Музички вести

  • Креатор на темата Креатор на темата boogeyman
  • Време на започнување Време на започнување
30 години Нов бран и на CD

3716D49B7E95DE46805D143035C88DED.jpg
Концерт во чест на екс-југословенскиот нов бран во загребска Творница културе, кој беше одржан лани, кога на стејџот се најдоа најголемите имиња на ова движење, е веќе на двојното CD под наслов Седморица величанствених – 30 години касније, во издание на Далас рекордс.

Во чест на 30 години нов бран, на едно место се собраа: Перо Ловшин и Шпански борци, Влада Дивљан и Невладина организација, Лачни Франц, Електрични оргазам, Дарко Рундек, Јасенко Хоура и Даворин Боговиќ, кои по четврт век повторно запееа заедно.
EA1E543CC457C149B272EBA4EFC407F6.jpg

Со зборовите: To nisu bili ni Srbi, ni Hrvati, ni Slovenci, to nije bila Juga. To je bio novi val! Osamdesetih i sada u Tvornici kulture – книжевникот Боривој Радаковиќ најдобро го опиша концертот.

А, додека не го набавите ова CD, линкот ве носи до место од каде бесплатно можете да ги преслушате!
 
ПРОГРАМА НА МАКФЕСТ 2009
05.11.2009 (Четврток)
12.00 - Отворање на Фестивалот – плато Хотел Оаза
12.30 - Отворање на изложба од Запро Запров – Фоаје Дом на културата
13.00 - Press – Press центар во Дом на културата
14.00 - Генерална проба
20.30 - Програма дебитанти и Прва полуфинална вечер
24.00 - Полноќно дружење – џез клуб Фоаје Дом на култура


06.11.2009 (Петок)
12.00 - “Пастрмалијада“ - Хотел Оаза
13.30 - Press – Press центар во Дом на културата
14.00 - Генерална проба
20.30 - Втора полуфинална вечер
Шоу програма “Софистицирани дами на македонската поп сцена“
24.00 - Полноќно дружење – џез клуб Фоаје Дом на култура


07.11.2009 (Сабота)
13.00 - Press – Press центар во Дом на културата
Програма финале
Доделување на новинарската награда “Павле Георгиев“
Преставување на учесникот во шоу програмата
Влатко Стефановски
14.00 - Генерална проба
20.30 - Макфест 2009 Финале
Шоу програма Влатко Стефановски
Прогласување на победниците
Коктел на победниците – Ресторан Ваго

Редослед-дебитанти
1.Ангела Арсова-Нема ни светлина(К.Габроски)
2.Костадин Пап-Крива си за се'(Д.Таневски/Д.Таневски/К.Габроски)
3.Денис Екс & Мате-Playboy(Ј.Јованов/Д.Хајдаревиќ/Ј.Јованов /И.Јованов)
4.Анета-Згодна приказна за мемоари(С.Лаки/В.Малинова/Д.Тасев)
5.Рената Кралевска-Не го барајте(Ј.Јованов./Е.Мекиќ/Ј.Јованов)
6."Stuck on"-Да те вратам(К.Габроски/И.Куртески/Д.Тасев)
7.Кристијан Јованов-Немирна(В.Димитров/Е.Танаскова/Д.Имери)
8.Бојан Алексовски-Те покривам со љубов(Р.Билбилов/О.Неделковски/Р.Билбилов)
9.Александар Тарабунов-Кажи кој те има(Х.Котларовски/К.габроски/Х.Котлароски)
10.Христијан Димитровски-Кико-Волшебна кочија(З.Рудан-Цеки)
11.''Биг'с адреналин"-Ми требаш(А.Павловиќ-Таци/А.Павловиќ-Таци/Д.Тасев)
12.Ангелина Стојановска-Последен ден(В.Дојчиновски/Б.Димитров/В.Дојчиновски)
13. Марија Бунда - Ова сум јас(Х.Котлароски)
14. Слаѓана - Не сакам да знам(В.Дојчиновски/В.Малинова/В.Дојчиновски)

Редослед-прва вечер
1.Роберто-Направи од светот рајско место(М.Кикиритков.М.Кикиритков/Д.Тасев)
2.Драган Темелковски-Џони-Љубоморен(К.Габроски)
3.Дебитант 1
4.Дебитант 2
5.Маја Вукиќевиќ-Во мене(Х.Котлароски)
6.Наде-После дождот(Г.Копров/Б.Димитров/В.Дојчиновски)
7.Врчак & "Днк"-Прв(Р.Врчаковски)
8.Игор Митровиќ-Никогаш до сега(В.Дојчиновски/В.Малинова/В.Дојчиновски)
9.Сања Лефкова-Душо уморна(И.Ќосевски/М.Георгиевска/И.Ќосески)
10.Влатко Илиевски-Пак по старо(Д.тасев/В.Малинова/Д.Тасев)
11.Иле Спасев-За тебе живеам(А.Масевски/А. Масевски/И.Спасев /А.Масевски)
12.Елена Петреска-Не знам како(Ј.Јованов/Е.Мекиќ/Ј.Јованов)
13."Игуана"-Не се предавам(В.Малинова/В.Малинова/Д.Тасев)
14."Рафинерија"-Жал ми е(Б.Димитров)

Редослед-втора вечер
1.Дебитант 3
2.Дебитант 4
3.Дебитант 5
4.Дани-Можеш(В.Малинова/В.Малинова /Д.Тасев/В.Малинова)
5."Камелеон"-Белег(Р,Милески/Т.Јовановски /Р.Милески/"Камелеон")
6.Р.Билбилов-Лице од насловна(Р.Билбилов/В.Малинова/Р.Билбилов)
7.Иван Јованов-Оди или остани(Ј.Јованов/Ј.Јованов/И.Јованов)
8."Патници"-Твоја(К.Бамбов/В.Малинова/Х.Котларовски)
9.Боби и ж'тем-Ти прекрасна(К.Габровски)
10.Филип Јордановски-Нешто посебно(Б.Темелков/Б.Темелков/Д.Тасев)
11.Ѓоко Таневски-Купив се'(Д.Тасев/В.Малинова/Д.Тасев)
12.Бојан Стојков-Ко првиот пат(Х.Котларовски/В.Малинова/Х.Котларовски)
13.Ристо,Дуле и Коки-За милион години(Р.Самарџиев/Р.Самарџиев/В.Дојчиновски)

Ве очекуваме во Штип на 5,6,7 ноември на најдобриот фестивал на забавни мелодии Макфест!
 
Real Tribute To Rock &Roll во Арена

A95A1BA7E2447F45A68F0FE2001DA251.jpg
Од овој четврток во новоотворената концертна сала Арена лоцирана на местото на поранешниот клуб Колосеум (кај нова железничка во Скопје), започнува рок-фестивалот : Real Tribute To Rock &Roll (Part 01).

На фестивалот свои концерти ќе имаат бендови кои им даваат почест на големите светски рок бендови како: Red Hot Chilli Peppers, Queen, Billy Idol, AC DC , G'N'R..., со изведба на нивните најголеми хитови.

900E85AD450D5D44BCF50E45CD49FDA7.jpg


Официјалното отворање на фестивалот ќе биде во четврток на 5-ти ноември со почеток во 23 часот, со концертот на Red Hot Chilli Peppers Real Tribute како дел од нивната балканска турнеја започната во мај оваа година. Real Tribute to Rock & Roll (Part 01) ќе се одржува секој четврток, а влезот до полноќ ќе биде бесплатен.

После полноќ влезниците ќе чинат 100 денари.
 
Real Tribute To Rock &Roll во Арена

A95A1BA7E2447F45A68F0FE2001DA251.jpg
Од овој четврток во новоотворената концертна сала Арена лоцирана на местото на поранешниот клуб Колосеум (кај нова железничка во Скопје), започнува рок-фестивалот : Real Tribute To Rock &Roll (Part 01).

На фестивалот свои концерти ќе имаат бендови кои им даваат почест на големите светски рок бендови како: Red Hot Chilli Peppers, Queen, Billy Idol, AC DC , G'N'R..., со изведба на нивните најголеми хитови.

900E85AD450D5D44BCF50E45CD49FDA7.jpg


Официјалното отворање на фестивалот ќе биде во четврток на 5-ти ноември со почеток во 23 часот, со концертот на Red Hot Chilli Peppers Real Tribute како дел од нивната балканска турнеја започната во мај оваа година. Real Tribute to Rock & Roll (Part 01) ќе се одржува секој четврток, а влезот до полноќ ќе биде бесплатен.

После полноќ влезниците ќе чинат 100 денари.


Брат ај ако сакаш дообјасни го тоа со турнејата...како што знам RHCP беа само во Инџија.
ПС Кој ќе ги свири песните од RHCP??
 
Стринг форсис пред објавување на новиот албум

Експерименталниот македонски легендарен состав Стринг форсис (String Forces) овој месец ќе го издаде својот четврти регуларен албум, со работен наслов Septum Loci. Следбеникот на Свиленкаст пат од 2006 година кој требаше да се појави минатата година светлината на денот ја здогледува дури овој месец преку сопствеаната издавачка куќа Профундус.

Албумот кој многу се разликува од досегашниот нивни материјал содржи 9 (девет) сосема нови композиции, низ кои провејува нишка со препознатливиот сензибилитет на Стринг форсис. Сниман е во студиото Профундус од страна на главната алка во бендот, Дориан Јовановиќ кој го работеше и миксот и мастерингот на материјалот, а е потписник и на сите текстови на песните.



Целиот албум е отпеан на англиски јазик, а бендот има нова постава во која членуваат Александра Кузман на виолина, Александра Мангаровска - Миличевиќ на вокали и флејта, Лазар Дарковски на тапани и Дориан Јовановиќ на стик и електроника. Обвивката на албумот е во завршна фаза, а на нејзе работеа Владимир и Михаел Јовановиќ.

Албумот носи еден по-остар раб. Тој е одраз на она што сите го искусуваме секојдневно – напливи од контрадикторни емоции: бес, мир, омраза, љубов... – вели Дориан за новиот албум и додава, во Septem Loci нема машнички, цветчиња, песнички. Нема страв од „начи на израз. Septem Loci значи Седум места, некакви седум фази, состојби, места низ кои сме поминаме за да дојдеме на своето.

На официјалниот мајспејс на бендот, веќе е поставен првиот сингл What Has Come to be кој од следната недела ќе биде дистрибуиран и до сите радио-станици.

Покрај издавањето на албумот бендот подготвува и концертна промоција на истиот која е закажана за 27. ноември во клубот Хавана. Подготовките за настапот се веќе започнати, а истиот ќе биде надополнет и со визуелни ефекти кој ги креира дизјанерот и визуелниот уметник Горан Костовски – Индог.

извор
 
Нов сингл

Leona Lewis - 'Happy'


Најнапред она што е најочигледно. 'Happy' не е 'Bleeding Love'. Можеби беше претерано да се очекува да се достигне еден од најдобрите синглови во изминатата деценија. Веројатно односот месѓу двете песни ќе биде како Dannii споредено со Kylie. Сепак, кога ќе ви влезе во уво, 'Happy' воопшто не звучи како разочарување.
Продуцирана од Ryan Tedder – да, веќе знаеме кој сингл на Leona претходно го имаше создадено – песната е пијано балада со експлозивен рефрен и со многу емоции. Leona овде покажува дека уметнички созрева, зашто има удел во пишувањето на текстот, чија порака – тажна, но оптимистичка – чувствително ја пренесува. И на крај пеењето. Целата изведба е лекција како треба да се пее, но во делот од 2.39 до 2.44 укажува дека веројатно е најдобрата поп пејачка што светот ја има во моментов.

 
Петковски Душан ака DUDO , и Ненад Јовановиќ ака КрТоТ , ви преставуваат РАП парче со наслов КАФАНА! Апсолутниот ДЕМО албум, може да се симне на следниов ЛИНК ----- - http://www.megaupload.com/?d=QZ2C210X --- SPUSHTAJ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Значи се работи за Битолска рап група која работи од 22 декември 2006 година и го снима својот материјал во нивното студио FEEL THA MIC....има настапувано 15-ина пати од кој воглавно настапите се во Битола а имат отстварено и два настапи во клуб кастро во Скоппе и еден настап во клуб Ас во Велес.......членовите веке подолго време пливаат во водите на хипхоп културата......групата активно работеше и плод на тоа е микстејпот од 2009 година НИШТО НЕМА ДА НЕ ПРОМЕНИ кој содржи 12 песни и видео записот ПОНУДА кој е прв сингл и најава за престојниот нивн албум првенев кој треба да се појави летото 2010 година

www.myspace.com/stihovnovojuvanje

Официјален мајспејс сајт на групата





http://rapidshare.com/files/31150833...2009_.rar.html

Ова е линк од микстејпот за кој пишев погоре....





и ова е линк од официјалното видео ПОНУДА која обработува една фанки и доста интересна тема погледнете ;)


преслушајте и погледнете ги материјалите....очекувам мислења критики и слично....позз тука сум за секакви прашања
 
Деновиве во Хрватска

Во продажба Best of албум на Тоше Проески

Дискографската куќа Хит рекордс од Загреб, во пресрет на божикните и новогодишните празници, деновиве го објавува новото CD на балканската мега-ѕвезда Тоше Проески. Станува збор за Best of колекција, која содржи 16 хитови, како Чија си, Дан за нас, Пратим те, Још и данас замириши трешња, Једина, Лагала нас мала (дует со Тони Цетински)..., како и две традиционални теми: Зајди, зајди и Јовано Јованке.

За хрватскиот дискографски пазар Хит рекордс ги објави следниве албуми на Тоше Проески: Ако ме погледаш у очи, Игра без граница и The Hardest Thing, како и актуелново live DVD од последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Ова посебно издание, всушност е и прва компилација на Тоше Проески во вистинска смисла на зборот, бидејќи претходните на Хај-Фај центар и Сити рекордс од Белград, или беа оспорувани, или не беа на ниво какво го заслужува Тоше.

Освен во сите подобро опремени продавници за носачи на звук во Хрватска, Best of Тоше Проески може да се најде и во ДМ маркетите, како и во дуќаните на Хит рекордс...

извор
 
Frenkie со нов албум :) Protuotrov излезе на 10 декември и како продуцент му е Едо Маајка... Нешто мнооогу добро на мајспејс може да се преслуша нешто...
 
Back
На врв Bottom