На денешен ден!

1944 Основана е Република Ирска, со што заврши унијата меѓу таа островска земја и Данска.
1947 Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија.
1967 Владата на НР Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба.
1971 САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава и е вратен на Јапонија.
1986 Во Скопје, умре Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист. Освен на театарската сцена, играше и во дваесеттина македонски играни филмови ("Републиката во пламен", "Црно семе", "Жед" и "Истрел"). Роден е во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, на 23.03.1940 година.
1992 Во Охрид умре Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Роден е во Велес, на 26.05.1905 година.
 
1990-е формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ.
 
1936.Во местото Горки, кај Москва, умре Алексеј Максимович Пешков, алијас Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Негови најпознати дела се драмите "На дното", "Малограѓани", романите "Животот на Клин Самгин", "Делото на Артанови" и "Мајка". Роден е во Нижни Новогород, на 28.03.1868 година.
1940 Францускиот генерал Шарл де Гол ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла "Французите загубија една битка, но не и војната".
1953 Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет стана Нагиб.
1965 Во Алжир е извршен државен воен преврат. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.
 
1623.Роден е Блез Паскал, француски математичар, физичар, книжевник и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите основни математички операции. Ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Умре на 19.08.1662 година.
1819 Американскиот параброд "Савана" пристигна во англиското пристаниште Ливерпул. Тоа беше првиот брод на водена пара кој го помина Атлантикот.
1862 Конгресот на САД донесе решение за укинување на ропството на својата територија.
1949 Во Загреб умре Владимир Назор, хрватски писател. Пишуваше епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се "Словенски легенди", "Вели Јоже" и дневникот "Со партизаните". Роден е во Постире, на 30.05.1876 година.
1953 Во американскиот затвор „Синг-Синг“ е извршена смртна казна на електрична столица врз Џулиус Розенберг и неговата сопруга Етел. Двајцата беа обвинети за оддавање нуклеарни тајни на Советскиот Сојуз. И по бројните апели од сите страни на светот да им биде поштеден животот, смртната казна беше извршена. Двајцата се прв брачен пар погубен во САД. Наодите во новоотворените руски архиви потврдуваат дека обвинението против нив било вистина.
1961- Велика Британија му даде независност на шеикатот Кувајт, во Персискиот Залив, што беше под нејзин протекторат од 1899 година.
1970 Советскиот вселенски брод „Сојуз - 9“ се врати на Земјата, постигнувајќи нов рекорд во должина на престојот во вселената од 17 дена, 16 часа и 59 минути.
1993 Во Фолмаут умре Вилијам Голдинг, еден од најоригиналните повоени писатели во Велика Британија. Негови најпознати дела се романите "Ритуалите на патувањето" и "Господар на мувите". Во 1980 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Сент Колем Мејџор, Корнвол, на 19 септември 1911 година.
1997 Во Скопје умре Георги Арсовски, македонски писател и литературен критичар. Во 1966 година ја објави првата книга "Приказни за мојот син", а во 1977 година последната книга "Монолози" (поезија). Роден е во Велес, на 15 јануари 1927 година.
1997 Влијам Хејг стана најмладиот водач на британската Конзервативна партија после 200 години.
2001 Во Скопје умре Рајко Јовчевски, македонски писател за деца, преведувач и новинар. Неговата прва објавена книга е "Еден малечок свет" (поезија, 1967 година). Пишуваше и раскази и романи. Роден е во село Луково, Струшко, на 23 февруари 1937 година.
 
1527 Во Фиренца умре Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф. Во своите расправии ги постави темелите на првата граѓанска теорија на државата. Негови најпознати дела се "Владетел", "Историја на Фиренца", "За воената вештина и комедиографијата "Мандрагола". Роден е во Фиренца, на 3.05.1469 година.
1933 Во Архангелское, кај Москва, умре Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Родена е на 5.07.1857 година.
1936 По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работиници на Македонија.
1963 САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на "црвен телефон", меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консулатации меѓу шефовите на двете супер-сили во критични ситуации.
1979 Во издание на НИП "Нова Македонија", Редакција "Вечер", излезе првиот број на енигматскиот забавник "Котелец".
1996 Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.
 
1913 - Dignato e Ohridskoto vostanie predvodeno od VMRO i albanskite revolucioneri od Makedonija protiv srpskata okupatorska vlast.Vostanieto zede poshiroki razmeri vo Ohridsko,Devolsko,Debarca i Kichevsko,kako sledbenik na Tikveshkoto vostanie.Vostanieto beshe krvavo zadusheno,posle 7 dena i osudeno na zaborav od togashnite vlasti i se do den deneshen,malkumina znaat za ovaa vostanie.
 
1818 Францускиот научник Рене Лаенек во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот.
1874 Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. Го истражуваше Сончевиот спектар и ја воводе единицата за бранова должина на светлината - "ангстрем (А)". Роден е во 1814 година.
1905 Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. Тој е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите "Тегобност", "Патишта на слободата", драмите "Валкани раце", "Зад затворени врати", филозофските дела "Битие и ништожност" и "Критика на дијалектичкиот ум". Во 1964 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 15.04.1980 година.
1935 Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.
1994 Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.
1994 Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1996 Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
1805.Во Џенова е роден Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј, Франција го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Умре на 10.03.1872 година.
1907 Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се "Рамнодушни луѓе", "Конформист", "Римјанка", "Презир", "Чочара" и "Римски приказни". Умре во Рим, на 26.09.1990 година.
1941 Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички девизии определени за секавична војна.
1976 Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна.
1987 Умре американскиот филмски актер и пејач Фред Астер, еден од најголемите холивудски забавувачи: Филмови: „Роберта“, „Веселата распуштеница“, „Време на свингот“, „Цилиндер“, „Бродвејска мелодија“, „Никогаш нема да станеш богат“, „Смешно лице“, „На плажа“, „Подигни ја завесата“.

1992 Костурите идентификувани како земни остатоци на рускиот цар Николај Втори и на неговиот малолетен син Александар се пронајдени близу рускиот град Екатеринбург (во советското време Свердловск). По наредба на Ленин, водачот на Октомвриската револуција, болшевиците во летото 1918 година во Екатеринбург го стрелаа целото царско семејство - царот, царицата, нивните пет деца, личниот лекар и послуга.
1995 Во Брисел, министрите за надворешни работи на Русија, Андреј Козирев и заменикот генерален секретар на НАТО Серџо Баланзино го потпишаа документот на „Партнерство за мир“.
1999 Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија.... Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија.
 
1633.Судот во Рим, составен од црковни лица, го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забрани како опасни за христијанскиот свет. Тој работеше на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година, го конструира првиот телескоп, со кој дојде до нови сознанија за движењето на Земјата и на другите планети.
1668 Во Неапол е роден Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се смета за основач на филозофијата на историјата како научна дисциплина и на психологијата на културата. Умре во Неапол, на 21.01.1744 година.
1915 Во Прилеп е роден Кузман Јосифовски-Питу, народен херој на Македонија. Бугарската полиција го уби во Скопје, на 25.02.1944 година.
1995 Во Ла Џола, во САД, умре Џонас Салк, американски микробиолог, кој во 50-те години на 20 век ја откри вакцината против детската парализа. Роден е во 1914 година.
1996 Умре грчкиот државник и економски стручњак Андреас Папандреу, првиот социјалистички шеф на влада во Грција. Беше претседател на влада од 1981 до 1989 и од 1993 до јануари 1996 година, кога заради болест се повлече од функцијата.
1998 Умре американската филмска глумица од ирско потекло Морин О`Саливен, најпозната по улогите партнерка на Џони Вајсмалер во серијата филмови за Тарзан.
1999 Во Скопје, во издание на ДОО „Мост“ излезе првиот број на дневниот весник „Утрински весник“.
2001 Во близина на гробиштата меѓу селата Брњарци и Арачиново, Скопско, од нападите на албанските терористи животот го загубија тројца припадници на МВР на Република Македонија.
2001 Двата борбени авиона „сухој 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејствија над македонското небо
 
1861 Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.
1864 Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз.
1975 Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.
 
1822.Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус Хофман, германски писател, композитор и музички критичар, претставник на доцната романтика. Најпознати негови дела се "Животните погледи на мачорот Мур" и "Серапиновите браќа". Роден е во Кенигсберг (Калинград) на 21.01.1776 година.
1920 Градот Хаг, во Холандија, е избран за седиште на Меѓународниот суд на првадата.
1984 Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен француски мислител и еден од најеминентните светски филозофи. Роден е во 1926 година.
1991 Ден на државноста на Република Словенија.
1992 Литванија ја призна Република Македонија.
1996 Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.
1997 Умре францускиот океанограф Жак Ив Кусто, член на Француската академија, голем борец за заштита на човековата околина. Првиот документарен филм „Десет илјади метри под морето“ го сними во 1943 година. Од тогаш тој направи многу документарни филмови и телевизиски серии за животот во морињата и океаните, крстарејќи го светот со својот брод-лабораторија „Калипсо“. За филмот „Светот на тишинта“, кој го сними со францускиот режисер Луј Мало во 1956 година, на фестивалот во Кан ја доби „Златната палма“. Добитник е на три Оскари. Напиша повеќе книги. Останати филмови: „Свет без сонце“, „Златна риба“.
2007 Британските војници после 37 години се повлекоа од јужните подрачја на Северна Ирска на границата со Република Ирска, кои со децении важеа за клучна база на Ирската републиканска армија (ИРА). Во текот на 37-годишното засилено присуство на британската војска во Северна Ирска загинаа 763 војници и околу 3.500 граѓани.
 
1824 Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведувањето на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатланскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Умре во Белфаст, на 17.12.1907 година.
1892 Родена е Перл Бак, американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток-запад", "Синови" и "Разурнат дом". Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Умре во Данби, на 6.03.1973 година.
1945 Во Сан Франциско, во САД, претставници на 50 земји потпишаа Повелба за основање Организација на обединетите нации (ООН). Повелбата стапи во сила на 24.10.1945 година (овој ден се прославува како Ден на Обединетите нации).
1992 Во Скопје е формирана Македонската фармацевстка комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството.
- Свски ден на борба против дрогата.
 
1577 Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на северњачкото и на италијанското сликарство, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Умре во Антверпен, на 30.05.1640 година.
1867 Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите "Шест лица го бараат писателот", "Хенри 4" и романот "Покојникот Матија Паскал". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умре во Рим, на 10.12.1936 година.
1712 Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф - просветител. Негови познати дела се "Расправа за науката и уметноста", "Емил" и "Општествен договор". Умре во Ерменонвил, на 2.07.1778 година.
1919 Во Версај, кај Париз, е потпишан договор за мир меѓу преставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна.
1993 Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН.
1995 Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
 
1586.Во Дерендинген, Германија, умре Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Роден е во Рашица, на 8 јуни 1508 година.
1798 Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се "Песни" и "Дијалози и есеи". Умре во Неапол, на 14 јуни 1837 година.
1877 Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирата остро ги критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“, „Суданија“ и други. Умре во Белград, на 27 август 1916 година.
1858 Роден е американскиот воен инженер Џорџ Вашингтон Геталс, кој ја доврши изградбата на Панамскиот канал, прв гувернер на зоната на Каналот.
1880 Франција го анектираше пацифичкиот остров Отахеит, сега познат како Тахити, француски протекторат од 1842 година. Сега е во составот на Француска Полинезија - француска прекуморска територија.
1886 Роден е францускиот државник и финансиски експерт Робер Шуман, творец на „Шумановиот план“ во 1950 година, врз основа на кој во 1952 година Белгија, Холандија, Луксембург, Западна Германија, Италија и Франција ја основаа Европската заедница за јаглен и челик, претходничка на сегашната Европска унија. Беше министер за финансии во 1946, а претседател на Владата од 1947 до 1948 година, потоа шеф на дипломатијата од 1948 до 1953 година и министер за правда од 1955 до 1956 година.
1900 Роден е францускиот писател Антоан Мари Роже де Сент Егзипери, автор на „Малиот принц“, еден од најубавите детски романи во светската литература. Дела: „Пошта за југ“, „Земја на луѓе“, „Воен пилот“.
1914 Роден е чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик, кој веќе на 20-годишна возраст диригираше со Чешката филхармонија. Дела: две симфонии, концерт за виолина и оркестар, концерт за виолончело и оркестар, концертино за флаута и камерен оркестар, фантазија за виолина и оркестар, гудачки квартет, соната за виолина и клавир, операта „Вероника“, кантатата "Pro memoria patris", соло песни.
1917 Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина.
1939 Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот "Диск Клипер" долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија.
1941 Умре полскиот државник, пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година беше преседател на влада и шеф на дипломатијата, а во 1940 година и претседател на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.
1943 Американските единици во Втората светска војна се истоварија на Нова Гвинеја, остров во Пацификот, втор по големина во светот.
1945 Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, Гостиварско, на 16 ноември 1923 година.
1967 По победата во шестодневната војна со арапските држави, Израел го обедини поделениот Ерусалим, кој набрзо е прогласен за престолнина на Израел.
1980 Вигдис Финбогадотир е избрана за претседател на Исланд, станувајќи прва жена во Европа демократски избрана за шеф на држава.
1990 Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата "Свети Спас".
1995 Умре Лана Тарнер, прославена американска артистка, секс-симбол на Холивуд во четириесеттите години на 20. век. Родена е во 1919 година.
2000 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.
2000 Умре италијанскиот глумец Виторио Гасман, еден од најдобрите италијански филмски и театарски глумци по Втората светска војна. Филмови: „Срам“, „Горчлив ориз“, „Ана“, „Ако дозволувате да зборуваме за жените“, „Бранкалеоновата војска“ „Мирис на жени“, „Животот е роман“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom