mTag за патарини

corban83

Corban
Член од
22 јули 2024
Мислења
84
Поени од реакции
68
Вчера купив мТаг и сега го регистрирав, го пробав и функционира без да плаќаш со кеш, само да ти е во кола и одма поминуваш на патарина. Само што од Скопје до Охрид некои патарини немаат мтаг и само вработени наплаќаат (?). Дали некој има искуство со мТаг и дали го има на сите патарини или го пропуштам?
 
Член од
27 февруари 2022
Мислења
34
Поени од реакции
13
Го има на сите патарини. На старите патараини е поставен веднаш кај што се наплаќа ке видиш мала сива кутија(без екран како што ги има на новите)
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.236
Поени од реакции
14.581
Го има на сите патарини. На старите патараини е поставен веднаш кај што се наплаќа ке видиш мала сива кутија(без екран како што ги има на новите)
Да не мислиш на MCARD? Затоа што и јас како што знам нема мтаг накај Охрид.
 

corban83

Corban
Член од
22 јули 2024
Мислења
84
Поени од реакции
68
Го има на сите патарини. На старите патараини е поставен веднаш кај што се наплаќа ке видиш мала сива кутија(без екран како што ги има на новите)
Па патував вчера само на првата патарина имаше таква сива кутија (од Скопје накај Охрид), кај другите немаше можеби лентата ја имам згрешено (одев в крај десно)

Да не мислиш на MCARD? Затоа што и јас како што знам нема мтаг накај Охрид.
Велам за патариниве од Скопје до Гостивар. Mcard и mtag мислам исто се користат за да поминеш
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.755
Поени од реакции
2.569
Скопје - Тетово има читачи на патарините. Тетово - Гостивар нема, сѐ уште е рачна наплата. Исто и обратно :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.876
Поени од реакции
12.120
Од каде се купува mtag/mcard и колку чини?
Јас тагот го земав на Миладиновци патарината, тука имаат као канцеларии и истиот е 1200ден плус 300денари треба да стаиш најмалку кеш
Добра ствар е тагот зашто знае да има доста гужви летен период па кој патува често не треба да му ја мисли
 

Kajgana Shop

На врв Bottom