Мојот најчест проблем?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Moжда шо некогаш премногу верувам на луѓето, понекогаш не стојам на зборот, го трошам времето за безвеза и после се жалам дека сум немала време за трето пето т.е у главно сум дезорганизирана личност :toe:
 
Периодично ми се менуваат проблемите!
Моментално страдам од неорганизираност! Ако продолжам вака ќе банкротирам многу скоро, па и од тоа ќе страдам!
Инаку константен проблем ми е сонот и кофеинската зависност!:pipi:
 
често мењам расположение....дури луѓето не знаат како да ми пријдат пошо не знаат како ке изреагирам ...:toe:
 
Премногу размислувам. И анализирам,на секој најмал детал треба да му се најде местото ,како и зошто е таму.
Во практика многупати се покажало дека треба да се чита меѓу редови и понекогаш спонтаното е најдобро.Но полека полека се рехабилитирам и применувам методи кон истребување на оваа особина која може да го доведе човек до лудило :)
 
Фактот дека ги поседувам и практикувам сите седум смртни гревови. :angel1:
 
свесно влегувам во ситуации кои би ми го комплицирале животот.
но со тек на време сфатив дека кривината ја фаќам секогаш, макар и во последен момент.
 
Тоа што понекогаш пишувам на форумов тоа што не треба.
 
Најчест проблем ми е тоа што немам доволно време за да ги изгледам сите замислени серии и филмови.
 
Мојот најчест проблем сум Јас. (deep I know), проблемите инаку си доаѓаат, меѓутоа за жал Јас сум човекот што премногу ги анализирам, расцепкувам, треба да бидам свесен дека ова не е експеримент во кој може да ги контролирам условите при кои се одвиваат настаните. Значи, додека не добијам натприродни сили, проблемот сум Јас.
 
Тешко, тешко контролирање на нервозата. Многу сум подобра од порано и тоа затоа што веќе научив какви гнаси луѓе постојат, за кои не треба влакно на коса да ти обеле. Но сепак, кога ќе изгубиш нерви веќе онака тешко е да се контролираш, но можеш ако сакаш.
 
Што не си ја слушам мојата интуиција, кога нешто ми говори да е така, но упорно го игнорирам и викам нема шанси...но тоа сепак испаѓа на крај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom