На денешен ден!

1098.По петмесечна опсада во Првата крстоносна војна, крстоносците го зазедоа градот Антиохиј (денешна Антакија на југот на Турција).
1657 Умре англискиот лекар Вилијам Харви, основач на модерната физиологија. Тој ја откри природата на циркулацијата на крвта во срцето како пумпа. Научното толкување за работата на срцето и физиологијата на крвотокот го основа со правење експерименти врз животни.
1808 Роден е американскиот државник Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата на Американските Држави.
1875 Умре францускиот композитор Жорж Бизе, автор на операта „Кармен“, ремек дело на францускиот музички реализам, еден од најоригиналните и најсугестивните оперски композитори. Останати дела: операта „Ловци на бисери“, сценската музика за „Арлезијанка“, од Алфонсо Доде, „Симфонија во C-dur“.
1896 Во Москва е потпишан договор меѓу Русија и Кина за ненапаѓање во следните 15 години. Кина и одобри на Русија да ја користи железницата во северна Манџурија.
1899 Умре австрискиот композитор, виолинист и диригент Јохан Штраус Младиот, творец на виенските оперети. Компонирал и валцери, маршеви. Дела: „Слепиот глушец“, „Циганин барон“, „Ноќ во Венеција“, валцерите „На убавиот син Дунав“, „Приказни од виенските шуми“, „Виенска крв“, „Виена, жени и песни“.
1906 Родена е француската пејачка од афроамериканско потекло Жозефина Бекер, која во Втората светска војна му се приклучи на движењето на отпорот против нацистите за што беше одликувана со највисоки француски ордени. Со светска слава се стекнала после 1925 година, кога настапувала во париските кабареа „Фоли Бержер“ и „Казино д Пари“. Пеела шансони, збогатувајќи ги со типично француски песни со елитен џез. Како истакнат борец против расизмот, уште во раната младост посвоила многу сираци од различни раси одгледувајќи ги во духот на братството и човечковата солидарност. Нив ги издржувала од приходите стекнати со гостување ширум светот.
1924 Во Виена умре Франц Кафка, австриски писател. Во своите раскази и романи го изразува учеството на несигурност кај човекот и во нив осамениот човек што доаѓа во конфликт со бездушната бирократија. Негови најпознати дела се романите „Процес“, „Америка“, „Замок“ и расказите „Преобразба“, „Селски лекар“ и други дела. Роден е во Прага, на 3 јули 1883 година.
1926 Роден е американскиот писател Ален Гинзберг. Дела: „Кадиш“, „Празно огледало“, „Индиски дневници“, „Пад на Америка“.
1940 Хитлеровите окупаторски сили ја почнаа офанзивата против француските сили од линијата Девил - Седан во северна Франција. Целта беше освојување на Париз. Пред тоа германските сили ги зазедоа Холандија, Белгија и Луксембург.
1942 Кај островот Мидија, на Пацификот, почна тридневната поморска битка меѓу американските и јапонските сили. Победата на Американците донесе рамнотежа на воените сили.
1963 Умре римскиот папа од италијанско потекло Јован XXIII, поглавар на римокатоличката црква од 1958 година и водач на реформската црковна струја. Во 1962 година го свика Вториот екуменски концил (собир) на кој беа најавени далекусежни реформи во римокатоличката црква, кои подоцна беа спроведени.
1965 Американскиот астронаут Едвард Вајд излезе од вселенскиот брод „Џемини 4“, кој кружеше околу Земјата. Со тоа тој стана првиот Американец „шетач“ по вселената, три месеци по рускиот космонаут Алексеј Леонов.
1973 Советскиот суперсоничен авион „Тупољев 144“ се урна во близина на Париз при париската воздухопловна изложба, усмртувајќи ги сите шест членови на екипажот и седум француски селани.
1997 Водачот на Социјалистичката партија Лионел Жоспен стана претседател на владата на Франција по убедливата победа на левицата на парламентарните избори.
2001 Во Бостон умре Ентони Квин, американски филмски актер од мексиканско потекло, добитник на две награди Оскар за епизодни улоги. Роден е во Чивава, на 21 април 1915 година.
2006 Собранието на Црна Гора усвои одлука за прогласување независност на Република Црна Гора, според која Црна Гора е независна држава со сите меѓународни правни субјекти.
 
1783.Француските пронаоѓачи браќата Етјен и Жозеф Монголфје првпат јавно демонстрираа летање со балон полнет со загреен воздух.
1798 Умре италијанскиот авантурст Ѓакомо Ѓироламо Казанова де Сеингал, синоним на латински љубовник. Неговите „Мемоари“ претставуваат скапоцена слика на европското општество и епоха во кои живеел.
1867 Роден е финскиот маршал и државник Карл Густав Емил фон Манерхајм, претседател на Финска од 1944 до 1946 година.
1878 Англија го присвои Кипар. Претседателот на британската влада Бенџамин Дизраели потпиша таен договор со Портата на која Англија се обрза да ги брани турските поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го предаде на „привремена управа“ островот Кипар - важна стратегиска точка во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дојде неколку дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде што се решаваа прашањата на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеше Турција. Англија, подготвувајќи се за Берлинскиот конгрес, настојуваше да ги зајакне своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси загрозени со Санстефанскиот мир“.
1903 Во близина на манастирот „Свети Стефан“, кај месноста Гумниште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен Наум Чакаров - Лондра, македонски војвода, член на Охридското револуционерно началство, горски началник на Охридската околија и учител. Роден е во Струга, во 1869 година.
1916 Под команда на рускиот генерал Алексеј Брусиолов почна првата фаза на руската летна офанзива во Првата светска војна. Целта беше да се пробие австриско-унгарскиот фронт, кој беше успешно завршен до 15 јуни 1916 година. Во пробивот, Австријците загубија околу 250.000 војници. Притоа руските единици стигнаа до Карпатите, а Романија тогаш влезе во војната на страната на Антантата.
1941 Умре бившиот германски цар и пруски крал Фридрих Вилхелм II Виктор Алберт, творец на политиката за продор на исток и предизвикувач на низа воено-дипломатски кризи, вклучувајќи го и објавувањето на војна со Србија во 1914 година, со што започна и Првата светска војна.
1942 Почна четиридневната борба за пацифичките острови Мидвеј, во која Американците им го нанесоа првиот посериозен пораз на Јапонците во Втората светска војна.
1943 Војската го тргна од власт претседателот на Аргентина Рамон Кастиљо.
194- Генералот Хуан Перон е избран првпат за претседател на Аргентина.
1971 Умре унгарскиот филозоф Ѓерѓ Лукач, протагонист на „западниот марксизам“. Дела: „Теорија за роман“, Егзистенцијализам или марксизам“, „Естетика“.
1989 Гасоводот покрај Транссибирската пруга експлодира и запали два патнички воза во кои загинаа 575 луѓе.
1996 Европската ракета „Аријана 5“ експлодира 40 секунди по лансирањето.
2000 Во земјотрес на индонезискиот остров Суматра загинаа повеќе од 100 луѓе.
 
1723 Роден е Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување на природата и причините на богатството на народот" од областа на економијата. Умре во Единбург, на 17.07.1790 година.
1947 Во Париз е објавен Маршаловиот план за помош од САД на Европа, кој го прифатија 16 држави, а стапи во сила во 1948 година. Наречен Маршалов план според името на Џорџ Маршал, тогашен министер за надворешни работи на САД.
1964 Од Црни Врв е емитуван првиот директен ТВ - пренос на РТВ Скопје.
1970 Во Милано умре Џузепе Унгарети, еден од најголемите италијански поети. Ги напиша збирките песни "Болка", "Песни", "Ветена земја" и "Крик и пејсажи". Роден е во 1888 година.
1972 Во Стокхолм, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина.
1992 Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија - асоцијација која има за цел да ги штити професионалните интереси на лекарите, на докторите по медицина и на докторите по стоматологија.
 
1599 Во Севилја е роден Диего Родригес де Силва Велескес, еден од најголемите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надмина со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда", "Венера со огледало" и "Ткајачки на килими". Умре во Мадрид, на 7.08.1660 година.
1799 Во Москва е роден Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Негови најпознати дела се "Евгениј Онегин", "Борис Годунов", "Пикова дама" и "Капетановата ќерка". Умре во Петроград, на 10.02.1837 година.
1875 Во Лајпциг е роден Томас Ман, германски писател - романсиер, есеист, новелист и критичар. Негови најзначални дела се "Буденброкови", "Доктор Фауст" и "Волшебниот брег". Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година, Гетеовата награда. Умре во Цирих, на 12.08.1955 година.
1948 Во Скопје е формиран Пионерскиот дом "Карпош".
 
1848 Во Париз е роден Пол Гоген, француски сликар. Тој се инспирираше од егзотичен свет на островите Тахити и Фати - Ива. Формите на неговите слики се мирни и монументални, проткаени со еротика. Влијаеше врз развојот на експресионизмот и на формирањето на фовизмот, а се занимаваше и со скулптура. Умре на Маркишките Острови, во 1903 година.
1905 Членовите на норвешкиот Парламент донесоа одлука за одвојување на Норвешка од Шведска.
1935 Умре Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работеше врз вкрстувањето меѓу водовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е поотпорно. Роден е во Долгоево, на 15.10.1855 година.
1945 Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини.
1991 Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата "Социјалистичка" од името на СР Македонија е изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.
 
632.Во Медина умре Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - "последниот пророк". Во 40-тата година почна да проповеда нова вера со еден бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на нови верници. Роден е на 20.04.571 година.
1810 Роден е Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Тој е сестрано образована личност со литературни амбиции и одличен пијанист. Во своите дела внесе лиричност и интензивност во доживувањата. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и на соло песни, компонира и камерна и сценска музика. Компонира четири симфонии и една опера. Умре на 29.07.1856 година.
1904 Во Есен е основан Круповиот концерн, до крајот на Втората светска војна еден од најголемите германски металургиски монополи, наменет за производство на воен материјал. Концернот е ликвидиран со законите на сојузничката окупациона управа. Меѓутоа, Александар Круп, по излегувањето од затворот во 1951 година, го реконструира, па тој во последно време е еден од водечките концерни во германската металургија.
 
1672 Во Москва е роден Петар Први Алексеевич (Петар Белики), руски цар (1682-1725), основач на силната руска држава и реформатор, со што Русија ја изведе од средновековната заостанатост. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година.
1781 Роден е Џорџ Стовенсон, англиски инженер - пронаоѓач. Во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива, ги воведе челичните шини наместо дрвените, во 1821 година ја изгради првата јавна железничка пруга во светот на линијата Стоктон - Дарлингтон, во 1823 година основа прва фабрика за локомотиви во Њукасл, а во 1829 година ја изгради пругата на релацијата Ливерпул - Манчестер, на која неговата локомотива "рокет" постигна дотогаш најголема брзина од 56 километри на час. Умре во 1848 година.
1870 Умре Чарлс Дикенс, англиски писател, извонреден познавач и хроничар на најсиромашните слоеви и борец против општествените неправди. Негови најпознати дела се романите "Оливер Твист", "Давид Коперфилд", "Николас Никлби", "Големите очекувања", "Мрачна куќа" и "Малечката Дорис". Роден е на островот Парти, на 7.02.1812 година.
1972 Американските бомбардери ги нападнаа Ханој и Хајфонг. Тоа беше најтешкото бомбардирање на Северен Виетнам за време на четиригодишната војна.
 
1190 Германскиот цар Фридрих Први Барбароса се удави во реката Салеф во Мала Азија во текот на Третата крстоносна војна. На престолот застана во 1152 година, по што водеше многу војни во Италија во обид да ги потчини ломбардските градови и го принуди папата на покорност. По поразот во 1176 година покајнички се смири со папата.
1610 Првите холандски иселеници во Америка се населија на осровот Менхетн, сега централен дел на Њујорк.
1793 Во Париз е отворена првата јавна зоолошка градина „Жарден де плант“.
1819 Роден е Гистав Курбе, француски сликар. Беше учесник во Париската комуна, основач и главен претставник на реалистичката школа, еден од првите уметници кои работеа во природа. Суров и силен, ги отфрли романтичните пејзажи и идеализирањето на луѓето и доживувањата, вршејќи огромно влијание врз целокупното европско сликарство во 19 век. Умре на 31 декември 1877 година.
1832 Роден е германскиот инженер Николаус Аугуст Ото, кој во 1861 годна го направи првиот мотор на бензин, а во 1876 година го измисли четиритактниот мотор со внатрешно согорување, познат како „Ото мотор“, со што го овозможи развојот на автомобилизмот.
1836 Умре францускиот физичар и математичар Анре Мари Ампер, основач на електродинамиката. Во негова чест единицата за мерење на силата на струјата е наречена ампер или скратено А.
1915 Роден е американскиот писател Сол Белоу, добитник на Нобеловата награда за литература во 1976 година. Дела: романите „Хендерсон, крал на дождовите“, „Човек на лулашка“, „Жртва“, „Не пропуштај ден“, „Херцог“, „Планетата на господинот Семлер“, „Декановиот декември“, драмата „Последна анализа“, „Гука“, патописот „До Ерусалим и назад“.
1922 Родена е американската филмска глумица и пејачка Френсис Гам, позната како Џуди Гарланд, која се прослави уште како девојче со улогата во филмот „Волшебникот од Оз“ за која доби Оскар. Останати филмови: „Бебе во војска“, „Да основаме оркестар“, „Бебе на Бродвеј“, „Малата Нели Кели“, „Сретни ме во Сент Луис“, „Часовник“, „Зигфилдовите лудории“, „Пират“, „Ѕвездата е родена“.
1923 Роден е британскиот медиумски магнат од чешко потекло Јан Лудвик Хој, познат како Јан Роберт Максвел.
1923 Умре францускиот писател Пјер Лоти. Дела: „Во харем“, „Лотиевата женидба“, „Морнар“, „Исландски рибар“, „Госпоѓата хризантема“.
1934 Умре англискиот композитор Фредерик Делијус, импресионист познат по симфониите „Париз - песна на големиот град“, „Бриг Фаир“. Компонирал и опери и концерти.
1934 „Роден е Пајо Паторот“, еден од најпопуларните ликови во стрипивите и анимираните филмови на американскиот цртач, филмски аниматор и продуцент Волт Дизни.
1940 Фашистичка Италија влезе во Втората светска војна како сојузник на нацистичка Германија, објавувајќи им војна на Франција и Велика Британија.
1943 Кај месноста Клинска Леса, Кавадаречко, во борба против бугарската војска загина Димката Ангелов - Габерот, македонски револуционер, учител и политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија. Тука загинаа и борците Пано Мудров, Ило Виларов и Крсте Камчев. Димката Ангелов е роден во селото Ваташа, Кавадаречко, на 17 октомври 1916 година.
1945 На командантот на западните сојузнички сили во Втората светска војна американскиот генерал Двајт Ајзенхауер му беше врачено едно од најголемите советски одликувања - Орден на победата.
1946 Умре американскиот боксер од африканско потекло Џек Џонсон, прв црнец кој ја освои титулата светски првак во тешка категорија.
1949 Во Лилехамер, Норвешка, умре Сигрид Ундсет, норвешка писателка, истакнат антифашист. По окупацијата на Норвешка таа замина во САД и учествуваше во антигерманската пропаганда. Нејзини познати дела се романите „Марта Оули“, „Срцето на Јени“, „Пролет“, зборникот на раскази „Најсреќните години“, трилогијата „Кристин Лаврансдатер“ и други. Во 1928 година ја доби Нобеловата награда за литература за мајсторството со кое ја опишува средновековната историја на скандинавските земји. Родена е во Калунбор, Данска, на 20 мај 1882 година.
1967 Израел го прифати барањето на Обединетите нации за прекин на огнот во војната со Египет, во која Израелците против кои се бореа и Сирија и Јордан, за само шест дена зазедоа територија четири пати попространа од Израел.
1971 САД после 21 година го укинаа ембаргото на трговија со Кина.
1990 На првите слободни избори по Втората светска војна во Бугарија победи Бугарската социјалистичка партија (поранешната Комунистичка партија) која доби 47 отсто од гласовите, додека десничарскиот Сојуз на демократски сили освои 36 отсто.
1996 Чеченските исламски сепаратисти и официјални претставници на Русија потпишаа документи со кои е предвидено ставање крај на 18-месечната војна во Чеченија.
2000 Умре сирискиот претседател Хафез ел Асад, кој власта ја придоби со државен удар во ноември 1970 година. Беше еден од највлијателните државници на Бискиот Исток, а на местото претседател го замени неговиот син.
 
1509.Англискиот крал Хенри Осми се ожени со првата од шесте жени, Катарина Арагонски.
1727 Умре британскиот владател од германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од хановерската династија. На престолот го наследи неговиот син Џорџ Втори. Во текот на неговото владеење од 1714 година па се до смртта функцијата на премиерот се искристализира како клучна во извршната власт.
1859 Умре австрискиот кнез Клеменс Метерних, кој како министер за надворшни работи и канцелар четири децении ја кроеше надворешната и внатрешната политика на Австрија, а во многу што и судбината на Европа. Шеф на дипломатијата беше од 1809 до 1821, а од 1821 до 1848 канцелар, кога е тргнат во мартовската Виенска револуција и беше принуден да емигрира во Англија.
1864 Роден е германскиот композитор и диригент Рихард Штраус, долгогодишен директор на Виенската опера. Компонирал опери, балети, соло песни, камерна музика. Дела: сифониските поеми „Дон Хуан“, „Тил Ојленсшпигел“, „Симфонија Алпа“, „Животот на јунакот“, оперите „Салома“, „Електра“, „Каваљер со ружа“, „Египетска Хелена“, „Арабела“, „Данајнина љубов“.
1869 Македонската црковноучилишна општина во Неврокоп упати писмо до великиот везир во Цариград, во кое бараше решавање на црковното прашање преку поставување владика од словенско потекло. Чувствувајќи опасност, Цариградската патријаршија го заоструваше курсот и на својата панелинска политика и ги активира своите органи на теренот против воведувањето црковнословенски во црквите и македонски јазик во училиштата. Започна гонење на се што е словенско од страна на грчките владици. Тогаш беа уништени голем број словенски ракописи и богослужбени книги.
1880 Родена е американската пацифистка Џенет Ренкин, првата жена која стана член на Американскиот конгрес.
1891 Велика Британија и Португалија потпишаа конвенција за поделба на интересните сфери северно и јужно од реката Замбези во Африка, со која Њаса (сегашен Малави) стана британски протекторат.
1895 Роден е советскиот државник Михаил Александрович Булгањин, претседател на владата на Советскиот Сојуз од 1955 до 1958 година, учесник во Октомвриската револуција.
1902 Во селото Ракитница, Крушевско, во борба против турската војска загина Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, член на ТМОРО и војвода. Во борбата загинаа и неколкумина негови соборци. Веле Марков е роден во селото Селце, Крушевско, во 1870 година.
1910 Во Сент Андре Кибзак, во близина на Бордо, Франција, е роден Жак Кусто, француски истражувач на морските длабочини и режисер на документарни филмови за животот на морето. Познати се филмовите „10.000 метри под морето“ и „Свет на тишината“, а има снимено и повеќе телевизиски документарни серии. Умре на 25 јуни 1997 година.
1955 Во автомобилската трка „24 часа Ле Ман“ загинаа 80, а беа повредени повеќе од 100 гледачи по сударот на три автомобили кои влетаа во гледалиштето.
1970 Умре рускиот државник Александар Фјодорович Керенски, член, а потоа и претседател на привремената влада после Февруарската револуција во 1917 година во Русија. По симнувањето од власт, во 1918 година емигрираше и од 1940 година до смртта живееше во САД.
1970 Последниот американски војник ја напушти воздухопловната база „Вилус“ во Либија, на барање на полковникот Моамер ел Гадафи, кој на 1 септември 1969 година го одобри режимот на кралот Идриз Први од династијата Сенуси.
1979 Во Лос Анџелес умре Џон Вејн (вистинското име му е Морион Мајкл Морисон), американски филмски актер, режисер и продуцент. Играше главно во вестерни филмови, толкувајќи ликови на правични и осамени луѓе. Филмови: „Поштенска кочија“, „Рио Гранде“, „Црвената река“, „Вистинска храброст“ (Оскар), „Рио Браво“ и во други. Роден е во Винтерсет, на 25 мај 1907 година.
1984 Умре италијанскиот политичар Енрико Берлингуер, генерален секретар на Комунситичката партија на Италија од 1972 година.
1988 Умре италијанскиот државник Ѓузепе Сарагат, поранешен претседател на Италија, основач на италијанската Социјалдемократска партија.
2005 Министрите за финансии на седумте најразвиени земји во светот и Русија, таканаречената Г-8, постигнаа во Лондон историски договор за отпис на 40 милијарди долари долг на најсиромашните земји во светот.
 
1812 Францускиот император, Наполеон Бонапарта, на чело на "големата армада" ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. Напаѓачката армија располагаше со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеа да навлезе во Москва, која ја напуштија руските единици. Наместо мир напаѓачите доживеаа отпор и зимското невреме сосема ги уништи.
1964 Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште седуммина истакнати раководители на ослободителното движење против расистичкиот режим во Јужна Африка, осудени се на доживотна робија во познатиот "Прес Ривони". Мандела е ослободен во 1990 година, а на 10.05.1994 година, во Преторија, даде заклетва како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.
1993 Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
1997 Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
323 п.н.е.- Во Вавилон умре Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела во пространство ниту пред него, ниту по него. Роден е во Пела, на 22.07.356 г.п.н.е.
1831 Во Единбург е роден Џемс Кларк Максвел, англиски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век. Тој ги даде теоретските основи на радиобрановите. Умре во 1897 година.
1894 Пуштена е во сообраќај железничката пруга Битола - Солун.
1943 Во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, кичевско, во несреќен случај загина Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. Неговата прерана смрт претставува голема загуба за македонската литература. Најпознато негово дело е збирката песни "Бели мугри".
1956 Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
 
1837 Во Неапол умре Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и проза, тој создаде "силен" јазичен израз. Роден е во Реинати, на 29.06.1798 година.
1904 Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се "Пејанија" и "Трендафилчиња". Како новинар основа и уредуваше повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело "Змај" и списанието за деца "Невен". Роден е во Нови Сад, на 6.12.1833 година.
1962 Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената.
1986 Во Женева умре Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, еден од најголемите интелектуалци на современата култура, која длабоко ја одбележа латинско-американската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се "Универзална историја на бесчестието", "Фантазии", "Алеф", "Извештај за Броди" и "Девет есеи за Данте". Роден е во Буенос Аирес, на 24.08.1899 година.
1994 Во Лос Анџелес умре Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден е во Кливленд, на 16.041924 година.
1996 Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.
 
1752 Бенџамин Франклин, американски физичар и државник, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот.
1899 Во Фуенте Вакерос е роден Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гранада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на европската поезија. Познати се неговите збирки песни: "Песни", "Цигански романсеро", "Поет во Њујорк" и драмите "Крвави свадби" и "Домот на Бернарда". По трагичната смрт (го стрелаа франкистите во првите денови на Граѓанската војна во Шпанија, во 1936 година), тој стана најчитан светски поет.
1919 Во директен лет од Њу Фаундленд, во Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
1920 На Конгресот во Хаг, е основана Светската конференција на трудот.
1994 Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.
 
1671 Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
1963 Првата жена - космонаут Валентина Терешкова се вивна во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод "Васток - 6". Таа беше шести советски, а десетти светски космонаут.
1993 Во Скопје, умре Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Сиудат Мексико. Автор е на повеќе мозаици. Роден е во Прилеп, на 22.10.1917 година.
1997 Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
На денешен ден 1943 година, близу селото Ваташа се стрелани 12те ваташки другари...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom