На денешен ден!

1640 Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28.06.1577 година.
1672 Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година.
1778 Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман "Кандид". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21.11.1694 година.
1918 Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се "За улогата на личноста во историјата", "Нашите размислувања" и "Уметноста и општествениот живот". Роден е на 11.12.1856 година.
 
1594 Во Венеција умре Јакопо Робусти Тинторето, италијански сликар. Тој изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите. Роден е во Венеција, во 1518 година.
1809 Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв композитор на развитокот на оркестарот. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Роден е на 31.03.1732 година.
1872 Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е роден Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. Тој е најистакнат организатор и раководител на македонското националноослободително движење во Пиринска Македонија. Патувајќи од Мелник за Неврокоп, близу до Рожденскиот манастир, убиен е од врховистичките наемници, на 22.04.1915 година.
1942 Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1962 Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните егзекутори на Хитлеровото "конечно решение" на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
 
1624.Роден е полскиот крал Јан Трети Собјески, кој во текот на владеењето од 1674 па се до смртта во 1686 година го оневозможи длабокиот продор на Турците во Европа.
1584 Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1740 Роден е францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Маркиз де Сад. Дела: романите „Јустина“ и „Жилиета“.
1789 По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1804 Роден е рускиот композитор Михаил Иванович Глинка, творeц на рускиот национален стил. Автор е на првата руска национална опера „Иван Сусањин“. Според истоимената поема на Александар Пушкин, го напиша либрето за операта „Руслан и Људмила“. Останати дела: фантазија „Камаринскаја“, увертирата „Ноќ во Мадрид“, камерна музика, романси, црковна музика, соло песни.
1840 Роден е Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и извонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството на неговите романи, тој е сметан за најдобар англиски автор од тоа време - „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Познати се неговите дела „Под гринвудското дрво“, „Далеку од лудата толпа“, „Градоначалникот на Кестербриџ“ и други. Умре на 11 јануари 1928 година.
1857 Роден е англискиот композитор и виолинист Едвард Вилијам Елгар. Дела: ораториумот „Геронтијусов сон“, концертните увертири „На југ“, „Енигма за варијациите“, „Фалстаф“, две сомфонии, концерти за виолина и виолончело.
1882 Умре италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди, водач на движењето за обединување на Италија.
1886 Во Пчеликово умре Алексанар Николаевич Островски, руски драмски писател, автор на педесетина драмски дела што ја претставуваат основата на рускиот класичен драмски репертоар. Меѓу најпознатите негови дла се „Бура“, „Мома без мираз“, „Шума“, „Свои сме, ќе се разбереме“, „Волци и овци“ и други. Роден е во Москва, на 31 март 1823 година.
1898 По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.
1902 Во селото Пателе, Леринско, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популрен како народен заштитник. Роден е во селото Пателе.
1904 Во Виндбер, Пенсилванија, е роден Џони Вајсмилер, американски пливач, ватерполист и филмски актер. Беше најуспешен толкувач на ликот на Тарзан во серија филови. Умре во Акапулко, Мексико, на 20 јануари 1984 година.
1916 Во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.
1924 Американскиот Конгрес го призна државјанството на сите преостанати Индијанци, староседелци на територијата на која се создадени САД.
1940 Роден е грчкиот крал Костантин Втори, последниот монарх на Грција кој владееше од 1964 до 1967 година. Воениот режим во Грција ја укина монархијата во 1973 година.
1943 Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смилјан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.
1946 Италијанците на референдум се изјаснија за републиканско уредување, отфрлајќи ја монархијата.
1953 Британската кралица Елизабета Втора е крунисана во Вестминстерската катедрала во Лондон. Таа е прва церемонија која е пренесувана на телевизија.
1983 Советскиот Сојуз од стелит во орбитата на Земјата лансираше нова вселенска сонда за истражување на планетата Венера.
1987 Умре шпанскиот гитарист Андрес Серовиј, најголем мајстор на овој инструмент во 20 век. Со само седум години приредувал концерти ширум светот, извонредно толкувајќи дела на класични мајстори, со што гитарата ја смести во редот на концертните инструменти за серизона музика.
1997 Во Џорџтаун умре Адолфус Док Читам, една од последните американски џез легенди, водечки трубач во оркестарот на Кејб Неловеј. Роден е во Нешвил, на 13 јуни 1905 година.
1999 Во Јапонија, по повеќедецениски полемики, се легализира употребата на средствата за контрацепција.
2006 Умре рускиот вајар Вјачеслав Кликов. Тој е еден од иницијаторите и организатор на Деновите на словенската писменост и култура, а беше и претседател на Меѓународниот фонд за словенска писменост и култура.
 
1916.- Во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.

1924.- Американскиот Конгрес го призна државјанството на сите преостанати Индијанци, староседелци на територијата на која се создадени САД.

1940.- Роден е грчкиот крал Костантин Втори, последниот монарх на Грција кој владееше од 1964 до 1967 година. Воениот режим во Грција ја укина монархијата во 1973 година.

1943.- Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смилјан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.

1946.- Италијанците на референдум се изјаснија за републиканско уредување, отфрлајќи ја монархијата.
 
1098.По петмесечна опсада во Првата крстоносна војна, крстоносците го зазедоа градот Антиохиј (денешна Антакија на југот на Турција).
1657 Умре англискиот лекар Вилијам Харви, основач на модерната физиологија. Тој ја откри природата на циркулацијата на крвта во срцето како пумпа. Научното толкување за работата на срцето и физиологијата на крвотокот го основа со правење експерименти врз животни.
1808 Роден е американскиот државник Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата на Американските Држави.
1875 Умре францускиот композитор Жорж Бизе, автор на операта „Кармен“, ремек дело на францускиот музички реализам, еден од најоригиналните и најсугестивните оперски композитори. Останати дела: операта „Ловци на бисери“, сценската музика за „Арлезијанка“, од Алфонсо Доде, „Симфонија во C-dur“.
1896 Во Москва е потпишан договор меѓу Русија и Кина за ненапаѓање во следните 15 години. Кина и одобри на Русија да ја користи железницата во северна Манџурија.
1899 Умре австрискиот композитор, виолинист и диригент Јохан Штраус Младиот, творец на виенските оперети. Компонирал и валцери, маршеви. Дела: „Слепиот глушец“, „Циганин барон“, „Ноќ во Венеција“, валцерите „На убавиот син Дунав“, „Приказни од виенските шуми“, „Виенска крв“, „Виена, жени и песни“.
1906 Родена е француската пејачка од афроамериканско потекло Жозефина Бекер, која во Втората светска војна му се приклучи на движењето на отпорот против нацистите за што беше одликувана со највисоки француски ордени. Со светска слава се стекнала после 1925 година, кога настапувала во париските кабареа „Фоли Бержер“ и „Казино д Пари“. Пеела шансони, збогатувајќи ги со типично француски песни со елитен џез. Како истакнат борец против расизмот, уште во раната младост посвоила многу сираци од различни раси одгледувајќи ги во духот на братството и човечковата солидарност. Нив ги издржувала од приходите стекнати со гостување ширум светот.
1924 Во Виена умре Франц Кафка, австриски писател. Во своите раскази и романи го изразува учеството на несигурност кај човекот и во нив осамениот човек што доаѓа во конфликт со бездушната бирократија. Негови најпознати дела се романите „Процес“, „Америка“, „Замок“ и расказите „Преобразба“, „Селски лекар“ и други дела. Роден е во Прага, на 3 јули 1883 година.
1926 Роден е американскиот писател Ален Гинзберг. Дела: „Кадиш“, „Празно огледало“, „Индиски дневници“, „Пад на Америка“.
1940 Хитлеровите окупаторски сили ја почнаа офанзивата против француските сили од линијата Девил - Седан во северна Франција. Целта беше освојување на Париз. Пред тоа германските сили ги зазедоа Холандија, Белгија и Луксембург.
1942 Кај островот Мидија, на Пацификот, почна тридневната поморска битка меѓу американските и јапонските сили. Победата на Американците донесе рамнотежа на воените сили.
1963 Умре римскиот папа од италијанско потекло Јован XXIII, поглавар на римокатоличката црква од 1958 година и водач на реформската црковна струја. Во 1962 година го свика Вториот екуменски концил (собир) на кој беа најавени далекусежни реформи во римокатоличката црква, кои подоцна беа спроведени.
1965 Американскиот астронаут Едвард Вајд излезе од вселенскиот брод „Џемини 4“, кој кружеше околу Земјата. Со тоа тој стана првиот Американец „шетач“ по вселената, три месеци по рускиот космонаут Алексеј Леонов.
1973 Советскиот суперсоничен авион „Тупољев 144“ се урна во близина на Париз при париската воздухопловна изложба, усмртувајќи ги сите шест членови на екипажот и седум француски селани.
1997 Водачот на Социјалистичката партија Лионел Жоспен стана претседател на владата на Франција по убедливата победа на левицата на парламентарните избори.
2001 Во Бостон умре Ентони Квин, американски филмски актер од мексиканско потекло, добитник на две награди Оскар за епизодни улоги. Роден е во Чивава, на 21 април 1915 година.
2006 Собранието на Црна Гора усвои одлука за прогласување независност на Република Црна Гора, според која Црна Гора е независна држава со сите меѓународни правни субјекти
 
1973.- Советскиот суперсоничен авион „Тупољев 144“ се урна во близина на Париз при париската воздухопловна изложба, усмртувајќи ги сите шест членови на екипажот и седум француски селани.

1976.- Поранешниот претседател на Боливија Хуан Хосе Торес е пронајден убиен во Аргентина.

1997.- Водачот на Социјалистичката партија Лионел Жоспен стана претседател на владата на Франција по убедливата победа на левицата на парламентарните избори.

1998.- При излетување од колосек на патнички воз во близина на северниот германски град Целе загинаа најмалку 100 луѓе.

2001.- Во Бостон умре Ентони Квин, американски филмски актер од мексиканско потекло, добитник на две награди „Оскар“ за епизодни улоги. Роден е во Чивава, на 21 април 1915 година.

2006.- Собранието на Црна Гора усвои одлука за прогласување независност на Република Црна Гора, според која Црна Гора е независна држава со целосен меѓународен правен субјективитет.
 
1783.Француските пронаоѓачи браќата Етјен и Жозеф Монголфје првпат јавно демонстрираа летање со балон полнет со загреен воздух.
1798 Умре италијанскиот авантурст Ѓакомо Ѓироламо Казанова де Сеингал, синоним на латински љубовник. Неговите „Мемоари“ претставуваат скапоцена слика на европското општество и епоха во кои живеел.
1867 Роден е финскиот маршал и државник Карл Густав Емил фон Манерхајм, претседател на Финска од 1944 до 1946 година.
1878 Англија го присвои Кипар. Претседателот на британската влада Бенџамин Дизраели потпиша таен договор со Портата на која Англија се обрза да ги брани турските поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го предаде на „привремена управа“ островот Кипар - важна стратегиска точка во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дојде неколку дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде што се решаваа прашањата на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеше Турција. Англија, подготвувајќи се за Берлинскиот конгрес, настојуваше да ги зајакне своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси загрозени со Санстефанскиот мир“.
1903 Во близина на манастирот „Свети Стефан“, кај месноста Гумниште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен Наум Чакаров - Лондра, македонски војвода, член на Охридското револуционерно началство, горски началник на Охридската околија и учител. Роден е во Струга, во 1869 година.
1916 Под команда на рускиот генерал Алексеј Брусиолов почна првата фаза на руската летна офанзива во Првата светска војна. Целта беше да се пробие австриско-унгарскиот фронт, кој беше успешно завршен до 15 јуни 1916 година. Во пробивот, Австријците загубија околу 250.000 војници. Притоа руските единици стигнаа до Карпатите, а Романија тогаш влезе во војната на страната на Антантата.
1941 Умре бившиот германски цар и пруски крал Фридрих Вилхелм II Виктор Алберт, творец на политиката за продор на исток и предизвикувач на низа воено-дипломатски кризи, вклучувајќи го и објавувањето на војна со Србија во 1914 година, со што започна и Првата светска војна.
1942 Почна четиридневната борба за пацифичките острови Мидвеј, во која Американците им го нанесоа првиот посериозен пораз на Јапонците во Втората светска војна.
1943 Војската го тргна од власт претседателот на Аргентина Рамон Кастиљо.
194- Генералот Хуан Перон е избран првпат за претседател на Аргентина.
1971 Умре унгарскиот филозоф Ѓерѓ Лукач, протагонист на „западниот марксизам“. Дела: „Теорија за роман“, Егзистенцијализам или марксизам“, „Естетика“.
1989 Гасоводот покрај Транссибирската пруга експлодира и запали два патнички воза во кои загинаа 575 луѓе.
1996 Европската ракета „Аријана 5“ експлодира 40 секунди по лансирањето.
2000 Во земјотрес на индонезискиот остров Суматра загинаа повеќе од 100 луѓе.
 
1723 Роден е Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување на природата и причините на богатството на народот" од областа на економијата. Умре во Единбург, на 17.07.1790 година.
1947 Во Париз е објавен Маршаловиот план за помош од САД на Европа, кој го прифатија 16 држави, а стапи во сила во 1948 година. Наречен Маршалов план според името на Џорџ Маршал, тогашен министер за надворешни работи на САД.
1964 Од Црни Врв е емитуван првиот директен ТВ - пренос на РТВ Скопје.
1970 Во Милано умре Џузепе Унгарети, еден од најголемите италијански поети. Ги напиша збирките песни "Болка", "Песни", "Ветена земја" и "Крик и пејсажи". Роден е во 1888 година.
1972 Во Стокхолм, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина.
1992 Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија - асоцијација која има за цел да ги штити професионалните интереси на лекарите, на докторите по медицина и на докторите по стоматологија.
 
1848 Во Париз е роден Пол Гоген, француски сликар. Тој се инспирираше од егзотичен свет на островите Тахити и Фати - Ива. Формите на неговите слики се мирни и монументални, проткаени со еротика. Влијаеше врз развојот на експресионизмот и на формирањето на фовизмот, а се занимаваше и со скулптура. Умре на Маркишките Острови, во 1903 година.
1905 Членовите на норвешкиот Парламент донесоа одлука за одвојување на Норвешка од Шведска.
1935 Умре Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работеше врз вкрстувањето меѓу водовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е поотпорно. Роден е во Долгоево, на 15.10.1855 година.
1945 Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини.
1991 Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата "Социјалистичка" од името на СР Македонија е изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.
 
632.Во Медина умре Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - "последниот пророк". Во 40-тата година почна да проповеда нова вера со еден бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на нови верници. Роден е на 20.04.571 година.
1810 Роден е Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Тој е сестрано образована личност со литературни амбиции и одличен пијанист. Во своите дела внесе лиричност и интензивност во доживувањата. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и на соло песни, компонира и камерна и сценска музика. Компонира четири симфонии и една опера. Умре на 29.07.1856 година.
1904 Во Есен е основан Круповиот концерн, до крајот на Втората светска војна еден од најголемите германски металургиски монополи, наменет за производство на воен материјал. Концернот е ликвидиран со законите на сојузничката окупациона управа. Меѓутоа, Александар Круп, по излегувањето од затворот во 1951 година, го реконструира, па тој во последно време е еден од водечките концерни во германската металургија.
 
1672 Во Москва е роден Петар Први Алексеевич (Петар Белики), руски цар (1682-1725), основач на силната руска држава и реформатор, со што Русија ја изведе од средновековната заостанатост. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година.
1781 Роден е Џорџ Стовенсон, англиски инженер - пронаоѓач. Во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива, ги воведе челичните шини наместо дрвените, во 1821 година ја изгради првата јавна железничка пруга во светот на линијата Стоктон - Дарлингтон, во 1823 година основа прва фабрика за локомотиви во Њукасл, а во 1829 година ја изгради пругата на релацијата Ливерпул - Манчестер, на која неговата локомотива "рокет" постигна дотогаш најголема брзина од 56 километри на час. Умре во 1848 година.
1870 Умре Чарлс Дикенс, англиски писател, извонреден познавач и хроничар на најсиромашните слоеви и борец против општествените неправди. Негови најпознати дела се романите "Оливер Твист", "Давид Коперфилд", "Николас Никлби", "Големите очекувања", "Мрачна куќа" и "Малечката Дорис". Роден е на островот Парти, на 7.02.1812 година.
1972 Американските бомбардери ги нападнаа Ханој и Хајфонг. Тоа беше најтешкото бомбардирање на Северен Виетнам за време на четиригодишната војна.
 
1509.Англискиот крал Хенри Осми се ожени со првата од шесте жени, Катарина Арагонски.
1727 Умре британскиот владател од германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од хановерската династија. На престолот го наследи неговиот син Џорџ Втори. Во текот на неговото владеење од 1714 година па се до смртта функцијата на премиерот се искристализира како клучна во извршната власт.
1859 Умре австрискиот кнез Клеменс Метерних, кој како министер за надворшни работи и канцелар четири децении ја кроеше надворешната и внатрешната политика на Австрија, а во многу што и судбината на Европа. Шеф на дипломатијата беше од 1809 до 1821, а од 1821 до 1848 канцелар, кога е тргнат во мартовската Виенска револуција и беше принуден да емигрира во Англија.
1864 Роден е германскиот композитор и диригент Рихард Штраус, долгогодишен директор на Виенската опера. Компонирал опери, балети, соло песни, камерна музика. Дела: сифониските поеми „Дон Хуан“, „Тил Ојленсшпигел“, „Симфонија Алпа“, „Животот на јунакот“, оперите „Салома“, „Електра“, „Каваљер со ружа“, „Египетска Хелена“, „Арабела“, „Данајнина љубов“.
1869 Македонската црковноучилишна општина во Неврокоп упати писмо до великиот везир во Цариград, во кое бараше решавање на црковното прашање преку поставување владика од словенско потекло. Чувствувајќи опасност, Цариградската патријаршија го заоструваше курсот и на својата панелинска политика и ги активира своите органи на теренот против воведувањето црковнословенски во црквите и македонски јазик во училиштата. Започна гонење на се што е словенско од страна на грчките владици. Тогаш беа уништени голем број словенски ракописи и богослужбени книги.
1880 Родена е американската пацифистка Џенет Ренкин, првата жена која стана член на Американскиот конгрес.
1891 Велика Британија и Португалија потпишаа конвенција за поделба на интересните сфери северно и јужно од реката Замбези во Африка, со која Њаса (сегашен Малави) стана британски протекторат.
1895 Роден е советскиот државник Михаил Александрович Булгањин, претседател на владата на Советскиот Сојуз од 1955 до 1958 година, учесник во Октомвриската револуција.
1902 Во селото Ракитница, Крушевско, во борба против турската војска загина Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, член на ТМОРО и војвода. Во борбата загинаа и неколкумина негови соборци. Веле Марков е роден во селото Селце, Крушевско, во 1870 година.
1910 Во Сент Андре Кибзак, во близина на Бордо, Франција, е роден Жак Кусто, француски истражувач на морските длабочини и режисер на документарни филмови за животот на морето. Познати се филмовите „10.000 метри под морето“ и „Свет на тишината“, а има снимено и повеќе телевизиски документарни серии. Умре на 25 јуни 1997 година.
1955 Во автомобилската трка „24 часа Ле Ман“ загинаа 80, а беа повредени повеќе од 100 гледачи по сударот на три автомобили кои влетаа во гледалиштето.
1970 Умре рускиот државник Александар Фјодорович Керенски, член, а потоа и претседател на привремената влада после Февруарската револуција во 1917 година во Русија. По симнувањето од власт, во 1918 година емигрираше и од 1940 година до смртта живееше во САД.
1970 Последниот американски војник ја напушти воздухопловната база „Вилус“ во Либија, на барање на полковникот Моамер ел Гадафи, кој на 1 септември 1969 година го одобри режимот на кралот Идриз Први од династијата Сенуси.
1979 Во Лос Анџелес умре Џон Вејн (вистинското име му е Морион Мајкл Морисон), американски филмски актер, режисер и продуцент. Играше главно во вестерни филмови, толкувајќи ликови на правични и осамени луѓе. Филмови: „Поштенска кочија“, „Рио Гранде“, „Црвената река“, „Вистинска храброст“ (Оскар), „Рио Браво“ и во други. Роден е во Винтерсет, на 25 мај 1907 година.
1984 Умре италијанскиот политичар Енрико Берлингуер, генерален секретар на Комунситичката партија на Италија од 1972 година.
1988 Умре италијанскиот државник Ѓузепе Сарагат, поранешен претседател на Италија, основач на италијанската Социјалдемократска партија.
2005 Министрите за финансии на седумте најразвиени земји во светот и Русија, таканаречената Г-8, постигнаа во Лондон историски договор за отпис на 40 милијарди долари долг на најсиромашните земји во светот.
 
323 п.н.е.- Во Вавилон умре Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела во пространство ниту пред него, ниту по него. Роден е во Пела, на 22.07.356 г.п.н.е.
1831 Во Единбург е роден Џемс Кларк Максвел, англиски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век. Тој ги даде теоретските основи на радиобрановите. Умре во 1897 година.
1894 Пуштена е во сообраќај железничката пруга Битола - Солун.
1943 Во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, кичевско, во несреќен случај загина Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. Неговата прерана смрт претставува голема загуба за македонската литература. Најпознато негово дело е збирката песни "Бели мугри".
1956 Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
 
1837 Во Неапол умре Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и проза, тој создаде "силен" јазичен израз. Роден е во Реинати, на 29.06.1798 година.
1904 Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се "Пејанија" и "Трендафилчиња". Како новинар основа и уредуваше повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело "Змај" и списанието за деца "Невен". Роден е во Нови Сад, на 6.12.1833 година.
1962 Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената.
1986 Во Женева умре Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, еден од најголемите интелектуалци на современата култура, која длабоко ја одбележа латинско-американската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се "Универзална историја на бесчестието", "Фантазии", "Алеф", "Извештај за Броди" и "Девет есеи за Данте". Роден е во Буенос Аирес, на 24.08.1899 година.
1994 Во Лос Анџелес умре Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден е во Кливленд, на 16.041924 година.
1996 Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.
 
1752 Бенџамин Франклин, американски физичар и државник, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот.
1899 Во Фуенте Вакерос е роден Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гранада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на европската поезија. Познати се неговите збирки песни: "Песни", "Цигански романсеро", "Поет во Њујорк" и драмите "Крвави свадби" и "Домот на Бернарда". По трагичната смрт (го стрелаа франкистите во првите денови на Граѓанската војна во Шпанија, во 1936 година), тој стана најчитан светски поет.
1919 Во директен лет од Њу Фаундленд, во Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
1920 На Конгресот во Хаг, е основана Светската конференција на трудот.
1994 Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom