Гледав пред некој ден на El телевизијата емисија за 20те нерешни убиства. Ме поттикна да ја отворам темава и оние кои ќе најдат слични статии нека ги пастираат тука.
Темава не е за сериски убијци како Зодијак, Џек Мевосек итн. За нив мислам има и посебна тема.
Убиствата во Сеевен
Убиствата во Сеевен се случиле за време на Пентекостот во 1976 и остануваат како еден од најголемите нерешени случаи на убиство во Швајцарија. Пет членови на семејството Зигрист на возраст од 45 до 80 години биле пронајдени во викендица во заштитените шуми на Сеевен. Од полицијата претпоставиле дека само два члена од семејството биле цел на убиство, додека останатите три жртви едноставно ја имале несреќата да се најдат на погрешно место и во погрешно време. Причината за смртта била очигледна, тринаесет прострелни рани од пушка тип Винчестер. Но она што било изненадувачко е прецизноста со која што биле застрелани. Единаесет истрели во главата и два во градите.
До ден денешен мнозинството од швајцарската јавност се сомнева дека убиецот е Карл Досер (на сликата погоре). Во 1996 била пронајдена пушка Вичестер од италијанско производство скриена во ѕидовите на неговиот дом. Форензичките тестови утврдиле дека токму тоа е оружјето со кое што се извршени убиствата, но не бил утврден никаков мотив ниту никаква поврзаност помеѓу Досер и жртвите, па така тој останал само осомничен.
Спред втората теорија, можниот убиец е Џони Зигрист, член на семејството на убиените, кому што Досер можеби му помагал. Џони веројатно е купувачот на муницијата, и продавачот се сеќава дека бил прашан дали муницијата од типот kal. 38 Spez би одговарала за Винчестер од италијанско производство. При претресот во неговата куќа биле пронајдени прострелани глави од стиропор....Можниот мотив- Џони се чувствувал запоставен и омаловажен од неговото семејство, но неговата смрт во осумдесеттите го оневозможила дефинитивното решавање на случајот.
Дајан Фоси
Дајан Фоси го привлекла светското внимание со нејзините пионерски истражувања на горилите во Африка, и во нејзините постојани напори да се спречи ловокрадството на суштествата кои што таа ги засакала. Во 1967 Фоси го основала истражувачкиот центар Карисоке, кој што бил база за нејзините истражувања, лоциран во планините Вирунга во Руанда. Нејзината фотографија се нашла на насловната страна на National Geographic Magazine во Јануари 1970, и фотографијата на која што едно горила ја допира раката на Фоси го прикажала првиот мирен контакт помеѓу човечко суштество и диво горила. Нејзината книга „ Gorillas in the Mist“ останува најпродаваната книга за горили на сите времиња, и таа ги продала своите права на Universal Studios за сума од еден милион долари за да може непречено да се посвети на истражувачката дејност.
Во 1985 Фоси била пронајдена мртва во нејзиниот кревет во Карисоке. Во нејзината глава била забиена мачетата која што таа претходно ја конфискувала од ловокрадците и ја чувала обесена на еден од нејзините ѕидови. Доказите најдени на местото на злосторството посочувале кон вработените во истражувачкиот центар, и целиот персонал бил уапсен, но подоцна сите биле ослободени и никој не бил кривично гонет за убиството, иако се претпоставува дека се работи за вмешани во црниот пазар и ловокрадството на горилите и други заштитени животни. Веројатно и никој никогаш нема да биде осуден и случајот ќе остане нерешен.
Дајан Фоси е закошана до гробот на нејзиното омилено горила Дигит, во истажувачкиот центар Карисоке, во специјалните гробишта за горили кои што таа ги изградила за горилите со кои што го поминувала најголемиот дел од нејзиното време, проучувајќи ги.
Џули Ворд
Џули Ворд, дваесет и осум годишниот фотограф ја посетувала Кенија, и била пронајдена мртва во Масаи во 1988 откако нејзините пријатели пријавиле дека не присуствувала на прошталната вечера ноќта пред да си заминат од Африка. Нејзиното расчеречено и запалено тело било пронајдено длабоко во резерватот една недела откако била прогласена за исчезната. Првичната теорија на кениските власти била дека таа била растргната од лавови и потоа погодена од гром, но подоцна се согласиле дека станува збор за убиство откако биле пронајдени нови докази благодарение на напорите кои што ги вложил нејзиниот татко. Било откриено дека истражните органи ги измениле известијата со цел да се прикрие човечката вмешаност во убиството на Џули.
Имало две судења во врска со овој случај, еден во 1992 и друг во 1998, но сите тројца осомничени биле ослободени. Вниманието на меѓународната јавност било свртено кон случајот благодарение на заложбите на нејзиниот татко, Џон Ворд. Тој патувал во Африка преку сто пати и потрошил повеќе од милион фунти во неговите обиди да се доведат убијците пред лицето на правдата, но поради вмешувањето на представници на високата власт како поранешниот председател Даниел Мои и загрижените за безбедноста на кениската туристичка индустрија, никој не бил прогласен за одговорен за грозоморното уиство на младата жена.
Амбер Хагерман
Нерешените убиства се доволно вознемирувачки сами по себе, но помислата дека детеубиец се уште се шета слободен е една од најлошите реалности со кои што заедницата би можела да се соочи. Амбер Хагерман била убаво десетгодишно девојче од Арлингтон, Тексас. На 13 Јануари 1996 нејзино другарче дало опис на човекот кој што брзо и насилно ја турнал Амбер во неговото црно комби. Веднаш била организирана потрага, но четири дена подоцна било пронајдено нејзиното тело. Телото го пронашол некој човек кој што си го шетал кучето. Нејзиното грло било пресечено два дена по грабнувањето.
Во 2007 бил уапсен Терапон Аднан од Такома, во врска со серија на грабнувања и силувања на деца во околината на државата Вашингтон, и тој е единствениот осомничен за убиството на Амбер, иако не било поднесено никакво обвинение . Се уште е распишана награда од 75 000 долари за информација која што би можела да го посочи убиецот.
Случајот на Амбер ќе остане запаметен во американската историја. „Тревогата Амбер“ е јавен известувачки систем усвоен во САД како напор да се зголеми безбедноста и враќањето на исчезнатите и киднапирани деца. Во Април 2003, председателот Џорџ Буш ја потпишал „AMBER Alert“ како национална програма.
Катрин да Коста
Проституцијата тешко дека е безбеден начин да се заработи за живот, и тоа се докажало и во случајот на Катрин да Коста, пролетта во 1984. Таа работела во северниот дел на Стокхолм, Шведска, се до моментот кога било пронајдено нејзиното тело на две различни места во градот Солна. Била пријавена како исчезната на 10 Јуни, а првата вреќа со остатоци од нејзинот тело била пронајдена на 18 Јули. Втората вреќа била пронајдена на плажата Карлсберг во Солна на 7 Август, додека нејзината глава, внатрешни органи и едната дојка и гениталиите никогаш не биле пронајдени. Недостатокот на на токму овие делови од нејзинот тело е и првичната причина поради која што никој не бил осуден за ова злосорство.
Двајца доктори, од кои што едниот бил патолог кој што работел во тој реон, и еден општ лекар, чија што многу млада ќерка се присетила дека нејзиниот татко го извршил злосторството биле уапсени и изведени на суд. Но поради недостигот на докази за начинот на убиството, и поради исчезнатите телесни делови, не можело да се утврди дали жртвата била убиена или пак „умрела од природна смрт“, и шведскиот законски систем бил присилен да ги ослободи двајцата осомничени. Сепак, на нив им била одземена работната дозвола и тие повеќе не можат да се занимаваат со лекарската професија, за што тие го тужеле системот поради „неправедна загуба“ и по една цела декада судење, нивната жалба била одбиена во Февруари годинава.
Мери Пинчот Мејер
Мери Пинчот Мејер е уште една од многуте жени која што умрела поради нејзината поврзаност со Кенедиеви. Завршувајќи го своето образование на Brearli School и Vassar College, Мери се заинтересирала за комунизмот и била члена на американската лабористичка партија. Работењето за списанието Мадмоазел ја држело Мери во круговите на високото општество. Никој не бил изненаден кога се омажила за Корд Мејер, поручник на американската морнарица кој што се искачувал на скалата на успехот во 1945. До 1947 таа решила да ја напушти нејзината работа како уредник на Athlantic Monthly, за да стане домаќинка и мајка на три деца. Корд Мејер си осигурал место во CIA, и фактот што бил член на комунистичка партија не претставувал никаква пречка за тоа.Во раните педесетти, Мејер станал еден од главните оперативци на „Оperation Mockingbird“, тајна операција за обликување на јавното мнение со помош на масовните медиуми. Комунистичките склоности на Мери исто така можеле да бидат од полза за CIA, но поради нејзините бројни љубовни афери не можеле да сметаат на неа.
Во 1956 смртта на нејзиниот среден син го поплочил патот кон разводот и ја отворила вратата за нови љубовни авантури, па така Мери немала никаков проблем да го продлабочи долготрајното пријателство со Џон Ф. Кенеди. И сега следува чудниот дел. Изгледа дека тогаш се јавувала тенденција кај жените од високото општество да влијаат врз политичките одлуки на значајните фигури во американската политика ползувајќи се со секс и LSD. Мери била член на оваа мала група, и нејзината цел била лично Џон Ф. Кенеди. Со оглед на тоа дека нивната врска се случувала за време на фијаското со Заливот на Свињите, можно е таа навистина да имала некакво влијание врз неговите одлуки.
Мери била убиена на 12 Октомври 1964, единаесет месеци по атентатот на Кенеди. Нејзиното тело имало две прострелни рани, една во задниот дел на главата и една во срцето, направени од блиско растојание. По нејзината смрт нејзините најблиски упорно го барале нејзиниот дневник, кој што откако го нашле, го запалиле во присуство на двајца членови на нејзиното семејство, кое што изјавиле дека во него пишувало и за атентатот на Кенеди, но немало понатамошни докази кои што би го расветлиле убиството на председателот. Во 2001 Корд Мејер бил запрашан кој ја убил Мери. Тој одговорил „Истите кучкини синови кои што го убија и Џон Ф. Кенеди“.
Ако најдете детали околу случајот на Црна Далија, за девојчето мис на Америка која брутално била силувана и убиена во својот дом, за писмата испратени со Антракс до граѓаните и за апчињата т.е антибиотици кои во Америка однесоа неколку животи, а чии извршители никогаш не се откриени ставете ги тука.