- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Firefox 3.7 со стаклест прозирен изглед
Конечно ќе има подобрување на дизајнот, што воедно се вклопува и со Windows 7.Mozilla откри неколку детали од Firefox 3.7 наменет за Windows оперативниот систем, со цел корисниците да добијат претстава како ќе изгледа новата верзија од популарниот интернет прелистувач. Компанијата објави неколку слики од верзијата 3.7, иако сеуште не е објавена верзијата 3.6.
Главниот човек на Mozilla, Мајк Белтзнер потврди во понеделникот дека следната верзија на прелистувачот ќе биде објавена отприлика во исто време со објавувањето на Windows 7, кое се очекува да се случи во Октомври. Дизајнот на прелистувачот полека се движи во насока на дизајнот на Windows Vista/7 кој се одликува со стаклест ефект и провиден изглед и на тој начин како да се интегрира во самиот оперативен систем.
„Тулбарот и табовите се исто така со стаклест изглед. Копчињата се прозирни и по малку сјајни за да одговараат со тулбарот. Посовршен 3D изглед кој дава поефективен впечаток,” објави Mozilla во својот пост.
Промените на Firefox, покрај стаклестиот изглед, преместување на копчето Page кое е сместено на левата страна на полето со табови. Барот со алатки и омилени страници е поместен сосема десно на прозорецот. Сепак, ова се само скици за идниот прелистувач.
„Ова не е финалната верзија! Ова се само идеите и експериментирање со дизајнот.“ велат дизајнерите на Firefox.