На денешен ден!

1799 Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше, француски писател. Во своите дела ги критикуваше поткупливоста, подлоста и корупцијата во општеството. Според неговите комедии "Севилскиот бербер" и "Свадбата на Фигаро", композиторите Росини и Моцарт ги напишаа истоимените опери. Роден е на 24.01.1732 година.
1872 Роден е Бертранд Расел, англиски филозоф. Студираше математика и физика во Кембрич. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Беше на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Умре на 2.02.1970 година.
1908 Умре Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. Беше водач на првата германска експедиција на Северниот пол. Роден е на 26.10.1837 година.
1977 Во Москва, за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е востановен за Меѓународен ден на музеите.
 
1762.Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од најистакнатите претставници на германската класична филозофија. Тој изврши големо влијание врз германскиот романтизам. Умре во Берлин, на 27 јануари 1914 година.
1890 Во Глина е роден Пјер Крижаниќ, сликар, графичар и карикатурист од Словенија. Живееше и работеше во Белград. Тој е еден од творците на современата југословенска карикатура, како и еден од основачите на хумористичниот весник „Јеж“. Умре во Белград, на 1 февруари 1962 година.
1890 Роден е виетнамскиот државник Нгујен Тат Тан, познат како Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам од 1945 до неговата смрт во 1969 година.
1906 Официјално е отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.
1910 Во Штип е роден Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија. Беше член на Второто заседание на АВНОЈ, на Првото, на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, потпретседател на првата Влада на ДФ Македонија. Умре во Скопје, на 8 ноември 1986 година.
1945 Со уредба на Народната влада на ДФ Македонија е формиран Државниот металски завод „Тито“ во Скопје.
1965 Умре Марија Домбровска, полска писателка. Продолжувајќи ги најубавите традиции на полскиот класичен реализам пишуваше романи, приказни, есеи и друго. Родена е во 1889 година.
1990 Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.
1994 Умре поранешната американска „прва дама“ Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се омажи за грчкиот бизмисмен Аристотел Оназис.
2002 Во Скопје, во салата на СРК „Кале“, во финалниот - реванш натпревар на Лигата на европските шампионки во ракомет, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победија првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и, надополнувајќи ја негативата од два гола од првата средба во Будимпешта (27:25), станаа европски клупски шампиони.
 
Дена пожарникарството во Република Македонија. На овој датум во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.
1498 Португалскиот морепловец Васко де Гама вплови во пристаништето Каликат во југозападна Индија, бидејќи претходно прв успеа да ја обиколи Африка.
1506 Умре шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристифор Колумбо, кој во 1492 година ја откри Америка, но до смртта веруваше дека го открил источниот брег на Индија.
1799 Во Тур е роден францускиот писател Оноре де Балзак, автор на околу стотина книги со повеќе од две илјади ликови. Негови наjпознати дела се романите „Евгенија Гранде“, „Чичко Горио“, „Изгубени илузии“, „Селани и Роднината Бета“. Умре во Париз, на 19 август 1850 година.
1806 Роден е англискиот филозоф и економист Џон Стјуарт Мил, еден од творците на либералната политичка теорија. Негово најзначајно дело е „За слободата“, а останати „Систем на логика“, „Утилитаризам“, „Принципи на политичката економија“...
1875 Во Париз се одржа Дипломатска конференција за метарот, беше основано Меѓународното биро за мерки и тегови. Со тоа започна да се средува хаосот кој владеше во областа на метрологијата на мерните единици на одделни физички големини.
1834 Умре францускиот генерал и државник Маркиз од Лафајет, кој од 1777 до 1781 година заедно со американските колонисти се борел за ослободување на Северна Америка од Британците.
1875 ВО Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ. Делото на ТМРО му беше над се, а со своите постапки секогаш беше праведен и бескомпромисен. Во Кадино Село, Прилепско, во борбата против турската војска се самоуби заедно со сите борци на својата чета, на 7 април 1902 година.
1876 Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1896 Умре германската пијанистка Клара Шуман, една од најголемите мајстори на клавир во 19. век. Ширум Европа ги популаризираше делата на Роберт Шуман, за кого се омажи во 1840 година, како и делата на Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Феликс Менделсон. Беше врвен интерпретатор.
1908 Роден е Џејмс Стјуарт, американски филмски актер. Беше омилен актер на режисерот Хичкок. Филмови: „Мистер Смит во Сенатот“, „Филаделфиска приказна“ (Оскар), „Винчестер 73“, „Приказна за Глен Милер“, „Најголемата претстава на светот“, „Човекот што знаеше премногу“... Умре на 3 јули 1997 година.
1926 Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1947 Грчка жандармериска и воена единица го нападна селото Пателе, Леринско. Притоа беа уапсени 17 Македонци обвинети за соработка со НОФ и со партизаните. Од затворените четворица беа осудени на смрт, а другите беа интернирани на островот Ѓура.
1956 Експлодира првата хидрогенска бомба пуштена од авион, која Американците ја исфрлија врз пацифичкиот остров Бикини.
1956 Умре англискиот писател и карикатурист Макс Бирбом, мајстор за сатира и иронија. Дела: „Божиќен венец“, „Делата на Маркс Бирбом“.
1980 Во Квебек на референдум за независност од Канада 60 отсто од избирачите гласаа против отцепување.
1981 Во Скопје умре г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Роден е на 7 декември 1906 година.
1990 Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.
2002 Источен Тимор прогласи независност бидејќи мисијата на Обединетите нации, која управуваше со оваа поранешна португалска колонија од 1999, кога земјата ја напуштија индонезиските сили, власта и ја предаде на локалната влада.
2006 Повеќе од 100 луѓе загинаа во тајфунот кој ги погоди Виетнам, Кина и Филипини, а околу 400 се водат за исчезнати.
 
1471 Роден е германскиот сликар и бакрорезец Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори. Дела: „Четири апостоли“, „Света Тројца“, Портрет Холцшуер“.
1471 Во лондонскиот затвор „Тауер“ е убиен англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од династијата Ланкастер, симнат од престолот во династичките борби („Војна меѓу две ружи“), а престолот повторно го зазеде Едвард Четврти.
1527 Роден е шпанскиот крал Филипе Втори, кој во текот на владеењето од 1556 до неговата смрт во 1598 се искажа како голем поборник на римокатоличката реакција, чија инквизиторско-апсолутистичка политика во Холандија предизвика востание против шпанските власти. Тој ја предводеше земјата во борбата против Османлиското царство од 1571 до 1578 година и против Англија од 1588 која заврши шест години по неговата смрт. По крахот на неговата „Непобедива арманда“ во 1588 година во битката со англиската морнарица во Ламанш, Шпанија никогаш повеќе не беше светска сила од прв ред.
1639 Умре италијанскиот филозоф, доминиканецот Томазо Кампанела, кој 27 години поминал во темница. Во делото „Држава на сонцето“, напишана по урнекот на Платон и Томас Мор, го изложил сфаќањето за идеално општество како некој вид остварување на Платоновиот идеал.
1688 Роден е англискиот писател Александер Поуп, претставник на класицизмот во англиската поезија, кој на англиски јазик ги превел грчките епови „Илијада“ и „Одисеја“. Дела: „Есеј за човекот“, „За критиката“, „За глупоста“.
1844 Роден е францускиот сликар Анри Русо „Цариник“, сликар-самоук. Вниманието на критиката го привлекува со едноставните сликарски форми. Силно влијаел на создавањето школо за „наивни сликари“ во Европа и во Америка. Дела: „Свадба“, „Прошетка“, „Сон“.
1858 Умре Шарл Луј Авас, француски писател, новинар, основач на новинската агенција „Авас“. Роден е во Роан. Тој е еден од основачите на агенциското новинарство. Агенцијата „Авас“ е најстарата новинска агенција во светот, основана во 1835 година. Како новинска агенција „Авас“ постоеше до 1945 година, а од неа израсна денешниот француски „Франс прес“.
1860 Роден е холандскиот лекар Вилхлем Ејнтховен, основач на електрокардиографијата, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1924 година.
1895 Умре австрискиот композитор и диригент Франц фон Супе, автор на повеќе популарни оперети. Дела: „Лесна коњаница“, „Бокачо“, „Убавата Галатеја“.
1904 Во Париз е основана Светската фудбалска федерација - ФИФА.
1921 Во Москва е роден Андреј Дмитриевич Сахаров, руски физичар и математичар, академик и заштитник на човековите права. Во 1975 година ја доби Нобеловата награда за мир за смелоста и личната одговорност во поткрепа на основните принципи за мир меѓу луѓето и за пожртвуваната борба против употребата на сила и на сите форми на нарушување на човековото достоинство. Умре во Москва, на 12 декември 1989 година.
1927 Американскиот пилот Чарлс Линдберг слета во Париз прелетувајќи 5.850 километри од Лонг Ајленд во Њујорк за 33 часа и 29 минути, со што стана првиот човек кој со авион го прелета Атлантикот.
1935 Умре холандскиот ботаничар Хуго де Фрис, основач на експерименталната генетика. Дело: „Теорија за мутација“.
1935 Умре американската пацифисткиња и општествен реформатор Џејн Адамс, добитничка на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се бавеше со практично решавање на социјалните проблеми и беше претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.
1956 Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.
1989 Кинеските студенти кои го окупираа централниот пекиншки плоштад Тјенанмен, го отфрлија барањето на владата да го напуштат плоштадот.
1991 Поранешниот индиски премиер Раџив Ганди е убиен, со бомба сокриена во букет цвеќе, за време на предизборен митинг во јужната индиска држава Тамил Наду, во близина на градот Мадрас.
2003 Во земјотрес кој го зафати северен Алжир загинаа најмалку 2.273 лица.
2006 Одржан е референдум за државниот статус на Црна Гора. На референдумот, со тесно мнозинство, одлучено е Црна Гора да се одвои од рамките на Државната заедница Србија и Црна Гора.
 
1813 Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во третата половина на 19-от век. Негови најзначајни дела се "Тристан" и "Изолда" и "Леогрин". Умре во Венеција, на 13.02.1883 година.
1819 Парниот брод "Савана", изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Тоа беше првиот параброд кој за само 25 денови го преплови Атлантикот.
1885 Во Париз умре Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. Негови најпознати дела се романите "Клетници", "Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз" и "Работници на море". Роден е во 1802 година.
1918 Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1972 Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
1979 Официјално е верификувано основањето на битолскиот Универзитет.
 
1514 Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на "старите права", по четири месечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен.
1905 Со ираде-указ на турскиот султан Абдул Хамид, Власите се признати како посебен народ во турското царство. Поради значењето на овој датум, Лигата на Власите од Македонија го прифати како национален ден.
1906 Во Осло умре Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург. Во своите дела го обвинуваше современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Привидение" и "Непријател на народот". Роден е на 29.03.1828 година.
1962 Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.
1992 Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада.
1994 Во Лос Анџелес, во САД, умре Џо Пас, прославен американски гитарист, еден од најголемите гитаристи во историјата на џезот. Роден е во Њу Брунсвик, во 1931 година.
1995 Република Македонија и Украина воспоставија целосни дипломатски односи.
 
Ден солунските браќа Кирил и Методиј.
Правлавната црква во 11-от век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучи 24 мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направија солунските браќа за самобитниот развиток на македонската култура.
1543 Во Фромборг, во Полска, умре Никола Коперник, полски астроном. Тој докажа дека Земјата се врти околу Сонцето, а не Сонцето околу Земјата, како што се сметаше дотогаш. Роден е во Товин, на 19.02.1473 година.
1905 Роден е Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти. Со светска слава се здоби со своето ремек-дело, романот "Тихиот Дон". Други негови познати дела се "Разорана ледина", "Наука на омразата" и "Човековата судбина". Умре во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, на 21.02.1984 година.
1928 Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг (1881-1955), го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести.
1954 Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера "Гоце", од македонскиот композитор Кирил Македонски.
1996 Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата "Свети Кирил и Методиј".
 
1902 Во селото Мелница, мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател. Во 1953 година го објави романот "Крпен живот", а потоа и романите "Толе Паша", "Калеш Анѓа" и "Дилбер Стана". Познати се и неговите повести "Опасна печалба" и "Мариовски панаѓур". Умре во Скопје, на 10.03.1965 година.
1958 Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали "Силика".
1979 Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот "ДЦ-10" на "Американ ерлајн", при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
1997 Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.
 
1882 Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1905 Во Велес е роден Стефан Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Во 1970 година ја доби наградата "11 Октомври". Умре во Охрид, на 17.06.1992 година.
1972 Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
1994 Весникот на албански јазик "Флака е влазеримит" почна да излегува како дневен весник.
 
1805 Во Берово е роден Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29.04.1898 година.
1937 Невин Чемберлен стана англиски премиер. Беше решителен носител на англиската и на европската политика за смирување.
1971 Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда "Марс-3", со тежина од пет тони.
1993 Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.
1994 Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.
 
1220.Роден е Александар Невски, новогородски кнез, руски војсководец, познат руски народен јунак. Ја победил шведската војска на реката Нева во 1240 година, а во 1242 година ги победил германските рицари „мечоносци“ на замрзнатото Чудеско Езеро и така го запре германското напредување кон исток. Умре на 14 ноември 1263 година.
1498 Шпанскиот морепловец со италијанско потекло Кристофер Колумбо со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1539 Англискиот писател Кристофер Марло кој битно влијаеше на Вилијам Шекспир е убиен на мистериозен начин во една лондонска таверна. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“.
1640 Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28 јуни 1577 година.
1672 Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8 февруари 1725 година.
1744 Умре англискиот писател Александер Поуп, претставник на класицизмот во англиската поезија, кој на англиски јазик ги преведе грчките епови „Илијада“ и „Одисеја“. Дела: поемите „Есеј за човекот“, „За критиката“, „За глупостите“.
1770 Умре Франсоа Буше, француски сликар, еден од главните претставници на сликарскиот правец рококо. Роден е на 29 септември 1703 година.
1778 Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман „Кандид“. Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21 ноември 1694 година.
1814 Роден е рускиот револуционер Михаил Александрович Бакуњин. Дела: „Државност и анархија“, „Кнутогерманска империја и социјална револуција“.
1848 САД и Мексико го ратификуваа договорот, потпишан во февруари 1848 година, по поразот на Мексиканците во американско-мексиканската војна, според кој, за надокнада од 15 милиони долари, во составот на САД влегоа дотогаш мексиканските територии Ново Мексико, Калифорнија, делови од Невада, Јута, Аризона и Колорадо.
1909 Роден е американскиот кларинетист и композитор Бенџамин Дејвид Гудмен, познат како Бени Гудмен, еден од првите бели музичари кој и се спротивстави на расната сегрегација. Во 1934 година формираше џез-оркестар во кој повика и црни музичари. Сними десеттина филмови, а се бавеше и со класична музика, сними концерт за кларинет Волфанг Амадеус Моцарт и свиреше со симфониски оркестри.
1912 Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година заедно со неговиот брат Орвил, во авион направен од нив двајцата, го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди, а авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачаа првиот борбен авион „Сингл Корпс I“.
1918 Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се „За улогата на личноста во историјата“, „Нашите размислувања“ и „Уметноста и општествениот живот“. Роден е на 11 декември 1856 година.
1942 Биртанското воено воздухопловство со 1.047 авиони го бомбардираше германскиот град Келн. Тоа беше првиот бомбардерски напад на РАФ изведен со повеќе од илјада летала во Втората светска војна.
1960 Во Переделкино умре Борис Леонидович Пастернак, руски писател. Познати негови дела се „Збирка стихови без бариери“, „Теми и варијации“, романот „Доктор Живаго“ и други. Во 1958 година ја доби Нобеловата награда за литература за извонредните дострели во современата лирска поезија и на полето на великата руска епска традиција. Роден е во Москва, на 10 февруари 1890 година.
1973 Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981 Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.
1989 Во Њујорк умре Зинка Кунц - Миланов, оперска пејачка, еден од најубавите сопрани во современиот свет. Родена е во Загреб, во 1906 година.
1995 Русија ги формализира односите со НАТО, но го повтори предупредувањето дека ширењето на западниот воен сојуз на исток би можело да ја подели Европа.
1998 Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.

2002 Со натпреварот меѓу светскиот шампион Франција против репрезентацијата на Сенегал, кој ширум планетата го следеа најмалку 500 милиони телевизиски гледачи, во Сеул е отворено првото Светско фудбалско првенство одржано на тлото на Азија, кое заеднички го организираа Јужна Кореја и Јапонија. Сенегал приреди изненадување со победа од 1:0.
2007 Умре францускиот глумец и режисер Жан Клод Бријали, кој се смета за еден од столбовите на франуската кинематографија во рангот на Филип Ноаре. Играл во повеќе од 200 филмови, а беше и сопственик и директор на парискиот театар „Ле Буф“. И самиот режирал неколку филмови, од кои последниот е „Господин Макс“, снимен во 2006 година. Исто така, тој има објавени и неколку книги.
 
1640 Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28.06.1577 година.
1672 Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година.
1778 Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман "Кандид". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21.11.1694 година.
1918 Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се "За улогата на личноста во историјата", "Нашите размислувања" и "Уметноста и општествениот живот". Роден е на 11.12.1856 година.
 
1594 Во Венеција умре Јакопо Робусти Тинторето, италијански сликар. Тој изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите. Роден е во Венеција, во 1518 година.
1809 Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв композитор на развитокот на оркестарот. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Роден е на 31.03.1732 година.
1872 Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е роден Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. Тој е најистакнат организатор и раководител на македонското националноослободително движење во Пиринска Македонија. Патувајќи од Мелник за Неврокоп, близу до Рожденскиот манастир, убиен е од врховистичките наемници, на 22.04.1915 година.
1942 Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1962 Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните егзекутори на Хитлеровото "конечно решение" на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
 
1926 Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Автобуска станица" и "Седум години верност". Умре на 5.08.1962 година.
1953 Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања.
1974 Умре Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден е во 1895 година.
1992 Во Скопје е поставен камен - темелникот на Домот - музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.
1994 Во Скопје е поставен камен темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
 
1624.Роден е полскиот крал Јан Трети Собјески, кој во текот на владеењето од 1674 па се до смртта во 1686 година го оневозможи длабокиот продор на Турците во Европа.
1584 Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1740 Роден е францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Маркиз де Сад. Дела: романите „Јустина“ и „Жилиета“.
1789 По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1804 Роден е рускиот композитор Михаил Иванович Глинка, творeц на рускиот национален стил. Автор е на првата руска национална опера „Иван Сусањин“. Според истоимената поема на Александар Пушкин, го напиша либрето за операта „Руслан и Људмила“. Останати дела: фантазија „Камаринскаја“, увертирата „Ноќ во Мадрид“, камерна музика, романси, црковна музика, соло песни.
1840 Роден е Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и извонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството на неговите романи, тој е сметан за најдобар англиски автор од тоа време - „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Познати се неговите дела „Под гринвудското дрво“, „Далеку од лудата толпа“, „Градоначалникот на Кестербриџ“ и други. Умре на 11 јануари 1928 година.
1857 Роден е англискиот композитор и виолинист Едвард Вилијам Елгар. Дела: ораториумот „Геронтијусов сон“, концертните увертири „На југ“, „Енигма за варијациите“, „Фалстаф“, две сомфонии, концерти за виолина и виолончело.
1882 Умре италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди, водач на движењето за обединување на Италија.
1886 Во Пчеликово умре Алексанар Николаевич Островски, руски драмски писател, автор на педесетина драмски дела што ја претставуваат основата на рускиот класичен драмски репертоар. Меѓу најпознатите негови дла се „Бура“, „Мома без мираз“, „Шума“, „Свои сме, ќе се разбереме“, „Волци и овци“ и други. Роден е во Москва, на 31 март 1823 година.
1898 По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.
1902 Во селото Пателе, Леринско, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популрен како народен заштитник. Роден е во селото Пателе.
1904 Во Виндбер, Пенсилванија, е роден Џони Вајсмилер, американски пливач, ватерполист и филмски актер. Беше најуспешен толкувач на ликот на Тарзан во серија филови. Умре во Акапулко, Мексико, на 20 јануари 1984 година.
1916 Во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор.
1924 Американскиот Конгрес го призна државјанството на сите преостанати Индијанци, староседелци на територијата на која се создадени САД.
1940 Роден е грчкиот крал Костантин Втори, последниот монарх на Грција кој владееше од 1964 до 1967 година. Воениот режим во Грција ја укина монархијата во 1973 година.
1943 Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смилјан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.
1946 Италијанците на референдум се изјаснија за републиканско уредување, отфрлајќи ја монархијата.
1953 Британската кралица Елизабета Втора е крунисана во Вестминстерската катедрала во Лондон. Таа е прва церемонија која е пренесувана на телевизија.
1983 Советскиот Сојуз од стелит во орбитата на Земјата лансираше нова вселенска сонда за истражување на планетата Венера.
1987 Умре шпанскиот гитарист Андрес Серовиј, најголем мајстор на овој инструмент во 20 век. Со само седум години приредувал концерти ширум светот, извонредно толкувајќи дела на класични мајстори, со што гитарата ја смести во редот на концертните инструменти за серизона музика.
1997 Во Џорџтаун умре Адолфус Док Читам, една од последните американски џез легенди, водечки трубач во оркестарот на Кејб Неловеј. Роден е во Нешвил, на 13 јуни 1905 година.
1999 Во Јапонија, по повеќедецениски полемики, се легализира употребата на средствата за контрацепција.
2006 Умре рускиот вајар Вјачеслав Кликов. Тој е еден од иницијаторите и организатор на Деновите на словенската писменост и култура, а беше и претседател на Меѓународниот фонд за словенска писменост и култура.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom