На денешен ден!

1838 Крунисана е кралицата Викторија од Обединетото Кралство.:smir:
 
1913.Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот заклучен во Букурешт, на 10.08.1913 година.
1941 Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците изградија логор за масовно уништување, познат како "Аушвиц", според градот Освенцим, западно од Краков.
1960 Белгија ја призна независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго.
1972 Укината е смртната казна во САД.
1973 Сенка на Месечината го прекри целиот африкански континент. Тоа беше најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.
1993 Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост "Свети Климент Охридски".
1997 Во Санта Барбара умре Роберт Мичам, еден од најистакнатите американски филмски артисти. Роден е во Бриџпорт, на 6 август 1917 година.
2000 Руското собрание го области претседателот Владимир Путин да ги сменува избраните функционери.
2002 Во Јокохама, во финалето на 17. Светско првенство, Бразил со победата над Германија со 2:0 по петти пат стана светски шампион, што дотогаш на ниедна земја не и успеало.
2005 Шпанските пратеници го усвоија законот за правата на хомосексуалците да стапуваат во брак и да посвојуваат деца, со што Шпанија, по Холандија, Белгија и Канада, стана четвртата земја во светот во која хомосексуалните бракови станаа легални.
 
d1535 Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор е осуден на смрт поради велепредавство откако одби да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми.
1867 Под притисок на Канаѓаните, британската Влада донесе "Северноамерикански закон" со кој е воспоставена канадска држава под називот "Доминион". Поради опасност од многу посилните САД, Канаѓаните наместо на југ, од тој момент тргнаа во освојувањето на големите пространства на запад по течението на реката Сент Лоренс, преку големите езера, прерии и капести планини. Создадена е голема држава од 10 милиони квадратни километри со 50 милиони жители. - Национален празник на Канада.
1871 Рим стана престолнина на Обединета Италија.
1960 Формирана е обединета и независна Република Сомалија.-Национален празник на Демократска Република Сомалија.
1962 Руанда и Бурунди прогласија независност. - Национален празник на Република Бурунди.
1993 Малезија ја призна Република Македонија.
1993 Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).
1994 По 27 години прогонство, палестинскиот лидер Јасер Арафат го направи своето историско враќање во Газа.
 
1778 Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо, француски писател и филозоф-просветител. Негови познати дела се "Расправа за науката и уметноста", "Емил" и "Општествен договор". Роден е во Женева, на 28.08.1712 година.
1860 На брегот на Јапонското Море близу до Корејската граница се удрени темелите на рускиот град Владивосток, големо пристаниште и крајна станица на Транссибирската железница, како и важна поморска и воздухопловна база.
1877 Роден е Херман Хесе, германски писател. Познати му се романите "Игра со стаклени перли", "Демијан", "Сидарта" и "Степскиот волк". Во 1946 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 9.08.1962 година.
1881 Во Вашингтон е извршен атентат врз претседателот на САД, Џемс Гарфилд, кој од здобиените рани умре на 19.09.1881 година.
1961 Во државата Охајо, во САД, во својата куќа изврши самоубиство Ернест Хеминвеј, американски писател. За романот "Старецот и морето" во 1954 година доби Нобелова награда за литература. Роден е во Ок Парк, во државата Илиноис, на 21.07.1898 година.
 
1883 Во Прага е роден Франц Кавка, австриски писател. Негови најпознати дела се романите: "Процес", "Америка", "Замок" и расказите "Преобразба" и "Селски лекар". Умре во Виена, на 3.06.1924 година.
1894 Француските трупи и покрај херојскиот отпор на Џузепе Гарибалди и на неговите борци влегоа во Рим и на чело на Римокатоличката црква го вратија папата Пио Деветти.
1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена премиерата на операта "Продадена невеста" од чешкиот композитор Беджик Сметана, а под диригенство на Трајко Прокопиев.
1962 По 132 години француска колонијална власт, Алжир се здоби со целосна независност.
1972 Индија и Пакистан постигнаа спогодба за прекин на 25-годишната конфронтација.
1992 На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на градбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски-Чудотворец.
 
1811 Венецуела стана прва јужноамериканска држава која прогласи независност од шпанските колонијални власти. Беше шпанска колонија од 1498 година. Таа е најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител.- Национален празник на Венецуела.
1857 Родена е Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Умре во Архангелское, кај Москва, на 20.06.1933 година.
1889 Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година беше член на Француската акдемија на науките. Умре на 11.10.1963 година.
1988 Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13.10.1923 година.
 
1535 Во Тауер Грин е погубен Томас Мор, англиски хуманист и државник, писател на социјални, историски и теолошки дела, родоначалник на утопискиот социјализам. Тој одби да го признае кралот за црковен поглавар, па католичката црква го прогласи за светец. Најпознато негово дело е политичко-филозофскиот роман "Утопија". Роден е во 1478 година.
1885 Францускиот научник Луј Пастер за првпат ја употреби својата вакцина против беснило. Овој историски потфат беше успешен.
1893 Умре Ги де Мопасан, француски писател, еден од најдобрите претставници на натурализмот. Напиша шест романи и околу триста новели и раскази. Од романите најпознати се "Еден живот", "Љубимец", "Пјер и Жан", а од збирките раскази и новели "Госпоѓицата Фифи", "Ловечки приказни", "Сестрите Рондоли" и "Страсти". Роден е на 5.08.1850 година.
1971 Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под името "Сачмо", американски некрунисан крал на џезот. Роден е во Њу Орлеанс, на 4.07.1900 година.
 
1887 Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28.03.1985 година.
1893 Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се "Хрватскиот бог Марс", "На работ од умот", "Господа Глембаеви" и "Во агонија". Умре во Загреб, на 29.12.1981 година.
1921 Во селото Брусник, битолско, е роден Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3.02.1977 година.
1937 Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
 
1873 Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1942 Во Скопје, во Обласната полициска управа, бугарските фашисти го убија Цветан Димов, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 5.03.1909 година.
1943 Кај селото Врбница, во близина на Фоча, во Босна, четниците го стрелаа Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. Автор е на поемата "Јама". Роден е во Луковдол, Горски Котор, на 21.03.1913 година.
1992 Умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден е во Марибор, на 6.06.1898 година.
 
100 п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек - делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убија во Рим, на 15. 03. 44 г. пред н. е.
1536- Умре Ротердамски Еразмо, прочуен холандски хуманист. Поради големото влијание на современиците наречен е "крал на хуманистите". Имаше големо влијание на германската реформација, а реформата на црквата ја замислуваше како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата. Роден е во 1465 година.
1784Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирал првиот падобран.
1884- Во Ливорно е роден Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го мина во Париз. Тој е еден од претставниците на "париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Умре во Париз, на 25. 01.1920 година.
1904- Во Парел е роден Пабло Неруда, ?илеански поет, комунист и опшествен работник. Меѓу најпознатите негови дела се "Празни?на песна", "Самрак", Престој на земјата" и "Шпанија во срцето". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на "Златниот венец" на Струшките ве?ери на поезијата во 1972 година. Умре во Сантјаго, на 23.09. 1973 година.
1960- Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.
1993 Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.
1996 Република Македонија и Авганистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996 Република Македонија и Суверениот Воен Ред на Малта воспоставија дипломатски односи.
 
1762- Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По Халеевата смрт беше директор на Грини?ката опсерваторија.Во 1728 година ја објасни појавата на аберацијата на светлоста и ја откри појавата на нутацијата. Роден е во 1693 година.
1793- Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од вода?ите на француската буржоаска револуција. Убиството го изврши Шарлота Кордеј, приврзани?ка на жирондистите и на монархистите. Роден е на 24. 05. 1734 година.
1946- Во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републи?ки завод за трансфузиологија.
 
1556 Во Рим свечено е осветено грандиозната купола на црквата Свети Петар, која ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.
1606 Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умре во Амстердам, на 4.10.1669 година.
1904 Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола" и "Куќа на кат", "Селани". Роден е во Таганрог, на 29.01.1860 година.
1944 Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена е во Прилеп во 1921 година.
1965 Американскиот вселенски брод "Маринер 4" ги испрати првите снимки од планетата Марс.
1990 Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква "Света Тројца".
 
1723 Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски сликар, еден од најпознатите светски портретисти. Изврши големо влијание на англиското сликарство и како уметник и како основач на Уметничката академија во Лондон, чиј претседател беше се до својата смрт. Изработи околу 2.000 портрети. Умре во 1792 година.
1872 Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен истражувач. На 14.12.1911 година го откри Јужниот пол на Антарктикот...Умре во 1928 година.
1885 Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија.
1940 Адолф Хитлер ја издаде директивата "Морски лав", план за инвазија врз Велика Британија. Со директивата беше предвидено сите подготовки за мобилизацијата на околу 260.000 нацистички војници да се извршат до половината на август, а десантот да се одложува си додека германската авијација не биде надмоќна. Потоа, на 18 август е извршен најжестокиот напад на германската авијација врз цели во Англија, а на 7 септември почна битката во Лондон.
1946 Во пустината Њу Мексико, на полигонот Аламогродо, во САД, е извршена експлозија на првата атомска бомба. Овој настан се смета за почеток на атомската ера.
1969 Од Кејп Кенеди, во САД, е лансиран вселенскиот брод "Аполо 11" на Месечината, во кој се наоѓаа Нил Амстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Астронаутот Нил Амстронг на 21 јули прв стапна на Месечината.
 
64. -о Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.
1374- Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија и несомнено за еден од најсовршените поети во историјата на светската книжевност. Целиот негов живот и книжевно дело се обоени со неговата љубов спрема убавата Лаура. Светска слава стекна со делото "Канционер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. Роден е во Арецо, на 20 јули 1304 година.
1536 Со одлука на Парламентот во Англија е поништена власта на папата.
1610 Умре италијанскиот сликар Микеланџело Меризи да Караваџо, кој одлучно прекина со идеалистичкото сфаќање на сликарството и се ориентира кон натурализмот. Се служеше со контрасти на силна светлина и длабоки сенки. Значително влијаеше на француското и холандското сликарство во 17. век.
1635 Роден е англискиот физичар Роберт Хук, секретар на Кралското друштво во Лондон, кој ги усоврши барометарот, телескопот и микроскопот и прв ја откри ќелиската структура на билките. Го докажа движењето на Земјата и на гравитационите небески тела, а е автор и на законот за истегнување на еластичните тела („Хуков закон“).
1811 Во Калкута, Индија, е роден Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19 век. Во своите романи употребуваше реалистичен и саркастичен израз, критикувајќи ги негативните појави на тоа време. Најпознато негово дело е „Панаѓур на суетата“. Умре во Лондон, на 24 февруари 1863 година.
1817 Умре англиската писателка Џејн Остин. Дела: романите „Разум и чувствителност“, „Гордост и предрасуди“, „Менсфилд парк“, „Ема“, „Наговорање“.
1846- Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1877 Американскиот научник Томас Едисон во својот дневник запиша: „Нема сомнение, мене ми успеа да го забележам човековиот глас, што подоцна можам да го репродуцирам“. Веќе во декември 1877 година Едисон го патентира својот изум што го нарече „конзерва на човековиот глас“ - (фонограф, грамофон).
1883 Роден е рускиот револуционер од еврејско потекло Лав Борисович Розенфелд (Камењев), еден од првенците на Советска Русија после Октомвриската револуција во 1917 година. Од 1918 до 1926 година беше претседател на Московскиот совет, а потоа заменик претседател на Советот на народните комесари (влада) и еден од водачите на „нова опозиција“. Постхумно е рехабилитиран.
1887 Роден е водачот на норвешките нацисти Видкун Квислинг, претседател на окупаторската влада на Норвешка во Втората светска војна од 1942 до 1945 година. Неговото име стана синоним на предавство. Осуден е на смрт и стрелан во октомври 1945 година.
1898 Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент.
1909 Роден е рускиот политичар Андреј Андреевич Громико, 28 години советски министер за надворешни работи. Во Втората светска војна беше советски амбасадор во САД, потоа во Обенидените нации, каде беше познат како „мистер њет“. Советската дипломатија ја предводеше од 1957 до 1985 година.
1913 Во Винсенс, Индијана, во САД, е роден Ред Скелтон, американски комичар. Умре во Лос Анџелес, на 17 септември 1997 година.
1918 Роден е јужноафриканскиот правник и државник Нелсон Ролихлахи Мандела, претседател на Јужна Африка и водач на Африканскиот национален конгрес во борбата против апартхејдот. Расистичкиот режим во Јужна Африка во 1962 година го осуди на пет години, а во 1964 година на доживотна робја. Од затвор, по огромниот притисок на светското јавно мислење како и јавноста во Јужна Африка, е пуштен во 1990 година, а шеф на државата стана во 1994 година.
1921 Роден е првиот американски астронаут Џон Глен, кој со вселенскиот брод „Меркјури - Атлас 6“ на 20 февруари 1962 година трипати ја обиколи Земјата.
1933 Роден е рускиот писател Евгениј Алексанрович Евтушенко. Дела: збирка песни и поеми „Патот на Ентузијастите“, „Лук и лира“, „Нежност“, „Моторен чамец за врска“, „Паѓаат бели снегови“, „Поетот во Русија е повеќе од поет“.
1949 Во Скутеч умре Вичислав Новак, истакнат чешки композитор и музички педагог, професор по композиција во Мајорската школа во Прага. Роден е во Коменија, на 5 декември 1870 година.
1951 Американскиот боксер од африканско потекло Џерси Џо Волкот на 37-годишна возраст ја освои титулата светски првак во тешка категорија, станувајќи најстар боксер на кого тоа му успеа.
1967- Во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
1986 Во Скопје умре Ванѓа Чашуле, истакнат македонски новинар, историчар, публицист и преведувач. Автор е на книгите „Од признавање до негирање“, „Биографијата на Гоце Делчев“, како и на други научни трудови. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. Родена е во Радовиш, на 9 август 1923 година.
2003 Британската полиција го пронајде телото на д-р Дејвид Кели, еден од клучните сведоци за манипулацијата со наводно оружје за масовно уништуваање во Ирак. Наведено е дека извршил самоубиство.
2007 Најмалку 200 луѓе го загубија животот во авинска несреќа во Бразил. Авионот од типот „Ербас А320“ на бразилската компанија ТАМ, со 176 патници и членови на екипажот, се запали при слетување на аеродромот Конгоњас во Сао Паоло. Освен патниците во авионот, животот го загубија и голем број луѓе на земјата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom