Да почнам од тоа дека не отварам врата ако не очекувам некој ... значи може да се убие од звонење некој на врата, но ако претходно не се најавил не отварам, гајле ми е. Истото си го правам и јас ... ненајавена не одам ни кај моите што ми е втор дом. Поштовам сечиј одмор по дома и ни сакам да вознемирам некого, ни мене некој од никаде да ми се појави.
За однесување по гости сум повеќе од пристојна. Не станувам ни до wc освен ако ептен морам, а не па да си појдам до кујна или спална или што и да е. Кај мене не поштовам некоја претерана слобода исто така. Мојот дом е мој, а гостинот секогаш е повеќе од убаво пречекан од мене и ќе добие што сака, па не мора на тоа да си зема слобода да ми претура работи и шета по соби. Имам еден другар кој порано почесто ми доаѓаше на гости (сега нормално не), а после неговото заминување морав буквално све што имам да враќам на место ... имаше невидена слобода и темперамент што ми гази на нерви. Во такви случаи немам слобода ни да му кажам да се однесува попристојно ... лошо од моја страна.
Друга работа е ако е некој дојден на повеќе дена да преспие кај мене. Јас си имам обврски преку ден па може да прави што сака ... да си зготви нешто, да си легне да одмори, да се истушира кога сака итн ... само во спална никогаш никого не пуштам т.е. не кажувам дека може да влезе, па сега ... кој како.

Најлично катче ми е тоа и го разбирам како нормална појава од моја страна.
И за крај да кажам дека апсолутно се сложувам со муабетот на Ацева ... кафе-муабет на страна, ни кај мене ни кај тебе и го практикувам се повеќе во последно време дека јас едвај се прибирам дома, не па гости да викам
Заклучок ... мојот дом е само мој, а секој друг внатре е гостин.