На денешен ден!

1586.Во Дерендинген, Германија, умре Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Роден е во Рашица, на 8 јуни 1508 година.
1798 Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се "Песни" и "Дијалози и есеи". Умре во Неапол, на 14 јуни 1837 година.
1877 Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирата остро ги критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“, „Суданија“ и други. Умре во Белград, на 27 август 1916 година.
1858 Роден е американскиот воен инженер Џорџ Вашингтон Геталс, кој ја доврши изградбата на Панамскиот канал, прв гувернер на зоната на Каналот.
1880 Франција го анектираше пацифичкиот остров Отахеит, сега познат како Тахити, француски протекторат од 1842 година. Сега е во составот на Француска Полинезија - француска прекуморска територија.
1886 Роден е францускиот државник и финансиски експерт Робер Шуман, творец на „Шумановиот план“ во 1950 година, врз основа на кој во 1952 година Белгија, Холандија, Луксембург, Западна Германија, Италија и Франција ја основаа Европската заедница за јаглен и челик, претходничка на сегашната Европска унија. Беше министер за финансии во 1946, а претседател на Владата од 1947 до 1948 година, потоа шеф на дипломатијата од 1948 до 1953 година и министер за правда од 1955 до 1956 година.
1900 Роден е францускиот писател Антоан Мари Роже де Сент Егзипери, автор на „Малиот принц“, еден од најубавите детски романи во светската литература. Дела: „Пошта за југ“, „Земја на луѓе“, „Воен пилот“.
1914 Роден е чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик, кој веќе на 20-годишна возраст диригираше со Чешката филхармонија. Дела: две симфонии, концерт за виолина и оркестар, концерт за виолончело и оркестар, концертино за флаута и камерен оркестар, фантазија за виолина и оркестар, гудачки квартет, соната за виолина и клавир, операта „Вероника“, кантатата "Pro memoria patris", соло песни.
1917 Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина.
1939 Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот "Диск Клипер" долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија.
1941 Умре полскиот државник, пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година беше преседател на влада и шеф на дипломатијата, а во 1940 година и претседател на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.
1943 Американските единици во Втората светска војна се истоварија на Нова Гвинеја, остров во Пацификот, втор по големина во светот.
1945 Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, Гостиварско, на 16 ноември 1923 година.
1967 По победата во шестодневната војна со арапските држави, Израел го обедини поделениот Ерусалим, кој набрзо е прогласен за престолнина на Израел.
1980 Вигдис Финбогадотир е избрана за претседател на Исланд, станувајќи прва жена во Европа демократски избрана за шеф на држава.
1990 Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата "Свети Спас".
1995 Умре Лана Тарнер, прославена американска артистка, секс-симбол на Холивуд во четириесеттите години на 20. век. Родена е во 1919 година.
2000 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.
2000 Умре италијанскиот глумец Виторио Гасман, еден од најдобрите италијански филмски и театарски глумци по Втората светска војна. Филмови: „Срам“, „Горчлив ориз“, „Ана“, „Ако дозволувате да зборуваме за жените“, „Бранкалеоновата војска“ „Мирис на жени“, „Животот е роман“.
 
1913 Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот заклучен во Букурешт, на 10.08.1913 година.
1941 Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците изградија логор за масовно уништување, познат како "Аушвиц", според градот Освенцим, западно од Краков.
1960 Белгија ја призна независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго.
1972 Укината е смртната казна во САД.
1973 Сенка на Месечината го прекри целиот африкански континент. Тоа беше најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.
1993 Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост "Свети Климент Охридски".
 
1535 Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор е осуден на смрт поради велепредавство откако одби да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми.
1867 Под притисок на Канаѓаните, британската Влада донесе "Северноамерикански закон" со кој е воспоставена канадска држава под називот "Доминион". Поради опасност од многу посилните САД, Канаѓаните наместо на југ, од тој момент тргнаа во освојувањето на големите пространства на запад по течението на реката Сент Лоренс, преку големите езера, прерии и капести планини. Создадена е голема држава од 10 милиони квадратни километри со 50 милиони жители. - Национален празник на Канада.
1871 Рим стана престолнина на Обединета Италија.
1960 Формирана е обединета и независна Република Сомалија.-Национален празник на Демократска Република Сомалија.
1962 Руанда и Бурунди прогласија независност. - Национален празник на Република Бурунди.
1993 Малезија ја призна Република Македонија.
1993 Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).
1994 По 27 години прогонство, палестинскиот лидер Јасер Арафат го направи своето историско враќање во Газа.
 
1778 Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо, француски писател и филозоф-просветител. Негови познати дела се "Расправа за науката и уметноста", "Емил" и "Општествен договор". Роден е во Женева, на 28.08.1712 година.
1860 На брегот на Јапонското Море близу до Корејската граница се удрени темелите на рускиот град Владивосток, големо пристаниште и крајна станица на Транссибирската железница, како и важна поморска и воздухопловна база.
1877 Роден е Херман Хесе, германски писател. Познати му се романите "Игра со стаклени перли", "Демијан", "Сидарта" и "Степскиот волк". Во 1946 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 9.08.1962 година.
1881 Во Вашингтон е извршен атентат врз претседателот на САД, Џемс Гарфилд, кој од здобиените рани умре на 19.09.1881 година.
1961 Во државата Охајо, во САД, во својата куќа изврши самоубиство Ернест Хеминвеј, американски писател. За романот "Старецот и морето" во 1954 година доби Нобелова награда за литература. Роден е во Ок Парк, во државата Илиноис, на 21.07.1898 година.
 
1883 Во Прага е роден Франц Кавка, австриски писател. Негови најпознати дела се романите: "Процес", "Америка", "Замок" и расказите "Преобразба" и "Селски лекар". Умре во Виена, на 3.06.1924 година.
1894 Француските трупи и покрај херојскиот отпор на Џузепе Гарибалди и на неговите борци влегоа во Рим и на чело на Римокатоличката црква го вратија папата Пио Деветти.
1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена премиерата на операта "Продадена невеста" од чешкиот композитор Беджик Сметана, а под диригенство на Трајко Прокопиев.
1962 По 132 години француска колонијална власт, Алжир се здоби со целосна независност.
1972 Индија и Пакистан постигнаа спогодба за прекин на 25-годишната конфронтација.
1992 На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на градбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски-Чудотворец.
 
1807 Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија по револуционерен пат. Умре на островот Капрера, на 2.06.1882 година.
1826 Умре Томас Џеферсон, трет претседател на САД (1801-1809). Роден е на 13.04.1743 година.
1884 Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на Денот на независноста-4 јули, Франција им ја подари на САД статуата "Слободата го осветлува светот", позната како Статуата на слободата. Статуата е дело на Густав Ајфел и е висока 93 метри.
1934 Во Париз умре Марија Кири-Склодовска, професор по физика и директор на парискиот Институт за радиум. Заедно со својот сопруг Пјер Кири го откри радиумот и плутониумот и ја постави основата на модерната наука за радиоактивност. Во 1903 година, тие ја добија Нобеловата награда за физика, а во 1911 година, Марија доби Нобелова награда за хемија. Родена е во 1867 година.
1996 Република Македонија и Канада воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 
1811 Венецуела стана прва јужноамериканска држава која прогласи независност од шпанските колонијални власти. Беше шпанска колонија од 1498 година. Таа е најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител.- Национален празник на Венецуела.
1857 Родена е Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Умре во Архангелское, кај Москва, на 20.06.1933 година.
1889 Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година беше член на Француската акдемија на науките. Умре на 11.10.1963 година.
1988 Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13.10.1923 година.
 
1535 Во Тауер Грин е погубен Томас Мор, англиски хуманист и државник, писател на социјални, историски и теолошки дела, родоначалник на утопискиот социјализам. Тој одби да го признае кралот за црковен поглавар, па католичката црква го прогласи за светец. Најпознато негово дело е политичко-филозофскиот роман "Утопија". Роден е во 1478 година.
1885 Францускиот научник Луј Пастер за првпат ја употреби својата вакцина против беснило. Овој историски потфат беше успешен.
1893 Умре Ги де Мопасан, француски писател, еден од најдобрите претставници на натурализмот. Напиша шест романи и околу триста новели и раскази. Од романите најпознати се "Еден живот", "Љубимец", "Пјер и Жан", а од збирките раскази и новели "Госпоѓицата Фифи", "Ловечки приказни", "Сестрите Рондоли" и "Страсти". Роден е на 5.08.1850 година.
1971 Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под името "Сачмо", американски некрунисан крал на џезот. Роден е во Њу Орлеанс, на 4.07.1900 година.
 
1887 Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28.03.1985 година.
1893 Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се "Хрватскиот бог Марс", "На работ од умот", "Господа Глембаеви" и "Во агонија". Умре во Загреб, на 29.12.1981 година.
1921 Во селото Брусник, битолско, е роден Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3.02.1977 година.
1937 Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
 
1621 Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умре во Париз, на 13.04.1695 година.
1809 Во Крапина е роден Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. Забележувајќи ги објективните околности на своето време, тој сметаше дека литературната и културната дејност претставуваат пат до националната преродба во услови на политичка пресија. Во 1943 година беше забранета употребата на илирското име, а тоа значеше почеток на крајот на Гај, кој умре во Загреб, на 20.04.1872 година.
1822 Во Лондон умре Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата "Кралицата Маб" го дава изразот на својот револуционерен дух против кралевите, свештениците и политичарите. Роден е во Филд Плејс на 4.08.1792 година.
1838 Роден е Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени "Цепелин". Првиот воздушен балон летна на 3.07.1900 година. Умре на 8.03.1917 година.
1967 Со нападот на израелските копнени и воздухопловни сили врз Египет почна израелската агресија врз арапските земји.
 
1873 Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1942 Во Скопје, во Обласната полициска управа, бугарските фашисти го убија Цветан Димов, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 5.03.1909 година.
1943 Кај селото Врбница, во близина на Фоча, во Босна, четниците го стрелаа Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. Автор е на поемата "Јама". Роден е во Луковдол, Горски Котор, на 21.03.1913 година.
1992 Умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден е во Марибор, на 6.06.1898 година.
 
сме родени никола тесла и јас :kesa:
 
1509 Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење беа хаугенотите, а во Англија пуританците. Умре во Женева, на 27.05.1564 година.
1834 Роден е Јан Неруда, чешки писател и публицист, најистакната личност во чешкиот културен живот во втората половина на 19 век. Најпознати негови дела се "Малострански раскази", "Арабеска", "Прости мотиви" и "Балада и романси". Умре во 1891 година.
1856 Во селото Смиљан, Госпиќ, роден е Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умре во Њујорк, на 7.01.1943 година.
1871 Во Париз е роден Марсел Пруст, француски писател и академик. Автор е на големиот циклус романи. Умре во Париз, на 2.11.1922 година.
1962 САД го лансираа телекомуникациониот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973 Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
 
1921 Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
1937 Во Холивуд умре Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. Автор е на познатата "Рапсодија во сино", компонирана за клавир и оркестар. Негово најзначајно дело е операта за животот на американските Црнци "Порги и бес". Роден е во Бруклин, на 26.09.1898 година.
1979 Американската вселенска станица "Скајлаб" по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
1982 Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот "Дервишот и смртта". Покрај тоа познати се неговите романи "Тишина", "Тврдина", "Магла и месечина", "Круг", како и збирките раскази "Првата чета" и "Туѓа земја". Роден е во Тузла, на 26.04.1910 година.
1995 Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
 
100 п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек - делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убија во Рим, на 15. 03. 44 г. пред н. е.
1536- Умре Ротердамски Еразмо, прочуен холандски хуманист. Поради големото влијание на современиците наречен е "крал на хуманистите". Имаше големо влијание на германската реформација, а реформата на црквата ја замислуваше како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата. Роден е во 1465 година.
1784Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирал првиот падобран.
1884- Во Ливорно е роден Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го мина во Париз. Тој е еден од претставниците на "париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Умре во Париз, на 25. 01.1920 година.
1904- Во Парел е роден Пабло Неруда, ?илеански поет, комунист и опшествен работник. Меѓу најпознатите негови дела се "Празни?на песна", "Самрак", Престој на земјата" и "Шпанија во срцето". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на "Златниот венец" на Струшките ве?ери на поезијата во 1972 година. Умре во Сантјаго, на 23.09. 1973 година.
1960- Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.
1993 Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.
1996 Република Македонија и Авганистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996 Република Македонија и Суверениот Воен Ред на Малта воспоставија дипломатски односи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom