Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби најлоша сезона/дел од сезона досега, како и да е. Првата половина, некаде до кај петта епизода не се случи буквално ништо, туку се рециклираа стари врски и сцени. Флешбековите, овојпат, во поголемиот дел немаа никаква улога ниту пак кажуваа нешто ново за ликовите. Берлин го вадат од нафталин, а човекот нема веќе што да каже. Не се обидоа ниту да не насочат околу жената со која што правеше свадба, иако мислев дека би имало причина да одземе толкав screening time, дека некако ќе биде инволвирана во дејствието. Засега испаѓа дека е само епизоден лик што треба да пополни време.

Љубовните триаголници беа срање. Ниту една сцена не ме увери дека жалопојките на триото Денвер-Рио-Стокхолм се убедливи. На пример, во првата сезона, врските помеѓу Денвер и татко му и Денвер и Стокхолм беа фино разработени, си имаа динамика. Овде, пола сезона очекуваме п да имплицира ку, а тоа никако да се случи.
Од друга страна, многу време се посвети на Гандија и акционите сцени. Ок е, знаеме дека имаат поголем буџет, ама буџетот не е пресуден. Професорот е маргинализиран лик во оваа сезона, исто како и Токио. Ако во првиот грабеж овие имаа најголем импакт, сега се само делче од поголемата слика. Ама секако, многу поголем дел од дејствието одзема сабплотот на Артуро, убедливо најнепотребниот и најлошо изграден лик, и на убедливо најнеуверливиот трансвестит во историјата на трансвеститите и филмското платно. Овие две приказни, и да не постоеја, немаше да има разлика.

Со Наироби не свлечкаа на емотивна карта, а кулминацијата беше ин витро оплодувањето. Наироби наеднаш сака да има дете, иако има веќе едно дете, ама сега очајно сака да има = дете со професорот, се со цел за после 15 минути да го видиме професорот расплакан. Очигледно не се знае веќе која е таргет публиката на серијава.

Богота ја пресекува комуникацијата со Гандија и шаторот, ама откако ќе го фатат, техниката во паник роом магично проработува.
Најбараната трудница во Мадрид го сокрива стомакот со капче и магично добива се што ќе посака.
На професорот не му текнува дека комплексот згради на очајниот полицаец имаат камера.
Шефот на Агенцијата за разузнавање комуницира преку МЕИЛ во врска со измачување на заложник. Преку МЕИЛ, ни повеќе ни помалку туку I hope this email finds you well. Рециклирање, ама без умисла :)

Берлин е лик кој да не е тој серијата не би имала смисла, самите режисери изјавија дека прерано го убија карактерот оти мислеа дека серијата е затворена, па сега преку флеш ќбек планираат да му дадат повеќе сцени ама ја претеруваат.
Е сега тие флешбекови и сите фрази кои ги кажува Берлин имаат голема улога во сезоните кои следеа и кои ќе следат, каква Татиана какви бакрачи таа е само фигура да пополни сценарио. Кога му објаснува за дилемата со љубовта и дилемата,
"Betrayal doesn't depend on how much you love someone, it depends on the magnitude of the dilema put in front of you"
Ракел е уапсена и професорот знае дека е лојална ама го копка дека Сиера можи да ја уценува со ќерка му и мајка и, е тука е таа паралела која ја кажува Берлин
"Would you betray your loved one ? At first no, but what happen if someone tell you that if you did, you would be given medicine that could cure your beloved brother"
Исто кога професорот се сеќаваше на Лисбоа, кога мислеше дека е мртва, го дадоја флешбекот со свадбата, кога му рече "What weights more Love or death, life weights more little brother. People doesn't know when their time is gonna come. Death can be the greatest opportunity of your life.
Професорот е спротивен лик од Берлин, срамежлив тип кој до скоро не знаел да ужива во својот живот, немал никогаш девојка, половина живот го поминал во болница а другата половина смислувајќи план за грабежот, сите фрази кои му ги кажа Берлин до сега и во сезоните наназад, и кога беа во манастирот се поклопуваат со се шо му се случува сега на неговиот брат. Последната фраза мислам дека ќе биди паралела на тоа како ќе заврши Професорот со грабежот, 99 % сум убедена дека ќе се жртвува за да ги извади од банката.
Околу делот со професорот и полицаецот, од кај да знае Професорот дека несаламниот од прозорец ќе скокни и дека ќе треба да го вадат од базен во 3 сатот сабајле.
Нема тука никаков пропуст од сценаристите.
Сиера кога излезе да го бара беше маскирана, кој да ја примети во 5 милионски град, не е Драчево ова па ќе ја познаат сите.
Делот со Наироби и спермата беше тоталка, глупава сцена која сакаа да ја направат врската помеѓу Наироби и профе посилна за цел да биди сцената со погребот по тажна ама мислам дека ја посраа работата.
Исто се сложвам и со делот за Гандиа, три епизоди потрошија со него, ама ајде барем имаше акција, се дешаваше нешто.
Автоматски споено мислење:

Кај знаеме ние што значи да се залепи пак парицата во собата, резерва никаква, укопана во ѕид (обично таквите ги препуштаат одново кога ќе ги оштетат во објекти) ама овие ја заварија.
Башка успеаа да предвидат секаква опрема кога влегуваа, од специјални печки за претопување до системи за одржување на живот и подвижна хирушка сала за едни од потешките операции. Токио успева да погоди на среќа што ќе отсечи од белите дробови иако се заеба врската со доктурот, гувернерот со обична обука веќе разбира напредна анатомија, Гандиа го пукаат 5 души и му фрлаат кашикари и мака нема, завршува со 3 шрапнели, Рио и Денвер легнуваат со шлемовите и панцирите бомбата и после се способни да шетаат (секако, тапанчињата како прво ќе им прснат, второ гарант ќе завршат со некој шрапнел), професорот како што кажа мастермајнд кој може да организира грабеж во најбезбедните објекти на планетава ама не способен да процени дека има обична камера кај џандарот.
Мислам дека серијава требаше да заврши со првите 2 сезони и сите среќно да си живееја, со ова што го прават сега ќе и турнат миниум 2 оцени, али како и да е ќе си најдат друга публика (пубертетлии, хомо, транс и тн).
Скоро 80% од Холивуд филмовите се нон сенс кога станува збор за акција вие се фативте за шрапнелите со Гандиа, во скоро секој филм има некој таков John Wick лик.
Јас не знам шо се зпнавте толку за тие сцени, убаво ви викаат серија е ова не е документарен филм се под конец да биди.
Професорот има напраено многу грешки во сите сезони, тоа значи дека е човек од крв и месо, не е робот се да му излегува како шо има испланирано, и јас сум критична за многу работи ама патетични станвате кога барате влакна во јајцето.
На крај краева не ја гледајте, и во првата и во втората сезона имаа лапсуси ако гледаме така.
 
Последно уредено:

Што сте запнале со тие документарни филмови, де документарни филмови. Само тоа ви е изговор за некоја нелогичност.
Од Џон Вик, Дизел и Карпата ако седнам да гледам знам што да очекувам и не сфаќам озбилно, нити нив, нити филмовите. И овде ако ги има истите работи значи станува пак збор за заебанција од серија.
 
Берлин е лик кој да не е тој серијата не би имала смисла, самите режисери изјавија дека прерано го убија карактерот оти мислеа дека серијата е затворена, па сега преку флеш ќбек планираат да му дадат повеќе сцени ама ја претеруваат.
Е сега тие флешбекови и сите фрази кои ги кажува Берлин имаат голема улога во сезоните кои следеа и кои ќе следат, каква Татиана какви бакрачи таа е само фигура да пополни сценарио. Кога му објаснува за дилемата со љубовта и дилемата,
"Betrayal doesn't depend on how much you love someone, it depends on the magnitude of the dilema put in front of you"
Ракел е уапсена и професорот знае дека е лојална ама го копка дека Сиера можи да ја уценува со ќерка му и мајка и, е тука е таа паралела која ја кажува Берлин
"Would you betray your loved one ? At first no, but what happen if someone tell you that if you did, you would be given medicine that could cure your beloved brother"
Исто кога професорот се сеќаваше на Лисбоа, кога мислеше дека е мртва, го дадоја флешбекот со свадбата, кога му рече "What weights more Love or death, life weights more little brother. People doesn't know when their time is gonna come. Death can be the greatest opportunity of your life.
Професорот е спротивен лик од Берлин, срамежлив тип кој до скоро не знаел да ужива во својот живот, немал никогаш девојка, половина живот го поминал во болница а другата половина смислувајќи план за грабежот, сите фрази кои му ги кажа Берлин до сега и во сезоните наназад, и кога беа во манастирот се поклопуваат со се шо му се случува сега на неговиот брат. Последната фраза мислам дека ќе биди паралела на тоа како ќе заврши Професорот со грабежот, 99 % сум убедена дека ќе се жртвува за да ги извади од банката.
Околу делот со професорот и полицаецот, од кај да знае Професорот дека несаламниот од прозорец ќе скокни и дека ќе треба да го вадат од базен во 3 сатот сабајле.
Нема тука никаков пропуст од сценаристите.
Сиера кога излезе да го бара беше маскирана, кој да ја примети во 5 милионски град, не е Драчево ова па ќе ја познаат сите.
Делот со Наироби и спермата беше тоталка, глупава сцена која сакаа да ја направат врската помеѓу Наироби и профе посилна за цел да биди сцената со погребот по тажна ама мислам дека ја посраа работата.
Исто се сложвам и со делот за Гандиа, три епизоди потрошија со него, ама ајде барем имаше акција, се дешаваше нешто.
Автоматски споено мислење:

Скоро 80% од Холивуд филмовите се нон сенс кога станува збор за акција вие се фативте за шрапнелите со Гандиа, во скоро секој филм има некој таков John Wick лик.
Јас не знам шо се зпнавте толку за тие сцени, убаво ви викаат серија е ова не е документарен филм се под конец да биди.
Професорот има напраено многу грешки во сите сезони, тоа значи дека е човек од крв и месо, не е робот се да му излегува како шо има испланирано, и јас сум критична за многу работи ама патетични станвате кога барате влакна во јајцето.
На крај краева не ја гледајте, и во првата и во втората сезона имаа лапсуси ако гледаме така.
Неспоредлив е квалитетот и стилот на првите две сезони со овие сега.
Во првите ако имаш 30% нереални сцени со 70% изводливи, сега имаш 80% неизводливи сцени (или со шанса 1:100000 се да се поклопи за воопшто да држат вода) и 20% некаква ок приказна и реални сцени. Џамче муабет беше 70% од сезоната со сцени во стилот на The Rock.

П.С и John Wick го заебаа овие, Киану тренинзите што ги прави со оружје се далеку поверодостојни од тука, шансата дека Токио или Моничето се способни да решетат со хеклери и м шеснаески не ми изгледа веродостоја со оглед на тоа што не се ни едната ни другата физички спремни. Прво не знаат пушка да држат, а не пак да пукаат со истата, или пак типчето со обетката оставен да чува заложници а мочко како Артуро успева да му одземе пушка (што во реалност ако ја држиш како што треба имаш двојно прикачување на каишот и не постои шанса специјалец да ја одземе без да испукаш 3-4 куршуми во него).
 
Па за дечкото со обетката и Манила му рече на Денвер дека не знае ни пушка да држи како шо треба, ако Артуро е мочко овој е уште поголем од него :)
За Моника не знам ама Токио ми изгледа далеку од спремна за ракување со оружје, Токио е најексплозивен карактер од сите во бандата и има повеќе јајца од сите мажи заедно, сите сцени со Токио оваа сезона ми беа добри, ептен е напредната од претходните сезони.
Мене едно не ми е јасно,ако е како шо викаш ти и другите дека првите две сезони беа со подобар квалитет и сценарио зошто тогаш гледаноста на серијата е дупло зголемена од претходните сезони, логично е ако некоја серија опаѓа во квалитет да опаѓа и гледаноста, ете вие викате дека наредна и да излези нема да ја гледате, и не само вие илјадници коментари на твитер го мислат истото,а за чудо серијата од сезона во сезона станува се популарна и ги турка сите рекорди во гледаност, број еден е на листата за најгледани серии во светот моментално,мене нешто не ми се уклапа тука.
 
Најспремен физички дел на Токио и е задницата, чучњеви и е вежбата што највеќе ја практикува очигледно. Да се фаќаше пушка со тој дел, ќе беше изводливо.
Али чим викаш дека желбата е најбитна, во ред, нема што повеќе да дебатираме.
 
Гледаноста и рејтингот речиси никогаш не одат право пропорционално со квалитетот. Gangam Style има 3.5 билиони прегледи на YouTube па тоа не ја прави добра песна. :)
 
Пола полиција кај нас се со помал физикус од Токио па не гледам како тоа е проблем за ракување со оружје.
Автоматски споено мислење:

Гледаноста и рејтингот речиси никогаш не одат право пропорционално со квалитетот. Gangam Style има 3.5 билиони прегледи на YouTube па тоа не ја прави добра песна. :)
Тоа е друго, јас ако сум почнала некоја сезона и не ми се допаднала или ме иритира нема шо да ја пуштам наредна сезона да ја гледам. Ете Елит ја почнав и не ја догледав, не дека серијата не била добра, имаше некои сцени кои ме вознемируваа и не му давам шанса на серијата да ја гледам до крај.
 
Па за дечкото со обетката и Манила му рече на Денвер дека не знае ни пушка да држи како шо треба, ако Артуро е мочко овој е уште поголем од него :)
За Моника не знам ама Токио ми изгледа далеку од спремна за ракување со оружје, Токио е најексплозивен карактер од сите во бандата и има повеќе јајца од сите мажи заедно, сите сцени со Токио оваа сезона ми беа добри, ептен е напредната од претходните сезони.
Мене едно не ми е јасно,ако е како шо викаш ти и другите дека првите две сезони беа со подобар квалитет и сценарио зошто тогаш гледаноста на серијата е дупло зголемена од претходните сезони, логично е ако некоја серија опаѓа во квалитет да опаѓа и гледаноста, ете вие викате дека наредна и да излези нема да ја гледате, и не само вие илјадници коментари на твитер го мислат истото,а за чудо серијата од сезона во сезона станува се популарна и ги турка сите рекорди во гледаност, број еден е на листата за најгледани серии во светот моментално,мене нешто не ми се уклапа тука.
Ако си точка во главата не те прави по автоматизам способен да ракуваш со автоматско оружје, а пак последната епизода каде што од една страна специјалци снајперисти со поставени снајпери на помошни нишани и таа успева да го докрепи со рака оружје од 15тина кила без да ја видат и да пукне прецизно до нив, оууу шит, Марк Волберг гомна да јади во Шутер!!!!!

Шпанска серија е, затоа и немаше гледаност на старт, јас со сомнеж и дадов шанса на почеток откако ја изгледаа доста блиски, па ми ја пофалија дека е добра и еднаш ни влезе чивијата. Секој од нас ја пофалил на старт и така се прошири публиката која ја гледа.
Автоматски споено мислење:

Пола полиција кај нас се со помал физикус од Токио па не гледам како тоа е проблем за ракување со оружје.
Автоматски споено мислење:

Тоа е друго, јас ако сум почнала некоја сезона и не ми се допаднала или ме иритира нема шо да ја пуштам наредна сезона да ја гледам. Ете Елит ја почнав и не ја догледав, не дека серијата не била добра, имаше некои сцени кои ме вознемируваа и не му давам шанса на серијата да ја гледам до крај.
90% од нашата полиција во целата кариера до пензија не ни стига до момент да испука од оружјето што го носи, а вештината да ракуваш со пиштол што го носи полицијата и армиски пушки со огромен дострел и кои имаат трзај да ти го откорнат рамото ако не знаеш што правиш е неспоредливо.
 
Ако си точка во главата не те прави по автоматизам способен да ракуваш со автоматско оружје, а пак последната епизода каде што од една страна специјалци снајперисти со поставени снајпери на помошни нишани и таа успева да го докрепи со рака оружје од 15тина кила без да ја видат и да пукне прецизно до нив, оууу шит, Марк Волберг гомна да јади во Шутер!!!!!

Шпанска серија е, затоа и немаше гледаност на старт, јас со сомнеж и дадов шанса на почеток откако ја изгледаа доста блиски, па ми ја пофалија дека е добра и еднаш ни влезе чивијата. Секој од нас ја пофалил на старт и така се прошири публиката која ја гледа.
Те разбирам, ама ти ете нема да ја гледаш наредна сезона така ? Како тебе размислуваат и сите кои му даваат ниска оценка за последните две сезони, значи реално е серијата да добива и нови гледачи ама и да губи според таа логика.
Крајот не ви се наоѓа:) на почеток се сеќавам дека викавте за првите две сезони дека се повеќе шпанска сапуница, немало врска со грабежот итн итн сега наеднаш испаднаа тие две сезони подобри од новите две.
Серијата е интересна, има некои маани, некои нелогичности шо е ок за таква серија, не можи да снимаш Латино крими серија и да се надеваш дека се ќе биди под конец.
Шпанци се овие не се Холивуд :)
Ама секој со свој вкус, јас на пример Озарк ја изгледав и можам да кажам дека серијата е добра ама мене депримираат такви серии, со оваа барем се смеам со црниот хумор кој успеваат во секоја сцена да го изработат одлично и се поклопува тотоално со ликовите.
Со тие ситни детали и нелогичности не се замарам ич, серија гледам од разонода а не да откријам како се ракува со оружје и како се пробива систем во полиција:)
 
Секој 3 пост во темава е од @cholismo фатила да се инаети со сите божем татко и е во продукција на серијава :pos:

Многу напињате за непотребни работи и безвезни дискусии, се крена ненормална фама околу серијава по социјалниве мрежи од лица кои изгледале 2-3 серии во животот... максимумот и е 7/10 и тоа е многу рачунајки ја последнава сезона.
 
Те разбирам, ама ти ете нема да ја гледаш наредна сезона така ? Како тебе размислуваат и сите кои му даваат ниска оценка за последните две сезони, значи реално е серијата да добива и нови гледачи ама и да губи според таа логика.
Крајот не ви се наоѓа:) на почеток се сеќавам дека викавте за првите две сезони дека се повеќе шпанска сапуница, немало врска со грабежот итн итн сега наеднаш испаднаа тие две сезони подобри од новите две.
Серијата е интересна, има некои маани, некои нелогичности шо е ок за таква серија, не можи да снимаш Латино крими серија и да се надеваш дека се ќе биди под конец.
Шпанци се овие не се Холивуд :)
Ама секој со свој вкус, јас на пример Озарк ја изгледав и можам да кажам дека серијата е добра ама мене депримираат такви серии, со оваа барем се смеам со црниот хумор кој успеваат во секоја сцена да го изработат одлично и се поклопува тотоално со ликовите.
Со тие ситни детали и нелогичности не се замарам ич, серија гледам од разонода а не да откријам како се ракува со оружје и како се пробива систем во полиција:)
Претходните сезони не беа лоши, искрено оваа ја гледав бидејќи очекував да биде последна.
Глупиот развој на карактерите и нелогичностите во дејствието оваа сезона ми беа ту мач да ја прифатам и како серија за разонода.
Нема да ја гледам следната сезона, али тоа не ми го одзема правото да напишам тука мое видување за последнава сезона.
Оставам да гледате вие што ви е сеедно што гледате, без оглед на квалитетот што се нуди.
 
Е така, да ми си здрав и жив, остајте не ние будалите да си ја гледаме рает :)
Таман работа, секој има право да си даде мислење, форум е ова, мене ми е топ серијата, на некој не им е затоа е темава отворена да се дискутира за серијата :)
Ти да не сакаш за короната и тука да прајме муабет :D @Chiksy^ , благодарение на серијата ми одмори глата една недела од вестите поврзани со корона вирус.
 
Иако има 1000 пропусти и грешки имате гледано некоја серија со слична приказна и сценарио у последните 5 години? Јас НЕ и баш ми е океј ново иновативно секој лик си има и лоши и добри страни ама ликовите од самиот старт веќе си се толку добро изградени шо серијата нема да ја биде без нив, секако мораше полека полека и од нив некој да умрат нема да е реално само полицијата да има жртви
 
Па за дечкото со обетката и Манила му рече на Денвер дека не знае ни пушка да држи како шо треба, ако Артуро е мочко овој е уште поголем од него :)
За Моника не знам ама Токио ми изгледа далеку од спремна за ракување со оружје, Токио е најексплозивен карактер од сите во бандата и има повеќе јајца од сите мажи заедно, сите сцени со Токио оваа сезона ми беа добри, ептен е напредната од претходните сезони.
Мене едно не ми е јасно,ако е како шо викаш ти и другите дека првите две сезони беа со подобар квалитет и сценарио зошто тогаш гледаноста на серијата е дупло зголемена од претходните сезони, логично е ако некоја серија опаѓа во квалитет да опаѓа и гледаноста, ете вие викате дека наредна и да излези нема да ја гледате, и не само вие илјадници коментари на твитер го мислат истото,а за чудо серијата од сезона во сезона станува се популарна и ги турка сите рекорди во гледаност, број еден е на листата за најгледани серии во светот моментално,мене нешто не ми се уклапа тука.
Ова дека е карантин па затоа толку гледаност :D
Не озбилно мислам сите ќе се согласиме дека првите 2 сезони си беа најдобри и тоа требаше да биде крајот. Вака ептен се виде дека им се допадна парата па ај ќе снимаме уште. И тоа до тој степен што 3 и 4 сезона ги развлечија за да има и 5 они вака можат многу да молзат па дури и со повеќе сезони кога има гледаност ама до кога после 5тата сезона уште ако снимат тоа ќе им биде катастрофа веќе и сигурен сум ќе изгубат гледаност.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
И јас уживав во првите две сезони повеќе ама не дека беа поквалитетни или нешто слично туку ми останаа во чивија тие сезони поради самиот почеток како започна целста приказна. Не сум тип шо ужива да гледа акција и пукање, повеќе ми легнаа сцените од првите две сезони и како се развиваа настаните.
Последните две сезони се со висок интензитет, повеќе акција, повеќе емоции, повеќе се :) Навикнати бевме да си гледаме рает кај шо цел план функционира под конец, лабаво си течеа епизодите додека измеѓу ќе не почастеа со некоја љубовна сцена, овие две сезони се хаос, и професорот не е навикнат да се одвиваат работите спротивно од тоа што тој го има замислено затоа што овој план не е негова идеја, и цело време импровизира за да спасат жива глава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom