Music Idol 3

Статус
Затворена за нови мислења.
Музиката е универзална, не мора цело време да се брани нашето, и д ане чини, ние го браниме, мора максимум да понудиме за да бидеме задоволни. Бојан не е за ИДОЛ, нема ни фаца ни ништо за Идол, за Идол да биде некој треба атрактивност, и физичка и на сцена - да ги привлече гледачките или гледачите, а не само слушателите.
Затоа браво за МАГИ, вистинска ѕвезда, иако толку беше од неа тука, никогаш нема повеќе ни да знаеме за не,а тука не се слуша таква музика

:pos: :pos:

Ова не ти требаше..
Бојан не е за идол ?? Со таков глас, и понашање на сцена и све остало ? Не, не го бранам Бојан затоа што е македонец, и не викам дека Магдалена нема квалитет, ама ова што го пиша пред малку стварно нема никаква логика. Бојан знае како треба да се однесува на сцена, знае како да ја привлече публиката, све тоа го знае.. најдобро од било кој од учесниците на Идол. За гласот исто знаеме дека не може да се спореди ни со Преслава, ни со Русина..

Тоа дека немаше да победи, се знаеше уште на почетокот. Ама не можеш да речеш дека не заслужил.
 
Не викаш самите да си направиме Music Idol во Македониjа?! Народов пак не се свести и ДОГОДИНА ПАК КЕ ДАВА ПАРИ БЕЗПОТРЕБА И КЕ ПОБЕДИ БĂЛГАРИН! лелеj ова никаде го нема... :S

Може, гласам за.
Само асални луѓе треба да го водат. И да се спремни на ризик (маркетинг, пазар и така натака и така навака...)
 
Во главно зборам за физичка привлечност и став за на сцена, он таков набиен и дебел не личи на музички идол, сега можеби звучам навредливо, меѓутоа не може секој да биде пејач - се додека тоа се дозволува, нема да направиме никаде ништо. Не е само во гласот, никој не го оспорува тоа, за да се биде ИДОл, ѕвезда треба се во едно, не е се во гласот и глумата на сцена.
А иначе за на сцена, не реков дека не чини, општо кажав што треба за еден Идол, така да според мене Тара и Маги беа најдобри во секој аспект, на Бојан му фалеше физичка убавина
 
Апсолутен победник е Магдалена, единствена конкуренција можеше да и биди Александра ама ништо. А сега тој шо ја мрази можи да си прај басни за силикони и такви работи. Нема потреба да клава ништо и вака е најдобра како во глас така и во тело.
 
Во главно зборам за физичка привлечност и став за на сцена, он таков набиен и дебел не личи на музички идол, сега можеби звучам навредливо, меѓутоа не може секој да биде пејач - се додека тоа се дозволува, нема да направиме никаде ништо. Не е само во гласот, никој не го оспорува тоа, за да се биде ИДОл, ѕвезда треба се во едно, не е се во гласот и глумата на сцена.
А иначе за на сцена, не реков дека не чини, општо кажав што треба за еден Идол, така да според мене Тара и Маги беа најдобри во секој аспект, на Бојан му фалеше физичка убавина

Мис/мистер бираме или музички идол?

Нормално е што Маги победи. Ние им бевме гости и им пополнивме место.
Добра е Маги не дека не е, али Бојан ќе си има добра кариера исто како и Александар. Сосема се различни тие двајца и би сакала да имаат добри кариери.
Инаку Идолов е под моите очекувања. Прилично досаден. Емисии со неспектакуларни гости. Стајлингот од водителите (посебно Сања) до пејачите им беше речиси ужас. Само Маги некогаш беше ок. Другото се заборавено и незанимливо.
Каков само беше стајлингот во Операција Триумф, посебно на водителките :vozbud: Ова Идолов немаат појма. А еден идол треба убаво да изгледа на сцена. И танчерките досадни беа. Настапите на идоливе беа под просекот. А и многу имитираа. Многу малку беа свои. Се имитираа од почеток до крај, од стајлинг до чекори до исто пеење сосема.
Се на се тапа.

А имаме ние некој вид идол бе. Оној на Драган Вучич и на Лила :pos2:
 
Во главно зборам за физичка привлечност и став за на сцена, он таков набиен и дебел не личи на музички идол, сега можеби звучам навредливо, меѓутоа не може секој да биде пејач - се додека тоа се дозволува, нема да направиме никаде ништо. Не е само во гласот, никој не го оспорува тоа, за да се биде ИДОл, ѕвезда треба се во едно, не е се во гласот и глумата на сцена.
А иначе за на сцена, не реков дека не чини, општо кажав што треба за еден Идол, така да според мене Тара и Маги беа најдобри во секој аспект, на Бојан му фалеше физичка убавина

Звучиш исто како и Марија. Не гледам зошто пресудна би била убавината.. Уствари, на крај краева, Бојан е баш симпатичен.. мене лично Магдалена воопшто не ми се допаѓа физички.
Еве земи го примерот на Британскиот Идол. Ако успеа Susan Boyle да стигне до второто место, со 48 години, не знам зошто би се правело проблем за Бојан. Музички идол е тоа, сепак..
 
Музиката е универзална, не мора цело време да се брани нашето, и д ане чини, ние го браниме, мора максимум да понудиме за да бидеме задоволни. Бојан не е за ИДОЛ, нема ни фаца ни ништо за Идол, за Идол да биде некој треба атрактивност, и физичка и на сцена - да ги привлече гледачките или гледачите, а не само слушателите.
Затоа браво за МАГИ, вистинска ѕвезда, иако толку беше од неа тука, никогаш нема повеќе ни да знаеме за не,а тука не се слуша таква музика

Eба мајка со опсежнава анализа сега...

Во главно зборам за физичка привлечност и став за на сцена, он таков набиен и дебел не личи на музички идол, сега можеби звучам навредливо, меѓутоа не може секој да биде пејач - се додека тоа се дозволува, нема да направиме никаде ништо. Не е само во гласот, никој не го оспорува тоа, за да се биде ИДОл, ѕвезда треба се во едно, не е се во гласот и глумата на сцена.
А иначе за на сцена, не реков дека не чини, општо кажав што треба за еден Идол, така да според мене Тара и Маги беа најдобри во секој аспект, на Бојан му фалеше физичка убавина


еј ја и ти да се слагаме барем у едно :)

свака ти част, ама шо си точна - точна си...

на мене бојан ми е лигло и некев да победе он, и маги си е татина маза ама цело време додека пееше беше шо би рекле бугарите наст`рхнана :) .... наежена де :) ... стварно е гласиште
 
Инаку Идолов е под моите очекувања. Прилично досаден. Емисии со неспектакуларни гости. Стајлингот од водителите (посебно Сања) до пејачите им беше речиси ужас. Само Маги некогаш беше ок. Другото се заборавено и незанимливо.
Каков само беше стајлингот во Операција Триумф, посебно на водителките :vozbud: Ова Идолов немаат појма. А еден идол треба убаво да изгледа на сцена. И танчерките досадни беа. Настапите на идоливе беа под просекот. А и многу имитираа. Многу малку беа свои. Се имитираа од почеток до крај, од стајлинг до чекори до исто пеење сосема.
Се на се тапа.


Потполно се согласувам, со еден збор предосадно шоу, ништо гламурозно и спектакуларно, непознати лоши гости, неатрактивни настапи, само маги блескаше на сцена со стајлингот, лоша сала, можеби ете интересно жири кое немаше НИКАКВА улога во шоуво.
Во споредба со ОТ:pos2::pos2::pos2:
 
Тоа што го очекував и се случи .. си победи нивни човек !!!! Не се надевав на победа на Бојан пошо знаев дека нема шанси да дозволат македонец да победи ... сепак честитки за Маги ...
 
Значи Маги победи...не гледав редовно во последно време.Во секој случај заслужено и очекувано.Девојката супер пееше и реално од финалистиве немаше ни некоја конкуренција.
Бојан немаше шанси да победи оти е од Македонија.Не се сложувам дека физичкиот изглед би одиграл клучна и решавачка улога, да беше од Бугарија мислам дека ќе имаше реални шанси за победа,вака и да беше Сакис пак никому ништо.
Русина,по мое мислење многу грдо пееше.Малце во гласот ме потсетуваше на мислам Александра се викаше,е па неа кога ја слушав ако не гледав не можев да проценам дали маж или жена пее и требаше ја илушам барем половина песната за да разберам дали пее на Англиски или на Бугарски.И оваа Русина одеше во тој правец,не до толку ,ама не ми се допаѓаше бојата на гласот или шо и да е..
Преслава,едноставно не беше за идол,солидно ама недоволна за победник,плус толку пати беше на елиминации,се знаеше..

Во однос на самото шоу,немам некое високо мислење,не беше доволно атрактивно и интересно за гледање.Гостите скоро сите беа непознати,сценографијата бедна.Дури ни коментарите на жирито не ми беа нешто интересни ,Дони и Марија фалеа,Фнки критикуваше.Водителите се правеа интесресни со ефтини шеги,стајлингот никаков,типично бугарски..Сања првите две или три пати изгледаше супер и си реков дека ќе биде нешто,ама после и нејзе ја забаталија...
 
Истото мислење како и Hacket Man. Иако навивав за нив цело време,знаев дека кој и да флезе од Александар и Бојан у финале нема да победи.Ке ти дадат бугарите да победиш во нивна земја,на нивен "терен". Ма дааај... :pos2:
 
Може, гласам за.
Само асални луѓе треба да го водат. И да се спремни на ризик (маркетинг, пазар и така натака и така навака...)
Тони Михајловски. :)


он:
Очекувано. Го оставија нашиот за на крај да лапнат повеќе пари македонците да гласаат. Друго, ко што кажаа многу членови погоре, кај ќе ти дадат бугарите на нивен Идол македонец да тепа.
 
нели ви кажав дека нема шанси да победи македонец...тоа се знаеше
 
Сите до еден беа одлични. Единствена замерка ми е што во финалето влезе Русина а не Александар, кој има ФЕНОМЕНАЛЕН глас (ме потсеќа на мајкл болтон), но тоа е тоа.

Ај дан` се расправаме сега, оти ќе се избијаме. :smir:

Александар не требаше ни толку далеку да стигне. Немам ништо против него, меѓутоа сум објективна. Едноставно дечкото не го бива за ништо друго освен за турбо фолк. Сите други стилови ги пееше во турбо фолк верзија. Брз и оштар ритам - со завивање, нежен и емотивен ритам - со завивање, шпански upbeat ритам - со завивање. Не е дека не го бива, туку само за турбо фолк го бива, таков талент има.

Меги не ми беше фаворит, девојката има привидно моќен глас, барем по мене. Постои моќно пеење и постои пеење со моќно напрегање од петни жили. Таа спаѓа во втората категорија. Има слух, стабилен глас, меѓутоа доколку нема дерење во песната, ја губи стабилноста на ниски и суптилни звуци.

Преслава покажа најдобар развој во текот на шоуто. Искрено кажано, не го гледав редовно (сокапана од учење и испити), онака само на поминување. Затоа и кај неа забележав најмногу напредок. За нејзината маленкост, покажа исклучителна големкост во гласот. Мене ми беше фаворит број два.


Бојан, Бојан, Бојан..... :music3:

Не да го бива, туку ептен го бива. Што сакаш дај му, каква сакаш песна фрли му, каков било ритам или стил, се` ќе може да испее. И тоа како што треба. Рок, поп, латино, балади, народни, турбо фолк, џез што и да е, му лежи. Плус тоа, ја владее сцената целосно, има енергија, живост, се поврзува со публика, знае да се соживее со секоја песна и да ја долови како што треба. Интерпретација без маана. Оди од високо на ниско, од јако на тивко без проблем, слободен е на сцена, знае кога што треба, го осеќа тоа што го пее. Едино би му замерила малку на мешето, треба да си го притпособере :) Мада и со таа килажа, позитивно бев изненадена на тоа колку беше флексибилен, енергичен и еластичен. Во секој случај, Бојан ако читаш, едно 5 килца подоле и бонбона че се сториш. Не дека вака не си. :)

А на бугарите би им замерила на стајлингот за машкиот дел од натпреварувачите. Кај жените се труделе бајаги, а кај машкиве некако затаија.

Тоа е вака во кратки црти.

Ах да, и да не заборавам.

Бојан, Бојан, Бојан..... :ojea:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom