Mitsubishi Lancer Sportback

  • Креатор на темата Креатор на темата Helex
  • Време на започнување Време на започнување
Меѓу Mitsubishi Lancer Evo и Subaru Imprza WRX STI дефинитивно второво!:smir: Ах да имав едно 50 000Е па да си купам едно вакво...
http://www.subaru.com.mk/sti/09sti_infeatures.html

лудница е! еве го и на сцена како се однесува.....

немам зборови!:mist:
 
Кога го видов на слика и мене ми изгледаше за никаде ама во живо кога ја видов колава много поубаво изгледа.Има некои сличности со мојот омилен автомобил Алфа Ромео Брера.

Дефинитивно! Потполно се согласувам со твоето мислење.
Сега,ствар на вкусови е,неможе сите коли да ни се допаѓаат,на некој спортбекот повеќе му се допаѓа,а на некого седанот.
Али дефинитивно спортбекот не изгледа ни приближно исто како на сликите, во живо е 100 пати поубав.
Така ми викаа и мене,абе што си зала спортбек од позади не е убав ова.. она... али кога го видоа во живо и плус црна боја одлично му стои ептам беа изненедени како може да има толкава разлика од слика и во живо, и не е така долг како што изгледа на слики.

Затоа,еден совет до сите што мислат дека спортбекот не е убав од позади видете го во живо бидејќи и мене не ми изгледаше првин нешто вау дизајнот од позади,така солидно ми изгледаше, се додека не го видов во живо и сватив дека во живо е многу поубав и дека сликата многу лаже.
 
Lu .. znachi napnuvash vishe so kolata .. si zemal/la takva .. ti se svigala i kraj .. sea ne mora na site da im kazuvash sho kako .. na koj sho mu se sviga toa ke si kupi .. !! Pozdrav
 
Lu .. znachi napnuvash vishe so kolata .. si zemal/la takva .. ti se svigala i kraj .. sea ne mora na site da im kazuvash sho kako .. na koj sho mu se sviga toa ke si kupi .. !! Pozdrav

Остави го девојчето па ти...си праи ќеф. Купи и ти нова кола па ќе видиме како ќе се однесуваш на форумов.
 
Ако можеш да приметиш првпат пишувам на оваа тема и си давам мислење за Лансер Спортбек како и сите други.
Зошто да не објаснувам,добро е тоа што објаснувам можеби некој сака да купи лансер па ќе му бидат од корист моите мислења.
Тоа истото и јас го реков,на кој му се свиѓа ќе си купи на кој не му се свиѓа има на избор уште милион други модели.

Инаку за заинтересираните за Лансер Спортбек, цените пред 2 месеци се намалени.
Моментално сега Лансер Спортбек со одличниот основен мотор од 1.5 со 109 КС со основниот пакет Inform изнесува 11.480 + 300 металик = 11.780 евра.
Додека основниот 1.5 со 109 КС со повисокоот пакет на опрема Invite изнесува 12.980 + 300 металик = 13.280 евра.

--- надополнето ---

Остави го девојчето па ти...си праи ќеф. Купи и ти нова кола па ќе видиме како ќе се однесуваш на форумов.

Да,дефинитивно ете човек кој што ме сваќа како радосно се чувствувам:smir:

И плус тоа јас не се фурам тука на форумов,во стилот „еј видетеме јака типка сум сега нова убава кола имам„ туку баш спротивно на сите им се заблагодарив на честитките и им посакав и они да си купат нови коли и ако можат и подобри нека си купат од Лансер мене ќе ми биде мило.
 
Sportback-oт го немам провозено, ама седанот да, ентериерот е малку пластичен, но вожњата е прилично добра, сега Lu ако се понуди да не провози едно кругче би можеле да споделиме повеќе импресии на темава.. :)

Off topic: Лесно се заљубувам во девојки до добри возила... :smir:
 
Важи ќе ги провозам сите на форумов што ќе изразат желба али тек другата година оти немам возачка.
Затоа секој што сака да провози Лансер Спортбек може да си закаже тест возење,а ако некој сака јас да го провозам ќе си почека до другата година да положам :smir:

--- надополнето ---

Инаку, моето фаворизирање на овој модел беше чисто врз основа на дизајнот (и екстериер и интериер - бај д веј се вика интериер или ентериер?) за кои сеуште сметам дека се едни од најдобрите моментално

Изгледа не си бил баш редовен на часовите по македонски :helou:(мала шала)
Инаку внатрешноста се вика Ентериер , а надворешноста се вика Еекстериер.
 
Важи ќе ги провозам сите на форумов што ќе изразат желба али тек другата година оти немам возачка.
Затоа секој што сака да провози Лансер Спортбек може да си закаже тест возење,а ако некој сака јас да го провозам ќе си почека до другата година да положам :smir:

Ќе си почекам тогаш... :)
 
Lu .. znachi napnuvash vishe so kolata .. si zemal/la takva .. ti se svigala i kraj .. sea ne mora na site da im kazuvash sho kako .. na koj sho mu se sviga toa ke si kupi .. !! Pozdrav

Да бе стварно лансеров го прави како од злато да е направен и нема поубава кола од неа, незнам ја гледале кога била паркирана, па на вести ја давале на алфа :pos2:, претерано фалење, сите купуваме возила ама до олку фалејнци, какви коли се возат па никој не преувеличува.
 
^ Си се фалам бе, купи и ти нова кола па и ти после фали се, јас никаде не прочитав дека фалењето е забрането на форумов :baeh:
И јас не пишав на овој форум Кајгана дека ме имало на вести на Алфа телевизија,јас тоа го напишав на друг форум, а ти ако ме следиш мене и ме пратиш што пишувам по други форуми тоа си е твој проблем.

Еве една бонус слика од Мицубиши Лансер Спортбек

lancer-sportback.JPG
 
чекај малку ти немаш уште возачка - значи ја немаш возено колава ?!
а ја утепа од фалење

nice :)
 
чекај малку ти немаш уште возачка - значи ја немаш возено колава ?!
а ја утепа од фалење

nice :)

Ја немам возено низ улица бидејќи во Скопје е преголема гужва,инаку знам да возам и ја имам возено на огромен паркинг и супер се покажа,а и плус се имам возено во многу различни нови коли и нормално не велам дека е најдобра но за 13.000 евра верувај вреди за секој денар даден за неа.
Има одличен мотор,одлични перформанси,одличен изглед,одлична опрема и одлична цена - дефинитивно Лансеров е бест бај во моментов и за 13.000 е најдобар избор.
Јас во тој смисол ја изнафалив дека за цената добиваш најмногу од ова возило, а не ја изнафалив во смисол дека е најдобра на свет и дека ниедна друга неможе да се спореди со неа, погрешно сте сватиле јас во друг смисол ја фалам.
 
^ Си се фалам бе, купи и ти нова кола па и ти после фали се, јас никаде не прочитав дека фалењето е забрането на форумов :baeh:
И јас не пишав на овој форум Кајгана дека ме имало на вести на Алфа телевизија,јас тоа го напишав на друг форум, а ти ако ме следиш мене и ме пратиш што пишувам по други форуми тоа си е твој проблем.

Еве една бонус слика од Мицубиши Лансер Спортбек

lancer-sportback.JPG

Абе дете, ако му треба некому слика ќе најди на гугл. Доста спамираш со тој мицубуши лансер досадна си кај да отворам за коли се тебе те глеам, ич не ми е криво шо си купила туку галје ми е, ама македонскиот синдром ме нервира, ако купи некој нешто мора да го испофали. Деее бре шо ќе беше то, лансер зела, лансер, па аватари од него, па потпис од него, па под никот така, веќе да можиш и никнејмот да го смениш во лансер. И на крај крај, доста веќе ко не е твоја колата татко ти ја вози не туку пиши ти дека си ја купила.
 
Јас што сакам ќе си ставам на аватар и потпис,и да ако може и никнејмот ќе си го сменам во Лансер!!!
Нормално дека ќе си го фалам,тоа е реалноста колата е одлична.
Инаку таткоми за мене ја купи колата и само јас ќе си ја возам кога ќе положам, таткоми си вози форд, 2 коли имаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom