Мујо и Хасо

Мујо имал дуќан за шајки и не му одело.Еден ден се појавил трговец кој му предложил за 3.000 евра ќе му ja направи продажбата на шајки да му оди како алва. Мујо се согласил и следниот ден ја гледа оваа реклама.... :
Исус трча, а по него римјаните. а долу пак пишува: "да ги употребеа шајките на Мујо ова никогаш немаше да се случи" :nesum:
 
Седи Мујо со цигла на главата и лови риби. Поминува Фата и го прашува:
"Што ти значи таа цигла на главата?"
"Зипи да ти кажам."
"Кажи, бе."
"Важи, ама ако ми дадеш..."
Бесна, Фата си оди, па по две минути се враќа и му вели:
"Ајде, кажи ми зошто ти стои циглата на глава?"
"Јас ти го кажав условот - дај ми, па ќе ти кажам."
Размпслува Фата, многу ја интересира, и па крајот се решава:
"Важи, ајде да одиме во грмушките."
Откако завршиле работа и Мујо повторно си ја наместил циглата, Фата го прашува:
"Ајде, кажувај сега, што ќе ти е таа цигла!"
"Ги гледаш ли оние три трски? Денеска со нив ни една риба не фатив, ама со циглава, ти си ми веќе четврта."
 
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на свадба, делевме добро и зло.... ЌЕ ПРЕСТАНЕШ ЛИ БАРЕМ ДОДЕКА ТИ ЗБОРУВАМ!!?
 
После војната во Босна, Мујо останал без муда.
Еден ден на Мујо веќе не му се живеело, се качил на една голема карпа и се спремал да скока. Ете ти го Хасо:
- Што правиш бре Мујо, симнувај се, ќе се отепаш, гледај колку е високо.
- А, бре Хасо, никој ваков не ме сака, сите жени бегаат од мене, не се живее вака.
- Е стварно, во право си, скокај тогаш, што да ти кажам.
После пола час ете ти го пак Хасо.
- А бре Мујо, уште не си скокнал?
- Е како да скокам, кога немам муда!
 
Мујо уловил мечка.
-Како ја улови?-го прашува Хасо.
-Лесно,пукав стотина пати...
-Колку пати ја погоди?-прашува Хасо
-Ниту еднаш...умре од смеење...
 
Разговараат Мујо и Хасо и Мујо вели:
- Дождов добро ќе и дојде на земјава, се ќе оживее!
- Не дај боже, вели Хасо.
- Зошто?
- Па три жени имам погребано!
 
Си биле Мујо и Хасо. Еден ден Мујо отишол кај Хасо, и по дворот на Хасо ги гледал неговите деца како трчат голи и боси по снегот, и влегол внатре и го прашал Хасо:
- Абе Хасо зошто твоите деца трчаат голи и боси по снегот?
А овој рекол:
- Па, ми останаа некои лекови за недела ќе им мине рокот, па да ги потрошам.
 
И донел Мујо на Фата вибратор. Го земала таа во рака, го уклучила, а тој почнал да тресе, еднаш, двапати, трипати, па и испаднал од рака и почнал да скока на подот по плочките. Мујо цел успаничен вика:
- Држ го Фато, сите ќе не поебе!!!
 
Одат Мујо и Хасо во пустина и по некое време го снемува Мујо. Кога се вратил радосен му вика на Хасо:
- Хасо да видиш што сум направил.
- Што си направил бе?
- Му ја исеков опашката на еден лав.
- Како бе му ја исече опашката? Што не му ја исече главата?
- Сакав главата, ама некој пред мене му ја исекол.
 
Мујо му вели на Хасо:
- Хасо кога бев мал имав талент да станам ватерполист.
- Епа зошто не си станал ватерполист?
- Па никогаш не научив да пливам.
 
Копаат Мујо и Хасо дупка покрај банка. Поминувал Суљо и од банкоматот
зема пари. Но му паднала една книжна пара. Мујо ја здогледал парата и
му рекол на Хасо дека на Суљо му паднале 50 евра. Отишол Хасо ја земал
парата ја погледнал зачудено и ја искинал. Мујо зачудено го прашал:
- Зошто болан Хасо искина 50 евра?
А Хасо на тоа одговара:
- Кај си видел 50 евра со три нули?
- Сигурно се фалсификат. одговара Мујо.
 
Одат Мујо и Хасо во продавница да купуваат жесток пијалок. Земале рум и виски и одат на каса да плакаат. Пред да платат продавачката и вели:
- Ако може лична карта.
И овие и велат:
- Зошто лична карта, па ние имаме по 42 години.
- Вие можете да имате и по 100 години, ама низ рафтовите се однесувавте како мали деца.
 
Оди Мујо на доктор... - Докторе имам проблем... Се заљубив... - Што е проблемот овде, тоа се прекрасни вести - Но докторе не е баш така лесно... Се заљубив во животно - Животно? Кое животно? - Во коњ докторе... На ова докторот збунето вели: - Чекај малку Мујо, се заљуби во коњ или кобила? - Па кобила докторе, не сум јас педер
 
Мујо и Хасо ловеле риби.Им снемало црви и Хасо го пратил Мујо да побара зад грмушките.За тоа време Хасо уловил златна рипка и таа му рекла дека ако ја пушти ќе му исполни 3 желби.Сакам да бидам богат,да имам многу жени,а за третата нека каже Мујо...Излегува од зад грмушка и извикува:Хасо да те ебат 100 магариња овде нема црви
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom