На денешен ден!

1154.Николас Брекспир, е првиот и единствен Англичанец кој беше избран за папа и беше устоличен за поглавар на римокатоличката црква како Адријан IV.
1547- Во Севилја умре Херман Кортес, шпански конквистадор. Користејќи го огненото оружје со околу 700 војници го освои Мексико (1519 до 1521год.) и го уништи царството на Ацтеките. Роден е во 1485 година.
1567- Во Кремона е роден Клаудио Монтеверди, италијански композитор, еден од најистакнатите оперски композитори од времето на раниот барок. Освен опери, компонираше мадригали, миси, концерти и други музички дела. Умре во Венеција, на 29 ноември 1634 година.
1642- Умре Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацртуваше кралскиот апсолутизам. Роден е на 5 септември 1585 година.
1679- Умре Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Тој е творец на теоријата "Човек на човек е волк". Најпознати му се делата "Левијатан" и "За политичкото тело". Роден е на 5 април 1588 година.
1791 Излезе првиот број на британскиот „Обсервер“, најстар неделник во светот.
1795 Роден е шкотскиот историчар и филозоф Томас Карлајл, чии дела се изразито фактографски поткрепени и се одликуваат со живи и драматични излагања. Дела: „Француска револуција“, „За хероите“, „Животот на Фридрих Велики“, „Сартор Ресартус“, „Минато и сегашност“, „Критички есеи“. Умре во 1881 година.
1798 Умре италијанскиот лекар и научник Луиѓи Галвани, кој во 1789 година го пронајде галванскиот електрицитет и го нарече „животински магнетизам“. Неговото име го носат многу инструменти и ознаки во електромагнетизмот и во електрониката воопшто.
1875- Во Прага е роден Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите гемански лиричари. Негови познати дела се "Нови песни", "Песна за љубовта и смртта на корнетот Кристофер Рилке", "Сонети за орфеј", "Записите на Малте Лауридс Бриге" и други. Умре во Швајцарија, на 29 декември 1926 година.
1892 Роден е Франциско Франко, долгогодишен диктатор на Шпанија. Роден е во офицерско семејство и ја продолжува семејната традиција. Се покажа како ретко вешт офицер во текот на војната (гушење на буната) во шпанско Монако. Во 1926 година стана најмлад генерал во историјата на Шпанија. Беше изразито монархистички и католички ориентиран. Во 1939 година го воспотави режимот кој траеше се до неговата смрт во 1975 година. Иако кралот Хуан Карлос набрзо го воведе демократскиот систем, основниот тек на Франконовиот систем се покажа како голема витална и популарна шпанска монархија.
1893- Во Загреб е роден Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. Негови значајни дела се стиховите "Судете ме", "По новиот пат", "Тонкината единствена љубов" и други. Во шумата кај Загреб го стрелаа усташите, на 17 јули 1941 година.
1912 По победата во Првата балканска војна, балканските сојузници Србија, Грција и Бугарија потпишаа примирје со Турција.
1922 Роден е францускиот филмски и театарски глумец Жерар Филип. Во театарот со огромен успех ги игра главните рољи во драмите на Вилијам Шекспир, Албер Ками, Пјер Корнеј, Хајнрих фон Клајст, Алфред де Мисе. Филмови: „Ѓавол во тело“, „Фанфан Лала“, „Убабица во ноќта“, „Црвено и црно“, „Големи маневри“, „Идиот“, „Опасни врски“, „Господин Рипо“.
1943 Претседателот на САД Френклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и турскиот претседател Исмет Инени во Каиро ги разгледуваа заедничките акции во рамките на антихитлеровската коалиција, но Турција одби да и објави војна на Германија.
1945- Во Пасадена, Калифорнија, умре Томас Хант Морган, американски биолог, основач на генетиката, наука за наследните особини. Во 1933 година ја доби Нобеловата награда за откритието во врска со функцијата на хормозомите во пренесувањето на наследните особини. Роден е во Легсингтон, Кентаки, на 25 септември 1866 година.
1972 Чилеанскиот претседател Славадор Аљенде во Обединетите нации изјави дека американската телефонска и телеграфска компанија ITT прави се за да предизвика граѓанска војна во Чиле. Генералот Аугусто Пиноче со американска помош организираше воен удар во кој беше убиен Аљенде, на 11 септември 1973 година.
1974 Падот на холандскиот авион "DC-8" во близина на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, не го преживеа никој од 191 патник и членови на екипажот.
1976 Умре англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Дела: оперите „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композициите за оркестар „Пролетна симфонија“, „Варијации на тема Франко Бриџ“.
1977 На југот на Малезија загинаа 100 луѓе при пад на авион кој го киднапира јапонската терористичка група „Црвена армија“.
1977 Диктаторот Жан Бедел Бокас на церемонијата, која чинеше четвртина од националниот производ на земјата, сам се круниса за цар на Централноафриканското царство.
1980 Во авионската несреќа што се случи во близина на Лисабон, за која се претпоставува дека е саботажа, загина португалскиот премиер Франсиско Карнеиро.
1981 Во Риека умре Муртеза Пеза, раскажувач, романсиер и драмски писател од албанска националност во Македонија. Автор е на збирките „Дали ќе се вратиш“, „Скалите на Кел“ и на романите „Мејруша“ и „Во мојата улица“ и на други дела. Роден е во Елбасан, Албанија, на 20 јуни 1919 година.
1989 Членките на Варшавскиот пакт - Бугарија, Унгарија, ДР Германија, Полска и Советскиот Сојуз - кои ја окупираа Чехословачка во 1968 година, на состанок во Москва ја осудија воената интервенција и соопштија дека тоа било „мешање во внатрешните работи на суверена Чехословачка“.
1993 Владата на Ангола и побунетото движење УНИТА постигнаа солганост за условите за примирје и за ставање крај на 18-годишната граѓанска војна во земјата.
1993 На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи "Св. Софија", во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква.
1993 Во Лос Ангелес умре Френк Зана, американска рок-ѕвезда. Неговата група „Мадерс оф инвеншн“, формирана во 1964 година, беше специјализирана за изведба на авангарден рок, што тој го нарече „Звучно осакатување“. Роден е во 1941 година.
1995 Во Скопје умре Петар Глигоровски, македонски академски сликар на анимирани филмови. Роден е во Скопје, во 1938 година.
1996 Во Скопје умре Крум Стојанов, еден од доајените на македонскиот театар, актер. Роден е во Скопје, во 1917 година.
1997 Во канадскиот главен град Отава претставници на 121 држава потпишаа историски договор за забрана на противпешадиски мини, но повеќе земји, вклучувајќи ги и САД, одбија тоа да го сторат.
1998 Последните борци на „Црвените Кмери“ и се предадоа на армијата на Камбоџа, со што по две децении заврши нивната борба против владините сили.
2005 Во Казахстан се одржани претседателски избори, на кои по трет пат едно по друго победи актуелниот претседател Нурсултан Назарбајев.
 
1443.Роден е италијанскиот свештеник Џулијано дела Роверо, кој од 1503 до смртта во 1513 година беше папа Јулиј Втори. Беше еден од најголемите покровители на уметноста меѓу поглаварите на римокатоличката црква.
1560 Умре францускиот крал Франсоа Втори, кој владееше само една година. Го наследи брат му Шарл Деветти, во чиее владеење започнаа верските војни помеѓу римокатолиците и хугенотите.
1771 Во Падова умре Џовани Батиста Моргањи, роден 1682 година, познат италијански и светски медицински научник, еден од пионерите на новите сфаќања во лекувањето на болестите, втемелувач на патолошката анатомија. Во делото „За жариштата и причините на болестите“ ја збогати медицината со првите описи на некои болести, како што е зболувањето на срцето, туберкулозата на бубрезите, акутна атрофија на црниот дроб и други.
1791 Во Виена умре Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на повеќе музички дела со кои даде печат на совршенството и на неповторливиот личен израз. На денот на погребот Виена не му се оддолжи на човекот кој нејзиното име го прослави во светот. Моцарт беше погребан во заедничка гробница на сиромашните, а неговиот ковчег никој не го испрати, освен неговото куче. Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“, „Дон Жуан“ и други. Роден е во Салцбург на 28 јануари 1756 година.
1839 Роден е американскиот офицер Џорџ Армстронг Кастер, кој како командант на коњаничка единица ја предводеше воената кампања во 1870 година против индијанските племиња во Каназас, Дакота и Монтана во име на владата на САД. Загина во јуни 1876 година во битката кај Литл Биг Хорн, кога Сијуксите под команда на поглаварот „Лудиот Коњ“ уништија дел од коњаницата и ги убија сите 264 американски војници кои учествуваа во битката.
1848 Во цела Америка почна „златната треска“ откако американскиот преседател Џемс Полк објави дека во Калифорнија е пронајдено злато.
1867 Роден е полскиот државник маршалот Јозеф Клеменс Пилсудски, првиот претседател на Полска од 1918 до 1922 година и иницијатор на војната против Советска Русија во 1920 и 1921 година. Во 1926 година воспсостави диктатура со што ја одржа власта се до смртта во 1935 година.
1870 Во Каменица е роден Вичеслав Новак, истакнат чешки композитор и музички педагог, професор по композиција на Мајсторската школа во Прага. Умре во Скутеч, на 18 јули 1949 година.
1870 Умре францускиот писател Алесандар Дима. Најпрво се истакна со романтичните драми „Анри Трети и неговиот дворец“, „Антони“, „Кулата Нел“, „Кин“. Пишуваше и комедии, но со светска слава се стекна со многубројните романи со мотиви од француската историја: „Тројцата мускетари“, „Грофот од Монте Христо“, „Кралицата Марго“, „Дваесет години потоа“.
1980 Роден е австрискиот филмски режисер Фриц Ланг, еден од најзначајните претставници на експресионизмот. Пред нацизмот побегна во САД, а кон крајот на педесетите години на 20. век дојде во Западна Германија во која остана се до смртта во 1976 година. Филмови: „Уморна смрт“, „Доктор Мабузо“, „Коцка“, „Метрополис“, „Убиецот М“, „Тестаментот на доктор Мабузо“, „Само еднаш се живее“, „И џелатите умираат“, „Министерство на стравот“, „Човечки желби“, „Додека градот спие“, „Индијски надгробен споменик“.

1901 Во Чикаго е роден Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм. Умре во Бурбанк, Калифорнија, на 15 декември 1966 година. Дизни со години беше водечка фигура во светот на цртаниот филм, затоа што беше тешко да се надмине неговата техника, поетска сила и духовитост.
1906 Роден е американскиот филмски режисер од австриско потекло Ото Преминџер, пионер во подготовка на „широките платна“: Филмови: „Лаура“, „Ангелско лице“, „Кармен Џонс“, „Човекот со златна рака“, „Св. Јованка“, „Добарден таго“, „Анатомија на едно убиство“, „Егзодус“, „Кардинал“.
1926 Умре францускиот сликар Клод Моне, еден од основачите на импресионизмот.
1940Умре чешкиот виолинист и композитор Јан Кубелик, кој на осумгодишна возраст почна со јавен настап, стекнувајќи се со углед на еден од најголемите виолински виртуози на своето време. Дела: „Американска симфонија во a-mol“, шест концерти за виолина и оркестар, симфониски варијации за виолина и камерен оркестар, кратки композиции за виолина и клавир.
1956 Британските и француските турпи почнаа со повлекување од Египет (Суетскиот канал) по неуспехот во Суетската војна.
1962 САД и Советскиот Сојуз постигнаа договор за мирољубиво користење на вселената.
1977 Египет ги прекина односите со Сирија, Либија, Алжир, Ирак и Јужен Јемен, арапски земји кои жестоко се спротивставија на започнатиот мировен процес помеѓу Египет и Израел.

1983 Умре американскиот филмски режисер Роберт Олдрич. Снимаше трилери, вестерни, хорори, психолошки драми и комедии. Филмови: „Што се случи со Беби Џејн?“, „Вера Круз“, „Апач“, „Дванаестмината жигосани“, „Бакнеж на смртта“, “Тивко, тивко Шарлота“, „Затворски круг“, „Големиот нож“, „Убиството на сестрите Џорџ“.
1990 Во Скопје е регистрирана политичката партија Балканска федерација - Балкан без граници, со седиште во Скопје. За претседател е избран Димитар Даскалов.
1995 Шефот на шпанската дипломатија Хавиер Солана официјално ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО, како прв Шпанец на чело на западниот воен сојуз.
1996 Претседателот на САД Бил Клинтон за министер за надворени работи (државен секретар) ја назначи Медлин Олбрајт, прва жена на таа функција во американската историја.

1997 Вулканот Безимјани на полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен Исток, повторно е активиран при што се формираше вулкански прав од осум до десет километри над земјината површина.
2007 Умре Дан Јосиф, еден од лидерите на револуцијата во Романија во 1989 година против режимот на поранешниот романски диктатор Николај Чаушеску.
 
1421.Роден е англискиот крал Хенри Шестти, последниот монарх од династијата Ланкастер, кој формално стана владетел во 1422 година, во осмиот месец од животот. Соборен е во династичките борби („Војна на двете ружи“) и е убиен во мај 1471 година во лондонскиот затвор „Тауер“.
1492 Христофер Колумбо го откри островот Хаити.
1507 Германскиот картограф Мартин Валдземилер ја објави првата географска карта на новиот континент на кој му беше дадено името Америка. За време на изработката на новото издание на Птоломеовиот атлас тој ги прочита писмата на Америго Веспучи од Новиот свет, во кои италијанскиот морепловец тврдеше дека патот преку Атлантикот не води до Азија, туку до дотогаш непознатиот континент. Валдземилер врз основа на тие описи ја нацрта картата и на неа го стави зборот - Америка.
1779 Умре Жан Батист Шарден, француски сликар. Теми во неговото сликарство пред се се мртва природа и ентериер. Припаѓа во генерацијата на претходниците на модерната уметност. Роден е на 2 ноември 1699 година.
1833 Во Нови Сад е роден Јован Јовановиќ - Змај, српски поет, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпознатите поети за деца. Негови најпознати дела се "Пејанија", "Трендафилчиња" и други. Како новинар основа и уредува повеќе весници од кои најзначајни се сатиричниот "Змај" и весникот за деца "Невен". Умре во Сремска Каменица, на 3 јуни 1904 година.
1877 Американскиот пронаоѓач Томас Едисон во Вест Оринд во Њу Џерси ја демонстрираше првата тонска снимка.
1882 Умре англискиот писател Ентони Тролоп, кој во голем број романи реалистички ги опишува граѓанските слоеви на викторијанска Англија. Меѓу нив, најуспешни се романите од циклусот за имагинарната покраина Барсет, како што се „Чувари“, „Торњеев Барсет“ и „Последната хроника на Барсет“, во кои се појавуваат истите ликови во различна доба.
1889 Умре американскиот државник Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата на Американските Држави (11 отцепени јужни држави во САД) во текот на граѓанската војна од 1861 до 1865 година. Уапсен е по поразот на јужните држави во граѓанската војна, но во 1867 година е пуштен од затвор без судење.
1907 Во една од најголемите несреќи на рудници во САД, загинаа 361 рудар во рудникот за јаглен Монон, во Вирџинија.
1916 Германски трупи во Првата светска војна влегоа во романската престолнина Букурешт.
1917 Собранието во Хелсинки ја прогласи независноста на Финска, која ја призна советска Русија. Финска по Наполеоновите борби потпадна под руска власт и во 1809 година стана големо војводство во составот на Руското царство. Дотогаш таа беше составен дел на Шведска.
1917 Во сударот на францускиот брод „Мон Блан“, товарен со експлозив вклучувајќи и 5.000 тони ТНТ, со белгискиот брод „Имо“ во пристаништето на градот Халифакс во Канада, загинаа повеќе од 1.500 луѓе и околу 8.000 беа ранети, а голем дел од градот беше разорен.
1921 Велика Британија потпиша мировен договор со Ирска, според кој е воспоставена Ирска Слободна Држава (без поголем дел од Алстера - Северна Ирска) како членка на Британскиот комонвелт.
1925 Италија и Египет потпишаа договор за границите на италијанската колонија Либија.
1926 Умре Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот. Според неговата слика "Импресија, зајдисонце", изложена во 1874 година, во Париз, дадено е името на целиот сликарски правец.
1927 Во Ќустендил умре Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓорѓи Пулевски, П. Киновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов, Д. Матов, Е. Спространов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творештво. Каранов е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил, прво од таков вид во Бугарија. Роден е во Кратово, на 25 јануари 1852 година.
1929 Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас.
1941 Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени.
1942 Кај селото Папрадиште, Велешко, партизанскиот одред „Димитар Влахов“ беше нападнат од бугарската полиција. Младата партизанка Невена Георгиева - Дуња, која се бореше во првите борбени редови на овој одред, беше смртно погодена од фашистички рафал. Родена е во Скопје, на 25 јули 1925 година.
1968 Во Велес се одржаа првите „Детски Рацинови средби“, манифестација во чест на ликот и делото на македонскиот поет Кочо Рацин, а покрај тоа, има за цел да го афирмира детското литературно и ликовно творештво.
1971 Индија ја призна Бангладеш, поранешен Источен Пакистан, а Пакистан возврати со прекин на дипломатските односи со Индија.
1978 Шпанците на рефернедум го усвоија новиот устав, според кој Шпанија е дефинирана како уставна монархија со парламентарна демократија.
1983 Умре Роберт Олдрич, американски филмски режисер. Снимаше трилери, вестерни, хорор филмови, психолошки драми и комедии. Меѓу неговите попознати филмови се "Што се случи со Бејби Џејн", "Апачи", "Дванаестмината жигосани", "Бакнеж на смртта" и други.
1989 Во едно од најголемите масовни злосторства во историјата на Канада, убиец усмрти 14 студентки на Универзитетот во Монтреал кој потоа се самоуби.
1992 Инду екстремисти ја уништија џамијата во Ајоџа, во северна Индија, која, како што се верува, муслиманските освојувачи ја изградиле во средниот век. Во експлозијата загинаа најмалку 400 луѓе.
1994 Во Битола умре Методија Марковски, актер на Битолскиот народен театар. Роден е во 1944 година.
1994 Во Будимпешта, Унгарија, на Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), КЕБС го промени името во Организација за европска безбедоснот и соработка.
1995 Помеѓу Хабаровск и Сахалин падна рускиот авион „Tu-154“. Несреќата не ја приживеа никој од 97 патници и членови на екипажот.
2001 Антиталибанските сили ја зазедоа главната база на водачот на исламските терористи Осама бин Ладен во планинското подрачје во источен Авганистан, но самиот тој им побегна.
2004 Лидерите на 12 јужноамерикански држави, кои претставуваат 361 милион луѓе, во перуанскиот град Куск, потпишаа декларација за создавање Јужноамериканската заедница на народите.
2005 При падот на иранскиот воен авион „херкулес“ врз густо населениот кварт во Техеран, загинаа сите 94 патници и членови на екипажот, како и 34 лица на земјата.
2005 Во самоубиствен напад на две жени-бомбашки врз полициската академија во Багдат, загинаа најмалку 45 лица, а 75 беа ранети.
2006 Долниот дом на австралиското собрание го усвои законот со кој се одобрува клонирање на луѓе за терапевтски цели, кој горниот дом (сенатот) веќе одамна го усвои. Новиот закон дозволува производство на човечки ембриони со клонирање, заради земање на матични клетки. Таа техника наводно го отвора патот за лечање дијабетес, карцином и Алхајмерова болест.
 
43.п.е.- Убиен е римскиот оратор, политичар, филозоф и писател Марк Тулиј Цицерон, најголемиот стилист во римската поезија. Беше републиканец, противник на Јулиј Цезар и Марк Антонио. Избран е за конзул во 63 година п.н.е. Тој ја откри измамата на Луцио Катилин, кој се обиде да ја уништи Римската република и да заведе лична диктатура. По убиството на Цезар во 44 година п.н.е. е уапсен, а поради серијата напади врз Антонио е убиен. Неговата мисла искажана во делото „За должностите“: "Summum ius summa iniuria" („Најмногу право најмногу неправда“) е типичен израз на неговата интелектуалност. Останати дела: „Беседи“, „За староста“, „За пријателството“, „За крајностите на доброто и злото“ и други.
1598 Роден е Џовани Лоренцо Бернини, италијански вајар, градител, сликар и писател. Умре на 28 ноември 1680 година.
1863 Роден е италијанскиот композитор Пјетро Маскањо. Дела: оперите „Ирис“, „Пријателот Фриц“ и други.
1894 Умре Фердинанд де Лесенс, француски дипломат, инженер, градител на Суецкиот Канал (1859-1869). Во 1881 година почна да го гради Панамскиот канал, меѓутоа, поради финансиската криза, не успеа да го изгради. Роден е на 19 ноември 1805 година.
1906- Роден е г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Целиот свој живот го посвети на службата на Црквата. Тој будно го следеше решението на македонското црковно прашање и вложуваше максимални напори за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. На вториот Црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, е избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридската архиепископија. Под негово раководство е свикан третиот Црковно-народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална. Умре во Скопје, на 20 мај 1981 година.
1909- Во Банско, Пиринска Македонија е роден Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски пролетерски поет и револуционер. Тој е еден од организаторите на Македонскиот литературен кружок во Софија, во кој беа опфатени повеќе млади македонски литературни творци. Го стрелаа бугарските фашисти во Софија, на 23 јули 1942 година.
1922 Северна Ирска гласаше за отцепување од Република Ирска.
1924 Роден е португалскиот државник Марио Соарес. По соборувањето на диктатурата во Португалија во 1974 година три пати е биран за претседател на владата. Во 1986 година стана шеф на државата и е прво цивилно лице на функцијата претседател на Португалија после 60 години.
1941 Јапонија без најава за војна ја нападна поморската база во Перл Харбур на Хаваите, а неколку часа подоцна претседателот на САД Френклин Рузвелт објави дека неговата земја влезе во Втората светска војна. Со силни напади врз морнарицата, Јапонија во првата фаза од војната на Пацификот им нанесе големи загуби на САД. Беа потопени скоро сите воени бродови на САД во тој дел од светот, освен носачот на авиони. На земајта се уништени 178 авиони, 3.303 војници загинаа, а 1.272 беа ранети.
1941 Велика Британија во Втората светска војна им објави војна на Унгарија, Романија и на Финска, земјите кои како членки на Тројниот пакт учествуваа во агресија врз Советскиот Сојуз.
1953 Израелскиот претседател на влада Давид Бен Гурион, кој беше претседател на владата од основањето на државата Израел во 1948 година, поднесе оставка.
1965 Генералното собрание на ООН ја усвои Декларацијата за ширење меѓу младината на идеалот за мир, заемно почитување и разбирање меѓу народите.
1971 Советска вселенска капсула почна да испраќа радио и ТВ сигнали од Марс.
1974 Кипарскиот претседател, архиепископот Макариос Трети триумфално беше дочекан на Кипар, кој го напушти на 15 јули 1974 година по државниот удар. Пресвртот на Кипар го организираа грчките офицери, но не успеаја да ја задржат власта.
1975 Индонезиската армија ја окупираше поранешната португалска колонија Источен Тимор.
1985 Умре англискиот писател Роберт Грејвс, истражувач на грчката и еврејска митологија. Светскиот углед го стекна со историскиот роман „Јас, Клаудиј“ и делото „Грчки митови“. Останати дела: „Хебрејски мотиви“, автобиографски опис на животот во рововите во Првата светска војна „Збогум на сето тоа“, историскиот роман „Клаудиј Бог“, митолошкиот роман „Хомеровата ќерка“, есејот „За англиската поезија“ и други.
1985 Во Скопје умре Петар Карделев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, еден од основачите на овој факултет и еден од првите конструктори и основоположници на машиноградбената и металопреработувачката индустрија во Македонија. Роден е во Битола, во 1909 година.
1988 Во земјотрес во Ерменија загинаа повеќе од 25.000 луѓе, а половина милион останаа без покрив над главата. Беше уништена повеќе од 10 насто од ерменската индустрија.
1992 Владата на Индија го забрани фундаменталистичкото движење.
1992 Во Скопје умре прим. д-р Христо Брашнаров, еден од основачите на Хируршката и Акушерско-гинеколошката клиника на Медицинскиот факултет во Скопје, асистент и професор на првата генерација студенти по медицина во Скопје, основач и професор на Акушерската школа во Македонија и основач на гинеколошко-акушерските одделенија во Струмица и во Прилеп. Во 1964 година прв во Македонија воведе анестезија во оперативните зафати на гинекологијата и акушерството. Роден е во Прилеп,во 1918 година.
1993 Умре претседателот на Брегот на Слоновите Феликс Уфуе Боањ, африкански државник кој најдолго владееше од кој било друг негов колега.
1993- Во Скопје умре Блаже Конески, академик, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Тој е прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот униврзитет и на Универзитетот во Врацлав. Негова прва книга е поемата "Мостот", ја објави непосредно по војната во 1945 година, а потоа ги објави делата "Земја и љубовта", "Песни", "Везилка", "Лозје", "Записи", "Стари и нови песни", "Чешмите", "Послание", "Светото на песната и легендата" и други. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на "Граматика на македонскиот јазик", "Историја на македонскиот јазик", "Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија". Покрај другите награди, добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 година.
1995 Сонда од американскиот вселенски брод „Галилеј“ влезе во атмосферата на Јупитер која во 75-та минута испрати податоци пред да изгори.
1995 Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на Канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.
1996 Во Алжир со потписот на претседателот Лиамин Зерула се озаконети уставните реформи за забрана на религиозни партии.
1996 Во Сантјаго умре Хозе Доносо, чилеански писател. Познат е по пишувањето на црни комедии за чилеанскиот буржоаски живот. Меѓу децата познати му се романите „Скарадната штица на ноќта“ и „Пекол без граници“. Роден е во 1925 година.
1997 Во Скопје умре Младен Дилевски, македонски поет. Автор е на книгате песни „Крадец на сонот“. Роден е во селото Беличица, Гостиварско, на 28 јуни 1921 година.
2001 Силите на Северната алијанса во Авганистан ја презедоа контролата врз грдот Кандахар, последното упориште на талибанците.
 
-
Меѓународен ден за борба против корупцијата.
1594 Роден е шведскиот крал Густав Втори Адолф, голем војсководец и воен реформатор. Неговата армија во Триесетгодишната војна им нанесе многу порази на римокатоличките сили на германскиот цар Фердинанд Втори Хабзбург. Во војната против Русија ја постави границата на Ладошко Езеро, а полската армија ја победи во 1613, 1617 и во 1629 година со што и овозможи доминација на Шведска на Балтикот. Загина во ноември 1632 година во битката кај Лицен, во која неговата војска ја победи армијата на германскиот генерал Алберт фон Валенштајн.
1608- Во Лондон е роден Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир. Негови познати дела се "Загубениот рај", "Вратениот рај", "Химна на Христовото раѓање" и други. Умре во Лондон, на 8 ноември 1674 година.
1638 Во Дубровник умре Иван Гундулиќ, хрватски поет и драмски писател, патриот и поборник на ослободителните стремежи на словенските народи. Негови најпознати дела се еповите „Солзите на блудниот син“, и „Осман“ и драмата „Дубравка“. Роден е во Дубровник, на 8 јануари 1589 година.
1641 Умре фламанскиот сликар Антон Ван Дајк, истакнат претставник на фламанската сликарска школа, врз кого силно влијаеше Паул Рубенс, во чие атеље во младоста работеше. Потоа беше во Италија, па во Франција, а во Лондон дојде во 1632 година и стана дворски сликар на кралот Чарлс Први и портретист на високото англиско општество.
1824- Легендарниот латинско-американски водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска.
1895 Во местото Каљарка, во Баскија, е родена Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и на шпанското револуционерно движење. Од 1943 до 1960 година беше генерален секретар на Комунистичката партија на Шпанија, а потоа нејзин претседател до крајот на животот. Умре во Мадрид, на 12 ноември 1989 година.
1905- Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата.
1910- Во Виена умре Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. Освен лирски песни и балади, пишуваше поетски трагедии ("Максим Црноевиќ", "Пера Сегединац"), раскази и есеи. Роден е во Ковиљ, Бачка на 31 јануари 1841 година.
1916 Роден е американскиот филмски глумец од руско потекло Ишур Данијелович, познат како Кирк Даглас, кој се прослави во улогите на нервозни, амбициозни и груби типови. Филмови: „Момчето со трубата“, „Спартак“, „Шампион“, „Градот на илузиите“, „Жед за животот“, „Детективска приказна“.
1926 Роден е шпанскиот борец со бикови Луис Мигел Лукас „Домингин“, веројатно најдобриот светски борец со бикови во 20. век. Неговите вештини го инспирираа американскиот писател Ернест Хемингвеј.
1929 Роден е американскиот филмски режисер и глумец Џон Касаветес, водечки претставник на „њујоршката школа“, независна продукција, која критички се спротивстави на холивудските стандарди. Филмови: „Злосторство на улиците“, „Убијци“, „Дванаесетмината жигосани“, „Зошто ме осудивте на живот“, „Сенки“, „Премногу доцни блузот“, „Лица“, „Мини и Москович“, „Жена под влијание“, „Глорија“.
1935 Почнаа големи демонстрации на кинеските студенти за создавање на единствен фронт против јапонскиот агресор.
1940- Во Северна Африка за време на Втората светска војна почна офанзивата на Осмата британска армија против германските окупаторски трупи.
1941 Кина во Втората светска војна им објави војна на Јапонија, Германија и Италија.
1941 Јапонија ја нападна Бурма, која покрај економско имаше и стратегиско значење за Јапонија и имаше за цел да стане база за напад врз Индија и Индокина.
1943- Кај селото Бараково, Горноџумајско, во борбата против една бугарска полициска заседа загина македонскиот револуционер, Никола Парапунов. Роден е во Разлог, на 1 јули 1909 година.
1961- Тангањика, бившата британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 9 декември 1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26 април 1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија.
1970 Умре Артјом Иванович Микојан, руски конструктор на авиони и академик. Заедно со Михаил Гуревич конструираа повеќе типови на борбени авиони, познатите „миг“. Роден е во 1905 година.
1985 Поранешниот претседател на Аргентина генералот Хорхе Видело е осуден на доживотен затвор поради грабнувања, мачења и убиства на околу 9.000 луѓе во текот на „валканата војна“, која против градските герилци и политичките противници од 1976 до 1982 годна ја водеа три воени хунти. На иста казна е осуден и членот на воената хунта адмиралот Емилио Масеро, а Виделин, наследник на герналот Роберто Виола, на 17 години затвор.
1985- Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја прифати резолуцијата со која сите акти на тероризам се осудени како криминал.
1990 Во Полска на првите слободни избори за претседател беше избран Лех Валенса, поранешниот водач на синдикатот „Солидарност“.
1994 Партијата „Шин фејн“, политичко крило на терористичката Ирска републиканска армија, прв пат по повеќе од 70 години ги почна мировните разговори со британската влада.
1995 Врховниот суд на Полска ја потврди победата на Александар Квашњевски на ноемвриските претседателски избори, одбивајќи ја жалбата на приврзаниците на неговиот поразен ривал Лех Валенса.
1996 Обединетите нации ја одобрија примената на долгоодложуваниот договор за Ирак за продажба на ограничени количини на нафта за храна, со што Ирак се врати на светскиот пазар на нафта првпат од инвазијата на Кувајт во 1990 година.
1997 Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.
1998 Министерот за внатрешни работи на Велика Британија Џек Стро ги прогласи британските судски власти за надлежни во поглед на барањата на Шпанија за испорачување на поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче, а владата на Чиле ја отфрли оваа одлука и го отповика својот амбасадор од Лондон.
2001 На 71 година во градот Бризбејн, Австралија, почина македонскиот диригент Ванчо Чавдарски. Тој беше и директор на Македонската филхармонија и многу придонесе за растежот на тој ансамбл, за основањето на Камерниот оркестар на таа институција, како и за афирмација на македонското музичко творештво. Работеше и како шеф - диригент на Симфонискиот оркестар на Радиотелевизија Белград. Во последните години од животот, Чавдарски работеше во Јужна Кореја како диригент и универзитетски професор.
2005 Еден од главните симобли и атракции на Лондон - црвениот двоспратен автобус „рутмастер“, со стоечка платформа и кондуктер, попознат како „dabldeker“, тргна од станицата „Marbl Arcc“ на своето последно возење на редовната линија број 159 и стана минато.
 
- Меѓароден ден на правата на човекот
1520 Германскиот црковен реформатор Мартин Лутер ги прекина сите врски со Рим.
1603 Умре англискиот лекар и физичар Вилијам Гилберт, наречен „татко на електрицитетите“, личен лекар на кралицата Елизабета Прва. Во физиката се прослави, иако таа гранка му беше само хоби, со капиталното дело „За магнетите“. Докажа дека Земјата е голема топка магнет и дека иглата на компасот не управува според небото, како што дотогаш се веруваше, туку според магнетните полови на планетата. Со сфаќањата на магнетизмот на небеските тела и електрицитетот силно влијаеше на развојот на науката во 17. век.
1810 Францускиот цар Наполеон Први на Франција и додаде германски територии со градовите Хановер, Бремен, Хамбург, Лауенбург и Либек.
1819 Роден е италијанскиот револуционер Фелице Орсини, еден од најистакнатите членови на „Млада Италија“, движење за ослободување и обединување на италијанските земји. Во 1858 година се обиде да изврши атентат врз францускиот цар Наполеон Трети, по што беше погубен. Дела: „Австриски темници“, „Спомени и авантури“, „Политички спомени“.
1822- Роден е Сесар Франк, француски композитор од белгиско потекло, оргулист, еден од најголемите творци во француската музика во 19 век. Дела: „Симфонија d-mol“, симфониските поеми „Eolides“, „Psyche“, „Les Djinns“, „Симфониски варијации за клавир и оркестар“, соната за виолина и клавир, клавирски квинтет, композиции за оргули и за клавир. Умре на 8 ноември 1890 година.
1830 Родена е Емили Дикинсон, најголемата американска поетеса. За време на својот прозаичен живот на осамена домаќинка објави само четири песни, додека посмртно беа откриени повеќе од илјада песни, а потоа објавени во шест тома. Умре во 1886 година.
1845 Англискиот градежен инженер Роберт Томпсон ја патентираше првата пневматска гума.
1848 Луј Наполеон со големо мнозинство ги доби изборите за претседател на Франција. Четири години подоцна изврши државен удар и се прогласи за цар Наполеон Трети.
1868 Првите семафори за регулирање на сообраќајот во светот почнаа да работат во Лондон, на булеварот пред зградата на парламентот.
1896- Во Сан Ремо умре Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 100 изуми. Од производството на динамитот се збогати, па во тестаментот од 27 ноември 1895 година, остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување награди за вонредни достигнувања, на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија - Нобелова награда. Наградите за физика, хемија, медицина, литература и за залагање за мир првпат се доделени 1901 година. Роден е во Стокхолм на 21 октомври 1833 година.
1898 По поразот во америкаснко-шпанската војна, Шпанија во Париз со мировен договор се откажа од Куба, Порторико, Гуама и Филипини. Тоа беше крај на шпанското колонијално царство освен од териториите во Африка.
1904 Роден е чехословачкиот државник Антоњин Новотни, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Чехословачка од 1953 година и шеф на државата од 1957. Од функцијата е сменет во почетокот на 1968 година, кога почнаа реформите наречени „Прашка пролет“, кои беа оневозможени со воената интервенција на Варшавскиот пакт во август 1968 година.
1911 Во Каиро е роден Нагиб Махфуз, египетски филозоф, белетрист и драмски писател. Во 1988 година ја доби Нобеловата награда за литература за творештвото што и придава на арапската белетристика општочовечка вредност. Познати негови дела се „Виор на лудоста“, „Игри на судбината“, „Новото Каиро“, „Почеток и крај“, „Крадецот и кучињата“, „Меден месец“ и други. Умре во 2006 година.
1913- Познатата слика на Леонардо да Винчи "Мона Лиза" е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.
1931 Нисето Алкало Саморо и Торес стана првиот уставно избран претседател на Република Шпанија.
1936 Британскиот крал Едвард Осми абдицираше и стана војвода од Виндзор, за да се ожени со Американската Волис Симпсон, која претходно беше двапати мажена.
1936 Во Рим умре Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „Шест лица го бараат писателот“, „Хенри 4“, романот „Покојникот Матија Паскал“ и други. Роден е во Аргигент, на 28 јуни 1867 година.
1948 Генералното собрание на Органицијата на обединетите нации, во Париз, во Палатата Шајо, ја усвои Декларацијата за правата на човекот, па тој ден се прославува како Ден на правата на човекот.
1962- Во Скопје умре Василие Поповиќ - Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Роден е во Скадар на 12 февруари 1914 година.
1964- Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.
1967 Првата комерцијална термонуклеарна експлозија е извршена во Ново Мексико (САД). Причината е вадење на природен гас од подземјето.
1980 Милтон Оботе е прогласен за претседател на Уганда, како прв африкански шеф на држава кој се врати на власт по отстранувањето со воен удар. Војската во 1985 година по втор пат го симна од власт.
1982 Двајцата советски космонаути се вратија на Земјата по рекордни 211 дена поминати во вселената во бродот „Саљут 7“.
1983 Раул Алфонсин ја презеде должноста претседател на Аргентина како прв демократски избран шеф на држава по осумгодишното владеење на воената хуната.
1987 Во Чехословалчка власта ја презеде првата некомунистичка влада од 1948, година, а претседателот Густав Хусак поднесе оставка.
1992 Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.
1996 Преседателот на Јужна Африка Нелсон Мандела го потпиша уставот со кој сите граѓаните, без оглед на расата, се исти пред законот. Тоа беше завршниот чин во демонтирањето на системот на апартхејдот.
1997 Во Скопје излезе првиот број на магазинот „Став“, весник на студентите на новинарство при Правниот факултет.
1998 Палестинската ослободителна организација ги поништи одредбите во својот устав кои повикуваа на уништување на Израел.
1998 Во Скопје е отворен постојан конзулат на Канада во Македонија.
2000 Во Скопје умре Хари Миновски, македонски новинар. Роден е во Скопје, на 20 март 1930 година.
 
-
Ден на македонските студенти
-
Ден на светите Петнаесет тивериополски маченици, заштитници на Струмица. - Патронен празник на Струмица.
1282 Умре византискиот цар Михаило VIII Палеолог, основач на последната династија и обновител на Византија после латинската окупација која траеше 57 години, кога седиштето на царството е вратено од Никеј во Константинопол (Цариград). На престолот како совладетел на никејскиот цар дојде во 1259 година, а во 1261 година стана владетел на обновеното царство.
147- Роден е италијанскиот римокатолички свештеник Џовани де Медичи, кој од 1513 до неговата смрт во 1521 година беше папа под името Лав X. Како голем заштитник на уметноста Рим го направи центар на европската култура. Иако вложи силни напори, вклучувајќи ја и екскомуникацијата со основачот на протестанската црква во Германија Мартин Лутер, не успеа да го запре движењето на верските реформи за создавање на протестанската црква кои започнаа во текот на неговиот понтификат.
1803 Роден е францускиот композитор Хектор Берлиоз, романтичар, создавач на дела со извонредни тонски бои. Дела: „Фантастична симфонија“, „Харолд во Италија“, „Ромео и Јулија“, „Фаустовото проклетство“, „Реквием“, оперите „Бенвенуто Челини“, „Тројанци“.
1810 Роден е францускиот писател Луј Шарл Алфред де Мисе. Неговата несреќна љубов со писателката Жорж Санд го инспирира за најубавите и највозбудливите лирски песни „Ноќ“, „Писмо за Ламартин“ и “Исповед на едно дете од овој век“. Останати дела: стиховите „Приказни од Шпанија и Италија“, „Со љубовта не се игра“ и други.
1843 Роден е германскиот бактериолог Роберт Кох, еден од основачите на бактериологијата, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1905 година. Во 1882 година го откри бацилот туберкулоза (Кохов бацил), симнувајќи го превезот на тајните за опасната болест која во 19. век ги косеше луѓето. Ги пронајде и предизвикувачите на колерата, болеста која низ историјата уништуваше цели области. Ги испитуваше тифусот и маларијата.
1849 Родена е Елен Кеј, шведска писателка и педагог. Пишуваше за воспитувањето на децата, за социјалните прашања и за женското движење, а беше и истакнат борец за еманципација на жените. Напиша голем број книжевнокритички есеи. Умре на 25 април 1926 година.
1856 Роден е рускиот филозоф и естетичар Ѓеорѓиј Валентинович Плеханов, еден од основачите на првата социјалдемократска организција и Втората интернационала. Дела: „Развој на монистичкиот поглед на светот“, „Анархизам и социјализам“, „За улогата на личностите во историјата“, „Основни прашања за марксизмот“, „Писма без адреса“,„Карл Маркс и Лав Толстој“ и други.
1858 Роден е Владимир Иванович Немирович - Данченко, руски театарски режисер и писател. Заедно со Станиславски, во 1898 година го основа Московскиот художенствен театар, најдобриот руски театар и еден од најдобрите реалистични театри во светот. Умре на 25 април 1943 година.
1882 Во Врацлав, Полска, е роден Макс Борн, германски и британски научник, светски теоретичар во областа на нуклеарната физика. Во 1954 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Гетинген, Германија, на 5 јануари 1970 година.
1885 Роден е францускиот писател Емил Херцог, познат како Андре Моро, кој пишуваше романи, есеи и романсирани биографии. Дела: романите „Поднебја“, „Семеен круг“, биографиите „Бајрон“, „Викто Иго“, „Животот на Балзак“.
1894 Во Париз е отворена првата светска автомобилска изложба на која беа претставени девет произведувачи.
1910- Во Солун е роден Димо Тодоровски, академик, познат македонски вајар од првата генерација вајари кои ја втемелија оваа ликовна уметност кај нас. Тој беше единствениот склуптор што се појави меѓу двете светски војни во Македонија. Умре во Скопје, на 27 април 1983 година.
1918 Роден е рускиот писател Александар Исајевич Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1970 година. Дела: „Онколошка клиника“, „Август Четиринаесеттата“, „Црвениот велосипед“, „Русија во бездна“, „Заробеници“, „Ленин во Цирих“, „Тенковите ја знаат вистината“, „Паразит“.
1918- Во Љубљана умре Иван Цанкар, словенечки писател и публицист. Негови познати дела се "Слугата Јернеј и неговото право", "Кралот на Бетајнова", "Под крстот" и други. Роден е во Врхника, на 10 мај 1876 година.
1937 Италија се повлече од Друштвото на народите.
1941- САД им објави војна на Германија и на Италија.
1946- Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк.
1972- Американските астронаути и членови на екипажот на вселенскиот брод "Аполо 17" стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма "Аполо".
1973 Западногерманскиот канцелар Вили Брант и чехословачкиот претседател на владата Лубомир Штроугал потпишаа договор со кој формално го поништија Минхенскиот пакт од 1938 година, со кој Велика Британија и Франција и ја отстапија на Германија областа Судет во Чехословачка.
1987- Во Лос Анџелес, САД умре Саша Хајфец, еден од најголемите виртуози на виолина на 20 век. На 12-годишна возраст, по концертот во Лондон, Фриц Хеслер, во тоа време водечки вилоинист во светот, кога го слушна Хајфецовиот звук без трошка завидливост на собраните музичари им рече: "Господа, мислам дека е време да ги оставиме виолините, ова е неповторливо". На 16-годишна возраст ја напушти Русија и се насели во САД. Роден е во градот Вилна, Русија, во 1901 година.
1990Во Албанија е дозволено формирање на опозициски политички партии.
1991 Во Стокхолм умре Артур Лунквист, шведски писател и академик. Напиша повеќе од стотина книги и објави околу илјада новински текстови. За негова заслуга се смета презентирањето на многубројните странски автори пред шведската јавност. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1997 година. Роден е во 1906 година.
1991 Лидерите на 12-те земји на Европската заедница создадоа лабава федерација со заедничка надворешна политика и единствена валута од 1999 година.
1992 Советот за безбедност на Обединетите нации одлучи да испрати 800 „сини шлемови“ во Република Македонија.
1994 Руски трупи влегоа во Чеченија за да ги смират сепаратистички побунувања во автономната република и воспоставија редовна управа од страна на централната влада.
1995 Израелските трупи врз основа на мировниот договор меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација го напуштија Наблус, завршувајќи ја 28-годишната окупација на најголемиот палестински град на Западниот Брег.
1996 Во Битола е одржано Основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македонија.
1998 При падот на „Ербас“ на авиокомпанијата „Тај Ервејз“ на една поплавена плантажа на југот на Талјанд, загинаа 101 патник и член на екипажот.
2001 Кина стана членка на Светската трговска организација.
2004 Во Скопје умре Јадранка Владова, македонски разкажувач, литературен теоретичар, есеист и преведувач. Меѓу десетиците дела спаѓаат „Измислување на светот“, „Девојчето со две имиња“ (романи за деца), „Волшебноста на зборот“ (есеи и критики) и други дела. Родена е во Скопје, на 20 април 1956 година.
 
1204.Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф, лекар, математичар и астроном, како и следбеник на Аристотел. Најважното негово филозофско дело е „Водич на љубовта“. Напиша и повеќе астрономски и математички расправи и 18 медицински трактати со теории многу пред времето во кое живееше.
1466 Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето Барди - Донатело, италијански скулптор, еден од најпознатите ренесансни уметници кој ги надмина средновековните модели на скулпторското однесување. Познати се неговите дела „Давид“ (прв европски бронзен акт по антиката), релјефи во базиликата „Свети Антон“ во Падова и други. Роден е во Фиренца, во 1386 година.
1553 Роден е францускиот крал Анри IV, прв монарх од династијата Бурбон. Во текот на владеењето од 1589 до смртта во 1610 година, кога беше убиен од еден католички верски фанатик, и го врати внатрешниот мир на Франција, а учествуваше и економски и политички со што ја зајакна кралската власт. Андри IV традиционално го сметаат за најголемиот владетел во историјата на Франција, познат како „Андри добриот“.
1570 Данска ја призна независноста на Шведска.
1642 Холандскиот морепловец Абел Тасман ја откри земјата на која и го даде името холандска провинција Нов Зеланд, но поради стравот од домородците не се истовари. Заслуга за октривањето на Нов Зеланд има и англискиот морепловец Џејмс Кук, кој во 1769 година се истовари на еден од новозелендските острови.
1780 Роден е рускиот дипломат Карл Роберт Васиљевич Неселрод. Беше министер за надворешни работи на Русија од 1822 до 1856 година. Одговорен е за влегувањето на Русија во Кримската војна против Османликското царство во 1853 година. Во оваа војна на Русија и се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија. По рускиот пораз во 1856 година поднесе оставка.
1784 Умре англискиот писател и лексикограф Семјуел Џонсон, чиј „Речник за англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен за англиското говорно подрачје. Останати дела: трагедијата „Ирена“ и критичкото дело „Животите на поетите“.
1797 Во Дизелдорф е роден Хајнрих Хајне, германски поет, чија поезија претставува врвен дострел на германскиот романтизам. Неговата светска слава се темели врз лирската „Книга на песни“ и врз подоцнежните збирки „Нови песни“ и „Ромецеро“. Умре во Париз, на 17 февруари 1856 година.
1816- Роден е Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката. Го усоврши телеграфот со стрелки, ја изгради првата подолга телефонска линија во Европа (1849), ја пронајде динамо-машината и друго. Умре во 1892 година.
1862 Во битката кај Фредериксбург во Американската граѓанска војна, генералот Роберт Ли со 80.000 војници од северна го победи генералот Амброаз Бејсад од јужната страна кој командуваше со повеќе од 150.000 војници. Во текот на тешките борби по должината на реката Масапонакс Бејсад изгуби околу 14.000 војници.
1869- Роден е Анри Матис, француски сликар и вајар. Почна како фовист, но со време стана попрефинет и сликаше со отмен колорит, за да заврши на крајот со чиста демокративност. Силно влијаеше врз модерното европско сликарство, чиј е еден од главните претставници. Умре на 3 ноември 1954 година.
1881- Во Загреб умре Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи. Шеноа беше влијателен театарски критичар. Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело е романот "Селанска буна", како и романите "Златаревото злато", "Диогенеш", "Клетва", "Чувај се од сењската рака", "Питачот Лука" и комедијата "Љубица". Роден е во Загреб, на 14 ноември 1838 година.
1937 Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Нанкинг. Во текот на наредните шест недели настрадаа околу 200.000 Кинези, повеќето цивили. Кинеската историографија овој период го опиша како „силување на Нанкинг“.
1939 Во првата голема поморска битка во Втората светска војна британските крстосувачи „Ексетер“, „Ајабк“ и „Ахил“ кај заливот Ла Плата во Атлантскиот Океан тешко го оштетија и онеспособија гераманскиот воен брод „Адмирал Граф фон Шпе“, кој претходно во текот на гусарските крстарења во јужниот Атлантик и Индискиот Океан потопи девет трговски брода.
1944 Јапонски авион наполнет со експлозив, со кој управуваше пилот-самоубиец (камиказа), удри во американскиот крстосувач „Нешвил“ и усмрти 133 членови на екипажот.
1981 Претседателот на Полска Војчех Јарузелски воведе вондредна состојба во земјата. Беше забранета натамошната активност на т.н. синдикат „Солидарност“.
1983- Во Букурешт умре Никита Станеску, еден од великаните на романската литература. Првата збирка песни "Смислата на љубовта", ја објави во 1960 година. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објави околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици. Трипати едноподруго ја доби наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хардеровата награда за литература во 1976 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во Плоешти, во 1922 година.
1988 Во Конго е потпишан протоколот со кој Ангола, Куба и Јужна Африка со посредство на Советскиот Сојуз и на САД и обезбедија пат кон независноста на Намибија (Југозападна Африка) и крај на граѓанската војна во Ангола која почна во 1975 година.
1991 Поранешните советски републики Казахстан, Киргизија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се приклучија во Заедницата на Независни Држави.
1992 На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1994 Претседателот на Намибија Сам Нујом и неговата владејачка партија се прогласени за победници на првите избори по стекнувањето независност на државата.
1995 Генералното собрание на ОН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.
1995 Европскиот парламент ја прими Турција во европската Царинска унија, и покрај бројните забелешки кон Анкара за кршење на човековите права.
2001 Пет исламски терористи-самоубијци влегоа во Конгресната зграда во Њу Делхи при што во судирот со обезбедувањето загинаа вкупно 14 лица, вклучително и терористите. Индија за вмешаност во овој терористички акт обвини две милитантни исламистички групи од Пакистан.
2003 Американските трупи во Ирак кај Тикрит го уапсија веќе соборениот ирачки претседател Садам Хусеин. Садам се криеше откако во јуни истата година американските сили го скршија отпорот на Ирачаните.
2003 Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша законот со кој се воведени санкции против Сирија заради наводно нејзини врски со терористите.
2006 Белгиската национална телевизија во ударниот вечерен термин приреди симулација за отцепување на Фландрија. Дури 89 отсто од гледачите изјавија дека поверувале дека Белгија престана да постои според наводните одлуки на фламанското собрание. Веста сериозно ја сфатија дури и некои меѓународни и дипломатски кругови.
 
-
Ден на есперантската книга
37.-оден е римскиот цар Нерон Клавдиј Цезар Август Германик, еден од најконтроверзните владетели во историјата на Римското царство. На престолот во 54 година го донесе неговата мајка Јулија Агрипин Помладата, која претходно го отру царот Клавдиј, на кого му беше четврта жена.
1675 Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој се вбројува меѓу најголемите уметници во историјата на сликарството иако изработи само околу 40 слики. Најчесто работеше фигури во енертиер, а неговите композиции се одликуваат со хармоничност, духовност и поетичност, математичка точност, блескав колорит и светлина. Дела: „Жена со писмо“, „Девојката со ѓерданот“, „Во атеље“, „Млекарка“, „Час по музика“, „Девојката со турбанот“, „Поглед на Делфт“, „Уличката во Делфт“.
1711 Во Копенхаген изби епидемија на чума, усмртувајќи илјади животи.
1806 Францускиот цар Наполен Први влезе со трупите во Варшава.
1832- Роден е Александар Густаф Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула во Париз која е висока 320 метри. Позната е и неговата конструкција на Статуата на слободата на влезот во њујоршкото пристаниште. Умре во 1923 година.
1840 Ковчегот со посмртните останки на францускиот цар Наполен Први беше положен во „Домот на инвалидите“ во Париз, 19 години по неговата смрт на островот Света Елена.
1852 Роден е францускиот физичар Антоан Анри Бекерел, пронаоѓач на радиоактивниот зрак (Бекерелови зраци), добитник на Нобеловата награда за физика во 1903 година. Во негова чест мерната единица за радиоактивност е наречна бекерел.
1859 Роден е полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година, под псевдонимот д-р Есперанто (оној кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во пошироката употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважниот и најраширениот од сите вештачки јазици.
1874 Владетелот на Сандвичките Острови (сегашните Хаваи) Дејвид Калаку стана првиот крал кој на покана на претседателот Симпсон Грант ги поседи САД.
1875 Над англискиот град Чатам, на височина од околу 30-ина метри прелета „летечка машина“, чудна комбинација на чадор и змев.
1890 Убиен е индијанскиот полгавар „Бикот што седи“, водач на племето Сијукс, врз основа на наредбата на повереникот на владата на САД во резерватот во Јужна Дакота. Го предводеше сојузот на племињата, познат како „Дакота“. Се бореше против бруталната политика на САД која систематски се спроведуваше врз Индијанците. Тој беше најзаслужен за победата на неговите сонародници во битката кај Литл Биг Хорн во 1876 година кога беше уништен дел од Седмата коњаничка дивизија под команда на Џорџ Кастер.
1897 Умре францускиот писател Алфонс Доде. Пишуваше романи, драми и новели. Дела: „Сафо“, „Нума Руместан“, „Бесмртник“.
1901 Во селото Д`мбени, Костурско, е роден Атанас Близнаков, основач на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прв од ваков вид на Универзитетот, од која се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студиите. Умре во Скопје, на 10 јули 1998 година.
1910 Во селото Горно Борди, Серско, е роден Михаил Сматракалев (познат под псевдонимот како Ангел Жаров), македонски револуционер, публицист и писател, еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 - 1941), од 1992 година почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1935 година од печат излезе неговата прва и единствена објавена поетска книга на македонска тема „Бура над родината“. Автор е и на делата „Македонскиот литературен кружок“, „Модрите широчини на татковината“ и „На македонски теми“. Умре во Софија, на 16 април 1998 година.
1938 Загина рускиот пилот Валериј Павлович Чкалов испробувајќи го новиот тип на ловечки авион. Тој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето преку Северниот пол. Во 1937 година го изведе летот преку најсеверната точка на земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, а со тоа постави светски рекорд. Во чест на тој сензационален лет, во Ванкувер му е подигнат споменик и посветен музеј.
1944 Во Скопје почна Првата национална конференција на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија. Конференцијата ја отвори Мара Нацева, а политички реферат поднесе Веселинка Малинска. Притоа е избран Главен одбор на АФЖ на Македонија, а за претседател е избрана Васка Циривири.
1945 Во селото Нестрам, Костурско, грчките власти изведоа пред суд 61 Македонец, бидејќи своите деца ги учеа да пишуваат и да читаат на свој мајчин македонски јазик.
1945- Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт.
1946- Во Скопје започнаа првите предавања на Филозофскиот факултет. Основањето на Филозофскиот факултет претставува значаен настан за целокупната културна преродба на македонскиот народ, израз на стремежите на македонскиот народ, што побрзо да ја надмине заостанатоста наследена од минатото и да зачекори кон посветла иднина. Наставата на филозофскиот факултет беше тесно сврзана со науката и затоа тој беше и остана силен двигател на научната мисла во општествените науки сврзани со македонскиот национален дух и неговата историја.
1961- Судот во Ерусалим го осуди на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.
1961 Генералното собрание на Обединетите нации го отфрли советскиот предлог за прием на Кина во светската организација.
1964 Собранието на Канада го прифати новото национално знаме - црвено бело во водорамни полиња при што на централното бело поле се наоѓа црвен јаворов лист. Знамето беше општоприфатено како симбол на Канада.
1966- Во Бурбанк, Калифорнија, умре Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм. Роден е во Чикаго, на 5 декември 1901 година.
1970 На Венера се спушти советскиот вселенски брод „Венера 7“ од кој сигналите стигнуваа само неколку минути кои дадоа одговори на многу прашања.
1974 Умре Анатол Литвак, американски филмски режисер. Роден е во 1902 година.
1978 Претседателот на САД Џими Картер соопшти дека неговата земја од 1 јануари 1979 година ќе воспостави дипломатски односи со Кина, а односите со Тајван ќе ги прекине.
1989 Собранието на Панама го именува за претседател на владата генералот Антонио Норијег, поранешен штитеник на САД, и прогласи дека Панама „е во воена состојба“ со САД.
1991 Пред египетското пристаниште Сафага фериботот „Салем Експрес“ удирајќи во корален гребен потона, усмртувајќи 474 патници.
1991 Во Скопје, во Гранд хотел „Скопје“, за првпат се одржа манифестацијата за избор на најубава Ромка во Република Македонија. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.
1993 Во Њујорк умре Мирна Лој, американска филмска актерка. Има остварено улоги во повеќе од 120 филмови. Родена на е на 2 август 1905 година.
1994 По едномесечна политичка криза, Џон Брутон стана нов премиер на Република Ирска.
1997 Во Скопје умре Тома Киров, еден од основоположниците на македонскиот театар. Роден е во 1926 година.
1997 Умре Илија Црвенов, оперски пејач, првенец на Операта при Македонскиот народен театар и еден од доајените на македонската оперска уметност. Роден е во 1937 година.
1999 Шефот на УНМИК Бернар Кушнер ја формираше преодната влада на Косово за што во Приштина потпиша документот со албанските политички претставници. Документот е напишан на англиски и на албански јазик и е донесен без консултација со претставниците на Србија. Извршниот одбор на Српскиот национален совет на Косово и Метохија заклучи дека со создавањето на преодната влада УНМИК го продлабочил јазот меѓу Србите и Албанците.
1999 Во Собранието на Република Македонија е извршена свечена инаугурација на новиот (втор по ред по осамостојувањето, по Киро Глигоров) претседател на Република Македонија Борис Трајковски.
2000 Украинскиот претседател Леонид Кучма нареди да се затвори нуклеарната електрана во Чернобил во која 14 години претходно се случи најголемиот инцидент во историјата на нуклеарните централи.
2004 На југот на Франција свечено е отворен највисокиот друмски мост во светот „Мијо“, чиј највисок столб има 340 метри. Мостот, долг два километри, е заеднички француско-британски потфат.
 
1531.Папата Клемент VII нареди во португалската престолнина Лисабон да отпочне инквизицијата.
1538 Папата Павле III го исклучи од римокатоличката црква англискиот крал Хенри VIII кој претходно себе се прогласи за поглавар на Англиканската црква.
1718 Англија и објави војна на Шпанија.

1749 Роден е Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. Компонираше претежно комични опери. Умре на 11 јануари 1801 година.
1778 Роден е англискиот хемичар Хамфри Дејви, претседател на Кралското друштво во Лондон, кој со помош на електролиза прво го доби натриумот, а потоа калиумот и калциумот во елементарна форма. Докажа дека хлорот е хемиски елемент, како и тоа дека некои киселини не содржат кислород. Ја пронајде рударската лампа и го откри електричниот лак.
1788 Под команда на маршалот Григориј Потемкин, Русите ги победија Турците и го зазедоа црноморскиот град Очаков.
1830 Во Санта Марта, во Колумбија, умре Симон Боливар, јужноамерикански војсководец и државник, водач на револуцијата, кој независност од Шпанија прво и донесе на денешна Венецуела, а потоа и на Колумбија, Еквадор, Панама, Перу и на Боливија. Стана симбол на борбата за независност на Латинска Америка. Роден е во Каракас, Венецуела, на 24 јули 1783 година.
1881 Умре Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата „Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата“. Роден е на 21 ноември 1818 година.
1903- Во Северна Каролина, во САД, Орвил Рајт (1871 - 1948), со леталото "Флаер - 1", изврши прв лет на растојание од 36,5 метри, со брзина од 48 км. на час и на височина од 2,5 до 3,5 метри за 12 секунди.
1907- Во Белфаст умре Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведување на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатланскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Роден е на 26 јуни 1824 година.
1919- Во Кан умре Пјер Огист Реноар, француски сликар, еден од најголемите сликари на своето време. Најпознати негови слики се "Капачки", "Мулен" и "Лука". Со своите слики првпат се појави на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година. Роден е на 25 февруари 1841 година.
1922 Последните британски војници ја напуштија Република Ирска.
1962 Во Скопје умре Крсто Гермов - Шаќир војвода, македонски револуционер, прилепско-мариовски војвода, учесник во Илинденското востание и во Балканските војни. По ослободувањето на Македонија стана народен пратеник и како најстар пратеник, на 1 септември 1946 година, во Скопје го отвори Првото заседание на Македонското народно собрание. Роден е во Прилеп, во 1876 година.
1971 Индијско-пакистанската војна која се водеше заради Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) заврши со предавање на 90.000 пакистански војници.
1983 Во пожар во една десеткатница во Мадрид загинаа 83 луѓе.
1985 Воената влада на Уганда и нејзините герилски ривали договорно ја поделија власта и ја окончаа петгодишната граѓанска војна.
1987- На островот Маун Дезерт, во американската држава Мејн, умре Маргарет Јурсенар, француска писателка, романсиер, есеист, драматург, прва жена примена во француската академија (1980). Првиот роман "Алексис или залудната борба" го објави во 1929 година. Својот најпознат роман "Хидријановите мемоари" го објави во 1951 година. Последните четириесет години од животот живееше во САД. На француски преведуваше американски класици, грчка поезија и јапонска литература. Родена е во Брисел како Маргарет де Креанкур, во 1903 година.
1987- Во Скопје умре примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. Учествуваше во НОВ, беше член на АСНОМ, секретар на Владата на НР Македонија и помошник министер за народно здравје. Со својот труд даде огромен придонес за развој на здравството во Македонија. Роден е во Свети Николе, во 1911 година.
1989 На првите директни претседателски избори во Бразил после 29 години победи Фернандо Колор де Мело.
1991 Турција ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.
1993 Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
1993 Во Лас Вегас, во Невада, САД, Фудбалскиот сојуз на Македонија е примен за придружен член на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
1996 Бунтовниците на перуанското левичарско герилско движење „Тупак Амар“ ја зазедоа јапонската амбасада во Лим, заканувајќи се дека ќе ги убие сите 490 заложници доколку власта во Перу не ги ослободи од затвор неговите 300 соработници.
1996 Генералното собрание на Обединетите нации за нов генерален секретар на светската организација, со петгодишен мандат, го избра дипломатот од Гана Кофи Анан, кој стапи на должноста на 1 јануари 1997 година, заменувајќи го египетскиот дипломат Бутрос Гали, чиј реизбор го спречија САД.
1997 Табо Мбеки го наследи Нелсон Мандела на функцијата претседател на јужноафриканската владејачка партија Африкански национален конгрес.
1998 САД ја поддржаа Велика Британија во започнатиот четиридневен воздушен напад врз Ирак, чии мети, како што беше официјално соопштено, беа нуклеарните, хемиските и биолошките ирачки воени потенцијали.
 
1398.Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан (Тимур Ленк) го зазеде индискиот град Делхи.
1644 Веднаш по полнолетството на престолот застана шведската кралица Кристина Аугуст, која одма и стави крај на војната со Данска, а во 1648 година и на Триеседгодишната војна со што Шведска стана голема сила на Балтикот. Абдицираше во 1654 година кога се откри дека тајно премина во римокатоличката вера која тогаш беше забранета во Шведска.
1709 Родена е руската царица Елисавета Петровна Романов, ќерка на Петар Велики. Нејзиното владеење од 1741 до 1762 година не е карактеристично со територијално проширување на Русија како што беше карактеристично за нејзиниот такто, како и за Катерина Велика, која на престол дојде неколку месеци по смртта на Елисавета.
1737 Умре Италијанецот Антонио Страдивари, најпознат светски мајстор на виолини и други гудачки инструменти. Направи околу 1.100 виолини, виоли и гитари. Со неговиот потпис сочувани се околу 500 виолини, 12 виоли и 50 виолончела. Стручњаците не ја открија тајната на совршеството на резонанците на неговите виолини. Се знае дека дрвото го купуваше во Далмација, главно елово и врбово, но не се знае хемискиот состав на лакот - од светло црвена до темно црвена - со кој ги премачкуваше инструментите.
1786- Во Ојтин е роден Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент. Покрај Шуберт, тој е главен претставник на германскиот романтизам. Познати се неговите опери "Евријанте", "Волшебниот стрелец" и "Оберон". Умре во Лондон во 1826 година.
1803 Умре германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер, кој со делото „Идеи за филозофија на историјата на човештвото“ значително влијаеше на младиот Јохан Волфганг Гете, на книжевното движење „ssturm und drang“ и на целиот германски романтизам. Едно од најголемите негови дела е збирката на народни песни „Гласови на народот во песните“.
1828- Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, во кој загинаа 30.000 луѓе.
1829- Умре Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и филозоф, основач на учењето за развитокот на живите суштества. Според него, живите суштества ја менуваат структурата и некои органи, зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Роден е на 1 август 1744 година.
1856 Роден е англискиот физичар Џозеф Џон Томсон, претседател на Кралското друштво во Лондон, професор на Универзитетитот во Кембриџ, како и добитник на Нобеловата награда за физика во 1906 година. Во 1897 година го откри електронот, како и атомската структура на електрицитетите и ја даде научната основа за спроведување на електрицитетот низ гасовите.
1863 Роден е австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Фердинанд. Неговото убиство во Сараево во 1914 година Австроунгарија го искористи како изговор за напад врз Србија, почнувајќи ја така Првата светска војна.
1865- Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1903 Со меѓусебен договор меѓу Америка и Панама, зоната на Панамскиот канал е ставена под контрола на САД.
1911 Роден е францускиот филмски режисер Жил Дасен. Филмови: „Брутална сила“, „Рифифи“, „Оној кој мора да умре“, „Закон“, „Федра“.
1913- Роден е Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Како канцелар (1969-1974), со своето поклонение на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година придонесе за унапредување на односите меѓу СР Германија и источноевропските земји. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Умре во Укел, кај Бон, на 8 октомври 1992 година.
1916 Французите кај Верден прецизно ги утврдија точките на Западниот фронт по десетмесечните битки во Првата светска војна против Германците. Во најмасовната и најкрвавата битка во војната, загинаа 543.000 Французи и 434.000 Германци.
1935 Едвард Бенеш е избран за претседател на Чехословачка, четири дена по оставката на првиот шеф на државата Томаш Масарик.
1940 Со тајниот план под шифрата „Операција Барбароса“, германскиот водач Адолф Хитлер му нареди на Генералштабот на германската армија да подготви инвазија врз Русија во Втората светска војна.
1941- Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
1947 Роден е американскиот филмски режисер Стивен Спилберг, автор на низа исклучително финансиски успешни филови. Филмови: „Нешто ѓаволско“, „Дуел“, „Тексас експрес“, „Ајкула“, „Блиски средби од трет вид“, триологијата за Индијана Џонс, „Шиндлеровата листа“.
1948 Холандија ја обнови офанзивата врз бившата колонија Индонезија (Холандска Источна Индија) која прогласи независност во 1945 година. Ја зароби владата на Ахмед Сукарно, прекршувајќи го договорот со кој во 1946 година ја призна неговата влада. Сукарно и уште десетмина водачи беа истерани во прогноство, но под притисок на движењето на отпорот и светското јавно мислење Холандија со договорот во Хаг во 1949 година безусловно го призна суверенитетот на Индонезија, без Западен Иријан.
1956- Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1958 Прогласена е Република Нигер, како самостојна држава во Екваторијална Африка. Дотогаш беше француска колонија.
1961 Индиската армија влезе во Гоа, португалска колонијална енклава на западниот брег на Индија. Гоа беше португалска колонијална енклава од самиот почеток на 16. век.
1965- Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970- Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1972 Американците во Виетнамската војна отпочнаа со масовно бомбардирање на главниот град на Виетнам, Ханој. Во текот на 12-деноноќно бомбардирање, наречено „божикно бомбардирање“, бомбите од џиновските авиони „В 52“ усмртиле повеќе од 1.600 виетнамски цивили. Исто така загинаа и беа заробени 70 американски пилоти.
1973 Сирија одби да учествува на женевските разговори за Блискиот Исток.
1980 Умре советскиот државник Алексеј Николајевич Косигин, претседател на Советскиот Сојуз. Во Црвената армија стапи во 1918 година како доброволец. Од 1964 година по падот на Никита Хрушчов, до пред самата смрт ја обавуваше должноста претседател на Министерскиот совет (влада).
1994 Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1995- Во Фулда умре Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот. Тој го конструира првиот електронски компјутер во светот под назив З3, во 1941 година. Бидејќи Германија беше во војна, оваа новина не можеше веднаш да се презентира. Едно независно истражување во САД доведе до конструирање на сличен апарат во 1944 година под називот Мар 1. Роден е во 1910 година.
1995 Во несреќата на заирски патнички авион, кој се урна во северна Ангола, загинаа 141 патник и член на екипажот.
1999 Претседателката на Шри Ланка Кандрика Кумаратунга е повредена во експлозија на една од двете бомби во која загинаа 33, а беа ранети 137 лица. Власта за овој терористички акт во Коломбо ги обвини тамилските сепаратисти.
2001 Умре францускиот пејач Жилбер Беко, шансоњер кој скоро половина век компонираше повеќе од 400 песни, вклучувајќи ја и прочуената „Натали“. Неговиот хит „А сега“, доживеа голем успех во англиска верзија во интерпретација на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд.
2005 На претседателските избори во Боливија победи Евро Морале, како припадник на индијанскиот народ Ајмари.
 
1582 Во Франција е воведен Грегоријанскиот календар. Папата Грегорие Осми, изврши реформи на Јулијанскиот календар отстранувајќи ја разликата од 10 дена и нареди зад четврток - 4 октомври 1582 година, следниот ден да се смета како петок 15 октомври, а секоја четврта година да биде престапна. Тоа се главно основите на Грегоријанскиот календар што набрзо почнаа да го прифаќаат и другите европски земји.
1699 Рускиот цар Петар Велики го модернизираше рускиот календар, соопштувајќи дека Нова година ќе почнува на 1 јануари, а не на 1 септември како што беше дотогаш. Петар тогаш го отфрли византискиот календар поведувајќи се по европскиот пример.
1795 Роден е германскиот историчар Леополд фон Ранке, професор на Берлинскиот универзитет и член на Пруската академија на науките. Тој главно се бавеше со историјата на германскиот и романскиот народ, но пишуваше и за народите од централана и југоисточна Европа. Студираше теологија и филологија, а докторираше филозофија. Дела: „Француска историја“, „Англиска историја“, „Римскиот папа“, „Германска историја за време на реформите“.
1830 Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците за да формираат независна држава.
1860 Јужна Каролина прва се отцепи од САД. Тоа беше вовед во четиригодишната граѓанска војна која почна во 1861 година.
1894 Роден е австралискиот државник Гордон Мензис, премиер на Австралија со најдолг стаж. Беше шеф на владата како лидер на Обединетата австралиска партија од 1939 до 1941 година, а потоа како водач на Либералната партија од 1949 до 1966 година. Значително придонесе за јакнањето на влијанието на САД во Австралија со што земјата ја вовлече на американска страна во Виетнамската војна.
1902 Француските научници Марија и Пјер Кири лабораториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека Марија Кири успеа лабораториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика.
1909 Во Охрид е роден Андон Дуков, македонски ликовен уметник и борец во НОВ на Македонија. На 16 февруари 1944 година борци на Првата македонско-косовска НОУ бригада го пронајдоа смрзнат и бос, со празен ранец на грбот и со пушка која ја држел со згрчени раце.
1912 По победата на балканските сојузници кои ги освоија речиси сите турски европски поседи, во Лондон почна мировната конференција меѓу Турција и блаканските земји.
1923 Во Штип е роден Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. Тој е еден од основоположниците на модерната македонска литература. Неговата прва книга стихови "Песни" објавена е во 1944 година. Меѓу другите познати дела се "На Грамос", "Стихови за маката и радоста", "Слеј се со тишината", "Ветерот носи убаво време", "Небиднина" и други. Покрај писателската дејност тој беше уредник на книжевните списанија "Иднина", "Нов ден", "Хоризонт" и "Современост". Умре во Скопје на 20 јануари 1982 година.
1925 Во Прилеп е роден Властимир Николовски, еден од најголемите македонски композитори во историјата на повоената македонска музика и академик. Меѓу бројните дела познати му се ораториумот „Клименту“, кантатата „Сердарот“, симфониите “Бревис“, „Барбара“ и „Рустика“ и други. Умре во Скопје, на 28 март 2001 година.
1937 Умре германскиот генерал и воен писател Ерих Фридрих Вилхелм Лудендорф, еден од клучните германски команданти во Првата светска војна. На почетокот на војната успешно ги раководеше операциите на Источниот фронт, а во 1916 година беше поставен за прв помошник на штабот на Врховната команда. Дела: „Тотална војна“, „Моите воени спомени 1914-1918“.
1960 Основан е Фронтот на национално ослободување на Јужен Виетнам, познат како Виетконг, антиамериканско герилско движење кое во содејство со армијата на Сверен Виетнам во 1975 година извои победа над војската на САД и силите на јужновиетнамската влада.
1968 Умре американскиот писател Џон Стајнберк, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1962 година. Дела: романите „Плодови на гневот“, „Зимата на нашето незадоволство“, „Источно од рајот“, „Квартот Тортиља“, „За глувците и луѓето“, „Во неизвесна битка“, патописот „Патувањата со Чарли“, есејот „Краткото владеење на Пипин Четврти“.
1970 Владислав Гомулка, шефот на владејачката Полска обединета работничка партија (комунисти) поднесе оставка поради притисокот од работничките немири. Него го наследи Едвард Гјерек.
1970 Претседателот на Пакистан Ага Мохамед Јахја Кан поднесе оставка по поразот на трупите на неговата земја од индијската армија во Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) и му ја предаде власта на Зулфикари Али Бут.
1971 Во Москва умре Александар Трифонович Твардовски, еден од најголемите руски поети. Се смета за еден од предводниците на десталинизацијата во литературата. Од делата познати му се поемите „Вадилиј Тјоркин“ и „По далечината - далечина“, сихозбирката „Од лириката на овие години“ и други. Роден е во 1910 година.
1973 Од експлозија на бомба со разорна моќ поставена под патот и активирана по доаѓањето на неговиот службен автомобил, во Мадрид е убиен шпанскиот претседател на влада адмиралот Луис Кареро Бланко. Беше предвидено на чело на државата тој да го наследи Франциско Франко.
1982 Во Женева умре Артур Рубинштајн, пијанист-космополит, од полско потекло, еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20. век. Роден е во Лоѓ, во Полска, на 28 јануари 1887 година.
1987 Во најголемата мирновременска несреќа на море, сударот меѓу филипинскиот ферибод „Дона Паз“ и еден танкер го преживеаја само 11 од 4.397 патници и членови на екипажот на ферибодот. „Дона Паз“ беше регистриран за превоз на најмногу 1.500 луѓе.
1989 САД ја почнаа инвазијата врз Панама со 12.000 војници, на кои им се придружија уште толку американски војници стационирани во земјата поради отстранување на поранешниот американски штитеник претседателот на владата Мануел Антонијо Норијего.
1990 Шефот на советската дипломатија Едвард Шеварнанѕе ненадејно поднесе оставка, предупредувајќи го парламентот на опасноста од воспоставување диктаторски поредок во земјата.
1993 Кралството Шведска и Кралството Норвешка воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994 Непопустливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани.
1994 Собранието на Република Македонија донесе одлука за избор на Владата на Република Македонија. За претседател на Владата е избран Бранко Црвенковски.
1995 Американскиот авион „Боинг 757“ со 163 патници и членови на екипажот, кој леташе од Мајами кон колумбискиот град Кали, се урна во планините на југозападна Колумбија, а несреќата ја преживеаја само четири лица.
1996 Во Сиетл умре Карл Саган, американски астроном и писател, добитник на Пулицеровата награда во 1978 година за неговата книга „Змејовите од рајот“. Други негови познати дела се „Космос“, „Марс и човековиот ум“, „Други светови“ и други дела. Роден е во 1934 година.
1998 Американката Нкем Чуква, со нигериско потекло, роди осумка, што беше прв таков познат случај. Седум дена подоцна умре најмалото бебе.
1999 Со симболично навлегување на единиците на кинеската армија, португалската енклава Макао по четири и пол века стана дел од Кина. Пристанишниот град Португалците почнаа да го градат во 1557 година, а со договорот помеѓу Лисабон и Пекинг градот и територијата околу него во 1887 година официјално стана португалска колонија.
2001 Умре сенегалскиот државник и писател Леполд Седар Сенгор, поранешен претседател на Сенегал, еден од најистакнатите африкански лидери и светски познат писател. Шеф на државата стана во 1960 година и на таа функција остана две децении.
2001 Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја усвои резолуцијата за испраќање меѓународни сили во Авганистан под команда на Велика Британија.
2001 Умре Борко Темелкоски - Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Прилеп, на 11 август 1933 година.
 
1118.Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година беше погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно беше близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрираше во Франција. По враќањето, одби да положи заклетва пред кралот „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата и со одлука на Хенри Втори беше погубен во Кентерберската катедрала. Беше прогласен за светец во 1173 година и неговиот гроб во катедралата стана едно од попривлечните места за верниците во седновековна Европа.
1375 Умре Џовани Бокачо, славен италијански писател и хуманист. Пишуваше песни, романи и новели. Најпознато дело му е "Декамерон", збирка од сто новели. Во ова дело на најдобар начин е регистриран ренесансниот дух, кој ја отфрли средновековната строгост, алегоричноста и опседнатоста со вонземски живот. Од "Декамерон" земаа методи Молиер, Шекспир, Марин Држиќ и други. Познати се неговите дела "Дантеовиот живот" и "Физаметас".
1639 Роден е Жан Расин, француски поет и драмски писател од епохата на класицизмот. Негови познати дела се „Андромаха“, „Британикус“, „Федра“, „Парничари“ и други. Умре на 21 април 1699 година.
1781 „Патентот за толеранција“ кој го изработи австрискиот цар Јосиф Втори, ги изедначи сите вероисповести во Монархијата. Тогаш беше овозможено вработување и на неверниците во државната служба, што дотогаш беше привилегија исклучиво на римокатолиците.
1804 Роден е англискиот државник и писател Бенџамин Дизраели, основач и водач на конзервативците. Беше двапати премиер, првпат во 1869, и вторпат од 1874 до 1880 година. Дизраели беше еден од главните протагонисти на експанзиската политика на Велика Британија во втората половина на 19. век. Почна освојувачка војна против Бурите во 1877 година, војуваше против Авганистан и го стави под британски протекторат, а во 1878 година го освои и Кипар. Беше противник на Русија и Франција, а ги поддржуваше Австроунгарија и Турција.
1817 Гувернерот Лаклан Меквори формално го прифати називот „Австралија“ за британска колонија.
1842 Роден е рускиот револуционер Петар Алексеевич Кропоткин, анархистички теоретичар и противник на марксизмот. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“, „Записи на револуционерите“.
1873 Во Дубровник е роден Благое Берса, истакнат хрватски композитор. Значително влијаеше врз помладите генерации на хрватските композитори. Умре во Загреб, на 1 јануари 1934 година.
1879 Во Горки, Грузија, е роден Јосиф Висарионович Џугашвили - Сталин, советски државник и политичар, долгогодишен раководител на КПСС и на СССР, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на оружените сили на СССР, маршал и генералисимус. Умре во Москва, на 5 март 1953 година.
1892 Родена е англиската писателка Ребека Вест. Нејзиното право име е Сесилија Изабела Ферфилд. По престојот во Кралството Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патеписно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: романите „Војниковото враќање“, „Судија“, „Харијет Хјум“, студиите за велепредавство „Значењето на предавството“, „Воз со барут“.
1900 Американскиот лекар Волтер Рид со експеримент врз еден доброволец успеа да докаже дека жолтата треска ја пренесуваат еден вид комарци. Неговото откритие доведе до отстранување на оваа болест.
1901 Италијанскиот научник Гуљелмо Маркони, од градот Полди во Корнвол, Англија, со помош на антена испрати еден единствен сигнал, буквта С од Морзеовата азбука, преку Атлантикот, на оддалеченост од 3.000 километри. Приемот стигна во Њуфаундленд, во САД.
1917 Роден е германскиот писател Хајнрих Теодор Бел, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година, мајстор за кратки приказни доловувајќи ја атмосферата на ликовите и ситуациите во неколку реченици. Дела: „И не кажувај ни збор“, „Куќа без чувар“, „Мислењето на еден кловн“, „Групна слика со дамата“, „Возот беше точен“, „на крајот од службениот пат“.
1918 Роден е австрискиот политичар Курт Валдхајм. Од 1972 до 1981 година беше генерален секретар на ОН. Како офицер во германската војска во текот на Втората светска војна се наоѓаше на територијата на Југославија и на Грција, за што постојат сериозни индиции дека тогаш стори воени злосторства. Од 1985 до 1992 година беше претседател на Австрија.
1937 Родена е американската филмска глумица Џејн Фонда, ќерка на филмската ѕвезда Хенри Фонда. Беше општествено ангажирана, посебно против учеството на САД во Виетнамската војна, но и на други полиња, против расизмот и борец за правата на жената.
1922 Во Кавадарци е роден Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, мислител, државник, новинар и публицист. Умре во Врела, кај Макарска, на 1 август 1968 година.
1937 Во Холивуд е одржана премиерата на филмот „Снежана и седумте џуџиња“ на Волт Дизни, првиот целовечерен цртан филм во филмската историја.
1940 Умре американскиот писател Френсис Скот Ки Фиџерланд, претставник на „изгубената генерација“ и „времето на џезот“ по Првата светска војна. Дела: романите „Големиот Гетсби“, „Блага е ноќта“, збирка песни, есеи и белешки „Прскање“, збирката приказни „Приказни од времето на џезот“.
1945 Умре американскиот генерал Џорџ Смит Патон, од последици во сообраќајна несреќа во Германија. Во Втората светска војна се истакна како енергичен и вешт командант на оклопните единици. Дела: „Војната како што јас ја гледав“.
1945 Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, Костурско на ѕверски начин беа убиени.
1953 Поранешниот ирански претседател на владата Мухамед Мосадик, кој беше сменет со воениот удар во август 1953 година, беше осуден на три години затвор поради наводниот обид за бунт против шахот Резе Пахвали. Во 1944 година ја водеше борбата против странските петролејски компании, но во август 1953 година беше соборен од местото претседател на владата.
1958 Гернералот Шарл де Гол е избран за прв претседател на Петатта република. Со новиот устав тој се здоби со овластувања какви што до тогаш немал ниеден претседател на Франција.
1967 Во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, умре Луис Ваткански, првиот човек на кого му беше трансплатнирано срце. Неговото срце работеше во неговите гради 18 дена по пресадувањето.
1968 Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод "Аполо - 8" со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година успешно се спушти на Земјата.
1972 Источна и Западна Германија постигнаа договор за добрососедски односи и воспоставија дипоматски врски, формално завршувајќи го непријателството кое траеше повеќе од две децении.
1988 Авион на американската компанија „Пан Ам“ на линијата Лондон - Њујорк експлодира врз шкотското место Локерби. Во несреќата загинаа 259 луѓе во авионот „боинг 747“ и 11 лица на земја. Либија подоцна беше обвинета дека е одговорна за овој терористички напад.
1989 Претседателот на Романија Николае Чаушеску прогласи вонредна состојба во жупанијата Тимиш, во која два дена претходно избија масовни демонстрации против неговиот режим. Немирите набрзо се проширија и во Букурешт, а по неколкудневните демонстрации и судири, поради тоа што војската застана на страната на побунетите, неговиот режим е симнат. По судењето, за многу кратко време заедно со Елена, неговата сопруга, беа стрелани во дворот на касарната во Трговиштe.
1993 Јапонија ја призна Република Македонија.
1993 Претседателот на Русија Борис Елцин го распушти Министерството за безбедност, наследник на моќната тајна полиција КГБ, кажувајќи дека тоа го сторил затоа што Министерството пропуштило благовремено да го предупреди на опасниот развој на случувањата и затоа што тие сили кои со децении ги застрашувале граѓаните не е можно да се реформираат.
1994 Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата "Топол - М", претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1994 Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека откриените мумии се стари 800 години.
1994 Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
1995 Во Бадрашин, град 28 километри јужно од Каиро, загинаа 75 луѓе кога патнички воз удри во друг воз во густа магла.
1999 Во Скопје умре Војкан Јовановиќ, првенец на Операта на Македонскиот народен театар. Роден е во Ниш, во 1964 година.
2001 Американски авиони усмртија 65 луѓе при бомбардирање на конвојот со возила на авганистански племенски водачи кои патувале за Кабул за да учествуваат на прогласувањето на новата влада.
 
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој во Египет се прогласи за цар, во Рим го убија царот Аула Вителиј.
1639 Роден е францускиот писател Жан Расин, истакнат претставник на класицизмот кој во своите дела до совршенство ја доведе француската трагедија. Пишуваше со многу мелодичен стил. Дела: трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Митридат“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.
1666 Умре италијанскиот сликар Гверчино, припадник на болоњската сликарска школа, водечки мајстор на барокот. Најмногу сликаше цркви и палати, а особено е познат по композицијата „Аурора“ во римската палата Касино Лудовизи, која е еден од најубавите примери на илузионерското сликарство.
1790 Руските трупи под командата на Александар Суворов ги разбија Турците и го зазедоа градот Исмаил, важно пристаниште на Дунав.
1858 Во Лучи е роден Ѓакомо Пучини, по Верди најголем италијански оперски композитор. Се здоби со светска слава со оперите „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Макон Леско“ и „Боеми“. Умре во Брисел, на 29 септември 1924 година.
1880 Во Лондон умре Мери Ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се „Воденицата на Флоси“, „Сајлес Марнер“, „Адамс Бид“, „Ромола“ и други. Родена е на 22 ноември 1819 година.
1894 Францускиот артилериски капетан Алфред Драјфус беше осуден на доживотна робија, врз основа на монтираното обвинение дека на Германија и продавал воени тајни. Беше испратен во еден од најлошите затвори во светот, на Ѓаволските острови во Француска Гвинеја. Во негова одбрана застана најславниот писател во тоа време Емил Зола кој во отвореното писмо до претседателот на Републиката храбро и одлучно ги образложи сите факти и изрази уверување дека Драјфус е невин. Во 1906 година Драјфус беше рехабилитиран, вратен во војската и унапреден во чин мајор.
1895 Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рендген ја направи првата рендген снимка. Снимката ја направи на раката на неговата сопруга.
1902- Во Крушево е роден Васил Иљоски, академик, еден од најпознатите драмски писатели меѓу двете светски војни, книжевен научник, есеист и истакнат педагошки работник, автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Меѓу неговите најзначајни дела се: "Бегалка", "Ленче Кумановче", "Чорбаџи Теодос", "Чест", "Кузман Капидан", "Син и татко", "Окрвавен камен", "Свадба" и други. Од особено значење се и неговите трудови од областа на фолклорот, филологијата и литературата. Умре во Скопје, на 1 ноември 1995 година.
1908- Во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Во 1939 година во Загреб ја отпечати познатата стихозбирка "Бели мугри", која претставува вреден израз на стремежите на македонскиот народ и дефинитивно утврдување на македонскиот јазик и афирмацијата на македонската национална култура. Загина во несреќен и нејасен случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.
1917 Во Брест-Литовск во Првата светска војна почнаа мировните преговори меѓу Германија и новата руска влада воспоставени со Октомвриската револуција.
1920 Во Париз е роден Пјер Каст, француски режисер и писател. Умре во Париз, на 21 октомври 12984 година.
1940 Во сообраќајна несреќа загина американскиот писател Натаниел Вест. Дела: романите „Госпоѓиците со осамени срца“, „Добар милион“, „Ден на скакулците“.
1942 Американски бомбардери го нападнаа главниот град на Бурма (денешен Мјанмар) - Рангун (денешен Јангон), кој во Втората светска војна беше окупиран од Јапонија.
1943- Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културно-просветното поле и друго.
1944 Умре американскиот филмски глумец Хри Ленгдон, глумец со детски лик, еден од највпечатливите ликови во американската бурлеска во времето на немиот филм. Филмови: „Насилник“, „Долги пантолони“, „Тројца се веќе премногу“.
1944 Во провинцијата Каобанг, од партизанските трупи, одредите за самоодбрана и народна одбрана, формиран е првиот одред на Виетнамската ослободителна армија.
1947 Формирани се македонските градежни претпријатија „Маврово“ и „Бетон“.
1956 Последните британски и француски војници кои учествуваа во Суетската војна (нападот врз Египет) го напуштија египетското пристаниште, градот Порт Саид.
1958 На двегодишнината од Суетската војна, Франција и Египет потпишаа трговски договор.
1969 Умре американскиот филмски режисер од австриско потекло Џозеф фон Штернберг визуелен перфекционист, мајстор на светло и контраст. Филмови: „Подземје“, „Синиот анѓел“, „Мароко“, „Една американска трагедија“, „Шангај експрес“, „Црвена кралица“, „Шангасјко подземје“, „Макао“.
1979 Умре американскиот филмски продуцент Дерил Френсис Занук, кој во 1933 година ја основа филмската компанија „Tventi sencceri foks“. Беше продуцент на низа значајни филмови: „Се за Ева“, „Вива Запата!“, „Најдолгиот ден“, „Корени на небото“, „Младиот господин Линколн“.
1984 Во Скопје, во составот на весникот „Вечер“ излезе првиот број на „Единство“, весник на Републичката конференција на Сојузот на резервните воени старешини на Македонија.
1988 Јужна Африка потпиша договор со Обединетите нации, со кој и даде независност на Намибија, последната колонија на Африканскиот континент, поранешна германска колонија (Југозападна Африка) од Првата светска војна која беше под управа на Британија.
1989 Умре ирскиот писател Семјуел Бекет, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1969 година. Дела: „Марфи“, „Крај на играта“, „Последна лента“, „Игри без зборови“, „Среќни денови“, „Игра“, „Не јас“.
1992 Во Триполи беше соопштено дега загинаа сите 158 Либијци и странци при падот на либијскиот авион „боинг 727“. Авионот леташе на домашна линија.
1993 Алина Фернандес Ревуелта, ќерка на кубанскиот претседател Фидел Кастро, ја напушти Куба и доби политички азил во САД.
1993 Јужноафриканскиот „бел“ парламент ја оконча ерата на апартхејдот, со што беше овозможено одржувањето на првите серасни избори во историјата на Јужна Африка.
1994 Италијанскиот премиер Силвио Берлускони поради обвинение за корупција поднесе оставка.
1995 Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
1996 Герилците на перуанското левичарско движење „Тупак Амаро“ со „безжичен гест“ како што го нарекоа, во јапонската амбасада во Лима ослобидија 225, а задржаа 140 заложници.
2001 Водачот на племето Паштуни во Авганистан Хамид Карзаи на церемонијата во Кабул положи заклетва како претседател на привремената влада.
 
1777.Роден е рускиот цар Александар Први Павлович Романов. Тој е познат по спроведувањето на серија пролиберални реформи од самиот почеток кога седна на престолот во 1801 па речиси до неговата смрт во 1825 година. Во 1807 година склучи сојуз со францускиот цар Наполеон Први против кого претходно војуваше во сојуз со Австрија, Прусија и Англија. Од Шведска ја презеде Финска, која во 1809 година беше приклучена на Русија како големо кнежество под руската круна. Кон Русија ја припои Полска освен деловите кои им припаѓале на Прусија и Австрија, а по победата во војната со Османлиското царство и Бесарабија. Сојузништвото беше раскинато со Наполеоновиот поход на Русија во 1812 година, кога француската армија го претрпе пресудниот пораз, а Александар Први триумфално влезе во Париз. Во вториот период од владеењето ги напушти пролибералните тендецнии и стана вистински мистик.
1790 Роден е францускииот ориенталист Жан Франсоа Шамполион, основач на египтологијата. Дешифрира 1.822 египетски хиероглифи од плочата пронајдена во 1799 година во египетското место Решид и утврди дека хиероглифите не се само симболичко туку и фонетско писмо.
1804 Роден е францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Почна со романтичарски песни и со романот „Наслада“, а потоа потполно се посвети исклучиво на книжевната критика и историја. Останати дела: песните „Животот, поезијата и мислите на Жозеф Делорм“, критиките „Книжевни портрети“, „Пор-Ројал“, „Разговори во понеделник“.
1810 Роден е германскиот египтолог Карл Ричард Лепсијус, кој се смета за основач на модерната археологија. Неговите „Египетски хронологии“ претставуваат темел во научното изучување на раната египетска историја.
1832 Франција го зазеде Антверпен, принудувајќи ја Холандија да ја признае независноста на Белгија.
1834 Умре англискиот економист и демограф Томас Роберт Малтус.
1861 Османлиското царство беше принудено да го прифати обединувањето на Влашка и Молдавија. Тогаш е формирана Романија.
1872 Умре францускиот писател Теофил Готје. Дела: „Госпоѓицата де Мопен“, „Капетан Фракус“, „Историја на романтизмот“.
1902 Во Велес, во близина на училиштето „Св. Ѓорѓи“, во борба против турската патрола (откако претходно беше поткажан), за да не падне жив во рацете на непријателот се самоуби Миле Поп Јорданов, македонски револуционер и учител. Македонскиот народ го овековечи со песната „Бог да го прости Миле Поп Јорданов, кој загина за народот и за Македонија“. Роден е во Велес, во 1878 година.
1906 На врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, во борба против османлиската војска загина Дамјан Јованов - Даме, учител, еден од основачите на ВМРО во Солун, во 1893 година, истакнат организатор и раководител на националноослободителното движење на македонскиот народ на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школуваше во родното место - селото Смилево, Демирхисарско, а потоа во Солунската машка гимназија. Од 1891 до 1893 година беше учител во селото Смилево и во Прилеп. Од летото 1894 година почна да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Беше учител во Штип и инспектор во Солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ. Во август 1900 година беше уапсен и затворен во битолскиот затвор, а од мај 1902 година беше заточен во Подрум Кале, во Мала Азија. Беше претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој беше избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествуваше. По неуспехот на востанието ја продолжи својата револуцинерна дејност. Во 1904 година претседаваше на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време беше и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година. Роден е на 19 јануари 1871 година.
1918 Роден е германскиот државник Хелмут Шмит, еден од лидерите на Социјалдемократската партија, кој по повлекувањето на Вили Брант, од 1974 до 1982 година беше канцелар на Западна Германија. Претходно во владата на Брант од 1969 до 1972 година беше министер за одбрана, а од 1974 министер за стопанство и за финансии.
1920 Франција и Велика Британија ја одобрија конвенцијата со која се одредени границите на Сирија и Палестина.
1924 Во Милано, од агентите на бугарскиот двор - врховистите, е убиен Петар Чаулев, македонски револуционер, еден од потписниците на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО во 1924 година, во кој е прокламирана борбата за ослободување и обединување на сите делови на Македонија во независна политичка единица во рамките на една балканска федерација. Својата револуционерна дејност ја започна уште пред Илинденското востание и беше учесник во истото, како војвода во Крушевско и во Охридско. Роден е во Охрид, во 1882 година.
1925 Роден е францускиот политичар Пјер Ежен Береговј, шеф на француската влада од април 1992 до март 1993 година кога поднесе оставка по изборниот пораз на социјалистите на парламентарните избори. Неколку седмици подоцна се уби, поради силниот медиумски притисок за земениот поволен станбен кредит.
1933 Роден е јапонскиот цар (микадо) Акихито, кој на престол стапи во 1990, по смртта на својот татко, царот Хирохито.
1944 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Бирлик" на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.
1947 Во Њу Џерси, САД, еден тим научници во лабораториите „Бел“ го демонстрира првиот полупроводник засилувач, односно првиот транзистор.
1948 Во Токио е извршена смртна казна врз седуммина јапонски официјални личности, вклучувајќи го и поранешниот претседател на влада Хедеки Тоџа кого Меѓународниот воен суд го осуди на смрт заради „злосторства против човештвото“ во Втората светска војна.
1953 Стрелан е бившиот шеф на злогласната советска политичка полиција НКВД и потпретседател на советската влада Лаврентиј Павлович Берија, кој беше уапсен во средината на 1953 година. Запаметен е по патолошките склоности, вклучувајќи и грабнување девојки и млади жени.
1963 На грчкиот патнички брод „Лаконија“, зафатен со пожар по експлозија во северниот Атлантик, загинаа 128 лица, а 908 беа спасени пред да потони бродот на 29 декември.
1964 На Цејлон (сегашна Шри Ланка) во цикон загинаа најмалку 2.000 луѓе.
1872 Умре рускиот конструктор на авиони Андреј Николајевич Тупољев, кој раководеше со изработка на повеќе од 100 типа на авиони, вклучувајќи ги и бомбардерите и џиновскиот АNТ-20 „Максим Горки“. По Втората светска војна конструираше патнички авиони, меѓу кои и „TU-144“, првиот суперсоничен авион во светот.
1972 Во земјотрес кој го погоди главниот град на Никарагва, Манагва загинаа 7.000 луѓе.
1983 Во Париз умре Фања Фенелон Голдштајн, Французинка која го преживеа логорот Аушвиц, свирејќи во оркестарот на нацистичките офицери. Во 1980 година, според стравотните искуства на Фања Фенелон, беше снимена телевизиската серија во која главната улога ја толкуваше британската артистка Ванеса Редгрејв. Родена е во 1908 година.
1989 САД ги зајакнаа окупаторските сили во Панама со уште 2.000 војници, со што во гушењето на неочекувано големиот отпор на приврзаниците на некогашниот штитеник на Вашингтон, панамскиот лидер генерал Мануел Антонио Норијего, учествуваа 26.000 војници. Подоцна се откри дека тие сториле бројни злодела врз панамските цивили.
1990 Повеќето од Словенците на референдум се изјаснија за отцепување од Југославија.
1991 Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.
1993 Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.
1994 Република Македонија и Република Австрија воспотавија дипоматски односи.
1994 Во Скопје е формирана Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија.
1995 Во индискиот град Дабали, северно од Њу Делхи, во пожар во банкетната сала за време на школска свеченост загинаа најмалку 538 луѓе, повеќето деца од четири и пол до 14 години.
1997 Умре јапонскиот актер Тошрио Мифуне, кој со светска слава се стекна во толкувањето на самурај, посебно во филмовите на режисерот Акира Куросава. Филмови: „Седум самураи“, „Легендата за Мусашија“, „Крвавиот престол“, „Скриената тврдина“, „Јоџимбо“, „Адмирал Јамамото“, „Пекол на Пацификот“, „Црвеното сонце“, „Битката за Мидвер“, „Шогун“.
1998 Врхвониот суд на Белгија пресуди дека бившиот генерален секретар на НАТО Вили Клас е виновен за „пасивна корупција“ во скандалот „Аугуста-Дасо“, односно подмитување при договарања на воените испораки.
2002 Италијанското кралско семејство Савоја, кое беше протерано поради поддршката на Мусолини во Втората светска војна, допатува во кратка посета на Италија, првпат по 56 години од протерувањето.
2004 Умре поранешниот индиски премиер Нарасима Рао, автор на индиските економски реформи 1991-1996 година.
2005 По 138 години во Словачка е укината воената обврска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom