Мириса на војна: откриен ирански план да се убие саудискиот амбасадор во Вашингтон

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Holder: US will hold Iran accountable in plot to assassinate Saudi ambassador

http://www.washingtonpost.com/natio...saudi-arabia/2011/10/11/gIQAykavcL_story.html

ambassador_adel.gif


Министерот за правда на САД, Ерик Холдер, изјави Иран мора да се земе на одговорност.

А Иран колку што знаеме нема солидна против-воздушна одбрана од типот С-300 или С-400...
 
Војна меѓу...?
Пола милион ирачки деца загинаа за време Буш стариот, никој со прст не мрдна.
Се возбудиле околу некој амбасадор.
 
Не е "некој", на Саудиска Арабија е, а таа држава има повластена положба баш заради Буш стариот што го спомена. Во Саудиска Арабија има многу нафта, а таа држава контролира или се обидува да контролира и други "полуги" по светов.

Но без разлика кој е човекот, самиот факт што Америка дига толкава врева на друго ми алудира. Имено, Иран има јака служба за безбедност која е закана за Американските амбасадори (лично познавам еден кој бил цел за да биде ликвидиран, затоа доби прекоманда), а САД никогаш не дигаа толку џева како сега. Настапов по телевизии некако многу плански ми делува.
 
Војна меѓу...?
Пола милион ирачки деца загинаа за време Буш стариот, никој со прст не мрдна.
Се возбудиле околу некој амбасадор.
Ха, "некој"?
КСА, според Викиликс е земјата која до сега вршеше најголеми дипломатски притсоци за превземање на воени операции против Иранската Република.
 
јас навивам за Исламската Република Иран.....ми се ску*чи од изигравањето светски полицаец на САД и нивните лижачи
 
Ха, "некој"?
КСА, според Викиликс е земјата која до сега вршеше најголеми дипломатски притсоци за превземање на воени операции против Иранската Република.
Блазе си ѝ на Арабија. Ама да си играш со ѓаволот, во најмала рака, е лудило.

Иран може да падне само ако е срушена одвнатре. И заради иранскиот народ.
Сѐ друго е контрапродуктивно.

Се посраа овие ЦНН, како едвај да чекаат Обама да ги поведе кон ветената земја...
--- надополнето: Oct 11, 2011 7:36 PM ---
Се посраа овие ЦНН, како едвај да чекаат Обама да ги поведе кон ветената земја...
Ах да, има протести ширум Америстан. Вниманието мора да се пренасочи кон “борбата против теророт“.
Кога ли само им текна на “иранскиот план за убиство на нивниот мил пратеник од Арабија“.
 
јас навивам за Исламската Република Иран.....ми се ску*чи од изигравањето светски полицаец на САД и нивните лижачи
Па ти си муслиман нормално е да ги браниш.
-Така Али?
 
Па ти си муслиман нормално е да ги браниш.
-Така Али?
православен христијанин [Македонец] забегувам накај агностик.....
признај ников те зезна а?
43-96.gif

грешка во чекори младичу....не обвинувај некого по корисничко име
 
православен христијанин [Македонец] забегувам накај агностик.....
признај ников те зезна а?
43-96.gif

грешка во чекори младичу....не обвинувај некого по корисничко име
Не бе ми текна на еден човек тука на форумов што те направи муслиман ради никот... лудачизам на квадрат.
 
американците само чекаат да се подзапали некој фитиљ некаде па да се убацат во воени мисии како миротворци, па да испадне како 2001 ал каеда им беше крива па влагаа во авганистан, живи глупости сето тоа беше сценарио, очекувам дека и многу други земји ќе почнат да им пречат во иднина само поради лични интереси
 
Кој ги врти ,нека се убијат сите ако сакаат.
 
Ех море сите се затрчавте ко слеп за стап....а не ја сфативте најголемата поента на 21век.....дека моќта на една држава се мери во разузнавачката моќ...значи ни авиони ни тенкови,ни бутур......(сетете се на Израел и нејзината МОСАД)

И дека денес не се случуваат војните од тоа што на некој ќе му текне да пука и ајдеее војна.

Туку со години наназад се инсталираат мрежи од разузнавачи низ цел свет,и таа земја која им е од интерес,најпрво од внатре ја дестабилизираат,за да можат потоа полесно да си ги исполнат плановите....а тек на крај почнуваат во оружје.

Така да САД сигурно нема да тргнат да се силат со оружје ако претходно со години наназад не инфилтрирале свои луѓе во Иран,и нема ни да тргнат ако не им припремиле терен за старт.

п.с Ова го напишав оти овде на форумов некој уште скокаат на изјави од типот "овие имаат појако оружје","овие имаат ваков тенк,оние ваква пушка".
 
Bullshit_alert_trans.gif


Falsе flag срања, ништо необично...:)

Да знаеш само колку ти држи вода ова со значкава.

Патем, дали некој од вас го има гледано документарниот филм The Corporation од 2003 година ?

Можете да го гледате бесплатно (оти немет платно :D) на следниов линк:

http://on.net.mk/kinoklik/dokumentarci/corporation

Доста интересен филм, меѓу другото, врши анализа на начинот на кој функционираат корпорациите и доаѓа до заклучок дека кога корпорацијата би била физичко лице, а не правно лице, односно кога корпорацијата би била човечко суштество, а не фирма, односно нешто вештачко, што не опстојува преку природен пат, би се дошло до дијагноза дека корпорацијата ги има сите симптоми на ПСИХОПАТ.

Ме интересира дали доколку се направи ваква анализа на САД, но и на Иран, како и на сите тоталитаристички режими во светот, особено во арапските земји, во земјите со мнозинско муслиманско население, која дијагноза би била воспоставена за тие држави ?

Немојте да се збуните, САД делуваат демократски, но во реалност се едно од најтоталитаристичките општества во целиот свет, во конкуренција со Кина, која намерно ги стрела сопствените затвореници осудени на смртна казна во главата, за да веднаш после смртта го искасапат телото на затвореникот, му ги извадат органите и ги продадат на запад, ова е во целост регулирано со кинеските закони.

Која е сличноста помеѓу ваквото касапење на луѓе на кои не им е дадено правото да одлучат што ќе биде со нивните органи по нивната смрт и тоталитаризмот во САД ?

Па, додека кинезите касапат штотуку погубени затвореници, американците уништуваат цели држави за нафта и слични интереси, Авганистан, Ирак, ги потпомогнаа државните удари во Тунис, Египет и Либија, прашање на време е додека да ги потпомогнат државните удари и во Сирија, Јемен, а можеби и во Јордан и во Мароко, бидејќи и таму неодамна имаше протести и демонстрации, но сето тоа не го прават за да донесат слобода и демократија во тие држави, туку наједноставно за да заменат една диктатура со друга диктатура која ќе им одговара на нив, која ќе ги задоволува нивните интереси.

Во Јордан изведоа тивок државен удар, бидејќи кралот одлучи да воведе стил на владеење како во Британија, каде што кралот и кралицата се само владејачки фигури без сериозни владејачки ингеренции, но сепак, им посакувам се најдобро на кралот Абдула Втори и на неговата сопруга, кралицата Ранија, бидејќи го трансформираа Јордан изминативе 10 години во демократска уставна монархија и дефинитивно не заслужуваат да завршат на ист начин на кој завршија диктаторите од калибарот на Бен Али во Тунис, Хосни Мубарак во Египет и Моамер Гадафи во Либија.

После сето ова што го спомнав, навистина ме интересира каква дијагноза би се воспоставила за САД, Иран, како и за сите останати тоталитаристички режими во светот, особено во арапските земји, со исклучок на Јордан, за кој веќе спомнав дека е редок исклучок на демократска уставна монархија.

Која е вашата дијагноза за САД, Иран и тоталитаристичките режими во арапските земји, односно во земјите со мнозинско муслиманско население ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom