Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Полусезона мачко, полусезона.

Цела сезона ќе биде ко ќе ги пуштат и другите 5 епизоди во декември.
 
Уште не можам да се соберам :)
Каква сезона мајко мила, убедливо најдобра досега, нека ме поштедат хејтерите плис :love:
Мора денес да ја изгледам на рает да процесирам неколку дешавки оти во друштво не се гледа серија :)
Срце ќе ми прснеше на моменти од адреналин :ROFLMAO:
Најва Нимри откритие на векот ми е, каква лудача боже, искина со глумата ама како и лежи улогата, мераци. Она ја мразиш ама и навиваш за неа на моменти, страшен талент :cuc:
Имаше многу комични моменти ќе постирам спојлери покасно, Тамајо ми го направи шоуто, лудак :pos:
5те епизоди можеа да бидат 1.5 епизода.
адреналин :lolzz:
не ги лажи, едвај имаше 2-3 комични моменти во сите 5 епизоди.
 
Полусезона мачко, полусезона.

Цела сезона ќе биде ко ќе ги пуштат и другите 5 епизоди во декември.
Ко ќе размислам поубо поарно шо ја поделија на два дела, здив да земам тро :ROFLMAO:
Вчера се зафркававме со другарка ми, и викам паузирајте до тоалет ќе одам, ми вика каков тоалет седи тука абето ќе ти го донесам од ќерка ми :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

fast forward за да се расправам со тебе :D
Кај можиш со мене да се расправаш ти :backa:
 
Стварно зашто пола-пола, немаше да може да се соземеме од шокот или ...? И така 5 дена ги гледаш три години, не мораше сега три месеци да се чека.

Иако најмногу си го поштував Берлин ко карактер, мене ми е бар најинтересен, многу досадно почна да станува неговиот флешбек што ако не го заокружат некако со крајот на серијава, ќе биде апла непотребно и небитно во цела прикаска.
Токио конечно доби малце респект од мене, иако лудача и нестабилна си е вака, бар крајот и беше топ и во склоп карактерно.
Се на се, уште пет епизоди кои сигурно ко овие ќе може да се спакуваат во три во декември и чао тути.
 
Вака како шо читав флешбековите на крајот ќе бидат клучни. Не се залудно, мене интересни ми беа, можи дека беа снимени во Копенхаген, Тиволи, имам шетано натаму. Берлин е pure class, како му лежи смокингот, спие на него :love:

Погледот на Татјана не ми се бендиса ич, ќе напрај некој циркус на крајот таја алапачата. :)

Крајот беше перфекција, се искупи Токио за сите глупости.
 
Ај ќе видиме за три месеци дали ќе имаат врска флешовите. :D
Али тајмингот бе, ваму се пукаат, и сега кратат акција и го покажуваат овој 20 минути се шета во костум со тие неговите филозофии цело време. Ќе те мавне малце нервоза. :pos:
 
Не не појако беше ова
внатре ги пукаат војниците од сите страни, летаат гранати ракети и шо ти јас знам, онаа Манила му се обеси на Денвер, кажи дали ја сакаш Стокхолм та кажи :pos:
Ми идеше да фрлам со лименката в телевизор.
 
Ех, не дека од сега им е глуп дијалогот, еден куп непотребни глупости имаат, али не ми е дотолку гајле за да се расправам со вас цел ден. :D
Тамајо е најкомичниот лик, бтв. Со таа мутавата фацичка, па кога го имитираше Анхелито, па со тоа елечето тесно ... најјак.
 
немаше потреба ни да влезат внатре, кога беа горе им беа зад грб и со 2-3 бомби можеше да ги збришат без на никој да му фали влакно, ама не ако идат да те убијат тие ќе ги барикадираш. А пак тие кловновите (оние биле mercenaries :lolzz:)
 
Единствено Гандиа и Сагаста имаа фаца за војници, другите личеа на избеглици од лудница, додуша тоа и беа :)
Автоматски споено мислење:

Ех, не дека од сега им е глуп дијалогот, еден куп непотребни глупости имаат, али не ми е дотолку гајле за да се расправам со вас цел ден. :D
Тамајо е најкомичниот лик, бтв. Со таа мутавата фацичка, па кога го имитираше Анхелито, па со тоа елечето тесно ... најјак.
Јас од кога викам за Тамајо дека е најјак лик, самата фаца по себе е комична, плукнат Кирацовски :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

Зошто не ни ја претставија визуелно Аикидо сцената ? Еден голем минус од мене до режисерите за тој пропуст :D
 
Последно уредено:
Пишав и низ другите теми каков нетфликс само странава, има буквално се од филмови,серии и документарци и сите се со одлична слика.

Повели https://movies7.to/series/money-heist-oloj4/rjl8mrm

Ако некогаш не работи оваа movies7 замената за неа е https://www5.himovies.to/ исти се буквално, нема реклами,кочење и други глупости.

Звукот катастрофа.
 
Звукот катастрофа.
Мислиш затоа што е тивко? Не сум приметил пошо го користам програмчево нереално го зголемува звукот :D
 
Премногу тивко е ова.
Ставам слушалки, појачувам до крај, ми шепотат. Без слушалки па ич не се слуша.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom