Ќе ти стигнат парите не се секирај. Сум ставал сум вадел не сум имал никаков проблем. Ако имаш некаков проблем пиши ПП[DOUBLEPOST=1448677472][/DOUBLEPOST]
Многу е лесно.
Прво се регистрираш, па го активираш акаунтот преку е-маил
Потоа додаваш твоја кредитна/дебитна картица па тие ти одземаа одредена цифра на пари од таа картица од 1.01 до 2.99 евра па ти треба да се јавиш во банката да прашаш колку точно ти земале зошто таа цифра ќе ти треба да ја внесеш за да си ја верифицираш картицата. И тие пари што ќе ти ги земат ќе си ги имаш на скрил. Потоа им праќш документ за верификација. Пример лична карта сликана од двете страни. И после си тераш. Некогаш стигнуваат за 7 дена(многу ретко) некогаш за 27 дена. Во 90% од случаита ако парите каснат проблемот е во банката на која си член а не е проблемот во скрил.
Ако имаш дополнителни прашања пиши.
Поздрав[DOUBLEPOST=1448678421][/DOUBLEPOST]Ако имате било какви проблеми со скрил, не им пишувакте е-маил. Јавете се на бројот и ќе завршите работа во рок од 2 минути. Сега гледам се подобриле и во враќање на е-маил. Порано не враќаа на е-маил ни за жива глава. Во врска со ујп, не се плашете ништо не ви можат а и не се замараат до толку. Сум вадел пари сум ставал па никој до сега не ми тропнал на врата.
Ево едно искуство. На покер добив некаде 400 долари. Имав проблеми со парите, многу каснеше трансферот. Бев во просториите на тутунска и разговарав со претпоставениот за прилив од странски пари бла бла не ми текнува точно. Разговаравме што разговаравме и на крај ми рече браво како знаете да го избегнувате законот (забрането е обложување во странски обложувалници на интернет).
Имам и Skrill Master Card. Најверојатно сум првиот Македонец што има. 10 евра ти задржуваат за картичката годишно. Skrill Master Card е добра работа да ја имаш и да вадиш пари во држава каде што валутата е евро или долар. Така да кај нас да ја имаш е голем зијан бидејќи на секое конвертирање губиш пари така да не се замарајте многу околу картичката.
Ако имате некој прашања пишете.