Официјално утре во финалето ќе играат Надал и Монфис. Мечот ќе започне во 14:30.
Рафа има скор од 11-2 меѓусебни дуели со Монфис, единствено изгуби во Доха 2009 и Доха 2012 од утрешниот негов победник. Логично според претходниот податок, нема загубено меч на земја, а до сега играле 4 пати. Интересно е тоа што не загубил ниту сет, а првиот меч на земја им бил исто така во Монте Карло уште пред 11 години кога Рафа победил 6-3 6-2. Иако звучи убедлив резултат, ова е најголемиот отпор на Монфис во сите 4 дуели, освои 5 гема, а во сите останати три дуели (Барселона 2011, Мадрид 2010 и Рим 2006) таму Монфис освојуваше точно по 4 гема.
Денес Монфис е различен играч, посебно оваа сезона и не мислам дека би можел Рафа слично да помине и утре, меѓутоа не би требало ни да има големи проблеми за да слави во 100тото финале и неговата 9та титула во Монте Карло.
А шо прајме со фактот дека против Ноле изминативе 2 сезони сите се укењавале во мечевите. Не покажувале вистински тенис или пак она што навистина го знаат. Значи се е иронично кога станува збор за Надал, а кога ќе дојде на ред Ѓоковиќ... тогаш се е по негова заслуга, па од што стана досадно со муабетите почнавте да лансирате проценти на ангажман... алооо... ајде дај Боже да видиме нешто различно, не мора Надал да победува, ама мислам дека дефинитивно е време да се сменат некои работи.