МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Сваќаш дека имаме скапана Национална Телевизија (а дефакто и држава) кога на 3 канали од 5 се дава иста програма.
Моментално играат Силекс-Мак. Ѓорче Петров
Пренос на: МТВ1, МТВ2 и МТВ3 - Иста програма!!!!
Што бара мајка спорт на МРТ 1?
Неели отворија спортски канал нека си се емитува таму
 
И предходно тука сме пишувале за споредби HRT, РТС со МРТ. Убаво е тоа но сепак не е иста ситуацијата во хрватската, српската државна телевизија за разлика од нашава македонска државна телевизија.

Секогаш ќе ја споредуваме МРТ со ХРТ и РТС. Треба и со словеначката да ја споредуваме. А со кого ако не со овие? Се додека не заличи на споменативе, ќе ја критикуваме со сите сили.
 
Не знам зошто не е поставена до сега ама на интернет никако не може да се најде една од најинтересните емисии што МРТВ ја подготви во 90-тите. Тие што растевме тогаш може ќе се сетите. Имаше емисија каде најпознатите пејачи во тој период пееја преработки на познати детски песни. Се сеќавам дека Владо Јаневски ја пееше „Визба стара и гитара“, Ристо Бомбата - „Рингишпил“, Олгица Христовска ако не се лажам „Прва љубов“, Студени нозе и Тијана - „Ех тој Тоше“ итн. Многу пати ја репризираа после тоа, може ја имам гледано едно 5-6 пати, а никако некој да стави барем дел од неа на Youtube. Може да се најде само аудио снимка од песната на Студени нозе.
 
Се сеќавам на ваквата емисија ама како низ магла на некоја од репризите и на таа Визба стара и гитара. Мислам нешто имаше во името на емисијата Големи и Мали.

МРТ можеби има уште многу архива која би можело да ја емитува ама треба некој да се потруди да тражи таму во архива.

Не знам зошто не ја пуштат пак старата Дајте музика со Снешка Снежана Коневска Руси.
Серијата Камено време со таа екипа Гоце, Дади.. Здраво генијалци со Туфи и Двојче..

Не верувам дека таму во архива ги немаат овие работи. Тоа им е работа да ја чуваат архивата.
 
Не знам зошто не е поставена до сега ама на интернет никако не може да се најде една од најинтересните емисии што МРТВ ја подготви во 90-тите. Тие што растевме тогаш може ќе се сетите. Имаше емисија каде најпознатите пејачи во тој период пееја преработки на познати детски песни. Се сеќавам дека Владо Јаневски ја пееше „Визба стара и гитара“, Ристо Бомбата - „Рингишпил“, Олгица Христовска ако не се лажам „Прва љубов“, Студени нозе и Тијана - „Ех тој Тоше“ итн. Многу пати ја репризираа после тоа, може ја имам гледано едно 5-6 пати, а никако некој да стави барем дел од неа на Youtube. Може да се најде само аудио снимка од песната на Студени нозе.
"Големите пеат детски песнички" (така некако).
Почнуваше со едно дете како отвара кутија, а во неа беа малите пеачи.. Ги имав на VHS касета снимано, цела куќа ја пребарав пред 4-5 години, ни трага ни глас од касетата...
ептен ми е криво што ги нема, да се направи ретроспекција на детсвото...
 
МРТ 5 без најава ја пуштија старата детска драмска серија Училиште за кловнови од 1988 година во режија на Коле Ангеловски. Серија во која глуми и Игор Џамбазов, Дади и таа екипа порано што биле актуелни во детските серии.

Нормално ова ќе го пуштат уште неколку пати додека не им здосади и нас кој сакаме ретро серии и на нив таму вработените. Нова продукција послабо на МРТ 5.
 
Последно уредено:

Пиши му на администраторот на фб групана Ретро серии. Тој би можел да ја сними.
 
Луѓе го гледавте ли квизот 20 секунди?
Какви се вашите впечатоци и мислења за квизот?

Мене ме повикаа за снимањата ама ги одбив и не отидов да учествувам во квизот. Имав нешто приватни проблеми а и не ми се допаѓаше овој квиз и затоа и не се откажав од учество.
Инаку, во споредба со снимањата на квизови на тв Сител, оваа продукцијата која го организира и работи квизот 20 секунди е многу повеќе коректна во поглед на организираност, кажаа дека ќе снимаат по 4 емисии на ден, собирања им се од 9 наутро до 17:00 попладне што е сосема коректно време и термин.

За споредба на тв Сител Се или нешто, Без Поени и листа за 300 ги снимаат доцна попладне после 17:00 и снимаат до доцна во вечерта.
Плус овие од 20 Секунди продукцијата имаат организирано кетеринг и храна и пиење за натпреварувачите и плаќаат патни трошоци за играчите кои не се од Скопје, што е сосема коректно.
Но како што напишав, не ми се допаѓа ваков вид на квиз, не ја сакам првата игра со зборови подредување а и втората игра опсервација не ми е интересна. Од третата игра почнува да ми е интересен квизот донекаде.
 
Го гледав вчера, делува ко Слагалица за сиротиње.

Првата игра си е топ, ама некако лошо ги имаа распоредено буквите и ги погодив сите зборови.
Таа втората, опсервација, им е тешка глупост. Ко да си во квиз на Драган Вучиќ. Лесна му земја.

Таа со веселата математика е глупост исто. Наместо да биде ко Бројки во Слагалица, они прават игричка ала 2+2.

Епик фејл им беше кога имаа прашање од Филм, а им дадоа да ги поврзат ликовите од "Преспав". :D

Забележав дека премногу прашања имаа поврзани со Србија. Не дај боже да видат источниве ѓубриња, ќе речат зашто не ги ставиле Азис и Ѓергана во прашањата. :D

Лилиќ го паметам ко добар водител од квизот Торпедо што играше пред петнаесетина години на прва. Сега делуваше ко водител на детска емисија, бавно збореше, по стопати повторуваше одредени работи, многу лош.
 
Kруг на знаење беше подинамичен овој квиз некако многу ми изгледа развлечен.

Визуелно дизајн е слабо.
Автоматски споено мислење:

Ова најверојатно ќе биде нешто доста добро што ќе се емитува на МРТ 3.

ТАКСИРАТ ВИ ПРЕТСТАВУВА:

13 часа | Документарен филм, Мјузикл, Трагедија | 2020

ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во забавен телевизиски формат, со времетраење од 13 часа.

Карактерот на ПИН е динамичен, а целта е на уникатен начин да ги документира сите случувања од светот на музичката индустрија во изминатиот период.

Премиерата на ПИН ТВ ексклузивно ќе се емитува на 13-ти декември (недела), под наслов “24 hour NO party people“, на МРТ 3, како и на официјалните Facebook & Youtube канали на Таксират Фестивал и ПИН.

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПИН ТВ!
 
Последно уредено:
Сега за сега, од просторот на поранешна Југославија, само ХРТ ги откупи тв правата за фудбалската Лига на шампиони за наредните 3 сезони - 2021/2022, 2022/2023 и 2023/2024. Се работи за пакетот за натпревари во Средите.
Се шушка дека РТС од Српскиот Телеком ќе ги откупи тв правата за напреварите од Среда.

Појаснување: Уефа нуди поефтин пакет за националните тв сервиси да ги откупат натпреварите во Среда, т.е националните сервиси да имаат право на еден натпревар од Среда и тоа да имаат право да бираат први кој натпревар го сакаат за пренос и овој пакет го откупи ХРТ директно од Уефа по повластена цена.

А нас од МРТ ќе ни продаваат магла дека не се во можност да откупат за Среда да пренесуваа Лига на шампиони.
Вистината е дека МРТ воопшто не се заинтересирани да платат кај УЕФА, и откако на првиот јавен повик не платиле кај УЕФА сосема е нормално да Телеком после ќе бара многу поголема сума за да отстапи натпревари на МРТ.

Во превод: и следните 3 сезони нема да има Лига на шампиони ниту во Среда како и овие последни 3 сезони.
Нема потреба да постои МРТ 3 каналот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom