Музички вести

  • Креатор на темата Креатор на темата boogeyman
  • Време на започнување Време на започнување
Првата авторска песна на поп/рок составот Фатаморгана

Првата авторска песна на поп/рок составот Фатаморгана од Охрид конечно достапна и за јавноста.

,, Верувај ми “ е името кое го носи оваа поп/рок песна и е поставена на официјалната страна на бендот: http://www.myspace.com/fatamorganaoh
 
Браво дечки..само напред.Ми остаивте впечаток уште на Масум...
 
Влатко Стефановски на „Пиво-фест“ во Белград
EFB5FF853A698945A80AE07224AA0C85.jpg

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски ќе настапи на „Пиво-фест“, кој на 16 август ќе се одржи на Ушќе во Белград. Еден од највлијателните музичари во поранешна Југославија ветува енергичен концерт како и најава на новиот албум. Пред белградската публика ќе се претстави со своето трио. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 16 август, а најавени се настапите на „Лајбах“, „Стерео Ем-си’с“, „ЛМТ Конекшн“, „Дивље јагоде“ и Дарко Рундек.

извор
 
Влатко Лозаноски на Славјански базар

D53C2D58B7199B448C23181193BD9775.jpg
Поп-пејачот Влатко Лозаноски веќе е во Белорусија, каде ќе ја претставува Македонија на фестивалот Славјански базар, кој ќе се одржи од 4. до 18. јули во градовите Витебск и Минск.
Влатко на Славјански базар ќе настапи со три нумери и во придружба на оркестар. Тој ќе ги исполни композициите Сонце не ме грее, Блиску до мене и Врати ме.

Лозановски во Белорусија замина по покана на Марјан Катароски, кој е застапник на фестивалот за Македонија. Минатиот месец, Влатко настапи и на фестивалот Песна на медитеранот 2009 во Будва, каде ја испеа песната Душо варљива.

извор
 
„АББА“ ќе настапи по 30 години
По цели 30 години пауза, Бени Андерсон и Бјорн Улваеус, односно тимот што ги пишуваше песните на „АББА“, овој септември ќе настапат во Лондон, и ќе изведат дел од најголемите хитови. Концертот ќе биде дел од манифестацијата „Thank You For The Music... A Celebration Of The Music Of Abba“, која на 13 септември ќе се одржи во лондонскиот „Хајд парк“. Во изјава дуетот кажа дека тоа е огромна чест за нив и се надева дека илјадници луѓе ќе ја слушаат програмата што ќе се пренесува на британското „Радио 2“. Тие велат дека не планираат да направат повторно обединување бидејќи сакаат да бидат запаметени како млади и полни со енергија.

извор
 
Miyatta на фестивал во Германија

97FB9E50DE495742B2034646847832A5.jpg
Miyatta утре (на 10. јули 2009-та), настапува на toni-Фестивал во Зенфтенберг, во близина на Берлин, Германија. Фестивалот е традиционален и опфаќа изведувачи кои свират рок или epicore музика. Miyatta беше поканета како прв изведувач од Македонија…

Голема одговорност ќе ми биде овој настап. Организиторите веќе најавија дека се заинтересирани за понатамошна соработка со македонски изведувачи. Сигурна сум дека Македонија и македонската музичка сцена ќе ги претставам во најдобро светло, а ќе настапувам во придружба на германскиот бенд Black Tequila – вели Miyatta.

269E5B16E9603E469ECBC36E145B9637.jpg
Фестивалот се одржува во различни европски градови. Од минатата година и македонската публика слушна дел од бендовите кои настапуваат во рамките на фестивалот. Освен Германија и Македонија, toni-Фестивал се случува и во Полска, Шкотска, и Србија.

Тони-фестивал (што значи тон и инфромација), годинава во Македонија ќе се одржи по втор пат, од 20. до 26. окотмври.
извор
 
Eye Cue имаат нов спот

0528D56D6B2A2A489E15F9D227681FE7.jpg
Рокерите Eye Cue неодамна во просториите на некогашната Кожара го снимија својот нов спот, дело на младиот и надежен режисер Огнен Шапковски. Спотот е за песната Glowing lips, од нивниот деби-албум Superstar wannabe, кој беше промовиран неодамна во клубот Хавана.

Инаку, Огнен Шапковски е гитарист на скопскиот состав Dedicated For Life, и е автор на сите нивни спотови. Автори на фотографиите се Ани и Дими - AD photography.

Еве како сето тоа изгледа спакувано...


извор
 
Постхумно продадени девет милиони албуми од Џеко
DEDE7A98E91329428C04D35A387513DC.jpg

Песните на Мајкл Џексон доминираат на светските поп-листи веќе трета недела по ред, а по неговата смрт се продадени повеќе од девет милиони албуми низ светот - соопшти „Лос Анџелес тајмс“.

Компанијата „Нилсен саундскен“ објави дека во последната недела само во САД се продадени 1.1 милион примероци од албумите на Џексон, а за претходните две и пол седмици 2.3 милиона примероци. Во „Сони мјузик“, што го контролира музичкиот каталог на Џексон, одбија да ја коментираат продажбата на албуми, но претставничката за печат на таа компанија не го демантираше податокот за девет милиони продадени албуми. Хитовите на Џескон се искачија на врвот на музичките листи во многу земји вклучувајќи ги Франција, Германија, Австралија и Велика Британија.

извор
 
Лепа Брена дефинитивно не доаѓа во Скопје

Годинава сигурно нема да има концерт во Скопје. Тимот на Брена ја разгледуваше понудата добиена од организаторите и реши годинава да не гостува во главниот град на Македонија. Брена се надева дека веќе следната година ќе запее пред своите фанови кои ги има многу во овој дел на Балканот", изјавуваат од ПР тимот на газдарицата на Гранд. И, веројатно, информацијата ќе завршеше тука ако лавината не тргнеше по текстот објавен во ВЕЧЕР, а во кој се спомена сумата што Лепа Брена ја побарала од потенцијалните организатори на скопскиот концерт. Пренесениот текст објавен во српските медиуми е всушност "информација од извор близок од организаторите", кои признаваат дека се шворц. А дали ѕвездата и покрај сите написи ќе се сожали и, сепак, за македонските организатори, кои не сметајќи ги 40-те музичари на сцената и техничарите кои ја придружуваат на сцената, ќе треба да имаат најмалку 100.000 евра ќе ја потспушти сцената, ќе знаеме кон крајот на летото. "Знаете како е, секогаш има повеќе заинтересирани кои се јавуваат со барање дека би сакале да организираат концерт, а Брена е таа која бира со кого евентуално би требало да се договара и работи", објаснуваат од ПР тимот на пејачката. Засега извесен е уште концертот во Бања Лука закажан на 28 јуни. Потоа Брена со семејството заминува на годишен одмор. Доволно време и за Брена да се премисли и за организаторите да потсоберат пари.




DEBF251C1CCD3F4E9D00C8D1F1339AAB.jpg
 
„Пусикет долс“ пред распад
9585C3CE0E01D64D9D81227A12745F81.jpg

По неколкумесечни шпекулации, деновиве една од членките на атрактивниот состав „Пусикет долс“ потврди дека групата повеќе нема да постои. Иако нивниот портпарол ја демантира информацијата, сепак, пејачката и танчарка Ешли Робертс им откри на фановите дека е готово со групата. Ова е последен пат да не' видите заедно. Последен пат сме во Велика Британија како бенд, всушност последен пат сме каде било како група. Се разотидовме. Жал ни е- им рекла Ешли на обожавателите и на новинарите во Лондон.

Гласините дека „Пусикет долс“ ќе се распаднат почнаа откако фронтменката Никол Шерцингер го издаде својот прв соло-албум. Но, подоцна девојките го објавија својот втор албум Doll domination и тргнаа на светска турнеја, па шпекулациите опаднаа. По инцидентот на еден од концертите каде што една од членките на составот јавно ја повика девојката на Луис Хамилтон за причина за раздор во групата, беше очигледно дека девојките не се согласуваат. Групата најверојатно ќе го одржи уште закажаниот концерт во Бејрут, по што ќе престане да постои.

извор
 
tiestozakon.jpg
Во четврток во Дерми, Албанија ќе настапи светски познатиот холански диџеј и продуцент, Тиесто. Настанот ќе се оддржи на една од најубавите плажи на Јонското море, во недопрената природа на Дерми, место лоцирано меѓу Саранда и Валона. Организаторите, Албанската букинг организација ПР (ПиАр) од Тирана, во соработка со скопска промотерска организација "Октопуси Ентертејмент" најавуваат спекакуларно шоу, со огромна сцена, лед скрин проектори на кои ќе бидат емитувани ведеа, светлосни ефекти и беспрекорно озвучување. Бројот на публиката е ограничен на 6 000, а цената на билетот е 20 евра. Влезници за настапот на Тиесто се продаваат и во Македонија и чинат 50 евра, цена во која е вклучен и организиран превоз до Дерми.
Од "Октопуси Ентертејмет" велат дека овој познат транс музичар, кој неколку години беше на врвот на топ 100 диџеи според "Диџеј Маг", во Тирана ќе пристигне со приватен авион, а потоа за него е обезбедена јахта "Ферретти 720", со должина од 28 метри. Гостувањето на Тиесто во Дерми се случува непосредно пред стартот на неговата светска турнеја "Калеидоскоп Ворлд Тур" на која ќе го промовира новиот студиски албум "Калеидоскоп" што треба да се појави во септември
 
Дуле и Коки снимаат кај Митевски и се подготвуваат за дует со голема балканска ѕвезда!

0DD014798E730244B7FCC7030910B80A.jpg
Во студиото Торус на Александар Митевски, авторот кој (заедно со Валентино Скендеровски) го потпиша нивниот прв голем хит Виолина и гитара (со кој тепаа на Макфест 1996), мајсторите на живата свирка Дуле и Коки се подготвуваат за својот голем камбек на домашната музичка сцена.

Имено, по подолга пауза, Дуле и Коки неодамна им се вратија на ноќните свирки низ Републикава, а втората камбек-фаза е снимање комплетно нов материјал, заради што се затворија во студиото Торус, каде подготвуваат песни кои ќе бидат вистински мелем за срцето и душата на сите генерации.

49ECAF6E61D90D4083F9EB8BACBAD7DF.jpg
Освен со Митевски, популарниот двоец веќе контактираал и со други автори кои со своите композиции, текстови и аранжмани ќе придонесат да се сними албум каде ќе звучат како старите, добри Дуле и Коки.

Во план е и дует со една голема балканска ѕвезда, чие што име за сега се чува во тајност. Песната, која би требало да ја пишува Александар (неофицијално дознаваме), би требало со Дуле и Коки да ја пеат Аца Лукас или Жељко Самарџиќ.

819E31D0A33AC64AAC8292ED7FA6630E.jpg
Во пауза меѓу свирките и снимањето, Дуле и Коки се дел од својот ресторан Балканика, и ве канат да поминете и да ги пробате многуте врвни кулинарски специјалитети што таму се подготвуваат.

А, што се однесува до свирките – Дуле и Коки во четврток настапуваат во Струга, во петокот се во Битола, а во саботата во Ресен. Нивната обемна агенда само го потврдува атрибутот - дека тие се навистина Мајстори на живата свирка.
извор
 
Новата песна на Александар Белов – Free!!!

DFFA75CDC9495240A2F36E120A1AE431.jpg
Новата песна на Александар Белов носи наслов Ѕвездо сјајна и е авторско дело на Кире Костов (музика и аранжман) и Миодраг Врчаковски (текст). Како ексклузивен подарок од Александар, својата премиера оваа песна ја има токму на МММ, од каде бесплатно можете да ја симнете во вашите компјутери. Само треба да се линкате до MMMp3 секција

Инаку, Александар настапува во Белград заедно со Ана Бебиќ веќе утре (сабота, 8 август) и веднаш продолжува за Црна Гора.

Таму ќе настапи со колегите од шоуто Операција Тријумф. Ќе настапат во Петровац, на 9-ти август се во Херцег Нови, на 15-ти во Никшиќ...

Александар Белов е дел од продукцијата Emotion, а во соработка со оваа продуцентска куќа од јули негов PR е Миланка Рашиќ (уредник на забавно музичка програма во ТВ АБ Канал).
извор
 
„Верв“ дефинитивно се распадна
10C31B4300B4BF4CBD22503C1EC7C0CA.jpg

Британскиот инди-бенд „Верв“, кој имаше неколку хитови број еден и кој е познат по честите расп-равии меѓу членовите, овој пат дефинитивно се распадна, јавуваат англиските медиуми.

Од формирањето во 1990 година бендот постојано го придружуваа расправии и прекини на соработката и повторни обединувања. Од минатиот август гитаристот Ник Мекејби и басистот Сајмон Џонс не разговараат со пејачот Ричард Ешкрофт, иако во 2007 година тие се реоформија за турнеја и за издавањето на четвртиот албум. Според ставот на извор близок до бендот, што го пренесува британскиот весник „Мирор“, за Ник и за Сајмон групата повеќе не постои, а тие сметаат дека Ричард го искористил повторното обединување за да потпомогне својата соло-кариера. Во едно интервју по обединувањето тие тврдеа дека расправите се далеку зад нив, но очигледно е дека старите тензии и несогласувања останале. Истиот извор вели дека менаџментот на групата во септември ги повикал Сајмон и Ник на итен состанок и дека им било кажано дека Ричард повеќе не сака да соработува со нив, ако Ник не престане да пие алкохол. Сепак, гитаристот и басистот не останале со скрстени раце, па веќе се активни со својот нов проект „ Блек шипс“.

извор
 
Дани им посвети песна на глувите

E680329F92ECE24CA4FBB8C7C248253D.jpg
Мама е новата песна на Дани која таа ќе ја посвети на сите глуви и наглуви лица, и на сите мајки. Рок пејачката вели дека инспирација да направи ваков гест и се нејзините родители, кои се луѓе со оштетен слух – пренесува Вест.

Со мојата пријателка и соработник Весна Малинова одамна сакавме да направиме една ваква песна. Моите родители не се глуви, имаат процент на оштетување на слухот, а тие се луѓето кои најмногу се гордеат со мене и сакаат да ја слушаат мојата музика. Кај мене дома од малечка доѓаа глуви луѓе. Раснев со нив, ги знам нивните маки и нивните проблеми, го познавам нивниот јазик, и се чуствував должна да им посветам барем една песна. Синглот е снимен, но ќе ја почекаме промоцијата додека не го снимам спотот. Во видео изданието, ќе ги раскажувам стиховите на нивниот јазик - изјави Дани за Вест.

Дел од стиховите во песната велат: Фала мамо што сум своја и слободна.
Песната ќе биде најава за вториот албум на Дани, кој е веќе снимен и ќе излезе во продажба оваа есен...
извор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom