Дуле и Коки снимаат кај Митевски и се подготвуваат за дует со голема балканска ѕвезда!
Во студиото Торус на Александар Митевски, авторот кој (заедно со Валентино Скендеровски) го потпиша нивниот прв голем хит Виолина и гитара (со кој тепаа на Макфест 1996), мајсторите на живата свирка Дуле и Коки се подготвуваат за својот голем камбек на домашната музичка сцена.
Имено, по подолга пауза, Дуле и Коки неодамна им се вратија на ноќните свирки низ Републикава, а втората камбек-фаза е снимање комплетно нов материјал, заради што се затворија во студиото Торус, каде подготвуваат песни кои ќе бидат вистински мелем за срцето и душата на сите генерации.
Освен со Митевски, популарниот двоец веќе контактираал и со други автори кои со своите композиции, текстови и аранжмани ќе придонесат да се сними албум каде ќе звучат како старите, добри Дуле и Коки.
Во план е и дует со една голема балканска ѕвезда, чие што име за сега се чува во тајност. Песната, која би требало да ја пишува Александар (неофицијално дознаваме), би требало со Дуле и Коки да ја пеат Аца Лукас или Жељко Самарџиќ.
Во пауза меѓу свирките и снимањето, Дуле и Коки се дел од својот ресторан Балканика, и ве канат да поминете и да ги пробате многуте врвни кулинарски специјалитети што таму се подготвуваат.
А, што се однесува до свирките – Дуле и Коки во четврток настапуваат во Струга, во петокот се во Битола, а во саботата во Ресен. Нивната обемна агенда само го потврдува атрибутот - дека тие се навистина Мајстори на живата свирка.
извор