Monster

Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.454
Поени од реакции
41.060
Локација
Скопје
Monster е американска биографска крими-драма anthology серија креирана од Рајан Марфи (American Horror Story) и Иан Бренан за Нетфликс. Серијата во секоја сезона ги следи животите на вистински „монструозни“ фигури. Секоја сезона е посветена на различен убиец или убијци.

1730210433303.png

Првата сезона: The Jeffrey Dahmer Story се фокусираше на серискиот убиец Џефри Дамер (Јуан Петерс) и беше поставена на Netflix на 21 септември 2022. Првенствено серијата беше означена како limited series, но подоцна беше обновена за втора и трета сезона по што етикетата limited беше заменета со anthology.

Втората сезона: The Lyle and Erik Menendez Story се фокусира на браќата Лајл (Николас Александер Чавез) и Ерик Менендез (Купер Кох) и имаше премиера на 19 септември 2024.

1730217148161.png

Третата сезона ќе биде насловена The Original Monster и ќе се фокусира на животот на убиецот Ед Геин (Чарли Ханам).

Првите две сезони имаа мешани реакции меѓу критиката, но на крај имаа неверојатен комерцијален успех, и двете достигнувајќи го врвот како најгледани серии на Netflix уште во првата недела од прикажувањето. Првата сезона за само 28 дена стана втората најгледана Netflix серија на англиски јазик во историјата на платформата и трета Netflix серија која за 60 дена имала 1 милијарда часови гледаност. Заработи 4 номинации за Глобус и 6 за ЕМИ, и освои 1 ЕМИ.

За првата сезона имаше интерес на форумот, знам се пишуваше доста, но за Менендез не сум видел некој да пишува. Па - ја гледа(л) ли некој серијава?
 
Дамер ја гледав кога излезе и мислам дека беше одлично направена и доста автентично, зашто веќе бев запознаен со делата на будалава. Главниот актер беше појезив од оригиналниот Дамер. Не знам дали зема некоја награда али искина во улогата.
Ќе ја симнам сега вторава сезона да ѕирнеме што се дешава.
 
Monster е американска биографска крими-драма anthology серија креирана од Рајан Марфи (American Horror Story) и Иан Бренан за Нетфликс. Серијата во секоја сезона ги следи животите на вистински „монструозни“ фигури. Секоја сезона е посветена на различен убиец или убијци.

Прегледај го приврзокот 433556

Првата сезона: The Jeffrey Dahmer Story се фокусираше на серискиот убиец Џефри Дамер (Јуан Петерс) и беше поставена на Netflix на 21 септември 2022. Првенствено серијата беше означена како limited series, но подоцна беше обновена за втора и трета сезона по што етикетата limited беше заменета со anthology.

Втората сезона: The Lyle and Erik Menendez Story се фокусира на браќата Лајл (Николас Александер Чавез) и Ерик Менендез (Купер Кох) и имаше премиера на 19 септември 2024.

Прегледај го приврзокот 433571

Третата сезона ќе биде насловена The Original Monster и ќе се фокусира на животот на убиецот Ед Геин (Чарли Ханам).

Првите две сезони имаа мешани реакции меѓу критиката, но на крај имаа неверојатен комерцијален успех, и двете достигнувајќи го врвот како најгледани серии на Netflix уште во првата недела од прикажувањето. Првата сезона за само 28 дена стана втората најгледана Netflix серија на англиски јазик во историјата на платформата и трета Netflix серија која за 60 дена имала 1 милијарда часови гледаност. Заработи 4 номинации за Глобус и 6 за ЕМИ, и освои 1 ЕМИ.

За првата сезона имаше интерес на форумот, знам се пишуваше доста, но за Менендез не сум видел некој да пишува. Па - ја гледа(л) ли некој серијава?

Izgledana i vtorata sezona...Maestralna gluma od site likovi osobeno od brakjata..Petata epizoda od vtora sezona ne sum mrdnal cela epizoda.
 
Ја гледав прва и ми беше солидна, за вторава не сум најзаинтересирана, некако жанров го запоставив, башка го откажав Нетфликсот.
Трета чим е со Чарли, тоа може ќе се гледа.
 
Јас ја почнав втората и е стварно прејака! Глумата пред се - врв!

Петтата епизода: masterpiece! :cuc: Цела е снимена во one take со речиси неподвижна камера чиј фокус незначително се поместува напред кон актерот кој го глуми Ерик Менендез кој "се исповеда" пред неговиот адвокат. Пре-ја-ко! За ова ги заслужува сите награди на светот актеров. Алал!
 
Општо како жанр true crime гледам доста, го изгледав за Дахмер документарецот и беше одличен (Нетфликс знаат и пола од реалната приказна да ја изостават), вториот ми е на листа, па ќе споделам импресии.
 
1762535959272.png

Ја гледаше ли некој третава сезона?

Јас не можам веќе! Стигнав до почеток на 2 епизода и ко сфатив дека шизофреников
си направи тањирче за грав од горниот дел на черепот на мртовец што го откопа од гробишта
црева ќе откорнев! :pov:
 
Прегледај го приврзокот 460192

Ја гледаше ли некој третава сезона?

Јас не можам веќе! Стигнав до почеток на 2 епизода и ко сфатив дека шизофреников
си направи тањирче за грав од горниот дел на черепот на мртовец што го откопа од гробишта
црева ќе откорнев! :pov:
Чекај Злате има поголеми гадости, ова е мачкина кашлица :D
Еј првите 3 епизоди кога ги изгледав заклучив дека оваа е позаебана/гадна и од првата со Дамер, оваа со браќата е гола вода во споредба со овие две.
Таму после 4та нз дали јас се навикнав или почна да олабавува малце, мислам олабави зашто последните две епизоди ми беа малце досадни. Ипак мислам дека Дамер беше нешто похорор сезона.
Главниов лик како и Дамер изглуми партали, забегантус пар екселанс.
Дамер ја сметам за подобра зашто поверна на оригиналните настани е, како што морав да истражам овде има убацено многу фиктивни моменти што ме разочара и се надевам нема да идат во тој правец, мислам доволно гадости има и без измислување дешавки.
Има уште многу да се снима на овие тематики да не набројувам какви се сериски убијци, така да ќе се изнагледаме гадости уште долго :D
 
Ја гледаше ли некој третава сезона?

Јас не можам веќе! Стигнав до почеток на 2 епизода и ко сфатив дека шизофреников
си направи тањирче за грав од горниот дел на черепот на мртовец што го откопа од гробишта
црева ќе откорнев! :pov:

Ме претрка Кејлеб.

Многу, многу полошо од тоа е. Јас читав на Википедија детали за лудаков. Многу забеган.

Ќе го ѕирнам баш, а сакам и претходните две сезони да ги изглеам. Питерс е многу добар. И не знам зашо на толку многу луѓе им е смешен гласот шо го вади Чарли и не им се допаѓа. Баш добро објаснување има дадено у интервјуа.
 
Ќе го ѕирнам баш, а сакам и претходните две сезони да ги изглеам.
Претходните две се многу добри, да ги гледаш обавезно. Ама го немав овој проблем како тука во ни една од нив. Особено не во втората, со браќата, што во споредба со ова е ко да гледаш цртан филм со Том и Џери. Тука буквално ми се повраќа од ликов и не знам дали да ја продолжам сезонава. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom