Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Пред есента нема шанса премиерата да излези.
При крај се со снимање, Берлин мислам дека вчера заврши.
 
И пост-продукцијата гарант ќе им оди бавно, ништо чудно 2022 да биде.
 
Не знам дали ја следите Најва на инста, многу пати има откриено некои делчиња од сцените кои ги снимаат, ќе се уклучи лајв ќе напрај беља и после бриши :D
Инаку и во real life е изгледа одлепена личност, мене ми е пренајака :)
 
Инспектора Ракел Муријо и Ел профе денес се збогуваа со фановите и објавија дека завршиле со снимање.

Останува да видиме дали ова значи дека е целосно снимена серијата
 
Инспектора Ракел Муријо и Ел профе денес се збогуваа со фановите и објавија дека завршиле со снимање.

Останува да видиме дали ова значи дека е целосно снимена серијата
Види го бе каков е, да го грабниш и да бегаш :love:
 
Официјално премиерата ќе биди на два дела, првиот дел 3 Септември, вториот 3 Декември.
:vozbud:
Вака од промо видеото професорот и Марсеј се во банката, ќе има многу акција и плачки на крај :)
 
Mи ја фалеа серијава, али после видов дека не зборат амерички.
 
Ако преживееме до септември, ќе ја гледаме. :D
 
Пошто читав дека ќе има 10 епизоди, веројатно пет излегуваат во септември а пет во декември, така?

Сега инаку приметив дека до сега немам напишано мислење на темава, пошто лани ја гледав четвртата сезона нешто подоцна па не отворав ради спојлери... Ајде здравје, ќе пишам што очекувам од петтата сезона пред да излезе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom