Mozilla Firefox (официјална тема)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Firefox 3.7 со стаклест прозирен изглед

Mozilla откри неколку детали од Firefox 3.7 наменет за Windows оперативниот систем, со цел корисниците да добијат претстава како ќе изгледа новата верзија од популарниот интернет прелистувач. Компанијата објави неколку слики од верзијата 3.7, иако сеуште не е објавена верзијата 3.6.
Главниот човек на Mozilla, Мајк Белтзнер потврди во понеделникот дека следната верзија на прелистувачот ќе биде објавена отприлика во исто време со објавувањето на Windows 7, кое се очекува да се случи во Октомври. Дизајнот на прелистувачот полека се движи во насока на дизајнот на Windows Vista/7 кој се одликува со стаклест ефект и провиден изглед и на тој начин како да се интегрира во самиот оперативен систем.
„Тулбарот и табовите се исто така со стаклест изглед. Копчињата се прозирни и по малку сјајни за да одговараат со тулбарот. Посовршен 3D изглед кој дава поефективен впечаток,” објави Mozilla во својот пост.
Промените на Firefox, покрај стаклестиот изглед, преместување на копчето Page кое е сместено на левата страна на полето со табови. Барот со алатки и омилени страници е поместен сосема десно на прозорецот. Сепак, ова се само скици за идниот прелистувач.
„Ова не е финалната верзија! Ова се само идеите и експериментирање со дизајнот.“ велат дизајнерите на Firefox.

Конечно ќе има подобрување на дизајнот, што воедно се вклопува и со Windows 7.
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Глупости
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ако сака со 50 бои нека е ама нека не заебава како оваа 3.5.х
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
FIREFOX СИМНАТ НАД МИЛИЈАРДА ПАТИ

Популарноста на Firefox пребарувачот на компанијата Mozilla не опаѓа, па така повеќето корисници првенствено се определуваат за овој интернет пребарувач како свој прв избор. Ваквиот став на интернет корисниците придонесе над милијарда лица да го симнат Firefox пребарувачот.

Mozilla неодамна ја објави најновата верзија 3.5 од овој пребарувач кој спаѓа во најбрзите во светот. Најбрз интернет пребарувач на светот во моментов е Safari 4.0.2 на компанијата Apple, додека најбавен е осмата генерација на Internet Explorer на Microsoft.

Според истражувањето на тест серверот browsery.cz, веднаш зад Safari се најде Google Chrome 2.0, па Mozilla Firefox 3.5 и Opera 9.64. При тестирањето се користени исклучиво последните верзии од пребарувачите, наменети за крајните корисници за секојдневна употреба. Брзината е мерена со помош на уредот SunSpider JavaScript Benchmark 0.9, кој за споредба го користат и креаторите на одредени пребарувачи.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Firefox 4

Компанијата Mozilla работи со полна пареа. Не помина ни еден месец откако се појави верзијата Firefox 3.5, а на официјалната страница веќе се појавија фотографии од можниот изглед на Firefox 4. Според објавените слики, за сега се гледаат само неколку измени - Firefox 4 исто како и Google Chrome ќе има табови на врвот на прозорецот, што на многумина веројатно нема да им се допадне, но ова е само предлог.
Другата важна промена се однесува на копчињата Stop, Refresh и Go, кои би можеле да се најдат на една иста позиција и би се активирале во зависност од акциите на корисникот. Ви ги претставуваме официјалните screenshot-ови на Mozilla. Сите предложени фотографии се само предлог кој би требал да активира расправа во повод изгледот на најновиот Firefox и прашање е дали Mozilla навистина ќе ги воведе овие новини.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.025
Поени од реакции
1.516
Ако биде четворкава како што е на сликата ќе биде само бледа копија на Google Chrome.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Сега прв пат симнав Firefox 3.5.1, и што да кажам... Не е лошо, навистина добро е но табовите некако ми се префрлуваат на други страни без контрола. Многу ме нервира тоа, па затоа си останувам на Сафари. Инаку поспора е и од Сафари и Хромот. :)

Абе пер, ова прво Хром па на Сафари 4 беше. Сега и овие копираат :)
 
VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Ако се стварно табовите како на Хромот ќе биде многу глупо... но сигурно ќе има теми за доле да бидат табовите па и не претставува голем проблем :pos2:
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Охох. 3.6, 3.7, 4..... Кај отераа овие. Тоа 4ката многу личи Сафари. Подобар ми е стаклениот од 3.7.
Видоа 3.5 не штима како што треба, па одма со најави за нови... Нема врска, јас сеуште сум верен на Фирефокс, па си останав на 3.0(.12)

А за ова што нема да има стаклен изглед на XP.... Па нормална работа. Фајрфокс ја користи можноста на оперативниот систем за стаклен изглед, која виста/7 ја имаат, а XP ја нема. Најверојатно слично ќе биди и на OS X. На поновоте OS X (10.6, 10.5) ќе има проѕирност, а на постарите нема да има (поточно најновиот фајрфокс и воопшто не работи на постарите osx, но ако би работел, немаше да има).
И нели е време XP да си замини, да се замени со виста, односно во блиска иднина и со 7.
 
Мислиш личи на Google Chrome не на сафари, иначе има 3.5.1 и баги е средена од предходната,
За XP ке има програми уште нај малце 5-8 години, ке бидат компатибилни за Windows XP како што е со Windows 2000
 
Не зезај брат! Дотогаш изгледа луѓево ке се опаметат... :) Па ќе сменат нешто друго. Туку ова вистина личи на Safari... Тоа па од десно за алатките исто како да е :S
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Не зезај брат! Дотогаш изгледа луѓево ке се опаметат... :) Па ќе сменат нешто друго. Туку ова вистина личи на Safari... Тоа па од десно за алатките исто како да е :S
Темава не е за тоа али... Што ке сменат ? Macintosh,Linux?

Личи на Chrome, на Safari ништо не личи а и 4-та сигурно нема вака да личи не се официјални сликите така да сигурно нема да личи ни на chrome ни на IE ни па на safari
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не зезај брат! Дотогаш изгледа луѓево ке се опаметат... :) Па ќе сменат нешто друго. Туку ова вистина личи на Safari... Тоа па од десно за алатките исто како да е :S
Темава не е за тоа али... Што ке сменат ? Macintosh,Linux?

Личи на Chrome, на Safari ништо не личи а и 4-та сигурно нема вака да личи не се официјални сликите така да сигурно нема да личи ни на chrome ни на IE ни па на safari
Немој не го чепкај за мекинтош:vozbud::pos2:....то ти е ко со прст во око да си му брцнал.:vozbud:
 
П

Паган-др

Гостин
Осеќам дека ќе утнат работа со Фајрфокс 4. Ко што е сега 3.5 мене ми е супер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom