TpH_Bo_OkO
Трноризец
Во доцни саати фатив да размислувам за одлуките кои човек ги прави, а кои се клуч понатака му ја одредуваат неговата општествена улога. Има многу помлади луѓе на форумов кои верувам дека ќе ги стави на мисла малку околу тоа што носи насловот и зошто баш ја одбрав баш образование и наука.
Сите ние како мали размислуваме „што ќе станеме кога ќе пораснеме“ и тие одлуки секојдневно се менуваа во зависност од тоа кој филм сме го гледале дента. Но посериозната работа е, последната година од средното школо и времето кога се одбира својата идна професија, која најмногу се заснова на својата диплома за високо образование.
За време на средношколските денови, јас веќе имав зацртано каде ќе се запишам, од каде ќе земам диплома, и што утре сакам да работам. А тоа што ЈАС сакам да го работам, значи дека тоа МЕ ИСПОЛНУВА, без разлика на тоа дали од таа професија се заработува многу пари, или не. Битно е внатрешното задоволство. Но, тие соништа се рушат благодарение на сесрдните сугестии, од кој, ако не од РОДИТЕЛИТЕ.
Веднаш се советува за запишување на факултет, од кој утрешното занимање ќе значи печалење многу пари...мед и млеко...брда и долини...А размислувањето на младите е многу лесно за манипулација, и многу зајадливо, поготово од сугестиите на родителите. Тоа сите го знаеме, и сите сме го осетиле. Се случува и тоа вие да се откажете од вашиот сон за вашето идно занимање, и да се полетате по она што ви е сугерирано, пари, врски незнамшто...
И?
Се запишувате на факултет кој скоро и да го учите сосила...нешто што никогаш не ве интересирало иако повеќето го знаете, ниту пак некогаш сте се замислувале со такво занимање...тешкотиите на кои наидувате на факултетот се повеќе ве тераат да се откажете, и тоа во момент кога ви е веќе избледен сонот што сте го имале претходно за вас лично, моменти кога имате енормен притисок од родителите бидејќи „не сте го сфатиле сериозно факултетот“ а тоа само дополнително ви создава одбивност кон истиот и веќе сте во мат положба од која нема ниту напред, ниту назад. Во тој момент веќе размислувате за наоѓање на работа која по дифолт ќе биде за вас мизерна, колку и да изгледа добра и посакувана од страна, секогаш во себе ќе си повторувате „можев многу подобро“, и ќе се јадете цел живот што сте следеле туѓа желба, а не својата.
Скратена верзија на горниов текст но поентата е следна:
Никогаш не дозволувајте да ви сугерираат за избор на вашето високо образование. Тоа што вие сте го зацртале е ваша одлука, и секоја поддршка е добредојдена, поготово од најблиските.
Сугестиите од родителите за факултет, се нивни желби, не се ваши. Исполнување на таква желба, значи откажување од својата желба, и удобноста во тоа што од утре ќе го работите цел живот!
Размислете убаво, вашиот живот е исклучиво само ваш! Не давајте никој да ви се меша во него!
П.С. Ако сте од оние што веќе се заебале, па тргнале по парите и несреќата...Една порака и до вас...АКО СТЕ СЕ ФАТИЛЕ ЗА ОРОТО, ИЗИГРАЈТЕ ГО ДО КРАЈ! Се надевам дека и на моето оро ќе му се отсвири последната нота...