Можеби најлоша сезона/дел од сезона досега, како и да е. Првата половина, некаде до кај петта епизода не се случи буквално ништо, туку се рециклираа стари врски и сцени. Флешбековите, овојпат, во поголемиот дел немаа никаква улога ниту пак кажуваа нешто ново за ликовите. Берлин го вадат од нафталин, а човекот нема веќе што да каже. Не се обидоа ниту да не насочат околу жената со која што правеше свадба, иако мислев дека би имало причина да одземе толкав screening time, дека некако ќе биде инволвирана во дејствието. Засега испаѓа дека е само епизоден лик што треба да пополни време.
Љубовните триаголници беа срање. Ниту една сцена не ме увери дека жалопојките на триото Денвер-Рио-Стокхолм се убедливи. На пример, во првата сезона, врските помеѓу Денвер и татко му и Денвер и Стокхолм беа фино разработени, си имаа динамика. Овде, пола сезона очекуваме п да имплицира ку, а тоа никако да се случи.
Од друга страна, многу време се посвети на Гандија и акционите сцени. Ок е, знаеме дека имаат поголем буџет, ама буџетот не е пресуден. Професорот е маргинализиран лик во оваа сезона, исто како и Токио. Ако во првиот грабеж овие имаа најголем импакт, сега се само делче од поголемата слика. Ама секако, многу поголем дел од дејствието одзема сабплотот на Артуро, убедливо најнепотребниот и најлошо изграден лик, и на убедливо најнеуверливиот трансвестит во историјата на трансвеститите и филмското платно. Овие две приказни, и да не постоеја, немаше да има разлика.
Со Наироби не свлечкаа на емотивна карта, а кулминацијата беше ин витро оплодувањето. Наироби наеднаш сака да има дете, иако има веќе едно дете, ама сега очајно сака да има = дете со професорот, се со цел за после 15 минути да го видиме професорот расплакан. Очигледно не се знае веќе која е таргет публиката на серијава.
Богота ја пресекува комуникацијата со Гандија и шаторот, ама откако ќе го фатат,
техниката во паник роом магично проработува.
Најбараната трудница во Мадрид го сокрива стомакот со капче и магично добива се што ќе посака.
На професорот не му текнува дека комплексот згради на очајниот полицаец имаат камера.
Шефот на Агенцијата за разузнавање комуницира преку МЕИЛ во врска со измачување на заложник. Преку МЕИЛ, ни повеќе ни помалку туку I hope this email finds you well. Рециклирање, ама без умисла