Модни совети/предлози/сугестии/прашања (Каде може да најдам?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Каде можам да најдам машки сакоа поголем број пошто овие се струкирани ми се по продавнициве. Или ако има некој добар кројач за машки сакоа кажете

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Разгледај низ ГТЦ. Знам дека порано имаше еден дуќан за одела на крајот од приземјето, кога одиш на кај ТЦ Соравиа, таму имаше и големи броеви на одела. Исто во ГТЦ види и во Гуливер, но не ми се верува дека таму има одела:)
 
Каде можам да најдам машки сакоа поголем број пошто овие се струкирани ми се по продавнициве. Или ако има некој добар кројач за машки сакоа кажете

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

За кројач мислам дека треба да проверите на улица Партизанска, кај раскрсницата на Симпо. Мислам дека се викаше „Ангелески“. Кројачот-газда на кројачницата пред да почине, освен меѓу обичниот народ, неговиот квалитет и прецизност во изработката бил препознаван и од дел од нашите владини естаблишменти, политичари и бизнисмени итн. Со други зборови, бил нашироко познат во однос на кроењето на сакоа, панталони и комплет одела. Доколку се уште постои кројачницата најтопло Ви препорачувам да одете и да прашате.
 
Сакам бунда (вештачко крзно) нешто ваква ама да не биде прескапа? IMG_7882.JPG
 
Некој да ми каже каде може да најдам убави, а ефтини машни ?
 
Другарчиња да не знаете случајно некој во Скопје да прави тетоважи од кна на раце(мандала/менди) стил :)...позз
 
Низ ГТЦ кај има голем/добар избор на машки каиши ?
За ГТЦ незнам точно, но мој совет ти е да разгледаш низ чаршија. Јас пред повеќе од пола година си купив кожен каиш од чаршија за 400 денари и сум презадоволен, а и голем избор имаш.
 
Каде можам да најдам машки маици со кратки ракави по состав од ликра/еластин, по можност еднобојни, кои кај ракавите се како потесни/со ластик?:)
 
Каде можам да најдам машки маици со кратки ракави по состав од ликра/еластин, по можност еднобојни, кои кај ракавите се како потесни/со ластик?:)
Оди зара кога бев последен пат братучед ми зеде нешто такво ѕирни види би требало да има сега се тренди такви[DOUBLEPOST=1491608657][/DOUBLEPOST]
Сакам бунда (вештачко крзно) нешто ваква ама да не биде прескапа? Прегледај го приврзокот 162242
Оди паралија катерини очи да ти излезат имаш голем избор има цела паралија е со крзнари ама гледај да одиш сезона кога е јули август ценкај се по српски или англиски а ако има некој штто знае грчки боље одма ќе ти спушти 20 евра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom