nilla-vanilla
#kingliam
- Член од
- 17 јуни 2010
- Мислења
- 2.041
- Поени од реакции
- 1.749
1.Брендон Ли
Синот на Брус Ли загина при снимање на филмот Гавранот во 1993 година на 27 годишна возраст. При снимање на една од сцените во кои требало да се пука со пиштол во Брендон бил употребен вистински пиштол кој имал куршуми наместо ќорци. Бидејќи екипата не знаела за тоа откако Ли паднал на земја мртов никој од нив во почетокот не ни реагирал мислејќи дека тој глуми и дека сè е тоа дел од сценариото. Постојат основани сомневања дека се работи за класично убиство поради сомнителните околности, нешто што никогаш не било потврдено.
2.Џим Морисон
Еден од најхаризматичните пејачи, лидерот на Дорс, Џим Морисон почина на 27 годишна возраст во Парис во 1971 година. Неговото тело било пронајдено во када во апартманот каде што престојувал и врз него никогаш не била извршена аутопсија зашто форензичарот сметал дека тука нема ништо сомнително. Телото го пронашла неговата девојка Памела која дала мошне контрадикторни информации околу неговата смрт и рекла дека тој починал од предозирање со хероин кој по грешка го инхалирал помешувајќи го со кокаин и дури изјавила дека таа е крива што тој е мртов. Постојат тврдења дека после бурно помината ноќ во која Памела и Џим пиеле алкохол и конзумирале дрога на пејачот му се слошило и отишол да се искапе, но почнал да крвари. Откако девојката утврдила дека не му е ништо, заминала во кревет, а тој починал. Има уште неколку приказни кои кружат околу неговата мистериозна смрт, од тоа дека тој не ни починал туку ја лажирал својата смрт до тоа дека откако се предозирал во некој познат клуб двајцата дилери кои му ја продале дрогата го вратиле во неговиот апартман и го ставиле во кадата за да не ја нарушат репутацијата на клубот.
3.Курт Кобејн
За мене еден од најчудните смртни случаи е оној на Курт Кобејн.Има премногу контроверзи околу неговата смрт.
На 1-ви март 1994 година на Кобејн му бил дијагностициран бронхитис и ларингитис. Тој го добил потребниот третман во Рим, а таму на 3 март дошла и Кортни. Утрото после нејзиното доаѓање го нашла во бесознание предизвикано од предозирање со шампањ помешан со лек против несоница. Според Кортни тоа бил првиот обид на Кобејн за самоубиство. На 18 март Кортни се јавила во полиција барајќи да дојдат зашто нејзиниот сопруг се заклучил со пушка во собата. Кобејн потоа негирал дека сакал да се самоубие туку дека се криел од Кортни. На 25 март Кортни собира десетина пријатели на Кобејн да го убедат да оди на рехабилитација, а тој бесно го прифатил нивниот обид и се заклучил. На крајот сепак некако го убедиле да се пријави во центар за рехабилитацја во Лос Анџелес. Ни тоа не се покажало како успешно зашто многу кратко по влегувањето Кобејн се прекачил преку оградата, избегал и го фатил првиот лет за Сиетл. Откако исчезнал Кортни најмила приватен детектив да го најде. На 8 април неговото тело било најдено во неговата куќа на езерото Вашингтон од електричар кој дошол да изврши поправки. Кобејн се застрелал со пушка во главата. Неговото мртво тело лежело неколку денови пред да биде пронајдено.
За Ли, имам читано дека наводно се пожалил на ужасна главоболка па отишол да преспие малку. Па се напил таблетки против болки и починал во сон. А за Џим Морисон, прво девојка му кажала дека се предозирал па починал, па после дека ништо од тоа не е вистина туку дека тој ја лажирал својата смрт, а всушност на неговиот закоп и никој не присуствувал, освен неговата девојка, неговите колеги и другари пристигнале премногу доцна а тој наводно бил веќе закопан а никој немал дозвола да го откопува телото и да проверува дали навистина е Џим, па така тоа го замачкале, после имало и шпекулации дека некој го видел некаде во Африка. Потоа се појавил некој човек кој тврдел дека тој е тој Џим Морисон, но кога го побарале за да му земат примерок од крвта за да проверат дали навистина е тој, овој човек го снемало, исчезнал. И така вистината за смртта на Морисон ја знаела само девојка му, која очогледно ја однесла со себе во гроб.