1624.Роден е полскиот крал Јан Трети Собјески, кој во текот на владеењето од 1674 па се до смртта во 1686 година го оневозможи длабокиот продор на Турците во Европа.
1584 Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1740 Роден е францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Маркиз де Сад. Дела: романите „Јустина“ и „Жилиета“.
1789 По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1804 Роден е рускиот композитор Михаил Иванович Глинка, творeц на рускиот национален стил. Автор е на првата руска национална опера „Иван Сусањин“. Според истоимената поема на Александар Пушкин, го напиша либрето за операта „Руслан и Људмила“. Останати дела: фантазија „Камаринскаја“, увертирата „Ноќ во Мадрид“, камерна музика, романси, црковна музика, соло песни.
1840 Роден е Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и извонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството на неговите романи, тој е сметан за најдобар англиски автор од тоа време - „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Познати се неговите дела „Под гринвудското дрво“, „Далеку од лудата толпа“, „Градоначалникот на Кестербриџ“ и други. Умре на 11 јануари 1928 година.
1857 Роден е англискиот композитор и виолинист Едвард Вилијам Елгар. Дела: ораториумот „Геронтијусов сон“, концертните увертири „На југ“, „Енигма за варијациите“, „Фалстаф“, две сомфонии, концерти за виолина и виолончело.
1882 Умре италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди, водач на движењето за обединување на Италија.
1886 Во Пчеликово умре Алексанар Николаевич Островски, руски драмски писател, автор на педесетина драмски дела што ја претставуваат основата на рускиот класичен драмски репертоар. Меѓу најпознатите негови дла се „Бура“, „Мома без мираз“, „Шума“, „Свои сме, ќе се разбереме“, „Волци и овци“ и други. Роден е во Москва, на 31 март 1823 година.
1898 По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.
1902 Во селото Пателе, Леринско, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популрен како народен заштитник. Роден е во селото Пателе.
1904 Во Виндбер, Пенсилванија, е роден Џони Вајсмилер, американски пливач, ватерполист и филмски актер. Беше најуспешен толкувач на ликот на Тарзан во серија филови. Умре во Акапулко, Мексико, на 20 јануари 1984 година.
1916 Во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.
1924 Американскиот Конгрес го призна државјанството на сите преостанати Индијанци, староседелци на територијата на која се создадени САД.
1940 Роден е грчкиот крал Костантин Втори, последниот монарх на Грција кој владееше од 1964 до 1967 година. Воениот режим во Грција ја укина монархијата во 1973 година.
1943 Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смилјан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.
1946 Италијанците на референдум се изјаснија за републиканско уредување, отфрлајќи ја монархијата.
1953 Британската кралица Елизабета Втора е крунисана во Вестминстерската катедрала во Лондон. Таа е прва церемонија која е пренесувана на телевизија.
1983 Советскиот Сојуз од стелит во орбитата на Земјата лансираше нова вселенска сонда за истражување на планетата Венера.
1987 Умре шпанскиот гитарист Андрес Серовиј, најголем мајстор на овој инструмент во 20 век. Со само седум години приредувал концерти ширум светот, извонредно толкувајќи дела на класични мајстори, со што гитарата ја смести во редот на концертните инструменти за серизона музика.
1997 Во Џорџтаун умре Адолфус Док Читам, една од последните американски џез легенди, водечки трубач во оркестарот на Кејб Неловеј. Роден е во Нешвил, на 13 јуни 1905 година.
1999 Во Јапонија, по повеќедецениски полемики, се легализира употребата на средствата за контрацепција.
2006 Умре рускиот вајар Вјачеслав Кликов. Тој е еден од иницијаторите и организатор на Деновите на словенската писменост и култура, а беше и претседател на Меѓународниот фонд за словенска писменост и култура.