The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.608
Види, не е дека не си во право, меѓутоа ни твојот миленик на кој што свршуваш не е толку совршен колку што ти и таквите како тебе мислат.aman be Nadalovci,kolku malku vi treba da zivnete . Polufinale na masters dotera hemicharot,vrza dva dobri mecha I odma kurnazi,nimalku respekt prema Marej.E zatoa ke ve zaebavaat do besvest koga go papa od Damir,Fabio etc etc . Greota
Едно е сигурно, мора да се почне од некаде, мора да се освои некоја мастерс титула, чекор по чекор. Не реков дека Надал ќе освои се живо и диво, едноставно ние сме задоволни сега за сега од неговата игра и прилично убедени дека утре лесно ќе се справи со Мареј. Зошто? Затоа што сите елементи и услови се во корист на Надал, секако, има простор и за изненадување и нема да бидам идиот да прогнозирам со колку % би го победил туку како и секој нормален спортист очекувам со 100% ангажман на Рафа да биде доволен за победа и пласман во финалето и битка против некој од Французите за титула.
Не сакам да ја влечеме темава, но сакам да ти појаснам некои работи. Тенис не се игра од 2014 или од кога почнал Ѓоковиќ да "владее". Тенис се игра повеќе од 100 години, а професионалната Open Era започнала во 1968. Имајќи ги во предвид достигнувањата и од двете ери заедно, си има разно разни статистики и рекорди од кои голем дел Ѓоковиќ сега за сега може да планира да ги сруши. Беше и се уште е во голем налет кон нивно достигнување, ама реков, јас не посакувам ниту пак логично мислам дека може долго време да ја држи формата со која играше изминативе 15-16 месеци.
Најважниот факт во целиот муабет е тоа што ние гледачите т.е. обожавателите на тенисот, ние треба да имаме можност да гледаме квалитетен тенис, горе долу секогаш се знаело кој е кој, меѓутоа да има малку и контраст во играта и резултатите. Новак игра перфектно, глупаво е да споредуваме кој би победил доколку се судрат Новак со најдобрата форма и Рафа со најдобрата на оваа подлога, на онаа подлога. Сакам да кажам дека треба да имаш и среќа да ти се поклопат коцките, да си во фантастична форма, но истовремено и другите по малку да забегаат од својот максимум што е дефинитивно случај во последниве сезона две... посебно со Надал, Мареј па и Федерер бидејќи нема кондиција како порано да се справи со исцрпувачките сетови, посебно на грен слеми и спори подлоги.