1905 и во Октомвриската револуција во 1917 година. Од 1946 до 1953 година беше заменик на премиерот, а по смртта на Сталин до 1960 година беше претседател на Президиумот на Врховниот совет.
1971 Советскиот вселенски брод „Марс 3“ слета на планетата Марс.
1971 Шесте емирати во Персискиот Залив - Абу Даби, Дубаи, Шарџ, Аџман, Ум ел Кајвајн и Фуџар - врз основа на договор склучен во јули 1971 година, ги основаа Обединетите Арапски Емирати, на кои во февруари 1972 година им се придружи и емиратот Рас ел Кајм.
1972 Во пожарот кој избувна во текот на поп фестивал кој се одржуваше во јужнокорејскиот главен град Сеул, загинаа најмалку 50 луѓе.
1974- Умре Лајош Зилахи, унгарски писател.
1982 Хирурзи предводени од д-р Вилијам де Врис на клиниката на Универзитетот во Јута во американскиот град Солт Лејк Сити го вградија првото вештачко срце во светот изработено од полуеритан. Пацинетот кој беше пензиониран стоматолог Барни Кларк, со тоа срце живееше 112 дена.
1990 По обединувањето на Германија, коалицијата на канцеларот Хелмут Кол со големо мнозинство ги доби првите сегермански избори.
1993 Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1994 Филипински ферибот со повеќе од 600 патници потона во Манилскиот Залив по сударот со товарен брод. Повеќе од 140 луѓе се удавија.
1997 Пакистанскиот претседател Фарук Легари беше принуден да поднесе оставка по жестоката борба за превласт со претседателот на владата Наваз Шариф.
1998 Владата на Република Македонија донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово.
2000 Претседателот на Сирија Бушар ел Асад ги одобри стопанските реформи, вклучувајќи ја и можноста за работа на приватни банки, со што по безмалку четири децении беше ставен крај на државниот банкарски монопол.
2001 Во серија бомбашки напади на исламските терористи во Ерусалим и Хаиф беа убиени 30 луѓе, а во знак на одмазда веќе наредниот ден израелски борбени хеликоптери исфрлија ракети врз седиштето на палестинскиот водич Јасер Арафат во Рамал.
2001 Банкротираше седмата најголема американска компанија и водечки светски трговец со струја и гас „Енрон“. Тоа беше дотогаш најголем банкрот во историјата на САД.
2004 Силите на Европската унија (ЕУФОР) ја презедоа од СФОР, која е под команда на НАТО, контролата врз сите операции во Босна и Херцеговина.
 
:oftopic:
од кај ги наоѓате овие информации ?
 
-
Денеска е Светски ден на лицата со хендикеп
1368 Роден е францускиот крал Шарл VI, кој до својата смрт во 1422 година на престолот беше 42 години. Во почетокот од владеењето беше познат како „Шарл Саканиот“, но бидејќи од 1392 година имаше неколку напади на психичко растројство го доби прекарот „Шарл Лудиот“. Ја предизвика граѓанската војна меѓу француските земји Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри V, во 1415 година им нанесоа тежок пораз на француските трупи во битката кај Аенкур.
1800 Во Врба, кај Блед, е роден Франце Прешерн, еден од најголемите словенечки поети. Најзначајно негово дело е „Сонатен венец“. Умре во Крањ, на 8 август 1849 година.
1808 Мадрид се предаде на воените сили на францускиот цар Наполеон I.
1810 Велика Британија ги презеде од Франција островите Реунион и Маурицијус. Реунион подоцна и е вратен така што и денеска е со статус на француска прекуморска територија.
1857 Роден е Џозеф Конрад, англиски писател, по потекло Полјак. Најчеста тема на неговите романи и раскази е борбата на човекот со морето. Негови најзначајни дела се романите „Прогонетиот од островот“, „Ностромо“, „Лорд Џим“ и други дела. Умре на 3 август 1924 година.
1883 Роден е австрискиот композитор Антон Фридрих Ернст фон Веберн, еден од најистакнатите експресионисти. Изведувањето на неговата музика беше забрането од нацистите. Создаде специфичен музички јазик со префинети нијанси. Дела: камерна за гудачки квартет „Пет ставови“, „Шест багатели“, оркестарска „Шест парчиња“, „Пет парчиња“, „Симфонија за камерен оркестар“, „Варијации, соло песни“.
1894 Роден е индискиот државник Реџендро Прасад, прв претседател на независна Индија од 1950 до 1963 година.
1894 Умре шкотскиот писател Роберт Луис Балфур Стивенсон, извонреден стилист. Се обиде во своите дела да го обнови духот на романтиката. Дела: романите „Остров со богатство“, „Чудните случаи на докторот Џекил и господинот Хајд“, приказните „Нови приказни од 1001 ноќ“, патописот „Патување со магаре“, есејот „Virginibus puerisque“.
1917 Претседателот на САД Вудро Вилсон побара од Конгресот во Првата светска војна да и објават војна на Австро-Унгарија.
1918 Заменик началникот на италијанската Врховна команда генералот Пјетро Бадољо и поднесе на владата меморандум за разбивање на штотуку прогласеното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Меморандумот беше прифатен и со години беше основа за политиката на Рим кон Југославија, со цел заземање на Далмација и на други територии.
1919 Умре францускиот сликар Пјер Огист Реноар, еден од најистакнатите импресионисти и еден од најголемите европски сликари во 19. век. Во староста работеше и како скулптур.
1923 Во Њујорк е родена Марија Калас, американска оперска пејачка, сопран, од грчко потекло. Големиот гласовен распон и вонредната сугестивна глума придонесе за нејзината светска слава и да се вброи во најголемите светски пејачки. Умре во Париз, на 16 септември 1977 година.
1930 Роден е францускиот режисер Жак Лик Годар, водечка личност во „новиот бран“ француски филмови. Филмови: „До последниот дух“, „Жената е жена“, „Лудиот Пјер“, „Бројот два“, „Да се живее својот живот“, „Карабињери“, „Мажена жена“, „Машко и женско“, „Викенд“, „Еден плус еден“, „Источен ветер“,„Спасувај се кој може“, „Име: Кармен“.
1931 Усвоен е Вестминистерскиот статут, според кој доминионите на Велика Британија се стекнаа со потполна законодавна независност.
1942- Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација "Востаник". Излегуваше до февруари 1943 година.
1949- Умре Елин Пелин (вистинското име му е Димитар Иванов Стојанов), прв оригинален бугарски писател за деца, еден од најдобрите сликари на бугарското село. Најпознати дела му се "Раскази", "Пижо и Пендо", "Земја", "Јас и Ти, Тој", "Дедовата ракавица", " Сказни и раскази", "Јан Бибијан на Месечината" и други. Роден е во 1877 година.
1962 Едот Спарлок Сампсон стапи на должноста судија во општинскиот суд во Чикаго, станувајќи прва Афроамериканка на местото судија во САД.
1967- Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата "Гроте Шур", за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.
1971 Почна Индиско-пакистанската војна поради Кашмир, која заврши на 17 декември со победа на Индија и одвојување на Бангладеш, кој дотогаш беше во источен Пакистан, во посебна држава.
1975 Во Лаос власта ја презедоа комунистите со што престана да постои 600-годишната стара монархија.
1980- Во Скопје умре Драги Костовски, познат македонски артист кој на најшироката јавност и е познат по исклучителните остварувања, по многубројните улоги на театарската сцена, на филмот, на телевизијата и во радиодрамската уметност. Роден е во Битола на 22 април 1930 година.
1984 Во градот Бопал во Индија умреа околу 4.500 луѓе, 500 ослепеа, а 50.000 луѓе беа затруени со гас кој истече од „Јунион карбајд“, фабрика за производство на средства за заштита на растенијата.
1989 Во Источна Германија оставки поднесоа лидерот на единствената Работничка партија на Германија (комунисти) Егон Кренц и сите членови на партиското Политбиро и Централниот комитет на владејачката партија.
1991 Русија ја призна независноста на Украина, а рускиот претседател Борис Елцин се заложи за што побрзо нормализирње на меѓудржавните односи на Русија и Украина.
1991 Во Струмица умре Стојан Гогов, доајен на народниот театар "Антон Панов" од Струмица. Роден е во 1924 година.
1994 Во Виена умре Франтишек Вацлав Мареш, чешки професор по славистика на Виенскиот универзитет, научник од светски ранг кој има извонредни заслуги за афирмацијата на македонистиката во светот. Тој беше и член надвор од работниот состав на МАНУ. Роден е во Бенешов, кај Прага, на 12 декември 1922 година.
1995 Поранешниот претседател на Јужна Кореја Чун До Хван е уапсен поради одговорност за масакарот во градот Квангџу во мај 1979 година кога војската уби повеќе од 200 демонстранти.
1997 Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги краселе со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.
1999 Хрватскиот суд одлучи дека тешко болниот Фраљо Туѓман не е во состојба да ја обавува функцијата шеф на држава.
2006 Умре Елиот Велис, еден од најпознатите ловци на нацистите. Велис, кој ги преживеа стравот и ужасот во концентрационите логори во Полска, стана познат кон крајот на седумдесетите години на 20. век. Беше упорен околу расветлувањето на случаите на летонскиот нацист Болесав Мијаковскис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom