Музички вести

  • Креатор на темата Креатор на темата boogeyman
  • Време на започнување Време на започнување
Ерос на својот јутјуб канал го објави своето ново музичко видео пред 1 час. Јас како голем фан негов кој доста време го следам и го погледнав неговото ново музичко видео и навистина добра песна. Me изненади најмногу спотот што е направан според мене некако премногу лесно сварлив народски кажано многу едноставно спотче. Но сепак во целина да се земе одлично сработено :)

Погледнете го и самите оценете си

 

Дечки нешто што не би смееле да го пропуштите Клуб Театро сабота 09.11.13
The Sound Messengers
Не пропуштајте одлична журка (y)
 
Денеска Скопски фестивал ? Зошто нема тема отворено......

Мислам дека прочитав солидни имиња и наши и странски,странските највеќе око ми фатија Горан Каран,Игор Цукров,Бојан Маровиќ......незнам дали во ревијален дел ќе настапуваат или во натпреварувачкиот дел......ај може ќе излезе нова Кој да ти каже Ивана,Кога те нема.........итн итн.
 
Ријана со психотичен видео запис за „What Now“

Ријана направи мрачен, психотичен видеоспот за поп-рок баладата „What Now“ од албумот „Unapologetic“, во кој таа изведува егзорцизам.

Ријана со психотичен видео запис за „What Now“1

Снимено во морничаво складиште во Тајланд, видеото ја прикажува мрачната страна на Ријана, проследено со растреперени движења на камерата и секси искривувања на нејзиното тело, кои треба да го прикажат ѓаволот кој го измачува нејзиното тело. Погледнете го ова „опседнато“, но визуелно примамливо видео.

 

Излезе новата песна на Виктор Апостоловски со наслов: Ми фалиш ти.
 
Бијонсе го промовираше првото видео од новиот албум кој го објави пред неколку дена. Станува збор за видеото за песната „Drunk in Love“, која Бијонсе ја направи во соработка со сопругот Џеј Зи.

 

Ријана е секси психијатарка на Еминем во спотот за „The Monster“

Песната „The Monster“ во моментов е број 1 на листата на Billboard Hot 100 синглови, а е дел од осмиот албум на Еминем, наречен „The Marshall Mathers LP 2“. Сега таа доби и свој мрачен видеозапис. Ријана глуми псијихатарка на Еминем, улога во којашто исто така успева да привлече внимание. Кој би рекол дека кежуал бизнис изгледот може да изгледа толку жешко?

Во спотот има и ретроспектива од најзначајните моменти во кариерата на познатиот рапер, кој се обидува да излезе од сопствената психолошка замка. Насилството, славата и зависноста од наркотици, ги репрезентира внатрешните „чудовишта“ на Слим Шејди, а целта којашто сака да ја постигне е ментално созревање.


Фантастичен ремикс на „Твојте очи Лено“


Групата Баклава и продуцентот Ѓорги Јанев, на хаус журките попознат како DJ Dzordz, неодамна направија интересен музички проект – старата и добро позната „Твојте очи Лено“ ја донесоа во ново модерно електронско издание.


„Соработката ни беше одлична и со воодушевување ја прифативме новата идеја. Сето тоа, сега испадна како новогодишен подарок за нашите слушатели, на кои се надеваме дека ќе им се допадне“ – изјавуваат од Баклава.

Станува збор за извонредна продукција и аранжман кој прави баланс помеѓу модерното, електронското и старото, фолклорно, етнолошко музичко наследство. Песната е проследена и со видео спот во кој ве оставаме да уживате.


Музичката двојка, Кети Пери и Џон Маер, го објавија видеото за песната „Who You Love“. Песната се наоѓа на шестиот по ред студиски албум на Џон Маер насловен како „Paradise Valley“. Кети Пери и Џон Маер се во љубовна врска повеќе од година дена, но одлучија и да сработат нешто на професионален план, од што произлезе овој дует.
 
Дарко Гелев-Брејк после години пауза го објави новиот сингл со кој го најавува албумот за 2014.

 
Експо Центар со огромно задоволство ја најавува големата предновогодишна забава со најголемиот македонски музички артист Владо Јаневски, неповторливиот романтичар кој веќе неколку децении ги плени срцата на публиката со своите евергрини.

Безвременските љубовни балади Црно Тиквешко, И тогаш некоја будала, Евергрин, Што и да е ќе помине, Тајна Отровна, Ако не те сакам, Кој е крив, Две души и месечина, ќе бидат само дел од репертоарот што Владо ќе го изведе на сцената на Експо центар на 28-ми декември (сабота).

Владо Јаневски пред Нова година во Експо центар
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги набавите во Југотон, Камарад-Рамстор, цвеќарница Розе- Веро 2 и преку продажната мрежа на МК Тикетс. Нивната цена ќе расте со прогресија, па така до 26-декември изнесува 200 денари, на 27-ми и 28-ми (петок и сабота) ќе биде 250 денари, а вечерта пред самиот настан на вратата на Експо Центар билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.

Затоа побрзајте и не пропуштајте да бидете дел од големата предновогодишна дружба во Експо Центар со Владо Јаневски.

Забавата ќе започне на полноќ.

2.jpg
 
Почина Ацо Конга.
Пред 3 месеци јавноста дозна за здравствените проблеми на Ацо Конга, кога беше иницирана хуманитарна акција од неговите колеги.

На својот официјален Фејсбук профил, македонскиот пејач Јоцо Панов, инаку близок пријател на Ацо Конга, ја објави веста, додавајќи дека за жал, метастазите му се прошириле и на други делови од телото и затоа итно му е потребна терапија која чини 15.000 евра.

По Јоцо Панов, голем број на други музичари, негови колеги и блиски пријатели започнаа преку социјалните мрежи да апелираат за помош од сите оние кои што можат финансиски да му помогнат на познатиот музичар. Колегите на Конга се организираа и помогнаа да се отвори сметка за донации.
http://kajgana.com/pochina-muzicharot-aco-bogdanovski-konga
 
Back
На врв Bottom