На денешен ден!

1755 На иницијатива на големиот руски научник, Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука.
1833 Во Хамбург е роден Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната. Компонираше музика за клавир, виолина, камерна музика, симфонии и хорска музика. Умре во Виена, на 3.04.1897 година.
1838 Францускиот сликар Луј Дагер го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата.
1840 Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век. Негови најпознати дела се оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова дама", балетите "Лебедово езеро" и "Заспаната убавица". Умре во Петроград, на 6.11.1893 година.
1861 Во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат збирките песни "Градинар" и "Гитанџали", романите "Дом и свет" и "Бродолом", драмите "Сударшана" и "Водопад" и публицистичкиот труд "Национализам". За својата литературна работа во 1913 година ја доби Нобеловата награда. Умре во Калкута, на 7.08.1941 година.
1929 За првпат е доделена наградата "Оскар", што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сцанарио и друго.
1939 Германија и Италија склучија пакт, познат како "Оска Берлин - Рим".
1993 Со одлука на Владата на Република од 20.04.1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.

1794.Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја почна примената на егзактните физички методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжи науката и човештвото со многу други значајни откритија. Роден е во Париз, на 26 август 1743 година.
1828 Во Женева е роден Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Хајден, Швајцарија, на 3 октомври 1910 година.
1858 Во Неапол е роден Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичката насока. Неговото најзначајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Умре во Монтекасино, кај Фиренца, на 9 август 1919 година.
1880 Умре Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература. Како противник на граѓанското лицемерие, верно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни и обемни дела. Негови најзначајни дела се романите "Сентиментално воспитување", "Госпоѓа Бовари" и "Искушението на Антони". Роден е на 12 декември 1821 година.
1902 Во ерупција на вулканот Мон Пеле на Мартиник целосно е уништен градот Сен Пјер, а несреќата ја преживеаја само двајца од 30.000 жители.
1903 Турската војска од Костур, Егејска Македонија, испрати засилен војнички одред за да го уништи селото Смрдеш, само затоа што со сметаше за најкомитско село во Костурско. Во ноќта и утредента, војниците и башибозукот направија големи штети во селото. Од 300 куќи во селото изгореа 240, 84 луѓе беа убиени или заклани, а 50 беа повредени. Селото беше речиси ограбено и опустошено.
1914 Во селото Будинарци, беровско е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет "Македонска повест". Умре во Скопје, на 15 март 1974 година.
1921 Во Шведска е укината смртната казна.
1925 Во Виена во Бург-театарот, од платеничката на бугарскиот двор Менче Карничева, е убиен Тодор Паница, истакнат борец на македонското националноослободително движење. Роден е во бугарскиот град Орахово, во 1878 година.
1992 Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995 Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.
1996 Умре шпанскиот борец со бикови Луис Мигел Лукас „Доминген“, веројатно најдобриот светски борец со бикови во 20 век, чија вештина го инспирира американскиот писател Ернест Хемингвеј.
2001 Во Скопје, во издание на Македонскиот народен театар е промовиран првиот број на списанието за сценска уметност "Сцена".
2001 Папата Јован Павле Втори ја заврши посетата на Сирија во текот на која како прв римокатолички поглавар во историјата влезе во една џамија.
2007 Во Северна Ирска по повеќегодишни суспензии и директна управа на лондонската влада, обновена е локалната власт и формирани се северноирски парламент и влада.
2007 Најмалку 21 цивил, вклучувајќи жени и деца, како и еден припадник на коалиционите сили, загинаа во воздушните напади на американските сили за време на судирите со бунтовниците во јужниот дел на Авганистан, во дистриктот Сангин.

1794.Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја почна примената на егзактните физички методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжи науката и човештвото со многу други значајни откритија. Роден е во Париз, на 26 август 1743 година.
1828 Во Женева е роден Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Хајден, Швајцарија, на 3 октомври 1910 година.
1858 Во Неапол е роден Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичката насока. Неговото најзначајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Умре во Монтекасино, кај Фиренца, на 9 август 1919 година.
1880 Умре Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература. Како противник на граѓанското лицемерие, верно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни и обемни дела. Негови најзначајни дела се романите "Сентиментално воспитување", "Госпоѓа Бовари" и "Искушението на Антони". Роден е на 12 декември 1821 година.
1902 Во ерупција на вулканот Мон Пеле на Мартиник целосно е уништен градот Сен Пјер, а несреќата ја преживеаја само двајца од 30.000 жители.
1903 Турската војска од Костур, Егејска Македонија, испрати засилен војнички одред за да го уништи селото Смрдеш, само затоа што со сметаше за најкомитско село во Костурско. Во ноќта и утредента, војниците и башибозукот направија големи штети во селото. Од 300 куќи во селото изгореа 240, 84 луѓе беа убиени или заклани, а 50 беа повредени. Селото беше речиси ограбено и опустошено.
1914 Во селото Будинарци, беровско е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет "Македонска повест". Умре во Скопје, на 15 март 1974 година.
1921 Во Шведска е укината смртната казна.
1925 Во Виена во Бург-театарот, од платеничката на бугарскиот двор Менче Карничева, е убиен Тодор Паница, истакнат борец на македонското националноослободително движење. Роден е во бугарскиот град Орахово, во 1878 година.
1992 Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995 Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.
1996 Умре шпанскиот борец со бикови Луис Мигел Лукас „Доминген“, веројатно најдобриот светски борец со бикови во 20 век, чија вештина го инспирира американскиот писател Ернест Хемингвеј.
2001 Во Скопје, во издание на Македонскиот народен театар е промовиран првиот број на списанието за сценска уметност "Сцена".
2001 Папата Јован Павле Втори ја заврши посетата на Сирија во текот на која како прв римокатолички поглавар во историјата влезе во една џамија.
2007 Во Северна Ирска по повеќегодишни суспензии и директна управа на лондонската влада, обновена е локалната власт и формирани се северноирски парламент и влада.
2007 Најмалку 21 цивил, вклучувајќи жени и деца, како и еден припадник на коалиционите сили, загинаа во воздушните напади на американските сили за време на судирите со бунтовниците во јужниот дел на Авганистан, во дистриктот Сангин.
 
8 мај

- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски писател. Пишуваше романи и сатирични комедии, прикажувајќи го реалистичкото современо општество. Од делата познати му се романите „Жил Блас“ и „Хроми Даба“, како и комедијата „Тиркаре“. Умре во 1747 година.
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја почна примената на егзактните физички методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжи науката и човештвото со многу други значајни откритија. Роден е во Париз, на 26 август 1743 година.
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Хајден, Швајцарија, на 3 октомври 1910 година.
1858.- Во Неапол е роден Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичката насока. Неговото најзначајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Умре во Монтекасино, кај Фиренца, на 9 август 1919 година.
1880.- Умре Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература. Како противник на граѓанското лицемерие, верно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни и обемни дела. Негови најзначајни дела се романите "Сентиментално воспитување", "Госпоѓа Бовари" и "Искушението на Антони". Роден е на 12 декември 1821 година.
1884.- Роден е Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД. Умре на 26 јануари 1972 година.
1902.- Во ерупција на вулканот Мон Пале на Мартиник целосно е уништен градот Сен Пјер, а несреќата ја преживеаја само двајца од 30.000 жители.
1903.- Турската војска од Костур, Егејска Македонија, испрати засилен војнички одред за да го уништи селото Смрдеш, само затоа што со сметаше за најкомитско село во Костурско. Во ноќта и утредента, војниците и башибозукот направија големи штети во селото. Од 300 куќи во селото изгореа 240, 84 луѓе беа убиени или заклани, а 50 беа повредени. Селото беше речиси ограбено и опустошено.
1905.- Во Ѓаково умре Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар и културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметности (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремеше кон обединување на јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година, со негова помош, во Загреб е објавен „Зборникот на браќата Миладиновци“. Роден е во Осиек, на 4 февруари 1815 година.
1914.- Во селото Будинарци, Беровско, е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет "Македонска повест". Умре во Скопје, на 15 март 1974 година.
1921.- Во Шведска е укината смртната казна.
1925.- Во Виена во Бург-театарот, од платеничката на бугарскиот двор Менче Карничева, е убиен Тодор Паница, истакнат борец на македонското националноослободително движење. Роден е во бугарскиот град Орахово, во 1878 година.
1949.- Основана е Сојузна Република Германија.
1972.- Американскиот претседател Ричард Никсон издаде наредба за минирање на северновиетнамските пристаништа.
1992.- Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995.- Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.
1996.- Умре шпанскиот борец со бикови Луис Мигел Лукас „Доминген“, веројатно најдобриот светски борец со бикови во 20 век, чија вештина го инспирира американскиот писател Ернест Хемингвеј.
2001.- Во Скопје, во издание на Македонскиот народен театар е промовиран првиот број на списанието за сценска уметност "Сцена".
2001.- Папата Јован Павле Втори ја заврши посетата на Сирија во текот на која како прв римокатолички поглавар во историјата влезе во една џамија.
2007.- Во Северна Ирска по повеќегодишни суспензии и директна управа на лондонската влада, обновена е локалната власт и формирани се северноирски парламент и влада.
2007.- Најмалку 21 цивил, вклучувајќи жени и деца, како и еден припадник на коалиционите сили, загинаа во воздушните напади на американските сили за време на судирите со бунтовниците во јужниот дел на Авганистан, во дистриктот Сангин.
 
На денешен ден 2007 година еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Малком Гејзер на сер Алекс Фергусон му додели нови 50 милиони фунти за засилувања, кои искусниот стратег ги искористи за купување на Тевез, Нани и Андерсон.

На денешен ден во спортската историја во 1960 година е роден капитенот на Милан, Франко Барези. Овој фудбалер од самиот старт па се до крајот на својата кариера е во дресот на Милан,каде одигра 532 натпревари и постигна 16 гола. За италија одигра 81 натпревар а има постигнато и еден гол.Со овој тим освои 6 титули во Италија, 3 трофеи во ЛШ.

На денешен ден во 2007 година Марадона излегува од психијатриска болница, каде се лекуваше од зависност од алкохол. Прославениот фудбалер своето лекување го продолжи дома,во Аргентина.

1970 на денешен ден во Хихон е роден фудбалерот Луис Енрике. Тој настапуваше за Спортинг, како и за двата гиганта во Шпанија Барселона и Реал Мадирд.Во националниот тим на својата земја настапи на 62 средби а постигна 12 гола.Во 2004 година се опрости од активното играње фудбал.

1977 година е роден грскиот кошаркар и еден од најдобрите играчи во моментот Теодорос Папалукас.Во моментот настапува за рускиот ЦСКА со кој играше во големото финале а загуби од Панатинаикос.

1987 година на денешен ден е роден играчот на Вест Хем, Марк Нобл.Тој е еден од најдобрите млади играчи на оваа земја и во моментот е капитен на младата репрезентација на Англија. Настапуваше порано за Хал и Ипсвич пред да се врати во Лондон.

Истата година Јувентус е преселен во Италијанската Серија Б,но успева експресно да се врати и тогаш потпишува тригодишен нов спонзорки договор со автомобилскиот концерн од Торино, ФИАТ.
 
1502 Славниот џеновски морепловец Кристофер Колумбо, во служба на Шпанија, тргна на четвртото и последно патување во новиот свет. Во Шпанија се врати во ноември 1504 година, а умре две години подоцна, незадоволен бидејќи го одминаа ветените награди и почести. До последен момент Колумбо не знаеше дека ја открил Америка. Беше уверен дека стигнал до источните брегови на Азија.
1800 Роден е Џон Браун, американски фармер, борец за рамноправност на Црнците. На 2 декември 1859 година федералната американска војска го фати тешко ранетиот Браун и го обеси. Неговата борба имаше широк одзив и и претходеше на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД.
1805 Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнуваше идеалот на достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите "Интрига и љубов", "Разбојници", "Дон Карлос" и "Јованка Орлеанка". Роден е на 10 ноември 1759 година.
1873 Роден е англискиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон.
1901 Во Мелбурн е отворен првиот Парламент на Австралија.
1926 Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1927 Канбера стана главен град на Австралија наместо Мелбурн.
1944 Во Прилеп, во борба против бугарскиот окупатор загинаа Кире Гавриловски - Јане и Круме Волнароски - Коља, народни херои на Југославија од Македонија. Кире Гавриловски е роден во Прилеп, во 1918 година. Круме Волнароски е роден во Прилеп, во 1909 година.
1945 Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7 мај 1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1946 Кралот Виторио Емануел Трети абдицира и Италија стана Република.
1947 Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта "Кавалерија рустикана" (или "Селска чест" како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Диригент беше Тодор Скаловски, режисер Бранко Поморишац, а корепетитор Петре Богданов - Кочко.
1959 Во Скопје умре Борис Бојаџиски, македонски писател, новинар и публицист. Автор е на драмите "Дадовме збор", "Дедо Мраз и кај нас", "Милка", на книгите раскази "Палавото зајаче", "Првите цутови", како и монографијата на народниот херој Орце Николов. Роден е во Охрид, на 23 февруари 1915 година.
1978 Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.
1998 Во Бирмингем, Велика Британија, се одржа 43 Фестивал на забавна музика во Европа - Песна на Евровизија, со учество на 23 земји (Евросонг 1998). На него, првпат учествуваше и Република Македонија. Неа ја претставуваше Владо Јаневски со песната "Не зори, зоро" на Глигор Копров. Јаневски освои 40 бодови и го освои 19 место.
2001 Во најтрагична несреќа во историјата на африканскиот фудбал, на најголемиот стадион во Акра, главниот град на Гана, загинаа 126 луѓе во стампедо што го предизвика полицијата која употреби солзавец.
2002 Американскиот Конгрес им забрани влегување во САД на граѓаните на седум земји кои го поддржуваат и толерираат тероризмот - Ирак, Иран, Куба, Либија, Северна Кореја, Сирија и Судан.
2004 Претседателот на Чеченија, Ахмад Кадиров загина во експлозија на бомба, што ја поставија чеченските исламски терористи на стадионот во градот Грозни.
 
1926 Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација. 1945 Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот. 1947 Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на Македонски јазик. Тоа беше операта „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што е запишано на првиот плакат) од Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. 1978 Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.
Родени
1874 Хауард Картер, англиски египтолог.
Починале
1805 Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. 1903 Пол Гоген, француски сликар.
 
1497 Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен Америка.
1876 Во Врхника е роден Иван Цанкар, словенечки поет, раскажувач, драматург и публицист. Во своите дела ја разоткриваше неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се бореше за правата на обичниот човек. Негови познати дела се "Слугата Јернеј и неговото право", "Под крстот" и "Кралот на Бетајнова". Умре во Љубљана, на 11 декември 1981 година.
1881 Крунисан е романскиот крал од германско потекло Карол Први Хоенцолерн, првиот крал на Романија.
1899 Роден е Фред Астер, американски филмски артист и танчер. Во танчерската техника го спојуваше класицизмот од почетокот на 20-от век со современите сваќања на танцот. Беше актер во филмовите "Време на свингот", "Смешно лице" и "Бродвејски мелодии". Умре во Лос Анџелес, на 22 јуни 1987 година.
1933 Четири ипол месеци откако Хитлер ја приграби власта, разулавените нацисти во Берлин пред Рајхстагот, запалија повеќе од 25.000 книги. Слични настани се случија таа ноќ и во други германски градови.
1967 Американското воздухопловство првпат во Виетнамската војна го бомбардираше пристаништето Хајфонг во Северен Виетнам.
1977 Во Њујорк умре Џоана Крафорд, американска артистка. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс", во 1945 година ја доби наградата "Оскар". Во 1965 година, престана да снима филмови и ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Родена е во Сан Антонио, на 23 март 1908 година.
1977 Во Саутемптон умре Џејмс Џонс, американски писател, автор на повеќе дела, меѓу кои и на познатиот роман "Одовде до вечноста", како и романите "Некои дојдоа трчајќи", "Тенка црвена линија" и други. Роден е во 1910 година.
1988 САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која Израел е осуден за инвазија на јужниот дел на Либан.
1989 Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.
1993 Повеќе од 200 работници загинаа во пожар во една фабрика за играчки во тајландската провинција Након Патом.
1994 Нелсон Мендела како прв Црнец е инаугуриран за претседател на Јужна Африка.
1997 Во земјотрес во источен Иран загинаа најмалку 1.560 луѓе.
2002 Поради издавање тајни на Москва, на доживотна казна затвор е осуден поранешниот агент на ФБИ Роберт Хансен, за кого се верува дека меѓу оние кои им направиле најголема штета на интересите на САД.
2006 Хамас и Фатах постигнаа примирје. Палестинскиот премиер Исмаил Ханије соопшти дека неговата владејачка радикална исламистичка организација Хамас постигнала договор со ривалскиот Фатах за прекин на судирите.

330.-онстантинопол (сегашен Истанбул) стана нова престолнина на Римското царство. Градот е наречен Константинопол според името на царот Константин Први Велики.
1896 Во Чаковец е роден Јосип Славенски, хрватски композитор. Во своите дела се инспирира од музичкиот фолклор на балканските народи. Најпознати дела од неговиот богат музички опус се "Песна на мојата мајка", "Словенска соната", "Симфонија на Ориентот" и други. Умре во Белград, на 30 ноември 1955 година.
1904 Во Фигерас е роден е Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Цртежите му се изведени до перфекција и секогаш во простор, во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се врати во Шпанија и работеше комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет. Умре во Фигерас, на 22 јануари 1989 година.
1916 Умре Макс Регер, германски композитор на доцниот романтизам, пијанист и музички педагог. Роден е на 9 март 1873 година.
1927 Умре францускиот сликар со шпанско потекло Хуан Грис, пионер на стилот познат како синтетички кубизам.
1931 Банкротот на „Кредит-Аншталт“, најголемата австриска банка, го означи почетокот на финансискиот колапс во централна Европа.
1943 Американските сили се истоварија на островот Ату во групата на Алеутските Острови. Тоа е прва територија што ја освоија Американците во Втората светска војна од Јапонците.
1946 Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Била изградена во 1778 година, од Џузепе Пермарини и во неа може да присуствуваат 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали-Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.
1949 Израел е примен во Обединетите нации.
1973 Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава.
1974 Во земјотресот што го зафати јужниот дел на НР Кина загинаа околу 20.000 луѓе, а беа повредени околу 30.000 луѓе.
1996 Американскиот патнички авион ДЦ-9 се урна во мочуриштето Еверглејдс на Флорида набрзо по полетувањето од аеродромот во Мајами. Несреќата не ја преживеа ниту еден од 110 патници и членови на екипажот.
2002- Во Прилеп е промовирана Фондацијата на македонски јазик "Небрегово", Целта на Фондацијата е да ја запознава македонската јавност со големото книжевно наследство на македонскиот писател и академик Блаже Конески.
 
Денес е Светски ден на медицинските сестри. Во 1820 година е родена англиската медицинска сестра Флоренс Најтингел, втемелувач на професијата на медицинските сестри, чиј роденден се одбележува како Светски ден на медицинските сестри. Таа го отвори првото училиште за медицински сестри.
1707 Роден е Карл фон Лине, шведски природонаучник, основач и претседател на Академијата на науките и на Природно-научниот музеј, еден од најголемите дескриптивни ботаничари. Ја создаде основата на ботаничката номенклатура, воведувајќи бинарна номенклатура, така што секое растение има две имиња - род и број. Умре во 1778 година.
1842 Во Сент Етјен е роден Жил Масне, француски композитор. Влијаеше врз цела една генерација француски композитори, се до Клод Дебиси. Компонира повеќе од 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се "Манон", "Вертер" и "Дон Кихот". Умре на 13 август 1912 година.
1845 Во Бон умре Август Вилхелм Шлегел, германски писател, литературен историчар, преведувач и филозоф. Роден е во Хановер, на 5 септември 1767 година.
1871 Умре францускиот композитор Даниел Франсоа Еспри Обер, автор на опери. Дела: оперите „Фра Диаволо“, „Црно Домино“.
1884 Во Прага умре Беджик Сметана, чешки композитор, основач на чешката опера и на чешката модерна музика. За своите композиции користеше теми од народните легенди, од историјата и од фолклорот. Компонира осум опери, меѓу кои се истакнува операта "Продадена невеста", што се смета за прва народна опера. Роден е во Литомишл, на 2 март 1824 година.
1904 Во Парал е роден Пабло Неруда, чилеански поет и лиричар во Латинска Америка. Со својот живот и поетско дело, тој секогаш беше на страната на правдата и на социјално загрозените маси. Учествуваше во Шпанската граѓанска војна. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата за 1972 година. Умре во Сантијаго, на 23 септември 1973 година.
1932 Во Прилеп е роден Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски, театарски, филмски и телевизиски актери. Умре во Скопје, на 12 декември 1983 година.
1935 Во Њујорк умре Михаило Пупин, научник кој со своите пронајдоци во областа на електрониката -жичната и безжичната телеграфија - стана познат во светот. Најголема слава и признание му донесоа "Пупиновите калеми" - со кои се овозможува пренос на телефонски разговори на голема далечина. Роден е во Идвор, во Банат, на 4 октомври 1858 година.
1935 Умре полскиот диктатор Јозеф Клеменс Пилсудски, прв претседател на Полска од 1918 до 1922 година и иницијатор на војната против Русија во 1920 и 1921 година. На денешен ден во 1926 година воспостави воена диктатура и на власт беше до смртта.
1943 Во Тунис капитулираа германско-италијанските сили со што е окончана битката за Северна Африка.
1949 Официјално е укината советската блокада врз Западен Берлин, започната кон крајот на јуни во 1948 година бидејќи и западните сојузници и Советскиот Сојуз ја сфатија безмисленоста на бескомпромисното спротивставување.
1969 Во Велика Британија старосната граница на изборното право е намалена од 21 на 18 години.
1988 Умре Ким Филби, славен советски разузнувач. Филби раководеше со Одделението на Британската контрашпионажа за борба против Советскиот Сојуз, а истовремено беше и советски шпион. Во 1963 година пребегна во Москва, каде што ја продолжи разузнувачката работа, пред се од аналитички карактер. Роден е во 1911 година.
1993 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина.
1993 Швајцарија ја призна Република Македонија.
1994 Во Лондон умре Џон Смит, лидер на Лабуристичката партија на Велика Британија, еден од најпопуларните британски политичари. Роден е во 1939 година.
1995 Сопствениците на „Рокфелер центарот“ во Њујорк зад кој стоеше јапонски капитал, го објавија банкротот на овој гигантски деловен центар.
2002 Поранешниот американски претседател Џими Картер пристигна во приватна посета на Хавана како американски политичар со највисок профил откако во 1959 година, Фидел Кастро со револуција ја презеде власта на Куба.
2006 Меѓу 150 и 200 луѓе загинаа во експлозија на нафтовод на периферијата на Лагос, најголемиот град во Нигерија.
2007 Во експлозија на бомба на пазар во турското пристаниште Измир беа повредени 15 луѓе. Бомбата беше прицврстена за велосипед, оставен на пазарот во квартот Борнов. Се смета дека зад терористичкиот акт стои курдската ПКК. Измир, по Истанбул, е најголемото пристаниште во Турција, а и главен пристанишен град и голем туристички центар.
 
Настани
1993 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина. 1993 Швајцарија ја призна Република Македонија. 1994 Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах. 2004 Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија. 2008 Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи.
Родени
1707 Карл фон Лине, шведски ботаничар - систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. 1932 Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски, театарски, филмски и телевизиски актери.
 
1840 Во Ним е роден Алфонс Доде, француски писател. Неговата трилогија "Тартарен Тарасконецот", "Тарантско пристаниште" и "Тартарен на Алпите" претставуваат ремек-дело на француската хумористична проза.
1842 Роден е Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е основач на англиската оперета. Умре на 22.11.1900 година.
1871 Во Италија е донесен закон со кој на Светата столица и се дозволува да има седиште во Ватикан.
1901 Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група "Скрб и утеха".
1961 Преку ТВ Белград е емитувана првата емисија на ТВ - студио Скопје, наречена "Балкански концерт" која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти.
 
1771 Роден е Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. Тој сметаше дека приватната сопственост, религијата и буржоаскиот брак се три зла кои треба да се отстранат. Според него, тоа може да се направи со експерименти и просветување. Умре на 17.11.1858 година.
1940 Гермаците го бомбардираа холандскиот град Ротердам. Притоа, холандската Влада се премести во Лондон и објави дека ја продолжува војната и покрај тоа што холандската војска капитулира пред германските нацистички сили.
1948 Заврши британскиот мандат во Палестина и основана е израелска држава. Со нејзиното формирање започна војната меѓу Израел и арапските држави.
1954 Во Хаг, во Холандија, на Меѓународната конференција на УНЕСКО е усвоена Конвенцијата за заштита на културните богатства во случај на вооружен конфликт. На 22.01.1985 година, 73 земји ја ратификуваа и ја прифатија Конвенцијата.
1955 Во Варшава, Полска, склучен е Варшавскиот Договор, воено-политички блок меѓу СССР, Полска, Бугарија, Романија, Чехословачка, Унгарија, ДР Германија и Албанија со рок на траење од 20 години.
1993 Во Њујорк умре Вилијам Рендолф Херст јуниор, американски издавачки магнат, сопственик на синџирот весници, чиј основач е неговиот татко. Во 1956 година ја доби Пулицеровата награда за меѓународно известување. Роден е во 1908 година.
 
Настани
1643 Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана од Австрија станува регент до неговото полнолетство. 1948 Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност. 1955 Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор. 1999 Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица.
Родени
1727 Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист 1771 Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам.
Починале
1912 Аугуст Стриндберг, шведски писател (р. 1849) 1998 Френк Синатра, американски пејач и глумец (р. 1915)
 
1859 Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го откри пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска - Кири ги откри радиоактивните елементи - полониумот и радиумот. Умре во 1906 година.
1926 Во Загреб проработи првата среднобранова радио-станица на Балканот.
1957 Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.
1992 Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
1994 Во Белград умре Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата во Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Родена е во Сплит, на 29.05.1923 година.
1995 Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
 
1926 Во Загреб проработи првата среднобранова радио-станица на Балканот. 1957 Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик. 1988 По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан. 1992 Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија. 1992 Нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина. Убиени 49 војници. 1995 Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
Родени
1859 Пјер Кири, француски физичар и хемичар.
Починале
1987 Рита Хејворт, американска актерка. 1994 Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија.
 
1795 Францускиот природонаучник и лекар за душевни болести, Филип Пинел, во париската болница "Салпетриер", отвори прво одделение за душевни болести.
1905 Во Гренд Ајленд, Небраска, во САД, е роден Хенри Фонда, американски филмски актер. Играше во филмовите "Младиот Линколн", "Плодови на гневот", "Моја драга Клементина", "Војна и мир", "Само еднаш се живее", "Викендичка" и други. Умре во Лос Анџелес, на 12.08.1982 година.
1943 Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители.
1985 Во Париз умре Жан Дифибе, вајар и архитект, еден од најзначајните француски сликари по Втората светска војна. Тој е познат по својата "Арт брит" или "Уметност во природна состојба". Роден е во 1902 година.
 
1395 На полето Ровине, кај Крајова, во Романија, во битката против влашкиот војвода Јован Мирче, загина Крали Марко, македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво. Роден е околу 1355 година.
1973 Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата "Вотергејт", во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон.
1984 Во швајцарскиот град Давос умре Ирвин Шо, американски раскажувач и драмски писател, автор на романот "Млади лавови", еден од најпознатите бестселери за време на Втората светска војна. Други негови дела се драмата "Да се погребат мртвите", "Опсада", "Синови и војници", "Богат и сиромав". Роден е во 1913 година.
1994 Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom