Музички вести

  • Креатор на темата Креатор на темата boogeyman
  • Време на започнување Време на започнување
Најновата песна на Чиста. Мене ми се допаѓа начинот на кој е изведена, интересен музички склоп.

 
Премиера на првиот документарец за култната македонска група „Мизар“


Во киното „Фросина“ во недела (27.04.2014) со почеток од 20 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“ во рамките на „Скопски филмски фестивал“ во вечерта посветена на студентските филмови изработени од студентите на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Автор на филмот е Марко Џамбазоски, студент на катедрата по филмска и ТВ монтажа, инаку и самиот е музичар во скопскиот бенд Визија.

Приказната ги обработува почетоците на легендарниот македонски бенд Мизар и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, Мизар станува една од најзначајните групи во историјата на македонската рок култура.
За овој филм се користени главно досега необјавени аудио и видео материјали од бендот од кои еден дел се демо снимки, а други се материјали кои веќе две ипол децении се заборавени длабоко во архивата на Македонска радио телевизија. Филмот е базиран на сеќавањето на членовите на Мизар од тој период – Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Илија Стојановски, Горан Таневски и Слободан Стојков, а во него се опишува и односот на Мизар кон тогашниот политички систем во Југославија и тврдоглавата желба на членовите да донесат промени во општеството, како на пример поголема слобода на мислење и изразување, не само во културата туку и воопшто.

Ова е прв документарен филм за култниот македонски бенд Мизар воопшто. Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање.

извор

Еве една одлична вест, нешто интересно и освежувачко :)
 
Primavera Sound and Arte Concert are joining forces to broadcast the three main days of the festival live from the Parc del Fòrum in Barcelona. The broadcast will include a multichannel programme of the most outstanding concerts on the four main stages from Thursday 29th to Saturday 31st May, especially designed for all those who cannot attend the event and want to be part of the festival by living it virtually in real time in every corner of the planet.

primavera-lineup-608x808.jpg


Ен. на време да ве извести, да не биде не сте знаеле. Разгледајте што ви фаќа око, ваљда ќе има пренос баш од нив.

Линк до timetable.
 
Jimmy Scott почина денеска. Познат е по џезот и Twin Peaks.
 
Ова ќе биде импресивно, баш му се радувам и ептен сакам да одам!

ДИЏЕЈОТ ДЕРИК МЕЈ И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЗАЕДНО НА АНТИЧКИОТ ТЕАТАР

Аудио-визуелен перформанс со спој на класичната и на електронската музика ќе изведат светски познатиот диџеј Дерик Меј и ансамблот на Македонската филхармонија на 2. август вo Античкиот театар во Охрид
 
Една музичка вест, комерцијалната музика за која постојат вестите претставува 1% од вкупната музичка сцена :)
Затоа......
 
Ме изненади веста за смрта на Кемал Монтено
Еве како за тоа извести музика 24
http://www.muzika24.mk/balkanska/pocina-kemal-monteno/14076/
Еве за него на Википедија
http://en.wikipedia.org/wiki/Kemal_Monteno
За него младите веројатно послабо слушнале, беше кантавтор и комозитор
Има компонирано песни кој се изведувани и на Македонски јазик
 
Гледам на ДМ Сат имаше специјално за него емисија, интервјуа ова-она. Го прашува водителката дали музиката му е најголема љубов, он вика „не, воопшто немам некоја посебна љубов кон музиката, мене отсекогаш на прво место ми бил фудбалот“ (y) Ѕвер човек бил, нека почива во мир.
 
На 68 годишна возраст почина грчката легенда Демис Русос. Одличен, специфичен вокал, кој лично за мене остави најголема трага со Aphrodite's Child, легендарниот состав во кој членуваше и Вангелис.
 
Back
На врв Bottom