Falsе flag срања, ништо необично...
		 
		
	 
Да знаеш само колку ти држи вода ова со значкава.
Патем, дали некој од вас го има гледано документарниот филм The Corporation од 2003 година ?
Можете да го гледате бесплатно (оти немет платно 

) на следниов линк:
http://on.net.mk/kinoklik/dokumentarci/corporation
Доста интересен филм, меѓу другото, врши анализа на начинот на кој функционираат корпорациите и доаѓа до заклучок дека кога корпорацијата би била физичко лице, а не правно лице, односно кога корпорацијата би била човечко суштество, а не фирма, односно нешто вештачко, што не опстојува преку природен пат, би се дошло до дијагноза дека корпорацијата ги има сите симптоми на ПСИХОПАТ.
Ме интересира дали доколку се направи ваква анализа на САД, но и на Иран, како и на сите тоталитаристички режими во светот, особено во арапските земји, во земјите со мнозинско муслиманско население, која дијагноза би била воспоставена за тие држави ?
Немојте да се збуните, САД делуваат демократски, но во реалност се едно од најтоталитаристичките општества во целиот свет, во конкуренција со Кина, која намерно ги стрела сопствените затвореници осудени на смртна казна во главата, за да веднаш после смртта го искасапат телото на затвореникот, му ги извадат органите и ги продадат на запад, ова е во целост регулирано со кинеските закони.
Која е сличноста помеѓу ваквото касапење на луѓе на кои не им е дадено правото да одлучат што ќе биде со нивните органи по нивната смрт и тоталитаризмот во САД ?
Па, додека кинезите касапат штотуку погубени затвореници, американците уништуваат цели држави за нафта и слични интереси, Авганистан, Ирак, ги потпомогнаа државните удари во Тунис, Египет и Либија, прашање на време е додека да ги потпомогнат државните удари и во Сирија, Јемен, а можеби и во Јордан и во Мароко, бидејќи и таму неодамна имаше протести и демонстрации, но сето тоа не го прават за да донесат слобода и демократија во тие држави, туку наједноставно за да заменат една диктатура со друга диктатура која ќе им одговара на нив, која ќе ги задоволува нивните интереси.
Во Јордан изведоа тивок државен удар, бидејќи кралот одлучи да воведе стил на владеење како во Британија, каде што кралот и кралицата се само владејачки фигури без сериозни владејачки ингеренции, но сепак, им посакувам се најдобро на кралот Абдула Втори и на неговата сопруга, кралицата Ранија, бидејќи го трансформираа Јордан изминативе 10 години во демократска уставна монархија и дефинитивно не заслужуваат да завршат на ист начин на кој завршија диктаторите од калибарот на Бен Али во Тунис, Хосни Мубарак во Египет и Моамер Гадафи во Либија.
После сето ова што го спомнав, навистина ме интересира каква дијагноза би се воспоставила за САД, Иран, како и за сите останати тоталитаристички режими во светот, особено во арапските земји, со исклучок на Јордан, за кој веќе спомнав дека е редок исклучок на демократска уставна монархија.
Која е вашата дијагноза за САД, Иран и тоталитаристичките режими во арапските земји, односно во земјите со мнозинско муслиманско население ?